Рецензии

Saturday, May 20, 2017

Мека бебешка кожа со производите на Naturaverde Bio Disney Baby



Здраво драги мои,

знаете дека обожавам да откривам и пробувам нови органски производи, и штом се појави нешто ново убаво на пазарот кај нас веднаш го споделувам со вас. Многу често добивам прашања од мајките какви производи да користат за нивните бебиња и кои козметички линии се органски и со убаво избалансирани формули.

Досега на блогот ви имам проделожено неколку бебешки колекции, меѓутоа денес сакам да ви предложам една исклучително убава и доста економична бебешка козметика со комплетно органска и природна формула, односно Naturaverde Bio.

Станува збор за една италијанска доста позната колекција и не може ни да замислите колку бев среќна кога истата ја видов кај нас. Јас за првпат ја забележав во маркетот Веро/Џамбо, меѓутоа ја има и во Космо и во аптеките Бети во повеќе градови. Naturaverde Bio е сертифицирана како природна и органска козметика од страна на италијанскиот институт ICEA.


Освен убаво избалансирани формули со одлични состојки (за кои ќе говорам во текот на оваа статија) оваа линија е комплетно без парабени, СЛС, СЛЕС, фалтати, и тестирана е на никел и кобалт. Друго нешто многу важно е што парфемите користени во овој производ се без алергени. Обично голем број на парфеми и етерични масла содржат и по некој алерген како на пример citral, citronellol, coumarin, limonene, linalool и други, што не е случај со оваа козметика. Според мене е од огромно значение да се спомене овој факт со оглед на тоа што детската, особено бебешката, е премногу чувствителна.


Иако колекцијата сорджи повеќе производи, јас денес ќе ви претставам два и тоа: нежниот шампон со камилица и овес и омекнувачкото масло со екстракт од невен.

1. Ултра нежен шампон со камилица и овес


Овој шампон има навистина исклучително нежна формула со одлично избалансирани сурфактанти, и е толку нежен што според мене може да се користи и како купка за измивање на кожата. Декларацијата на овој производ е следнава:

Aqua, Disodium Lauryl Sulfosuccinate, Coco-Betaine, Sodium Cocoyl Glucinate, Xanthan gum, Coco-Glucoside, Glyceryl Oleate, Decyl Glucoside, Sodium Cocoyl Hydrolised Wheat Protein, Glycerin, Chamomilla Recutrita (Matricaria) Flower Extract, Avena Sativa Brain Extract, Dehydroacetic Acid, Benzyl Alcohol, Sodium Phytate, Lactic Acid, Parfum (Fragrance).


Освен за бебчиња и деца, овој шампон топло го препорачувам на сите оние (возрасни) кои имаат многу чувствително теме на глвата, со оглед на тоа што комбинацијата на сурфактантие (помеѓу кои е вклучен и сурфактант со овесни протеини) многу благо измиваат без воопшто да иритираат. Со оглед на тоа што производов нема кондиционатори (а не ни треба затоа што е наменет за деца) доколку возрасните го користат за измивање на косата после него обавезно треба да користат регенератор за омекнување.

Производов не прави многу пена (онoлку колку што е потребно) што е уште еден знак за деликатната формула и нежниот ефект на овој шампон. Има многу пријатен мирис на камилица, навистина толку нежен а сепак се чувствува.


2. Омекнувачко масло за масажа со екстракт од невен



Ова масло навистина премногу ми се допаѓа затоа што е составено од четири извонредни масла за бебешката кожа како: масло од ориз, маслиново масло, масло од јојоба и сончогледово масло со екстракт од невен. Еве ја декларацијата на ова масло

Oryza Sativa Bran Oil, Olea Europaea Fruit Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Parfum, Calendula Officinalis Flower Extract, Helianthus Annuus Seed Oil


Мора да напоменам дека има одличен ефект врз кожата и воопшто не е тешко како производ, односно кожата многу лесно го апсорбира. Има нежен мирис на невен со уште нешто кое не можам да го дефинирам. Кожата ја остава свилено мека, нахранета и миризлива.

Јас лично би го препорачала и за сите оние кои имаат многу сува кожа на телото и користат масла за нега на кожата на телото, со оглед на тоа што ова масло е идеално за таа намена. Се нанесува мала количина од ова масло на благо навлажнета кожа по бањањето.



Ова омекнувачко масло има повеќе од една употреба (доколку го земете ќе може да го користите на повеќе начини), освен како масло кое одлично ја негува бебешката и детската кожа (а богами и возрасната), ова масло може да го користите и при бањањето на бебето, односно во кадичката може да ставите неколку капки за подобар ефект. На тој начин при самото бањање видно се омекнува бебешката кожа.

Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека пред сѐ ви беше од корист. Доколку вашите досегашни средства за нега ви се портошиле и сакате да пробате нешто ново, топло ви препорачувам да ги пробате овие производи без разлика дали ќе ги земете за вашите деца или за вас доколку имате почувствителна кожа. Верувам дека ќе бидете повеќе од задоволни.

Поздрав и до следно читање
Вики

Thursday, January 5, 2017

Нови прекрасни и ефикасни нискобуџетни производи


Здраво драги мои,

еве ме со уште една статија за интересни производи кои ги пробувам специјално за вас.

Овојпат имам да ви претставам два прекрасни производи кои мене лично многу ми се допаднаа. Едниот е под 500 мкд, а другиот е нешто над 500, односно 580мкд.
Обично како што знаете ви претставувам само производи под 500, меѓутоа верувајте ми, овој навистина вреди, така да овојпат може да направиме исклучок.

1. Мус пудра за лице на Alverde


Отидов во ДМ по друга пудра која се мислев да ја земем веќе подолго време, меѓутоа кога ја видов и пробав оваа се предомислив. На база на масла е, меѓутоа не масти со оглед на тоа што има силика и мика кои даваат сув ефект, а сепак така се добро искомбинирани што не ја сушат кожата. Има пенаста структура и навистина е доста лесна како производ.


Сама нанесена на лицето има средна покривност, меѓутоа кога врз неа ќе се нанесе и онаа минералната пудра во прав тогаш има навистина фантастична покривност. Она што особено ми се допаѓа е трајноста на оваа пудра. Трае на лицето цел ден. Ја нанесов дури и за Нова Година и верувајте ми сликите во 5 часот сабајле се исти како оние во 20 часот вечерта.



 

Доколку имате нормална кожа може да ја користите само оваа пудра. Оние со комбинирана треба да ја фиксираат со малку минерална пудра во прав, затоа што само оваа може да направи кожата на челото малку да светне. Во комбинација со минералната пудра во прав како што реков е добитна комбинација. Кожата е нахранета, меѓутоа воопшто не свети.


Според мене оваа пудра е добра за нормална до комбинирана кожа. Не би ја препорачала на оние кои имаат сува или масна кожа.

Цената е 320 мкд и може да го најдете во маркетите на ДМ.

2. Анти ејџ крем за лице со матичен млеч на Fleurance


Овој крем го земав сосема случајно во Зегин Сити  Мол, затоа што беше дел од 5-те производи кои беа на 50% попуст. Го платив 290 мкд со попуст што значи дека целосната цена е 580 мкд.

Премногу сум среќна што го најдов на попуст затоа што можеби немаше да го земам со оглед на тоа што имам доста креми дома.

Со оглед на тоа што првпат говорам за оваа козметика мора да напоменам дека Fleurance е француска органска козметика која според мене е доста пристапна со цените. Не е евтина, меѓутоа не е ни премногу скапа, нешто измеѓу.

Кремов има средно густа структура и кожата веднаш го впива. Базата на овој крем е хидролат од портокал, глицерин и масло од сончоглед кои го прават погоден за нормална до комбинирана кожа. Јас имам комбинирана кожа и верувајте ми кремов толку ми се погоди што во наредниов месец планирам да го користам само овој.


Од останатите состојки има матичен млеч, екстракт од зелен чај, масло од јојоба и авокадо и шеа путер кој го прават идеален за превенција на брчките на лицето. Има анти ејџ влијание и антиоксидантно дејство и одлично ја храни кожата во овие ладни денови.

Доколку сте во потрага по интересен анти ејџ крем за лице кој не е премногу скап, а сепак ефикасен, во тој случај земете го овој. Верувајте ми вреди секој денар.

Се надевам дека овие два производи ви се допаѓаат, а вие доколку ги пробате пишете под самиот текст колку и како сте задоволни.

Поздрав
Вики


 

Wednesday, November 23, 2016


Природна козметика од височините на Кожув


 Кога велам Технолошко Металуршки Факултет, последно нешто кое ви паѓа на ум е природната козметика нели? Барем така беше во мојот случај сѐ додека случајно не дојдов до едно фантастично откритие дека на овој факултет постои интерес и љубов кон природното, кога станува збор за козметиката.


Една вечер на еден голем моден настан, случајно забележав козметика која досега ја немав видено, и секако, јас не би била јас доколку не ја свртам веднаш декларацијата за да видам за што станува збор.

Не само што кремот содржеше само природни состојки кои се во склад со она што го работам, туку истиот беше направен токму од студентите на Технолошко Металуршкиот Факултет (на самиот факултет постојат предметите Технологија на козметички производи и Фармацевтска технологија, каде се произведуваат најразлични креми како на пример емулзии масло во вода, емулзии вода во масло и така натаму).

Може да замислите колку бев најнапред пријатно изненадена, а потоа и воодушевена што пронајдов нов вид на козметика кој згора на сѐ е во склад со мојата филозофија.

Идеата за производите кои го привлекоа моето внимание се родила благодарение на дипломецот Ангелчо Јованов кој има мала семејна фарма за пчели на Кожув каде произведува матичен млеч, прополис, пчелин восок и др.  Тој заедно со асистент Јана Клопчевска и проф. Весна Рафајловска реализираа три вида на креми и две лабела за усни, каде употребуваат само природни состојки и тоа: пчелин восок, ладно цедени масла од кокос, јојоба, бадем и шеа путер.


Со оглед на тоа што станува збор за маслени производи каде нема присуство на вода, витаминот Е го користат како антиоксиданс на самиот производ, кој има и одлично влијание врз кожата.

Целта за креирањето на еден ваков вид на креми е враќањето кон природата со малку состојки кои (дел од нив како пчелин восок, матичен млеч) доаѓаат директно од Кожув од 800 метри надморска височина, од комплетно чист предел. Користење на еко френдли технологија која е во склад со природата и она што не опкружува.


Лично пробав три производи (две креми и лабело), за кои би сакала да кажам свое мислење.

Кремата за регенерација на кожата ја користев како мелем за најсувите делови на телото. Овој крем има навистина огромно регенерирачко дејство и одлично ја омекнува дури и најгрубата кожа. Со оглед на тоа што е маслен производ, ви препорачувам секогаш да го нанесувате на благо навлажнета кожа (на пример по туширање) за да може кожата комплетно да ги искористи неговите својства.

Доколку имате сува кожа на лицето на која и треба додатна нега (особено во овие ладни месеци) слободно може да го користите на благо навлажнето лице по нанесувањето на тоникот.

Јас најискрено го пробав и како маска за коса. Го нанесов на благо навлажнета коса само по должината и врвовите и го оставив да делува околу саат време. По истекот на времето ја измив косата со шампон. Со оглед на тоа што имам сува коса овој крем беше фантастичен и за таа намена.

Може слободно да го користите и за стајлинг на косата, наместо штетните силиконски капки само на врвовите на косата. Откако ќе ја измиете и благо засушите косата, на сеуште влажна коса ставете ептен мала количина од производов и продолжете со сушење и обликување на косата. Самото влакно ќе биде помеко, посјајно и на некој начин позаштитено.


Кремот кој помага за акни, особено ме привлече и навистина бев многу љубопитна да го пробам. Структурата е маслена, меѓутоа ова нека не ве плаши со оглед на тоа што маслата кои се употребени во овој производ помагаат при оваа проблематика, доколку станува збор за блага форма на акни. Во случај на поголеми проблеми со кожата, посоветувајте се со вашите дерматолози.

Овој производ содржи рицинусово, невеново и кантарионово масло.

Рицинусовото масло содржи рицинолеинска киселина која помага во случај на блага форма на акни.

Невеновото масло има смирувачки ефект и е особено е корисно во случај на црвенило или флекички на кожата.

Овој производ се нанесува на благо навлажнето лице, на пример после употребата на тоникот, во мала количина (секако не претерувајте со количините).

Запоменете само дека секоја кожа е различна и дека ефектот или реакцијата не може да биде иста кај сите нас.

Лабелото за усни ги содржи (горе долу) истите состојки како кремите.

Верувајте ми, навистина ми беше задоволство што ја открив оваа интересна колекција и ви ја претставувам од срце, без никаква соработка или маркетиншки цели.

Голем поздрав и до скоро читање
Вики
3 comments:

 

Saturday, October 22, 2016


Патот до успехот е тежок, меѓутоа секогаш следете го својот сон


Здраво драги мои,

Пред две недели запознав една прекрасна млада девојка која ме исконтактира за да се запознаеме, со оглед на тоа што ја делиме истата страст и посветеност кон природната козметика. Бев толку воодушевена од нејзината едноставност, храброст, посветеност кон природната и органската козметика и издржливост во тоа да го следи својот сон иако секогаш не е баш едноставно, што се одлучив да ја претставам нејзината приказна како мотивациона приказна, која сигурна сум дека ќе инспирира и многу други млади луѓе да го следат својот сон.

Станува збор за Нена Стојова 29 годишна Македонка која живее во Стокхолм.

Верувајте, не станува збор за никаква соработка со неа, туку едноставно сакам да и помогнам да ја оствари својата замисла, со оглед на тоа што јас самата верувам во нејзината посветеност, замисла и идеја.

Би сакала воедно да ги поканам сите останати девојки кои ја делат мојата страст кон природното и органското, доколку се занимаваат со органска козметика слободно да ме исконтактираат, на мојот блог секогаш има место за нивната приказна која со радост ќе ја споделам со сите мои читатели.


Она што мене всушност и ме фасцинираше многу кај Нена е огромната верба дека органската козметика е нашата иднина. Таа толку верува во органското и природното како стил на живот што се обидува и да го пренесе на сите љубители на овој вид на козметика преку нејзините производи кои имаат своја приказна.


Нејзината приказна започнува со одењето во Шведска како бебиситер, потоа студиите и работата во реномирана ИТ компанија, па сѐ до откривањето на сопствената страст за органското и природното и до креацијата на сопствениот бренд Bare Origin во кој се гледа целата нејзина посветеност и љубов кон природата.

Оваа колекција се состои од три различни вида на арганово масло (чисто арганово масло, со арома на чоколадо и со арома на роза), потоа масло од шипка и тонер за лице од роза.


Кога купуваме една козметика, ретко може да кажеме дека точно го знаеме потеклото на состојките во самата козметика (со исклучок на неколку органски реномирани фирми кои имаат сопствени градини со состојки, или кои јасно кажуваат од каде ги набавуваат состојките).

Фасцинантото нешто во оваа козметика е тоа што Нена е вклучена во комплетниот процес на создавањето на производите, од пронаоѓање на сировите состојки, па сѐ до креација на финалниот производ.

Таа лично оди да го земе аргановото масло од Мароко и чистиот екстракт од рози, кои потоа ги преточува во интересни производи во својата работилница во Стокхолм, со цел да има даде на своите клиенти до знаење дека она што го користат како производ за нега на кожата е комплетно чисто и дека аргановото масло го зема директно од кооперативата на жени во Мароко кои сеуште рачно го произведуваат
.

Мора да напоменам дека јас лично пробав арганово масло со роза и тонер од роза.

Би сакала да кажам збор два за моето лично мислење за овие два производи и што е она што мене лично ми се допаѓа кај нив.

Аргановото масло кое го пробав (го користам двапати дневно наутро и навечер) ми се допадна премногу од повеќе причини и тоа:

1. Најнапред доаѓа во темно стаклено шишенце а знаеме дека темните шишенца го помагаат правилното оддржување на маслото и ја спречуваат предвремената оксидација или ужегнување на истото.


2. Мирисот на ова масло ме потсетува на едно прекрасно масло кое го купував во Рим. Има убав пријатен интензивен мирис на јаткасто овошје (нешто слично на лешник). Се препознава дека е природен затоа што најнапред кога ќе се нанесе на лицето се чувствува мирисот на самиот арган, а дури на крајот мирисот на роза. Ова е затоа што арганот доколку е чист тешко се покрива со други мириси со оглед на тоа што има убав интензивен мирис сам по себе.

На крај веќе се чувствува и розата и дава убава пријатна свежина на лицето.
Интересно е да напоменам дека чистото арганово масло без разлика на тоа што има убав интензивен мирис, не остава мирис на самота кожа затоа што по две минути кожата веќе го апсорбира, што е уште еден знак за квалитет на самиот производ.

3. Маслово воопшто не масти и убаво се впива на самото лице. Доколку аргановото масло е премногу тешко и повеќе масти во тој случај е помешано со некое друго масло. Доколку убаво се впие и не остава масна трага (секако ова зависи и од типот на кожата) станува збор за убаво и квалитетно масло.


Обично препорачуваат аргановото масло да се користи навечер, меѓутоа јас го користам и за преку ден и навистина ми одговара многу. Без разлика на тоа што имам комбинирана кожа, како што веќе имам напоменато во многу статии, мојата кожа обожава масла и секогаш ги користам.

Тонер од роза

Овој тонер ми се допадна затоа што има природен мирис на роза. Имам пробано многу типови на ружина вода и овде и во Рим, и поголемиот дел од нив се направени само со вода и етерично масло од роза (тоа може да го забележите и од самата декларација на производот).


Овде станува збор за хидролат од рози кој се добива со екстракција со водена пареа каде се задржуваат или пренесуваат сите активни состојки од самата роза. Има голем анти ејџ ефект врз кожата на лицето, има смирувачко дејство и го прочистува епидермот.

Доколку имате проблем со првут на косата или многу сув скалп кој чеша, слободно нанесете го хидролатот од рози со блага масажа на темето.

Овој тонер го користам испрскувајќи го врз лицето како тоник пред да го нанесам маслото, и на благо навлажнета кожа го нанесувам маслото со што ја олеснувам апликацијата, а воедно и на кожата и давам и водена и масна компонента која придонесува самата кожа многу подобро да ги прими и искористи и двата производи.

На крај би сакала само да кажам дека патот до успехот е секогаш тежок, особено кога сами треба да се избориме за она што го сакаме. Меѓутоа запомнете дека сѐ е возможно во било кое време, и дека не постојат препреки доколку постои огромна желба во нас.

Упорноста секогаш се исплаќа, можеби не е секогаш веднаш видлива, меѓутоа со текот на времето резултатите доаѓаат.

Јас и посакувам на Нена да продолжи по овој пат и секако да доживува многу успеси, иако знам дека најголем личен успех и задовоство се среќните лица на клиентите кои ќе ги пробаат нејзините производи.

Вики


Monday, October 17, 2016


Нови 6 производи под 500 денари кои навистина функционираат


Здраво драги мои,

еве ме во овомесечното издание на вашата најомилена статија за економични и функционални козметички производи кои сама ги купувам и пробувам за вас.

Навистина во денешно време бомбардирани од милион реклами за производи кои сидржат силикони, минерални масла, нафтени деривати и што сѐ не, тешко е да се најде некој пристоен и соодветен производ кој сепак ќе дава убаво дејство врз кожата или косата, а притоа да има и пристапна цена.

Затоа јас за вас пробувам разни производи, и она што мене лично ми се допаѓа ви го рецензирам овде. Не правам реклама на ниедна компанија со оглед на тоа што како што веќе напоменав сама си ги купувам производите, и верувајте имам купено уште повеќе од ова што денес ќе ви го претставам, меѓутоа неколку од нив не ми се допаѓаат или не сум задоволна од резултатот, и затоа не ги предлагам овде.

Знам дека сте нетрпеливи па затоа да започнеме.

1. Светкав (шимер) балзам за уста на Alverde


Овој балзам за уста го видов случајно и го земав на попуст 50 денари. Имам навистина многу балзами кои ги купив во последно време за да ги пробам, меѓутоа овој ме привлече затоа што на него пишуваше дека е шимер (односно светкав) и многу благо ја бои усната во розево.

Со оглед на тоа што е лимитед едишн веднаш го земав да не ми исчезне од продавниците.

Најнапред да напоменам дека балзамов има неверојатен мирис, ти доаѓа да го изедеш. Нешто помеѓу вишна или малина, навистина преубаво.

Има убава структура, во смисла на декларација и она што ми се допаѓа е што навистина дава природен благ розевкасто светкав изглед на усните (идеален за преку ден), а истовремено навистина негува благодарение на високо хранливите состојки употребени во него.

Јас сум презадоволна затоа што одлично ја навлажнува и храни устата во текот на денот, а навистина изгледа и секси, како да сте ставиле сјајче (иако не е воопшто нападно туку нежно  и благо светкаво).

2. Гел за туширање со мед од Yves Rocher


Иако Yves Rocher не е органска марка и сите производи не се комплетно природни, сепак се наоѓа по некој производ кој е добро формулиран, со убава декларација или пак дел од нив органски или биоразградливи. Таков е случајот со овој гел од мед од линијата BIO.

Имаше 4 различни видови на гел и најискрено се мислев помеѓу овој и оној  со масло од арган и алое вера гел, меѓутоа сепак се одлучив за овој со оглед на тоа што има висок процент на шеќери кои знаеме одлично ја омекнуваат кожата и го прават самиот производ поделикатен.

Без разлика на тоа што содржи амониум лаурил сулфат кој се смета за доста агресивен, во оваа формула одлично е избалансиран со останатите состојки кои максимално ја ублажуваат неговата голема измивачка моќ.

Има преубав мирис на мед и 99% од состојките се од природно потекло.

Како што ви напоменав одредени производи од оваа марка содржат силикони и нафтени деривати, секогаш гледајте ја декларацијата пред да купите нешто.

Цената на овој гел е 199 денари.

3. Маска за нормална до комбинирана кожа на Alverde


Маскава ја купив случајно затоа што земав други производи на  Alverde и ја видов на полицата за козметика за лице. Ми се допадна затоа што е микс на состојки кои хранат како масла и путери, со состојки кои имаат благо астрингентно дејство како цитрусна вода, вода од јаболко и разни убави екстракти. Содржи и глицерин кој ја омекнува кожата. Според мене навистина одлично е формулирана и одговара за нормална до комбинирана кожа.

Од истава марка ја земав и оваа маска од роза која е наменета за сува кожа и без разлика на тоа што немам сува кожа сакав да ја пробам. Мора да кажам дека е фантастична и дека ја препорачувам на сите оние кои имаат сува кожа и на кои им е потребна маска која ќе им ја нахрани и омекне кожата на лицето, особено во овие денови кога станува се поладно и кога студот има големо влијание врз нашата кожа.

Маскиве на попуст ги платив околу 45 или 49 денари.

4. Етерично масло од пачули на La Soy


Ова етерично масло е со долна нота што значи дека се користи како база при производство на парфем или крем, со оглед на тоа што етеричните масла со долна нота најдолго траат, последни испаруваат и со себе ги врзуваат етеричните масла со срцева и горна нота и прават нивниот мирис подолго да трае.

Како и сите етерични масла со долна нота, ова масло има многу интензивен и силен мирис (на почеток малку непријатен, меѓутоа во комбинација со друго етерично масло е одличен), и во ароматерапијата се користи на повеќе начини за повеќе цели.

Доколку го користите како масло за освежување на просторија, ова масло ја подобрува самодовербата и претставува природен метод за смирување и го подобрува расположението.

Во козметички цели (додадено во креми, серуми или масло) ова етерично масло најчесто се користи за подобрување на тонусот и еластичноста на кожата, има ревитализирачко дејство и особено е од корист кај повозрасната кожа, со оглед на тоа што ја спречува појавата на брчки.

Ова е едно од ретките етерични масла кое е одлично како превенција против стрии доколку се помеша со било кое базно масло како бадемово, маслиново, сончогледово и.т.н. и редовно се користи како масло за масажа на оние делови каде сакаме да ја спречиме појавата на стрии.

Цената е 350 денари.

5. Балзам за уста со калинка од Sante


Овој балзам исто така го најдов на попуст во Сити Мол и се решив да го пробам.

Има многу убав мирис и убава структура. Ми се допаѓа составот на самиот производ и декларацијата кои се беспрекорни, меѓутоа и ефектот кој го дава врз усните. Содржи екстракт од калинка и прекрасни масла и путери кои ја омекнуваат кожата.

Најчесто го користам под кармин затоа што навистина ја омекнува устата, или пак во текот на денот кога веќе сум го изела карминот :) и го ставам како заштита.

Инаку да напоменам дека овој балзам има мат ефект во смисла само негува а не свети и не дава никаков сјаен изглед на усните, така да е погоден и за машките кои сакаат да ги заштитат усните од претстојното ладно време (сите знаеме каква е зимата во Македонија).

Како што веќе напоменав јас го земав на попуст 90 денари, а основната цена е 180 денари.

6. Балзам за фарбана/шатирана коса со калинка и акаи бобинки Alverde


Овој балзам го земав затоа што прво ми изгледаше преубаво, а потоа секако премногу ми се допадна декларацијата и состојките кои се употребени во него.

Содржи органски екстракт од акаи бобинки и калинка, потоа инулин кој е прекрасен за косата и протеини од пченица кои се од основна важност за убава и здрава коса.

Го пробав веќе трипати и ефектот кај мене е навистина фантастичен (ова е секако мое лично искуство). Ми ја прави косата помека, полесна за расчешлување и дава неверојатен сјај на влакното.

Формулата на овој производ е така убаво направена што според мене не само што интензивно ја храни и негува косата, туку и ја заштитува бојата без разлика дали станува збор за фарба, к'на или шатирана коса.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и дека доколку пробате некој од производиве кои ви ги предложив ќе пишете ваш коментар под самиот текст.

Поздрав
Вики 

 

Monday, September 26, 2016


4 нови убави нискобуџетни производи (под 500 денари)


Здраво драги мои,

еве го овомесечното издание на можеби и најомилената статија на голем број читатели и читателки, во која говорам за убави нискобуџетни производи кои сама ги купувам и пробувам на себе.

Овојпат ќе ви предложам само 4 производи кои мене лично навистина многу ми се допаднаа и чија цена е до 200 денари.

Знам дека сте нетрпеливи затоа веднаш ќе започнам со претставувањето на производите.

1. Двофазен отстранувач на шминка од Alverde


Овој отстранувач за шминка го открив пред недела дена и од љубопитност сакав да го пробам, меѓутоа верувајте ми за само недела дена се заљубив во него.

Најнапред нешто што ме воодушеви е прекрасниот мирис на овој производ кој воопшто не пречи кога ја отстранувам шминката од очите (некои мириси понекогаш ми прават реакција, меѓутоа овој не).

Составот ми се допадна особено поради тоа што содржи Q10 и екстракт од гоџи бобинки кои се моќни антиоксиданси и штитат не само од слободните радикали туку и од загадениот воздух, ветерот, ладното и.т.н. .

Одлично ја отстранува шминката, без многу напор и наменет е за кожа по 30-та година.

Од мене има чиста 10-ка.

Цената на овој производе 199 денари и ќе го најдете во ДМ.

2. Паста за заби на Logona


Оваа паста случајно ја видов во Сити Мол и се одлучив да ја пробам. Навистина многу ми се допадна како производ. Доста е свежа, има прекрасен состав и што е најважно за мене не соджи флуор.

Погодна е за секојдневна хигиена на забите, не е премногу јака како вкус и има убава структура без гранули.

Цената е 195 денари и ја има во сите аптеки.

3. Пантенол спреј на Dr. Plant


Пантенолот како состојка е одлична за кожата и косата, особено за сува и оштетена коса и сува и иритирана кожа.

Чист пантенол сеуште немам најдено кај нас, меѓутоа за среќа постојат повеќе марки на пантенол раствор во спреј, кој може директно да се испрска на кожата или косата.

Имам разгледано повеќе различни марки, меѓутоа неколку од нив содржат силикони или други состојки кои не ми седопаѓаат мене лично.

Овој пантенол раствор 5% на Dr. Plant како состав ми беше најдобар и најприфатлив па затоа се решив и да ви го претставам.

Го користам така чист, го испрскувам на лицето и косата, или пак во комбинација со етерични масла за подобар ефект (во зависност од тоа каде сакам да го нанесам).

Цената на овој спреј е 176 денари и може да го најдете во сите аптеки.

4. Шампон за волумен наYves Rocher


Овој шампон го открив случајно и откако го разгледав составот решив да го пробам. Останатите шампони од оваа марка ги немам разгледано, така да гарантирам само за овој.

Како состав е одлично избалансиран, без разлика на тоа што како примарен сурфактант има Ammonium Lauryl Sulfate каде агресивноста е намалена со бетаин како и со Coco Glucoside и Glyceryl Oleate.

Одлично мие, меѓутоа јас лично го препорачувам за тенка коса која на коренот побрзо се масти.

Со овој шампон косата ми е чиста и до 4 дена.

Не го препорачувам доколку имате многу чувствително или суво теме склоно на првут, со оглед на тоа што има поголема измивачка моќ.

Цената на овој шампон е 199 денари и ќе го најдете во продавниците на Yves Rocher.

Се надевам дека и овие предлози ви се допаднаа и дека ќе ви бидат од корист.

Вие како и секогаш доколку имате пробано некој од овие производи или доколку сметате дека сакате да пробате, оставете ваш коментар под самиот текст.

Поздрав
Вики

 

Sunday, August 28, 2016


Предлог за нискобуџетни козметички производи (под 500 денари)




Здраво на сите,


откако првата ваква статија појави голем интерес кај читателките за ваков вид на рецензии, еве ме повторно со уште една статија за интересни нискобуџетни производи. Овие статии ги правам со цел да ви дадам идеа за нискобуџетни производи (за кои не мора да потрошите цело богатство) кои не се секогаш органски, меѓутоа декларацијата е прифатлива.

Како што секогаш велам, сите сме различни и она што одговара за мене не мора да одговара за сите, меѓутоа може да ви послужи како предлог или идеа.

Знам дека сте нетрпеливи да дознаете кои производи ќе ги претставам денес, па затоа да започнеме.

 1 Масло од авокадо на.Biokosmos


Ова е едно од најдобрите масла доколку имате сува кожа или повозрасна кожа без сјај. Богато е со токоферол (витамин Е), каротеноид (кој се претвора во витамин А) и фитостероли.

Маслото од авокадо има огромно својство да навлезе во кожата олеснувајќи ја апсорбцијата на активните компоненти кои се наоѓаат во него. Тие компоненти го поттикнуваат клеточниот метаболизам на обновување на клетките на кожата, придонесуваат за задржување на еластичноста на самата кожа и имаат големо анти ејџ влијание.

Редовната апликација на ова масло на кожата на лицето ја намалува појавата на брчки на лицето и ја оддржува елстичноста на кожата, а со тоа и самиот сјај и свежина.

Маслото од авокадо на  Biokosmos е органско и ладноцедено што се познава и од темно зеленета боја која е и доказ плус за врвен квалитет на истото.

Има многу густа структура и изразит мирис.

Цената на ова масло е 227 денари.

2. Ноќен cерум за трепки со кафеин на Alverde


Морам да напоменам дека серумов го купив по грешка. На германскиот сајт на ДМ видов еден производ за трепки, серум, кој сакав да го купам овде. Со оглед на тоа што бев на брзина го видов овој мислејќи дека е истиот и го земав.

Кога стигнав дома и сфатив дека не е истиот, ја разгледав декларацијата на овој серум и се вчудоневидив што на второ месо има алкохол.

Меѓутоа направив на овој начин: навечер на трепките најнапред ставив маслен серум кој сама го правам од рицинусово, маслиново масло и масло од јојоба (доколку сакате да го дознаете рецептот за овој домашен серум прочитајте овде), па врз него го ставав овој серум.

Резултатите се фантастични, трепките ми се поцврсти, а ми изгледаат и подолги (не знам дали е ова моја импресија ама како и да е маскарата многу поубаво изгледа).

Не знам дали ова се должи на серумот на Alverde или комбинација на мојот серум со овој, меѓутоа резултатите ми се допаѓаат.

Сакам да напоменам дека само серумот на Alverde го немам никогаш нанесено ддиректно на трепките без претходно да ставам од маслата.

Цената на овој серум е 159 денари.

3. Растителен глицерин Sensilis


Обично глицеринот го нарачувам или носам често од Италија (кога одам таму), меѓутоа почнав истовремено уште поодамна да барам и растителен глицерин кај нас со цел да ви олеснам на сите вас кои сте љубители на домашни производи во изборот.

Најнапред беше трагедија затоа што сите глицерини во аптека кои ги најдов беа од животинско потекло (а јас сакав растителен), сѐ додека случајно не налетав на овој глицерин Sensilis.

Квалитетот можеби не е како оние кои ги нарачувам од надвор, меѓутоа мене ми изгледа сосема ок како производ и со премногу пристапна цена. Веќе го имам искористено во повеќе домашни проиаводи и задоволна сум од резултатот.

Целта ми е сепак да ви покажам што може да најдете во Македонија. Лесно е да ви кажам да си нарачате од интернет, меѓутоа сепак претпочитам да најдам алтернативи или солуции и овде.

Може да го најдете во аптека  и цената е 76 денари.

4. Деодоранс спреј на La Signe


Јас обично ги користам деодорансите на Alverde кои ми се најпристапни и ми се допаѓаат, меѓутоа еден ден излегов да ги разгледам сите традиционални деодоранси со оглед на тоа што некои читателки ми се пожалија дека оние на Alverde не траат долго (иако ова е индивидуално и зависи од потта и самиот организам).

Повеќето деодоранси кои ги видов содржеа алуминиумова сол, меѓутоа се изненадив кога го најдов овој кој не содржи.

Деодорансов не е органски, ниту пак комплетно природен, меѓутоа за среќа не содржи алуминиумова сол, ниту пак потасиум алум.

Моќта на овој деодоранс е во алкохолот во комбинација со парфемот кој го неутрализира лошиот мирис под пазувите. Со оглед на тоа што има висок процент на алкохол, доколку имате многу чувствителна кожа не ви го препорачувам поради несакана реакција, меѓутоа еве мене ми е сосема ок.

Мирисот е цветен и свеж, а за трајноста е индивидуално.

Само да напоменам дека од оваа марка има уште еден деодоранс во зелена опаковка на кој пишува сенситив, меѓутоа содржи алуминиумова сол па не ви го препорачувам.

Цената е 75 денари.

5. Етерични масла на MeiLab


Многу девојки постојано ме прашуваат каде може да најдат етерични масла за домашните производи.

Јас најчесто ги препорачував оние на Флора кои се органски, меѓутоа не секој од нас може да ги купи со оглед на тоа што цената им е од 400 па нагоре, а и изборот не е голем.

Овие на  MeiLab не се органски, меѓутоа се чисти етерични масла со одлична цена и навистина солиден избор. Има 7 или 8 различни етерични масла.

Може да ги најдете во сите аптеки, а цената се движи од 160 до 300 денари во зависност од маслото.

6. Антицелулитен серум гел на Alverde


Обично сама дома си правам антицелулитни масла, меѓутоа кога го видов производов ме заинтересира па го купив.

Станува збор за производ со гел структура кој брзо се впива во кожата, иако не веднаш, и дозволува да се направи кратка масажа при нанесувањето која според мене е од основно значење за целулитот.

Има интензивен мирис на цитрон и рузмарин (иако помалку од маслото од истава марка), не остава масна трага ниту пак трага врз облеката.

Мене лично ми се допадна иако јас повеќе сакам масла.

Цената на овој производ е 199 денари.

Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а доколку ви се допаѓаат ваквиот вид на статии слободно оставајте кометнари за оној тип на производ кој ве интересира (коса, кожа декоративна козметика) и јас ќе ги пронајдам за вас.

Поздрав
Вики

 

Saturday, July 23, 2016


Што има во мојот несесер?


По многубројните барања од ваша страна, во оваа статија конечно ќе ви ги претставам производите кои ги имам во мојот личен несесер, односно оние кои секојдневно ги користам и ќе ви кажам колку сум задоволна од истите.

Ќе се задржам само на декоративната козметика, меѓутоа без пудрите за кои имам веќе говорено во неколку претходни статии.

Производите ќе ги поделам во пет категории и тоа: маскари, сенки за очи, моливи и тушеви за очи, кармини или сјаеви и производи за обликување на веѓи.

Целта е не само да ви покажам што лично си купувам за себе, туку и да ви помогнам при изборот на некој декоративен производ доколку се двоумите за истиот.

Секако ќе говорам само за оние производи кои ги купувам од кај нас (смешно е да ви претставувам марки кои ги земам од надвор кога не може да се најдат во Македонија).

1. Маскари 



Моментално од маскари имам 3 и тоа сите се од марката Alverde и тоа:

First Class Volume Lash
12 Hours Long Stay
Big Drama Lashes

Првата маскара First Class Volume Lash која е во сребрено кутивче (во средината на сликата) е мојата омилена. Навистина е First Class Volume како што кажува и самото име. Со само две нанесувања имате прекрасни трепки (добро ова секако зависи и од должината на вашите трепки), меѓутоа она што сакам да го кажам е дека со само два слоеви добивате прекрасен ефект. Има убава црна интензивна боја и што е најважно трае, не се размачкува и не се рони од очите.

Втората маскара има убав ефект, не дава голем волумен и потребно е да се нанесат три слоја за подобар ефект. Навистина е доста трајна, издржува цел ден без да се размачка и не се рони.

Третата маскара е онаа која најмалку ми се допаѓа, меѓутоа не поради самата маскара туку поради преголемата четкичка која е толку незгодна за нанесување (може да ја видите на сликата). Секогаш кога и да пробам да ја нанесам, половина од маскарата завршува на очните капаци и под очите. Откако ќе ми се потроши една од првите две, ќе ја искористам нивната четкичка за оваа маскара.
Со оглед на тоа што не успевам убаво да ја нанесам со дебелата четкичка која ја има, не би знаела да ви кажам дали дава волумен или не.


2. Сенки за очи


Од сенки за очи моментално ги користам неколку палети на Alverde и три сенки од палетата на марката Lavera.

Од оние на Alverde најзадоволна сум од палетата на четири сенки која мислам дека беше Limted Edition од линијата Oriental (онаа округлата во средина) и оние кои ги земав во комплет со пудра за кои имам говорено во оваа статија кои мислам дека сеуште може да се најдат. Овие сенки се навистина доста пигментирани и одлично изгледаат кога ќе се нанесат на окото, а и навистина долго траат.



Исто така ми се допаѓа и палетата од четири сенки во исти нијанси (има четири до пет разни нијанси) кои се доста пигментирани.



Сенките која најмалку ми се допаѓаат од  Alverde се оние моно сенки сјајни како со повеќе нијанси во едно. Овој тип на сенки воопшто не е пигментиран, треба повеќепати да се нанесе на окото и не се воопшто трајни.


Од сенките на Lavera имам три бои и тоа:


лилакова Mojestic Violet 04
сивкасто црна Magic Gray 07
зелена Forest Green 06

Од сите овие најомилена ми е сивата, односно Magic Gray 07 која е фантастична доколку сакате да добиете изглед на smokey eyes. Сенката има мали светки кои прекрасно изгледаат и не се нападни, така да може да ја користите и за преку ден и за навечер (секако количината на сенка која ќе ја ставите е различна).

Лилаковата сенка Mojestic Violet 04 има одлична пигментација и прекрасна интензивна лила боја. Доста е трајна.

Онаа која најмалку ми се допаѓа е зелената боја, односно Forest Green 06. Многу малку е пигментирана и скоро не се познава на окото. Потребно е да се нанесе поголема количина. Јас понекогаш ја користам како подлога и врз неа ставам друга сенка.

Еве ги нијансите



3. Моливчиња и тушеви за очи


Од моливчиња и тушеви момантално ги користам оние на марката Alverde.

Моливчињата се одлични, доста економични, трајни и ги има во повеќе бои. Задоволна сум од сите бои кои ги имам пробано.

Тушевите на Alverde (овие два кои ги гледате на сликата) се убави како производ, меѓутоа не се премногу трајни, во смисла да траат цел ден доколку претходно не ставите сенка како подлога или прајмер. Ги имам пробано и со подлога и без и разликата се забележува кога ќе ставиме подлога, особено сега кога е лето и повеќе се потиме.


Ајлајнерот кој мене лично најмногу ми се допаѓаше беше оној на Alverde flashing star, кој го рецензирав во оваа статија и кој за жал не го произведуваат повеќе.

Добра страна на овие тушеви е бојата. Оној лила (на сликата не се гледа добро меѓутоа е убава темно лила боја) преубаво изгледа на очите, а црниот има многу интензивна црна боја.

4. Кармини


Од кармини моментално ги користам овие на Alverdeво зелено кутивче од кои сум многу задоволна како производ. Убави се доста трајни и ги има во повеќе нијанси што е голем плус.

Други кармини кои ги обожавам од оваа марка се оние кремастите Lip Color Cream.


Прекасни се, бојата е фантастична и многу ја негуваат устата. Исто така се доста трајни.


Пред некој ден си купив и кармин од новата линија Natural Brightness кој има преубава nude боја (не можев убаво да ја доловам на сликата). Овој кармин е доста траен и навлажнува со што го спречува сушењето на устата.


Овој кармин просто го обожавам и идеален е за летниот период затоа што дава многу природен изглед на усните.
 

5. Гел и моливче за веѓи 



Од марката Alverde исто така го користам моливчето за веѓи и гелот од кои сум презадоволна.

Гелот е во две бои посветла и потемно кафена. Јас ја имам посветлата нијанса.
Навистина е доста траен и одлично се вклопува со природната боја на моите веѓи.
Моливчето е од истата нијанса.

И двата производи се дота трајни.

Се надевам дека сте задоволни и дека и оваа статија ви беше од помош и корист.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

 

Wednesday, July 13, 2016


Убави нискобуџетни козметички производи (под 500 денари)


Здраво на сите,

честопати кога добивам приватни пораки многумина од вас ме прашуваат за производи под 500 денари. Иако сите знаеме што е убаво и добро, понекогаш буџетот ни е лимитиран и не можеме да си дозволиме поскапи производи.

Се одлучив да почнам да пишувам ваков вид на статии, од време на време, како што ќе откривам економични производи така ќе ви ги претставувам.

Не станува збор за реклама на ниедна фирма, туку едноставно за производи кои сама си ги купувам и користам и од кои сум лично задоволна.

Секако сите сме различни и она што одговара за мене не мора да одговара за сите, меѓутоа може да ви послужи како предлог или идеја.

1. Сет шминки на Alverde


Откако го купив овој сет на шминки, за мене е вистинаки must have. Навистина е доста комотен и може да се носи во ташна. Се состои од две сенки за очи, карин-сјај и камена пудра.

Она што најмногу ми се допаѓа се сенките за очи. Обично останатите сенки кои ги имам од истава марка не се толку пигментирани и потребно е да ставам повеќе производ за да ја добијам посакуваната боја. Овие од друга страна се фантастични. Навистина се многу пигментирани, доста долго траат и идеални како за преку ден така за навечер. Како што може да видите од сликата едната сенка е светло златесто- бакарна боја со сјај (како со светки), а другата е кафена мат.

Карминот кој е повеќе како сјај многу нежно ја бои устата и повеќе делува како обоено лабело отколку како кармин. Ако се нанесат два до три слоја станува еден вид на кармин.

Камената пудра сега за сега ретко ја користам, затоа што ја користам онаа другата на Alverde која е минерална во прав.

Сетот го земав на попуст 265 денари, а редовна цена му е 399 денари.

2. Масло од јојоба на Bioсosmos


Маслото од јојоба на Bioсosmos стана дефинитивно едно од моите најомилени козметички производи. Го користам во скоро сите мои рецепти за кожа и коса. Исто така во последно време го користам како замена за дневен крем за лице во комбинација со алое вера гел. Ова масло е одлично за секаков вид на кожа, особено за комбинирана до масна, со оглед на тоа што го нормализира производството на себум во кожата.

Цената на ова масло е 315 денари.

3. Лакови за нокти на Golden Rose


Кога ја правев статијата за лаковите ви кажав дека не постои органски лак за нокти (сеуште не е измислен) меѓутоа напоменав кои состојки пожелно е да се избегнуваат.

Оваа марка на лакови за нокти, Golden Rose ми се допаѓа затоа што за многу пристапна цена нуди навистина квалитетни лакови кои се 5 free, односно не содржат Formaldehydе, Toulene, Dibutyl Phthalate, Camphor и Formaldehyde Resin (или Tosylamide Resin). Многу често се на попуст а има навистина голем избор.
Оние кои јас ги купив беа од 55 до 90 денари.

4. Крем за раце со Уреа на La Ligne


Никогаш немаше ни да дознаам за овој крем за раце да не беше една моја читателка која ми го посочи. Кремов е високо хидратантен и одлично ја негува кожата на рацете. Не е органски производ, меѓутоа содржи многу убави состојки како глицерин, 5% уреа, шеа путер, масла, витамин Е и др.

Со оглед на тоа што дома имам многу домашни креми за раце кои ги ставам навечер, овој го користам за преку ден  со оглед на тоа што не масти а сепак ја прави кожата многу мека.

Цената е фантастична мислам дека беше 49 денари, а ќе го најдете во Кам Маркет.

5. Мицеларна вода на Olival


Мислам дека ова е единствена мицеларна вода која е нискобуџетна со одличен состав. Не станува збор за органска козметика, меѓутоа е сертифицирана како природна и има многу добра декларација и формула.

Нежна е за очите (благодарение на благата формула и масло од смил) и одлично ја отстранува шминката од лицето. Според мене погодна е за комбинирана до масна кожа со оглед на тоа што чисти а не масти.

Јас ја земав на попуст околу 160 денари, а редовната цена е 380 денари.

6. Кремаст производ за стајлинг на косата на Balea


Бев изненадена кога го открив овој производ и навистина ми се допадна. Без силикони, со убава формула иако не е комплетно природен, сепак е ок за косата. Мора да напоменам дека ја остава косата мека и пред сѐ сјајна.

Има фантастичен мирис каде доминира кокосот и воопшто не ја масти косата.

Цената не ми текнува затоа што беше подарок, меѓутоа мислам дека околу 150 денари.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна, а вие секако слободно пишувајте ми за било каква идеја, предлог или барање.

Кои се вашите омилени нискобуџетни производи?

Вики
4 comments:

 

Monday, January 4, 2016


Пробав за вас: крем за хидратација на кожата од Aloedermal


Здраво на сите,
еве ја првата статија за оваа 2016 година. Најнапред ви посакувам Среќна Нова и се најубаво, да имате многу здравје и љубов, а сѐ останато само по себе ќе дојде.
За оваа прва статија во новата година се одлучив да го рецензирам кремот за хранење и хидратација на кожата од Aloedermal наменет за нормална до сува чувствителна кожа склона кон црвенила. Овој крем го имав користено и порано додека живеев во Италија, а еве сега го земав повторно со цел да ви го претставам со оглед на тоа што е навистина одличен како производ, а и доста економичен. Мора да напоменам дека не е органски, мешутоа одлично формулиран. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој крем.
Inci: Aqua, Myristyl Myristate, Cetearyl Alcohol, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Olea Europaea (Olive) Oil Unsaponifiables, Butyrospermum Parkii Butter, Cetearyl Glucoside, Chondrus Crispus Extract, Glyceryl Caprylate, Aloe Barbadensis Extract, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil, Glycyrrhetinic Acid, Sodium Hyaluronate, Xanthan Gum, Sodium Phytate, Aroma, Citric Acid, Citronellol, Limonene, Geraniol, Hexyl Cinnamal, Linalool.


Кремот како што реков повеќе е наменет за нормална накај сува кожа со оглед на тоа што како втора состојка во декларацијата има  Myristyl Myristate кој не е баш погоден за комбинирана или масна кожа склона кон акни. Состојките како маслиново масло, шеа путер, витамин Е и сончогледово масло одлично ја хранат кожата, длабоко ја хидрираат и ја подобруваат нејзината еластичност. Во самиот крем има и една алга која се нарекува хондрус (Chondrus Crispus) од која се извлекува една состојка која има структура како желатин. Оваа состојка има оргомно регенерирачко дејство  врз кожата, особено врз чувствителната кожа склона кон иритации, благодарение на големото количество на магнезиум и калциум. Има големо антиоксидантно дејство и го намалува дејството на слободните радикали. Овој крем исто така содржи и хијалуронска киселина. 

Откако ја разгледавме декларацијата, ајде да преминеме на структурата и ефектот врз кожата. Овој производ има совршена структура (не многу густа и не многу ретка) и кожата веднаш ја прифаќа.Откако ќе се намачка на лицето прво нешто што забележувате е огромна хидратација на кожата (како кога жедни ќе се напиете чаша вода), што е одлично особено овој зимски период кога под влијание на студот кожата има тенденција да се суши. По кратко време кремот комплетно се апсорбира во самата кожа и воопшто не ја отежнува. 



Опаковката на овој крем е туба со пумпица и има високо хигиенска амбалажа како и сите креми на алоедермал. Со редовна употреба кожата станува видливо помека, нахранета и што е најважно хидрирана. Доколку имате нормална накај сува кожа која е чувствителна и склона кон црвенила, во тој случај дефинитивно ви препорачувам да го пробате овој крем. Можете да го најдете во подобро опремените аптеки и цената е околу 460 денари. 


Се надевам дека ви се допадна оваа статија. Ве поздравувам и се читаме наскоро.
Вики

 

Sunday, December 20, 2015


Подарок под новогодишната елка: спреј за фиксирање на шминка од Alverde




Здраво на сите,


ова е последна награда која ДМ Маркет ќе ја додели во овој месец на награди за сите вас. Станува збор за спрејот за фиксирање на шминка од органската марка Alverde. Доколку досега сте користеле традиционални производи за фиксирање на шминката и сакате да пробате мешто поприродно, во тој случај продолжете да ја читате статијата. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на производот

INCI: Aqua, Alcohol*, Parfum**, Glycerin, Caffeine*, Actinidia Chinensis Fruit Extract*, Foeniculum Vulgare Capillaceum Fruit Extract*, Calendula Officinalis Flower Extract*, Ananas Sativus Fruit Extract*, Hamamelis Virginiana Water*, Lysolecithin, Linalool**, Limonene**, Citral**, Geraniol**, Citronellol**
* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential oils

После водата во декларацијата стои алкохол што е сосема во ред во овој производ, со оглед на тоа што не се мачка врз кожата туку се испрскува и служи за да му помогне на производот подобро да испари, инаку лицето би било мокро од производот. Глицеринот исто така е одличен во оддржување на сенката врз окото, особено ако е сенка во прав, така да доколку сакате ефект на smokey eyes или ставате повеќе слоеви на сенка во прав овој спреј одлично ќе ја задржи. Глицеринот во овој производ ќе ви помогне да ги избегнете оние линии од шминка кога сенката се собира како една линија на окото. Може да испрскате и пред да ја ставите сенката и потоа. Водата од хамамелис има астрингентно дејство врз кожата и одлично помага во оддржувањето на шминката на лицето. Многу ми се допаѓаат екстрактите од невен и ананас во овој производ.


Обично после декларацијата преминуваме секогаш на ефектот и структурата на производот, меѓутоа овојпат не можам да ви кажам ништо со оглед на тоа што го немам пробано овој производ. Јас обично не користам фиксатор за шминка, а понекогаш на нашминкано лице испрскувам термална вода и толку. Меѓутоа, разгледувајќи го составот, производов многу ми се допадна и сметам дека е многу функционален без разлика на тоа што го немам пробано. Сепак многу подобро од класичните производи каде има еден куп на состојки кои не се компатибилни со кожата, или пак воопшто не се биоразградливи.


Како што веќе напоменав, производот е за вас, односно за една среќна девојка која ќе биде избрана по случаен избор. Сѐ што треба да направите е да оставите коментар што правите вие лично за да ви трае шминката подолго. Може да оставите ваш коментар до недела 27 декември до 19 часот.

Со среќа на сите
Вики

 

Wednesday, December 16, 2015


Подарок под новогодишната елка: дневен крем за избелување на флеките и дамките од лицето Eclat на Gamarde


Здраво драги мои,

како што може да видите наградите продолжуваат и овојпат ред е на француската козметичка куќа Gamarde, која на еден среќен читател ќе му го додели органскиот дневен крем Eclat кој ефикасно ги намалува флеките и дамките на лицето и ја спречува нивната појава. Јас самата го користев овој крем за време на летниот период, така да можам лично да гарантирам за неговата ефикасност и квалитет. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој производ.

INGREDIENTS : Aqua (Water), coco-caprylate/caprate, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract*, sucrose distearate, parfum (Fragrance), Glycerin, sucrose stearate, cetearyl alcohol, Gamarde aqua (Gamarde Water), Glycyrrhiza glabra (Licorice) root extract*, glyceryl stearate citrate, Glycine soja (Soybean) oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, glyceryl caprylate, Malpighia punicifolia (Acerola) fruit extract*, Maltodextrin*, tocopherol, Bisabolol, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Carum petroselinum (Parsley) seed oil, Cinnamomum camphora bark oil, Gaultheria procumbens (Wintergreen) leaf oil*, Daucus carota sativa (Carrot) seed oil, Apium graveolens (Celery) seed oil, Ocimum basilicum (Basil) oil*, xanthan gum, citric acid, citral, citronellol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.
*ingrédient d’origine Biologique


Од самата декларација може да видиме дека станува збор за еден производ во кој максимално е искористена моќта на природата и билките во лечењето на флеките на кожата. Оваа формула Gamarde ја има патентирано како GWE (Gamarde White Effect). На четврта позиција (како база на самата крема) се наоѓа една многу важна и екстремно ценета билка, екстрактот од мечкино грозје (или во декларацијата Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract), која има голема избелувачка моќ, благодарение на состојката наречена арбутин присутна во неа. Во оваа крема таа одлично е искомбинирана со витаминот Ц (во декларацијата ќе го најдете како Acerola), така да, овој производ освен избелувачко има и огромно антиоксидантно дејство врз самата кожа. Екстрактот од мечкино грозје во својата функција е потпомогнат од прекрасната комбинација на етерични масла како босилек, целер, лаванда, горчлив портокал и зимзелена кои имаат антибактериско и омекнувачко влијание врз самата кожа. Како масла присутни се сончогледово, арганово и масло од соја, кои одлично се избалансирани од страна на глицеринот, термалната вода од Гамард и една состојка која се нарекува coco-caprylate/caprate, така да оваа крема лесно се впива, не го масти лицето и не остава масна трага, а истовремено перфектно ја хидрира и храни кожата. Структурата е кремасто - флуидна и лесно се нанесува на кожата. Оваа крема се нанесува наутро, на убаво исчистено лице.


Најнапред би сакала да кажам дека сум гледала навистина многу креми кои се специјално наменети за избелување на кожата, меѓутоа верувајте ми ниедна немала толку ефикасни состојки на толку висока позиција во декларацијата (многупати ви имам објаснето дека колку една состојка е повисоко во декларацијата толку нејзиното присуство е поголемо во самата крема). Обично сум гледала креми на чија опаковка пишува крема со оваа или онаа состојка, а кога ќе свртам да ја разгледам декларацијата, рекламираната состојката е на крајот од листата (некаде под 1% од целокупниот производ, ни трага ни глас од неа). Овде како што можевте да видите важни состојки како екстрактот од мечкино грозје се наоѓа на четврто место, состојки како арганово масло, витамин Ц, витамин Е и други, се наоѓаат на средина на кремата. Присуството на етеричните масла не е преголемо и одлично избалансирано што е квалитет плус, со оглед на тоа што кога станува збор за етеричните масла не треба да се претерува и тука важи правилото помалку е повеќе. Токму поради малото присуство на етеричните масла и одличната избалансираност со останатите состојки во фомулата, оваа крема може слободно да ја употребуваат и трудниците без никаков ризик или страв. Токму овде се гледа умешноста на тимот на Гамард, кој успеал да создаде крема која е сигурна и за идните мајки. Друга многу важна информација е фактот што без разлика на тоа што кремава се базира на состојки кои имаат високо избелувачко, антибактериско и омекнувачко дејство, ниедна од состојките не е фотонестабилна. Ете зошто се одлучив да ја користам за време на летниот период, инаку не би се ни осмелила да користам крема со фотонестабилни состојки кои во контакт со сонцето би предизвикале уште повеќе флеки и дамки на лицето.


 Како што веќе ви нагласив, лично го имам користено овој производ со останатите два производи од истата колекција. Оваа колекција по правило се користи од октомври до март месец, затоа што има за цел да на некој начин ја подготви кожата за летниот период, меѓутоа верувајте ми си реков, ако овие производи успеат да ги намалат флеките кои секоја година ми се појавуваат за време на летото и да ја спречат појавата на нови, тогаш од мене има чиста 10-ка. Епа токму така и беше, од мене оваа колекција има чиста 10-ка.


Доколку имате кожа која е склона кон флеки или темни дамки и сте пробале многу производи без да го добиете саканиот резултат, во тој случај кремава е токму за вас. Сѐ што треба да направите за да ја освоите оваа крема која  Gamardе великодушно ви ја подарува е да оставите ваш коментар под текстот  кој може да се однесува на производите на Gamarde доколку ги имате пробано, или пак на вашиот начин на нега на кожата и справување со флеките на лицето. Имате време од недела дена да оставите ваш коментар (до среда 23 декември до 20 часот). Среќниот добитник ќе биде избран по случаен избор.
Со среќа на сите.
Вики

 

Sunday, December 13, 2015


Подарок под новогодишната елка: пудра 2 во 1 color and care на Alverde


Еве уште еден подарок од германската марка Alverde која ДМ маркет ќе ја подари на една од вас драги читателки. Станува збор за пудраta 2 во 1 од линијата color and care. Оваа пудра јас лично ја немам користено, меѓутоа за среќа ја користеше сестра ми, така да што се однесува до ефектот на кожата и покривноста овде ќе го изнесам нејзиното искуство.

Најнапред се знае, декларацијата на производот.

Ingredients: Aqua, Glycine Soja Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glycerin, Alcohol denat.*, Hydrogenated Vegetable Oil, Talc, Potassium Cetyl Phosphate, Palmitic Acid, Hydrogenated Palm Glycerides, Theobroma Grandiflorum Seed Butter*, Butyrospermum Parkii Butter*, Passiflora Incarnata Seed Oil, Lycium Barbarum Fruit Extract*, Hydrolyzed Hibiscus Esculentus Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Glycine Soja Germ Extract, Sorbitol, Galactoarabinan, Xanthan Gum, Sodium Levulinate, Lactic Acid, Hydrogenated Lecithin, Sodium Anisate, Helianthus Annuus Seed Oil*, Tocopherol, Dextrin, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citronellol**, Geraniol**, CI 77891, CI 77492, CI 77491


Според декларацијата, мислам дека овој производ е повеќе наменет за оние кои имаат нормална накај сува кожа поради присуството на повеќе видови на масла и поради процентот на истите. Како масла употребени се маслото од соја, масло од јојоба масло од маракуја и сончогледово масло во комбинација со какао путер и шеа путер кои имаат хранливо дејство врз кожата. Маслата убаво се искомбинирани и избалансирани во оваа пудра така да, како производ не би требало да масти и би требало убаво и лесно да се размачкува на кожата. Како екстракти употребени се екстракт од гоџи бобинки и екстракт од хибискус кои имаат и антиоксидантно дејство. Стабилноста на овој производ е оддржан со помош на две состојки Sodium Levulinate и Sodium Anisate кои се од природно потекло и имаат антимикробно дејство.


Откако ја разгледавме декларацијата, ајде да преминеме на структурата и ефектот врз кожата. Како што веќе ви напоменав, сестра ми ја користеше оваа пудра и ми кажа дека како структура е лесна и кожата веднаш ја впива. Покривноста не е многу голема, меѓутоа одлична е за преку ден кога и нема потреба на лицето да се нанесуваат тешки и покривни пудри. Така да оваа пудра на некој начин претставува еден вид на ББ крема. Сестра ми има комбинирана кожа и на почетокот кога ја користеше оваа пудра и беше ок, меѓутоа по извесен период почна да и свети лицето, па затоа ја препорачуваме за оние кои имаат нормална кожа или нормална накај сува.  Мора да напоменам дека овој производ многу убаво ја изедначува бојата на кожата и дава здрав изглед без да отежнува.


Доколку имате нормална кожа и сте во потрага по еден убав производ кој нежно ќе прикрива и ќе биде идеален за вашиот секојдневен изглед за преку ден, во тој случај сте на вистинското место. Сѐ што треба да направите за да го освоите овој производ е да оставите ваш коментар за пудрите на Alverde (доколку ги имате пробано) или пак за тоа што повеќе преферирате кај една пудра, покривност, изедначеност во бојата, лесна структура, природен изглед итн. Слободно оставајте ваши коментари во рок од недела дена (до недела 20 декември до 11 часот). Среќниот добитник ќе биде избран по случаен избор.

Со среќа на сите
Вики


Thursday, December 10, 2015


Подарок под новогодишната елка: прајмер кој прикрива црвенила на лицето од Alverde


Здраво драги мои,

еве уште една предновогодишна статија во која презентирам еден прекрасен производ кој ќе си го добие некоја од вас. Станува збор за прајмерот кој ги прикрива црвенилата на лицето Аnti rötung grundierung на Alverde. Овој прајмер најискрено го немам користено. Ајде најнапред да го разгледаме составот на овој производ и да кажеме збор два за тоа како е направен и кои состојки ги содржи.

Aqua, Carthamus Tinctorius Oil*, Alcohol*, Myristyl Myristate, Glycine Soja Oil*, Glyceryl Staerate Citrate, Cetyl Alcohol, Chamomilla Recutita Extract*, Calendula Officinalis Extract*, Prunus Amygdalus Dulcis Oil*, Canola Oil, Butyrospermum Parkii Butter*, Xanthan Gum, Dihydroxanthan Gum, Algin, Lecithin, Lysolecithin, Hydrogenated Lecithin, Hydrogenated Palm Glycerides, Microcristalinne Cellulose, Brassica Campestris Sterols, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil, Ascorbyl Palmitate, Parfum**, Linalool**, Limonene**, Geraniol**, Citral**, Citronellol**, Benzyl Benzoate**, [+/- Silica, CI 77163, CI 77289,CI 7789, Mica]
* ingredients from certified organic agriculture
** natural essential oils


Како што може да забележите од самата декларација, станува збор за еден природен производ комплетно без силикони и други штетни состојки што е многу тешко да се најде, особено кога станува збор за ваков тип на производ. Производот е комбинација од разни убави масла и шеа путер кои одлично ја омекнуваат и хранат кожата. Со оглед на тоа што маслата се убаво искомбинирани со другите состојки, овој производ не само што не би требало да масти туку би требало и да се суши бргу. Во една претходна статија напоменав дека фитостеролите се најдоброто нешто што може да се вметне во еден производ чија намена е да го намали црвенилото на кожата, така да овој производ освен естетска цел (да ги прикрие црвенилата) има и за цел да ја намали и спречи нивната појава. Екстрактите од камилица и невен ги зголемуваат смирувачките својства на овој прајмер.

Како што реков овој прајмер го немам користено, меѓутоа пробав тестерче во ДМ така да може да ви кажам дека има убава структура, да ви потврдам дека брзо се суши на кожата и има зелена боја.

Со оглед на тоа што не сум експерт за шминка, се консултирав со некој што знае многу повеќе од мене за шминки и прајмери и ми кажа дека најдобро е прајмерот да се користи под течната пудра, мала количина, нанесувајќи го со прстите.



ДМ Маркет го подарува овој прекрасен и многу корисен прајмер на една среќна читателка. Веќе знаете дека сѐ што треба да направите е да оставите ваш коментар под текстот за козметиката на Алверде (доколку имате пробано нешто) или пак за тоа каков прајмер користите и како најчесто го користите. Може да коментирате во рок од една недела (до четврток 17 декември до 22:30 часот).

Девојки дали сте подготвени да го пробате вашиот нов природен прајмер за прикривање на црвенилата на лицето? Со среќа на сите!!!

Вики

Monday, December 7, 2015


Подарок под новогодишната елка: пудра за лице Dr. Hauschka

Здраво на сите,

дефинитивно во предновогодишно расположение, продолжуваме со наградите кои за вас ги подготвија генералните увозници на најдобрите природни и органски козметички линии во Македонија. Во оваа статија една среќна читателка ќе има можност да ја добие пудрата за лице на Dr. Hauschka. Оваа пудра ја имам лично користено, така да освен анализа на состојките во случајов можам да говорам и за ефектот кој го има врз кожата.

Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на производот.

Water (Aqua), Alcohol, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Anthyllis Vulneraria Extract, Cocos Nucifera (Coconut) Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Punica Granatum Fruit Extract, Prunus Armeniaca (Apricot) Kernel Oil, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Daucus Carota Sativa (Carrot) Root Extract, Euphorbia Cerifera (Candelilla) Wax, Fragrance (Parfum), Limonene*, Linalool*, Geraniol*, Citronellol*, Benzyl Benzoate*, Benzyl Salicylate*, Farnesol*, Coumarin*, Citral*, Eugenol*, Benzyl Alcohol*, Bentonite, Xanthan Gum, Sodium Cetearyl Sulfate, Silica.
[May contain (+/-) Mica, Iron Oxides (CI 77491, CI 77492, CI 77499), Titanium Dioxide (CI 77891), Ultramarines (CI 77007)].


Од декларацијата може да се забележи дека формулата содржи комбинација од екстракти од калинка и морков, со минерални пигменти и растителни восоци и масла како макадамија, кокос, јојоба и кајсија. Можеме слободно да заклучиме дека производот воопшто не масти, со оглед на тоа што во поголема количина е употребено од маслото од јојоба (кое е едно од најлесните масла и кожата веднаш го препознава) во комбинација со маслото од кокос и Caprylic/Capric Triglyceride. Овие масла имаат лесна структура и кожата веднаш ги апсорбира. Екстрактот од калинка и маслото од макадамија ја задржуваат хидратацијата на кожата и ја штитат од надворешните влијанија.

Како што веќе реков ја имам лично користено оваа пудра и можам да кажам дека на допир воопшто не е масна. Текстурата е многу лесна и без проблам се размачкува на кожата на лицето. Успешно прикрива мали дамки, сенки и зони на црвенило, а сепак не претставува маска на лицето. Друго нешто што многу ми се допадна е што пудрава се прелева со самата кожа (станува еден вид на втора кожа), не остава траги, значи никој нема ни да забележи дека имате пудра. Има јак мирис на билки, типичен за сите козметички производи на Dr. Hauschka.


Генералните увозници на оваа козметика ќе ви ја подарат пудрата бр. 04 која е нешто потемна од онаа мојата на сликата (јас ја користев нијансата 02) и би дошла нешто како лешник боја. Така да доколку имате потемен тен од мојот, оваа пудра ќе биде идеална за вас. Сѐ што треба да направите за да ја добиете оваа пудра е да оставите ваш коментар под самиот текст кој може да се однесува на производите на Dr. Hauschka (доколку сте пробале нешто од нив), или пак општо за тоа каков вид на пудра користите или што е според вас најважно при изборот на една пудра. Имате време од една недела да оставате ваши коментари (до Понеделник 14 декември до 21 часот). Среќниот добитник ќе биде избран по случаен избор.


Со среќа на сите
Вики

Saturday, December 5, 2015


Подарок под новогодишната елка: маскара и молив за очи од Alverde


Здраво на сите,

продолжуваме со новогодишните награди кои за вас ги нудат генералните увозници на најубавите природни и органски козметички линии во Македонија. Овојпат станува збор за декоративна козметика на Alverde (маскара и моливче) кој дарежливо ќе ви ја подари ДМ Маркет. Заводливиот поглед со прекрасни долги трепки е сон на секоја од нас и секогаш сме во потрага по идеалната маскара која ни ветува подолги, погусти и убаво дефинирани трепки. Епа сето тоа ви го нуди и новата маскара од линијата Alverde Doll Lashes, а задоволството е поголемо кога знаеме дека згора на сѐ е природна и органска и може да бидеме сигурни дека убавиот заводлив изглед е квалитетен и пред сѐ сигурен за нашето здравје и убавина.

Како и за сите козметички производи, ајде да ги разгледаме состојките:

Aqua, Alcohol*,  CI 77499, Cetearyl Alcohol, Sorbitol, Parfum**, Hydrolyzed Jojoba Esters, Sodium Cetearyl Sulfate, Ricinus Communis Seed Oil*, Tricaprylin, Charcoal Powder, Rhus Verniciflua Peel Cera, Hectorite, Aloe Barbadensis Leaf Extract*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glycine Soja Oil*, Lysolecithin, Xanthan Gum, Jojoba Esters, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil, Ascorbyl Palmitate
* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential oils


Од декларацијата може да забележиме дека станува збор за еден комплетно природен производ со состојки од органско потекло. Благодарение на природната боја на третата позиција  CI 77499 оваа маскара има многу интензивна црна боја. На доста убава позиција се наоѓа и рицинусово масло кое не само што му дава убава текстура на производот туку и одлично ги негува трепките така да може да се каже дека добивате двоен ефект: убави интензивни црни трепки кои истовремено се и негувани. Освен рицинусовото масло оваа маскара содржи и масла од јојоба, сончоглед и соја кои се перфектно избалансирани со останатите состојки, како и витамин Е.

Јас неодамна си ја купив оваа маскара и лично многу ја користам во последно време и ја обожавам (затоа има и две маскари на сликата, едната е лично моја а другата е нова неотворена за вас), така да од лично искуство може да ви говорм за ефектот кој го има врз трепките.

Станува збор за маскара која дава фантастична интензивна боја на трепките и на тој начин ги издолжува самите трепки. Одлично ги дефинира, лесно се нанесува и воопшто не ги слепува трепките една до друга, што е одлично со оглед на тоа што поголемиот број на маскари прават таков ефект. Друго нешто што многу ми се допаѓа е што оваа маскара е доста трајна, навистина трае цел ден, и што е најважно не се рони од трепките (не се прават грутки кои паѓаат од самите трепки по повеќе часови носење). Верувајте ми името е баш погодено затоа што дава ефект на трепки како кукличка, нешто слично на трепките на Betty Boop.


Како што веќе напоменав ДМ Маркет ја подарува оваа маскара на една среќна читателка во комплет со црно моливче за очи, за вашиот поглед да биде уште подлабок, поинтензивен и подраматичен. Сѐ што треба да направите е да оставите ваш коментар под оваа статија за козметиката на Alverde (доколку имате нешто пробано), или коментар за тоа каква маскара за очи користите и што ви е најважно при изборот на една маскара.


Може да кометирате во рок од недела дена до Сабота 12 декември до 10 часот. Среќниот добитник ќе биде избран по случаен избор.

Со среќа на сите
Вики

 

Wednesday, December 2, 2015


Подарок под новогодишната елка: крема за раце на Aloedermal


Здраво драги мои, како што ви ветив еве стартувам со рубриката во која генералните дистрибутери на повеќе органски и природни козметики во Македонија ве наградуваат. Првата статија од овој циклус и припаѓа на италијанската козметичка куќа ESI со колекцијата Aloedermal. Со оваа козметичката линија за прв пат се запознав во Италија и ме воодушеви едноставноста на формулите на производите за нега на лицето и телото (барем оние кои јас ги имав пробано). Станува збор за една италијанска марка на природни производи специјално формулирани за многу чувствителна кожа, каде е сведен на минимум ризикот од иритации на кожата. Сите производи од оваа марка подлежат на клинички тестирања од страна на Универзитетот во Павиа (Северна Италија). Мора да напоменам дека линијата не е органска, меѓутоа како што реков формулите на самите производи се природни и прекрасно избалансирани и направени според стандардите за органска козметика.

Производот кој го подаруваат е кремата за раце која одлично ќе ви дојде во претстојниот зимски период како заштита од ладното. Ајде најнапред да го разгледаме овој производ и декларацијата и да ја сфатиме неговата намена и состав.

INCI: Aqua, Cetearyl alcohol, Cera alba, Glycerin, Caprylic/capric triglyceride, Prunus amygdalus dulcis oil, Butyrospermum parkii butter, Cetearyl glucoside, Borago officinalis seed oil, Capryloyl glycine, Brassica campestris ( rapeseed ) sterols, Persea gratissima oil, Limnanthes alba seed oil, Aloe barbadensis leaf juice, Chamomilla recutita extract, Melilotus officinalis extract, Malva sylvestris extract, Tocopheryl acetate, Citrus medica limonum oil, Citrus aurantium dulcis oil, Lavandula hybrida oil, Pogostemon cablin oil, Glycyrrhetinic acid, Xanthan gum, Citric acid


Јас ја дефинирам оваа крема како мелем за нежни и негувани раце, затоа што содржи состојки кои дефинитивно се од основна важност за заштита на кожата на рацете од надворешните влијанија. Оваа крема има огромно хранливо дејство врз кожата и одлично ја оддржува нејзината еластичност со оглед на тоа што содржи масла со високо хранливо својство како бадемово, масло од авокадо и масло од борагина. Благодарение на алое вера гелот и екстрактот од камилица, освен хранливо оваа крема има и убаво хидратантно и навлажнувачко дејство врз самата кожа. Една од работите која премногу ми се допаѓа е присуството на фитостероли во самата крема (во декларацијата ќе ги најдете под името  Brassica campestris (rapeseed ) sterols) кои се од огромна важност кога се формулира производ кој за задача има и да ги спречи црвенилата на кожата. Оваа крема исто така содржи и висок процент на шеа путер кој има омекнувачки својства врз самата кожа.


Што се однесува до структурата мора да кажам дека ја немам пробано оваа крема, меѓутоа анализирајки ја декларацијата може да кажам дека има доста густа и кремаста структура благодарение на високо хранливите компоненти како Cetearyl alcohol на втора позиција и шеа путерот на седма позиција. Според мене, структурата е доста масна што е одлично особено ако станува збор за проблематична и многу сува кожа на рацете склона кон црвенила и испукување.

Совет плус: доколку имате навистина сува кожа користете ја оваа крема како ноќен третман. Намачкајте ги рацете со кремата (ставете поголема количина од обично), нанесете врз неа памучни или плетени ракавици и спијте така цела вечер. Наутро кога ќе се разбудите ќе бидете воодушевени од меката, свиленкаста и нежна кожа на рацете.


Е сега, драги мои доаѓа моментот во кој ќе ви објаснам како да ја освоите оваа прекрасна крема. Сѐ што треба да направите е да оставите коментар под самиот текст на блогот кој може да се однесува на козметичката линија Aloedermal, доколку имате пробано нешто од нивните производи, или пак општо за вашиот личен начин на нега на кожата на рацете (како ја негувате кожата на рацете). Имате време од недела дена да коментирате под оваа статија (до Среда 9 декември до 21 часот). Среќниот добитник ќе биде избран по случаен избор.



Со среќа на сите
Вики


6 comments:

 

Monday, November 23, 2015


Прекрасен и изедначен тен со тонираниот крем на Gamarde


Здраво на сите,

во денешнава статија би сакала да рецензирам еден производ кој го тестирав во последно време и во кој буквално се заљубив, со оглед на тоа што има повеќекратна функција на кожата. Станува збор за тонираниот крем на Gamarde за светла кожа кој истовремено храни, негува, го изедначува тенот, ги прикрива неправилностите и дава прекрасна здрава боја на кожата.
Ова е идеален производ за сите оние кои зимно време сакаат да ја заштитат кожата од надворешните влијанија, но и за модерната жена или девојка која сака да заштеди на време и да најде еден производ кој не само што ќе ги прикрие неправилностите на кожата туку истовремено и ќе ја негува. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој крем.

INGREDIENTS: Gamarde aqua (Gamarde Water), Aloe barbadensis leaf extract*, Glycerin, Cera alba* (Beeswax), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Centaurea cyanus (Cornflower) flower water*, caprylic/capric triglyceride, cocoglycerides, parfum (Fragrance), cetearyl alcohol, coco-glucoside, talc, glyceryl stearate citrate, maris sal, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, coconut alcohol, glyceryl caprylate, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, tocopherol, Melaleuca viridiflora (Niaouli) leaf oil*, kaolin, xanthan gum, citric acid, silica, CI 77492, CI 77491, CI 77499, CI 77891, citral, farnesol, geraniol, limonene, linalool.


Кога свесно се формулира еден убав производ од кој се очекува да има повеќе перформанси, состојките не се ставаат случајно, туку внимателно се бираат не само видот на маслата, туку пред сѐ нивната густина, дејство и меѓусебно влијание. Значи потребна е многу добра стратегија за успешен производ. Доколку во еден крем има само масла тој ќе има помасен ефект на кожата, а доколку маслата ги избалансираме со путери и восок добиваме производ кој кожата побрзо го впива, не остава масна трага, а сепак храни и негува. Од декларацијата може да заклучиме дека станува збор за одлично избалансиран крем (од аспект на густина, хранливост, хидратација и апсорбирање) кој воопшто не ја отежнува или масти кожата на лицето. Во формулата постигната е идеална комбинација и баланс помеѓу состојките како термалната вода Gamarde и глицеринот, со многу лесните масла како маслото од јојоба и caprylic/capric triglyceride, средно густото сончогледово масло и лесната структура на аргановото масло. Шеа путерот и пчелиниот восок во кремот имаат за цел да ги избалансираат маслата и да го направат производот да биде полесен за размачкување на самата кожа. Кога ќе се нанесе на кожата кремот дава и мат ефект (ќе го видите тоа и на сликите) благодарение на каолинот (белата глина) која ја прочистува кожата. Во самата формула присутна е и состојката силика која е фантастична особено во декоративните производи, затоа што дава неверојатен свиленкаст финиш на кожата, ги прикрива проширените пори на лицето, воопшто не е комедогена и одлично одговара дури и за масна и проблематична кожа.


Откако ја разгледавме декларацијата ајде да преминеме на ефектот врз кожата.
Нешто што обожавам кај овој крем (освен лесната структура која веднаш се впива) е ефектот кој го дава врз кожата. Одлично ги прикрива неправилностите и црвенилата на кожата, без да ја отежни или запуши кожата и што е најважно дава здрава боја на кожата и изедначен тен. Доколку некој се доближи до вас нема воопшто да примети дека имате ставено тониран крем, меѓутоа ќе ви се восхитува на изедначениот тен и здравата боја на кожата.

Еве каква е структурата на производот


Оваа нијанса која ја имам јас е light за светла кожа (има една и за потемен тен на кожата). Знам дека можеби вака на слика ви изгледа темна (и мене ми изгледаше темна кога за првпат ја ставив на рака), меѓутоа кога ќе ја нанесете на кожата перфектно се соединува со тенот на вашата кожа и сфаќате дека воопшто не е темна како што сте мислеле. Покривноста не е голема како традиционалните пудри, меѓутоа одлично го изедначува тенот и дава здрава боја на лицето, и затоа според мене идеална е за секојдневна употреба за преку ден, кога на природен начин сакаме да ги прикриеме недостатоците и црвенилата на кожата, без тоа да биде премногу забележливо или нападно.

Еве го ефектот на овој производ врз кожата



Морам да напоменам дека многу ми се допаѓа и природниот мирис на билки.

Ете драги мои, ова е моето мислење за тонираниот крем на Gamarde и доколку сте во потрага по еден производ кој кој ќе ви даде комплетна нега, заштита и нежно ќе ги прикрие недостатоците на вашата кожа, во тој случај топло ви советувам да го пробате овој тониран крем.

Поздрав и до скоро читање.
Вики


 

Thursday, October 15, 2015


Пробав за вас: крема за отстранување на тврдата кожа на Vivo Oleo


Здраво драги мои,

еве ме повторно во рубриката пробав за вас каде секогаш ви претставувам квалитетни и ефикасни органски или природни производи кои ги испробувам и рецензирам во детали.
Денес ќе ви ја презентирам органската колекција Vivo Oleo која може да ја најдете во аптеките на Еурофарм и која навистина ми го привлече вниманието затоа што се разликува од останатите органски колекции на пазарот. Оваа колекција содржи 8 производи од кои секој е наменет за одредена проблематика или состојба на кожата (псоријаза, изгореници, тврда кожа и.т.н.), така да освен тоа што е органска може да кажеме дека оваа козметика има и медицински ефект. Во денешнава статија ќе ви ја претставам кремата за отстранување на тврдата кожа и заедно ќе разгледаме зошто е толку делотворна.

Една од најубавите работи за нас девојките се секако штиклите кои прекрасно изгледаат и не прават повисоки, меѓутоа со честото носење и стоење на нив петиците и не се баш најсреќни. Се формира груба и сува кожа која доста често испукува и знае да биде и болна. Оваа проблематика ја имаат и мажите без разлика на тоа што не носат високи потпетици, а секако голем број на луѓе страда и од тврда и груба кожа на колениците и лактовите. Ете, токму тука на помош доаѓа кремата за отстранување на тврдата кожа на Vivo Oleo која, верувајте ми, има фантастично дејство, одличен ефект и е must have за убава и мека кожа.
Како за сите производи, ајде најнапред да погленеме заедно како е формулирана оваа крема и зошто е толку ефикасна во подобрувањето на оваа проблематика.


INCI: Aqua, Zea Mays Germ Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Helianthus Annuus Seed Oil, Cetearyl Glucoside, Cetearyl Alcohol, Tocopherol, Rosa Canina Fruit Oil, Gluconolactone, Sodium Benzoate, Mangifera Indica Seed Oil, Lavandula Angustifolia Oil, Aniba Rosaeodora Wood Oil, Cymbopogon Flexuosus Oil, Citrus Aurantifolia Peel Oil Distilled,Citrus Aurantium Dulcis Peel Oil, Hydrolized Wheat Protein, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Glycerin, Cymbopogon Winterianus Herb Oil, Eucalyptus Globulus Leaf Oil, Borago Officinalis Seed Oil, Hippophae Rhamnoides Fruit Extract, Equisetum Arvense Extract, Maleleuca Alternifolia Oil, Propolis Extract, Alcohol, Xanthan Gum, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Potassium Sorbate, Citral, Citronellol, Geraniol, Limonene, Linalool.

Кога за прв пат ја видов декларацијата на оваа крема ми се чинеше како козметичка поезија. Верувајте ми никогаш досега немам видено толку многу убави масла сите заедно во една крема и тоа фантастично избалансирани во самата формула. Најискрено дел од нив ретко се наоѓаат општо во кремите, затоа што се доста скапи, ценети и квалитетни.


Како база на кремата (првите неколку состојки) употребени се пченкарно, бадемово и сончогледово масло, кои во комбинација со шеа путерот имаат огромно омекнувачко и хранливо дејство врз кожата и, верувајте ми, вака сите заедно во комбинација успеваат да ја омекнат и најтврдата кожа на петиците и со редовна употреба да ја задржат еластичноста на кожата (ова лично ви го тврдам).

Зачудувачки е фактот што витаминот Е е присутен во доста голем процент во самата крема (во декларацијата ќе го најдете под името Tocopherol на осмата позиција).

Етеричното масло од лаванда кој е природен антисептик и антибиотик и има за цел да ја смири кожата и да ги заздрави можните пукнатини, во оваа своја функција е потпомогнато од етеричното масло од чајно дрво, сокот од алое вера и екстрактот од прополис. Етеричното масло од роза помага во регенерацијата и ревитализацијата на кожата.

Како што напоменав оваа крема содржи и состојки кои ретко ги гледам употребени во другите креми (ако сум ги видела тоа било најчесто во многу скапи креми за лице) како на пример масло од манго, кое има огромна хранлива моќ и дава фантастични резултати кај сувата кожа, и масло од пореч кое ја враќа еластичноста на самата кожа. 

Откако ја разгледавме декларацијата и сфативме кои сѐ состојки се употребени во оваа крема, ајде да ја разгледаме текстурата, густината и мирисот. 


Оваа крема има идеална текстура, не е многу ретка и не е многу густа. Кожата веднаш ја впива и не остава масна трага. Откако ќе ја нанесете на местото каде имате тврда кожа, прво нешто што ќе забележите е видно омекнување на тој дел од кожата, а ќе почувствувате и еден вид на олеснување, односно свежина (такво беше барем моето чувство). Еве јас ја користам веќе две недели, двапати дневно, и можам да кажам дека првичните резултатите се видливи веќе по недела дена редовна употреба. Секако ова зависи и од степенот на тврдост и типот на кожата и е индивидуално за секој посебно. Јас откако ќе ја нанесев на петиците, ги премачкував и рацете навечер и да знаете како прекрасно ја омекнува кожата и на рацете, без оглед на тоа што тука мојата кожа не е тврда. Значи оваа крема не само што ја отстранува тврдата кожа, туку го спречува нејзиното формирање, така да може слободно да ја користите како превенција за било кој дел од телото, односно онаму каде ќе почувствувате потреба.


Препорачливо е да се нанесе два пати дневно наутро и навечер на чиста кожа. На самиот произод пишува дека за подобри резултати пожелно е да се направи физичко отстранување на грубата кожа. Мирисот на оваа крема е многу посебен и силен, се чувствува мирисот на природата, на билките и етеричните масла употребени во самата крема.

Нешто друго што многу ми се допаѓа кај овој производ е самото пакување. Доколку редовно ме читате веќе знаете дека обожавам производи кои имаат високо хигиенски пакувања со пумпица, која оневозможува навлегување на бактерии во кремата. Оваа крема се зема со помош на истискување од кутивчето преку пумпица со што освен од хигиенските причини кои веќе ги напоменав, овој начин на истискување овозможува да не се претера со количината, односно да се истиска само онаа количина која ни е потребна за употреба. Како што веќе знаеме, органската козметика е доста поконцентрирана од традиционалната, така да доволна е мала количина за оваа крема да го покрие и омекне оној дел од телото каде имате тврда кожа.



Доколку сте во потрага по една убава и ефикасна крема со која успешно ќе може да ја излечите тврдата кожа и да ја спречите нејзината појава на било кој дел од телото, еве ви идеален производ кој топло ви препорачувам да го купите.

Како што веќе напоменав, оваа крема може да ја најдете во аптеките на Еурофарм, а цената е 820 денари за 50 мл. производ.

Се надевам дека ви се допадна и оваа статија, а вие како и секогаш доколку имате искуство со оваа козметичка линија или доколку имате некое прашање, слободно оставете ваш коментар под самиот текст.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

 

Tuesday, October 13, 2015


Флеки и дамки на кожата на лицето? Решението е Eclat од Gamarde


Здраво драги мои,

во денешнава статија би сакала да ви претставам три неизбежни производи од колекцијата Eclat на Gamarde (дневна, ноќна крема и серум) кои ефикасно ги намалуваат флеките на лицето и ја спречуваат нивната појава, без разлика дали станува збор за флеки предизвикани од сонцето или оние кои се јавуваат за време на бременоста.

Во изминатиов период, особено за време на летото, многу девојќи кои имаа проблем со темни дамки или флеки на лицето ме прашуваа каков производ да користат, така да оваа колекција ја истестирав на себе со цел да ви помогнам во изборот и да ви кажам какви всушност резултати дава и зошто.

Јас имам многу светла и чувствителна кожа така да за време на летниот период, доколку убаво не се заштитам, ми се појавуваат дамки од сонцето. Како што реков, ги истестирав на себе двете креми (дневна и ноќна) и серумот за време на трите месеци: јуни, јули и август. Оваа колекција по правило се користи од октомври до март месец, затоа што има за цел да на некој начин ја подготви кожата за летниот период, меѓутоа верувајте ми си реков, ако овие производи успеат да ги намалат флеките кои секоја година ми се појавуваат за време на летото и да ја спречат појавата на нови, тогаш од мене има чиста 10-ка. Епа токму така и беше, од мене оваа колекција има чиста 10-ка.

Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на секој од производите посебно и да прокоментираме какви состојки содржат и како истите делуваат врз нашата кожа.

Дневна крема

INGREDIENTS : Aqua (Water), coco-caprylate/caprate, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract*, sucrose distearate, parfum (Fragrance), Glycerin, sucrose stearate, cetearyl alcohol, Gamarde aqua (Gamarde Water), Glycyrrhiza glabra (Licorice) root extract*, glyceryl stearate citrate, Glycine soja (Soybean) oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, glyceryl caprylate, Malpighia punicifolia (Acerola) fruit extract*, Maltodextrin*, tocopherol, Bisabolol, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Carum petroselinum (Parsley) seed oil, Cinnamomum camphora bark oil, Gaultheria procumbens (Wintergreen) leaf oil*, Daucus carota sativa (Carrot) seed oil, Apium graveolens (Celery) seed oil, Ocimum basilicum (Basil) oil*, xanthan gum, citric acid, citral, citronellol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.
*ingrédient d’origine Biologique




Од самата декларација може да видиме дека станува збор за еден производ во кој максимално е искористена моќта на природата и билките во лечењето на флеките на кожата. Оваа формула Gamarde ја има патентирано како GWE (Gamarde White Effect). На четврта позиција (како база на самата крема) се наоѓа една многу важна и екстремно ценета билка, екстрактот од мечкино грозје (или во декларацијата Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract), која има голема избелувачка моќ, благодарение на состојката наречена арбутин присутна во неа. Во оваа крема таа одлично е искомбинирана со витаминот Ц (во декларацијата ќе го најдете како Acerola), така да, овој производ освен избелувачко има и огромно антиоксидантно дејство врз самата кожа. Екстрактот од мечкино грозје во својата функција е потпомогнат од прекрасната комбинација на етерични масла како босилек, целер, лаванда, горчлив портокал и зимзелена кои имаат антибактериско и омекнувачко влијание врз самата кожа. Како масла присутни се сончогледово, арганово и масло од соја, кои одлично се избалансирани од страна на глицеринот, термалната вода од Гамард и една состојка која се нарекува coco-caprylate/caprate, така да оваа крема лесно се впива, не го масти лицето и не остава масна трага, а истовремено перфектно ја хидрира и храни кожата. Структурата е кремасто - флуидна и лесно се нанесува на кожата. Оваа крема се нанесува на убаво исчистено лице наутро, по нанесувањето на серумот за избелување на кожата. Цената на оваа крема е 1890 денари.

2. Ноќна крема

INGREDIENTS : Aqua (Water), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, cetearyl alcohol, Elaeis guineensis (Palm) oil*, Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract*, parfum (Fragrance), Glycerin, cetearyl glucoside, Gamarde aqua (Gamarde Water), Glycyrrhiza glabra (Licorice) root extract*, glyceryl stearate citrate, Glycine soja (Soybean) oil*, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, glyceryl caprylate, Malpighia punicifolia (Acerola) fruit extract*, Maltodextrin*, tocopherol, Bisabolol, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Pelargonium graveolens (Rose Geranium) flower oil*, Lavandula hybrida (Lavandin) oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Carum petroselinum (Parsley) seed oil, Cinnamomum camphora bark oil, Gaultheria procumbens (Wintergreen) leaf oil*, Daucus carota sativa (Carrot) seed oil, Apium graveolens (Celery) seed oil, Ocimum basilicum (Basil) oil*, xanthan gum, citric acid, citral, citronellol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.
*ingrédient d’origine Biologique


Оваа крема за разлика од дневната има побогата и покремаста структура и одлично ја храни кожата во текот на ноќта. Состојките горе доле се исти како и со дневната, секако со мали варијации во формулата со цел да се прилагоди за ноќна нега на кожата. Целта на оваа крема е да го продолжи дејството на дневната крема и во текот на ноќта, и секако да ја подобри целокупната состојба на самата кожа. Се нанесува мала количина на убаво исчистено лице навечер, по употребата на серумот. Цената на ноќната крема е 2060 денари.

3. Серум за лице

INGREDIENTS : Aqua (Water), Glycerin, Aloe barbadensis leaf extract*, Gamarde aqua (Gamarde Water), silica, Arctostaphylos uva ursi (Bearberry) leaf extract*, Glycyrrhiza glabra (Licorice) root extract*, glyceryl caprylate, Olus oil, Achillea millefolium (Yarrow) oil, Carum petroselinum (Parsley) seed oil, Cinnamomum camphora bark oil, Gaultheria procumbens (Wintergreen) leaf oil*, Daucus carota sativa (Carrot) seed oil, Apium graveolens (Celery) seed oil, Ocimum basilicum (Basil) oil*, xanthan gum, sclerotium gum, citric acid, geraniol, limonene, linalool.
*ingrédient d’origine Biologique


Концентрираната формула и моќта на билките го прават овој серум вистинка бомба за прекрасна кожа без флеки и темни дамки. Овој серум ги има скоро истите активни состојки како и двете креми, меѓутоа во многу поконцентрирана и уникатна формула. Структурата воопшто не е масна и навистина многу лесно се впива во кожата со оглед на тоа што како база има термална вода од Гамард во комбинација со алое вера екстракт и глицерин. Целта на овој серум е да ја подготви кожата за соодветната крема (дневна или ноќна) и да го зголеми ефектот и дејството на самата крема. Се користи на убаво исчистено лице, двапати дневно: наутро и навечер. Цената на овој серум е 2180 денари.

Би сакала да ви дадам неколку додатни информации за оваа колекција кои според мене се од особено значење.


Најнапред би сакала да кажам дека сум гледала навистина многу колекции кои се специјално наменети за избелување на кожата, меѓутоа верувајте ми ниедна немала толку ефикасни состојки на толку висока позиција во декларацијата (многупати ви имам објаснето дека колку една состојка е повисоко во декларацијата толку нејзиното присуство е поголемо во самата крема). Обично сум гледала креми на чија опаковка пишува крема со оваа или онаа состојка, а кога ќе свртам да ја разгледам декларацијата, рекламираната состојката е на крајот од листата (некаде под 1% од целокупниот производ, ни трага ни глас од неа). Овде како што можевте да видите важни состојки како екстрактот од мечкино грозје се наоѓа на четврто место, состојки како арганово масло, витамин Ц, витамин Е и други, се наоѓаат на средина на кремата. Присуството на етеричните масла не е преголемо и одлично избалансирано што е квалитет плус, со оглед на тоа што кога станува збор за етеричните масла не треба да се претерува и тука важи правилото помалку е повеќе. Токму поради малото присуство на етеричните масла и одличната избалансираност со останатите состојки во фомулата, оваа крема може слободно да ја употребуваат и трудниците без никаков ризик или страв. Токму овде се гледа умешноста на тимот на Гамард, кој успеал да создаде крема која е сигурна и за идните мајки. Друга многу важна информација е фактот што без разлика на тоа што кремава се базира на состојки кои имаат високо избелувачко, антибактериско и омекнувачко дејство, ниедна од состојките не е фотонестабилна. Ете зошто се одлучив да ја користам за време на летниот период, инаку не би се ни осмелила да користам крема со фотонестабилни состојки кои во контакт со сонцето би предизвикале уште повеќе флеки и дамки на лицето.


Мене лично кремава многу ми помогна за време на летниот период во оддржување на здравјето на кожата и во спречувањето на несаканите дамки и флеки на лицето и планирам повторно да ја земам и да ја користам. Топло ви ја препорачувам на сите вас кои се борите со истава проблематика и ви советувам да започнете уште од сега, и да ја користите се до март месец со цел да ја подготвите кожата за идното лето, а и воедно да ја негувате.

Веќе ви ги кажав цените за секој од производите посебно и секако, некои од вас би помислиле дека треба да потрошат многу пари за неа. Меѓутоа, Gamarde Macedonia е една од ретките фирми која има за цел своите производи да ги доближи до сите нас и да даде можност на поголемиот дел од клиентите да ги пробаат овие прекрасни производи што навистина е за поздрав и почит. Овојпат Gamarde за вас подготви една навистина специјална и прекрасна понуда односно: сите оние кои ќе сакаат да ја пробаат комплетната колекција и да се уверат во нејзината ефикасност, Gamarde направи специјални пакети на овие три производи 2+1 каде ги плаќате само ноќната крема и серумот, а дневната ја добивате гратис, како подарок од Gamarde. Заштедувате 1890 денари што е повеќе од одлично.

Оваа понуда во моментов ќе ја најдете во аптеките на Еурофарм на Плоштад и во т.ц. Рамстор, како и во аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол. За повеќе информации или нарачки, исконтактирајте ги лично Gamarde Macedonia на нивната facebook страна https://www.facebook.com/GamardeORGANIC?fref=pb&hc_location=profile_browser.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека успеав да ви помогнам во изборот на вистинскиот производ за вашата кожа.

Би ја завршила оваа статија со мотото на Gamarde: Act green, go for organic!!!

Поздрав
Вики



 

Monday, August 31, 2015


Пробав за вас: нежна крема за миење на лице и тело од Gamarde



Правилната хигиена на кожата е од особена важност и е предуслов за здрава, блескава и убава кожа. Сѐ започнува од секојдневното чистење на кожата кое обично се прави двапати во текот на денот односно наутро и навечер. Секогаш говорам дека чистата кожа е убава и блескава кожа и тоа не е случајно. Од огромна важност е секако и производот кој го користиме за оваа намена кој во никој случај не треба да ја суши кожата, туку напротив нежно да ја чисти и оддржува влажноста на истата. На пазарот за среќа постојат навистина убави природни и органски производи за нега на кожата кои одговараат и за најчувствителната кожа, а токму денес сакам да ви претставам еден таков производ. Станува збор за кремот за миење на лице и тело од марката Gamarde, наменет за сува, чувствителна и атопична кожа, кој го користам во последно време и кој навистина премногу ми се допаѓа.
Најнапред ајде да ја разгледаме декларацијата на овој прекрасен производ.
Gamarde aqua (Gamarde Water), Lavandula angustifolia (Lavender) flower water*, Glycerin (vegetal), sodium coco-sulfate, cetearyl alcohol, parfum (fragrance), Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil* Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Cera alba* (Beeswax), cetearyl glucoside, glyceryl caprylate, Aloe barbadensis leaf extract* (and) Maltodextrin*, C14-22 alcohols (and) C12-20 alkyl glucoside, sodium hyaluronate, tocopherol (Vegetal Vitamin E), xanthan gum, cellulose gum, citric acid. 
*ingrédient d’origine Biologique

Од декларацијата може да заклучиме дека овој производ има перфектно избалансирана формула и е навистина многу нежен за кожата, а ќе ви објаснам и зошто. Како сурфактант во самиот производ присутен e sodium coco-sulfate, кој одлично е избалансиран од една страна од глицеринот кој се наоѓа на трета позиција и од друга страна од маслата, путерот и пчелиниот восок кои се после него во формулата. 
Глицеринот е состојка која не испарува во производите, и во формулата на самиот производ 1/4 од неговата тежина треба да биде избалансиран со вода, затоа што во спротивно може да има контра ефект и да ја суши кожата. Во овој производ тој баланс постои, благодарение на термалната вода од Гамард и водата од лаванда кои за цел имаат да ја смират кожата, да ги спречат можните црвенила и иритации. Значи во комбинација со глицеринот овие состојки се бинго за чувствителна кожа. 
Присуството на убави масла како арганово, сончогледово, шеа путер и пчелиниот восок, не само што му даваат висока хранлива моќ, туку ја прават и самата структура на овој производ кремаста (ќе се уверите подоцна кога ќе ги видите сликите од употребата). Иако на опаковката пошува за сува, чувствителна и атопична кожа, според мене овој производ одговара за скоро сите видови на кожа затоа што нежно чисти, навлажнува и не суши. (Јас имам комбинирана чувствителна кожа и одлично ми одговара).

Откако ја разгледавме декларацијата, преминуваме секако на структурата и ефектот од употребата. Како што напоменав, овој производ има навистина многу кремаста структура која потсетува на крема за нега на телото. Во контакт со вода не прави пена туку останува кремастата структура и ова е еден важен знак дека не е агресивен за кожата.
 

Се нанесува на навлажнета кожа, нежно се масира со благи движења и се одмива со млака вода. Еве како изгледа кога помешан со водата се нанесува на лицето и телото.

По употребата кожата останува мазна, воопшто не затега, мека е на допир и што е најважно хидрирана, нахранета, а сепак убаво исчистена. Како што напоменав, мене лично многу ми се допаѓа и го користам секојдневно наутро и навечер. 
Доколку сте во потрага по еден убав производ за секојдневна хигиена на кожата пробајте го овој производ на Gamarde, ќе бидете повеќе од задоволни.
Цената на оваа крема за миење на кожата е 622 денари за 200 мл. производ и истиот може да го најдете во аптеките на Еурофарм, некои од аптеките на Зегин и аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол.
Се надевам дека ви се допадна оваа статија и дека секако ви беше од корист. 
Ве гушкам сите и се читкаме наскоро.
Вики

 

Saturday, August 22, 2015


Етерично масло од чајно дрво за здравје, убавина и како помош во домот


Познато под името чајно дрво, ова етерично масло е екстрахирано од австралиската билка Мелалеука алтернифолиа, преку дестилација со водена пареа Има огромно антибактериско, антифугално, антивирално и антивоспалително дејство, од огромна корист е во третманите за здравје, убавина и како помош во домовите. Ова етерично масло е многу концентрирано како структура и состав и затоа се препорачува да се биде многу внимателни при неговата употреба и скоро секогаш да се употребува растворено во базно масло, алое вера гел, мед и др. (во зависност од намената).

Ова етерично масло спаѓа меѓу оние најценетите во ароматерапијата кој го балансираат организмот (на физичко и психичко ниво), и според филозофијата на ароматерапијата, ова етерично масло е во можност да им помогне на одредени личности да се справат со проблемите од психофизичка природа.

Етеричното масло од чајно дрво обично се продава во мало темно шишенце затоа што е чувствително на светлина и на тој начин ги задржува квалитетот и составот. Пред да преминам на оној дел во кој ви кажувам на кои сѐ начини може да го користите ова етерично масло, би сакала да кажам збор два за едно многу убаво етерично масло од чајно дрво кое го открив неодамна и го купив пред некој ден со цел да го истестирам, односно етеричното масло од чајно дрво на ESI. Како што веќе знаете јас секогаш ги купувам етеричните масла на марката Флора, меѓутоа со оглед на тоа што сакам да ви дадам повеќе избор и да пробам нешто ново, се решив да го истестирам ова етерично масло.


Ова етерично масло доаѓа во пакување од 10 мл. во темно шишенце со многу мал отвор кој дозволува контролирана употреба на самото масло со оглед на тоа што, како што веќе реков, е доста концентрирано и доволна е сосема мала количина.


На самата опаковка пишува дека станува збор за 100% чисто етерично масло и сега ќе направиме тест за да се увериме дали е така. Доколку се сеќавате во статијата за етеричните масла ви откив еден мал трик како да препознаете дали едно етерично масло е чисто или продолжено со друго масло. Тестот се состои во следново: на еден лист се капнува една капка од етеричното масло и доколку капката веднаш се рашири на самиот лист е прв знак за чистотата на маслото. Листот се остава цела вечер така и изутрината, доколку дамката потполно е исчезната значи дека маслото е чисто. Доколку има масна дамка (како онаа од зејтин) на местото каде сте капнале, во тој случај етеричното масло не е чисто и разредено е со некое друго базно масло. Еве ги резултатите од ова етерично масло:

вечерта капнав една капка на еден бел лист која веднаш се рашири на самиот лист


изутрината дамката комплетно ја немаше.


Ова е одличен знак за чистотата на етеричното масло, како што и пишува на самата опаковка. Интересен е фактот што овој вид на етерично масло содржи повеќе од 100 супстанции, од кои онаа која е присутна во најголема количина е терпинен-4-ол кој претставува најмалку 30% од составот на маслото. Во ова етерично масло, назначено е дека оваа состојка е присутна повеќе од 38%. Има многу јак мирис.


Откако ги разгледавме составот и откако се уверивме во чистината на ова етерично масло од ESI, ајде да ви објаснам на кои се начини може да го користите во домовите, како лек за подобрување на здравјето и како состојка во третманите за убавина.

1. Здравје

- Во случај на настинка и кашлица, растворете од 10 до 20 капки етерично масло во када со топла вода (секако не премногу топла), или пак 5 капки во сад со топла вода за инхалации (оваа може да биде повеќе топла). Неколку капки растворени во дифузер за ароматерапија, може да ја прочисти куќата и да го оддржи просторот чист за нашите дишни патишта. Исто така може да се конзумира и по орален пат, односно 2 до 3 капки етерично масло од чајно дрво во една мала лажичка мед. Секако за орална употреба најнапред консултирајте се со вашите матични лекари.

- Во случај на мали рани или каснување на кожата, растворете 2 до 3 капки од ова етерично масло во една супена лажица базно масло (на пр. бадемово) и со помош на едно памукче нанесете го само на местото каде имате проблем.

- Ова етерично масло е одличен лек и против кандида. Меѓутоа, начинот на употреба и дозите зависат од видот на случајот и не се исти за сите. Затоа ви советувам да се консултирате со вашите гинеколози.

- Во случај на реума или болки во мускулите, од огромна помош се масажите со маслото од чајно дрво. Во 20 мл. базно масло како на пример бадемово, додадете 6 капки етерично масло од чајно дрво и со таа смеса правете масажа на оној дел каде чувствувате болка.

- Во случај на лесни изгореници најнапред убаво измијте го делот каде сте се изгореле со ладна вода. Почекајте неколку минути, па потоа на местото нанесете смеса од една мала лажичка мед со 4 капки етерично масло од чајно дрво.


2. Убавина

- Ова етерично масло е одличен лек против акни и бубуљички и спас е за масна кожа. Доколку имате една до две бубуљички во тој случај може да капнете една капка од ова етерично масло на едно памучно стапче (она за чистење уши) и да го допрете само врз бубуљичката, избегнувајќи ја зоната околу за да не ја оштетите или иритирате кожата. Во случај на нечисто лице склоно кон акни, митесери и бубуљички, најдобро е да се користи раствор од 50 мл. базно масло (најдобри за масна кожа се јојоба, арган и лешник) во кое ќе додадете 10 капки етерично масло од чајно дрво. Доколку имате многу чувствителна кожа ви советувам да додадете не повеќе од 7.

- Како лек против првут, растворете 10 капки од ова етерично масло во едно шише базен шампон (неутрален). Овој метод одлично ја прочистува кожата на главата и со самото тоа помага во лечење на првутот. Како добри базни шампони би ви ги препорачала: шампонот неутро на Aloedermal и шампонот на Alverde Ultra Sensitiv (и двата ги немам пробано ама според составот одговараат).

- Доколку сакате природен исплакнувач за уста, во една чаша вода растворете две капки етерично масло од чајно дрво. Со оваа смеса исплакнете ја устата навечер по миењето на забите и бидете многу внимателни во никој случај да не ја проголтате.

- Ова етерично претставува и природно средство за чистење на вошките кај децата и за спречување на истите (ќе посветам една цела статија за природни начини на спречување на оваа проблематика).

3. Хигиена на домот


- Етеричното масло од чајно дрво е одлично средство против муфла во домот. Во еден литар вода ставете половина чаша оцет и 15 капки етерично масло од чајно дрво. Префрлете го во едно празно спреј шише (може и да рецилкирате некое од потрошено средство за чистење, отакако убаво ќе го измиете, или пак да купите ново празно спреј шише).
Истиов производ може да го користите и за чистење на огледала, стакло, па дури и за плочките во купатилото. Може да додадете 10 капки етерично масло од лимон за да го подобрите мирисот.

- Доколку во една голема кофа со вода растворите половина чаша сода бикарбона и 20 капки етерично масло од чајно дрво, може да добиете одличен детергент за чистење на подовите во вашиот дом, која не само што убаво ќе ги светне, туку пред сѐ и ќе ги дезинфицира.

- Додадете 10 капки етерично масло од чајно дрво во прашокот за перење на алишта за да ги дезинфицирате алиштата и да ја зголемите моќта на самиот прашок за перење.

- Во случај да сакате да ја исчистите вашата рерна или пак шпорет на природен начин, 4 големи лажици сода бикарбона помешајте ги со 5 капки етерично масло од чајно дрво и ставете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа кремаста смеса. Со помош на еден сунѓер исчистете ги рерната или шпоретот и исплакнете со многу вода.


Ете драги мои, се надевам дека успеавте да дознаете нешто повеќе за својствата и бенефициите на етеричното масло од чајно дрво и пред се за начинот на употреба на истото.

Ви благодарам многу за вниманието и се читаме многу наскоро.

Вики

Едит: за малку ќе заборавев цената на ова етерично масло е 190 денари и истото го купив во аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол. 

 

Thursday, August 6, 2015


Пробав за вас: купка за интимна хигиена на Aloedermal со камилица


Оддржувањето на правилната интимна хигиена е од огромно значење не само поради свежината и мирисот, туку пред се и поради бактериските промени во тој дел од телото. Од огромна важност е и производот кој ќе го одбереме за нега и хигиена на интимните делови, затоа што погрешниот производ може да предизвика претерано сушење, бактериска промена и инфекции. Ајде најнапред да дознаеме што сѐ треба или не треба да содржи еден добар интимен гел за хигиена и како да го препознаеме добриот производ кој нежно и деликатно ќе ја оддржува хигиената на интимната зона од телото.

Прво нешто при изборот на еден добар производ е да неговата рh  вредност е во склад со природната рh вредност на интимната зона. Важно е да ја познаваме рh вредноста на интимните делови која не е иста за сите возрасти. Ph е индикатор кој го мери степенот на киселост во интимните делови, и може да биде неутро доколку е 7, кисел доколку е под 7 и алкален за вредностите над 7. Во здрави услови на интимната зона, за жените во плодните години идеалниот производ за интимна хигиена треба да биде со рh 4,5. Девојчињата пред пубертетот и жените во менопауза треба да користат производи со рh неутро.

Понатаму при изборот на добар интимен гел дефинитивно мора да внимаваме на состојките кои ги содржи. Овој вид на производ апсолутно не треба да содржи агресивни сурфактанти (колку еден производ прави повеќе пена толку е поагресивен) или пак формули за измивање. Како што ви напоменав во една од претходните статии, сурфактантите се неопходен дел од скоро сите производи за хигиена и претставуваат измивачи кои за цел имаат да ја измијат нечистотијата или маснотиите. Оваа нежна зона со оглед на тоа што има и сопствен систем на самозаштита, нема потреба од агресивни и високоизмивачки формули, така да од огромна важност е да се внимава на деликатноста на една формула. Не е доволно да се напише на опаковката деликатен или нежен производ, а во декларацијата да видиме нешто друго. Верувајте агресивниот производ може да ги ослабне лактобацилите кои нема да можат да ја оддржат киселоста на интимната зона, и на тој начин да им ја олеснат работата на бактериите.

И како трето нешто, од огромна важност се состојките во самиот производ, кои треба да бидат што поприродни.

Токму затоа денес имам еден предлог за одлична интимна купка од марката Aloedermal (има два вида, овде станува збор за онаа со деликатна формула со камилица), која веќе ја имам користено и од која навистина сум многу задоволна.


Најнапред да нагласам дека станува збор за производ кој има рh 4,5, што значи дека е добар за оние кои се во плодните години. Производот не е органски, меѓутоа е природен. Ајде најнапред да го разгледаме составот на овој производ и заедно да се увериме во деликатната формула на истиот.


Aqua, Glycerin, Decyl Glucosyde, Capryloyl Glycine, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Aloe Barbadensis, Chamomilla Recutita Extract, Salvia Officinalis Extract, Menthol, Melaleuca Alternifolia Oil, Citrus Aurantium Oil, Citrus Medica Limonum Oil, Eucalyptus Globulus Oil, Rosmarinus Officinalis Oil, Pinus Palustris Oil, Xanthan Gum, Sodium Hydroxide, Lactic Acid, Limonene.

Од декларацијата може да забележиме дека во формулата како сурфактанти или измивачи во овој производ присутни се два и тоа: Decyl Glucosyde и Sodium Lauroyl Sarcosinate. Ако ја разгледаме нивната позиција и комбинацијата со останатите состојки може да заклучиме дека благодарение на глицеринот на втората позиција и Capryloyl Glycine на четвртата, процентот на сурфактантите е доста мал во овој производ и одлично избалансиран и самиот производ е навистина деликатен и благ, и според мене идеален за секојдневна употреба. Значи измивачката моќ на оваа купка е минимална што е одлично затоа што станува збор за една деликатна зона која нема потреба од многу “обезмастување“.


Во самиот производ присутни се етерични масла и природни екстракти. Ми се допаѓа комбинацијата и взаемното дејство на состојките: алое вера гелот и екстрактот од камилица кои имаат смирувачко и навлажнувачко дејство, прекрасно се избалансирани од убавиот микс на етрични масла со освежувачко и антибактериско својство. Мене навистина одлично ми одговара како производ, меѓутоа мора да напоменам да бидете внимателни доколку сте алергични на некоја од состојките. Како што секогаш велам не сме сите исти и различно реагираме на различни производи и состојки.


Откако го разгледавме составот на самиот производ, ајде да преминеме на структурата, мирисот и функционалноста на истиот.

Купката е безбојна како гел, а мирисот не е премногу јак, меѓутоа доста добро се чувствуваат природните етерични масла и екстракти. Како производ е навистина доста концентриран, така да доволна е навистина многу мала количина за да се измие убаво интимната зона. Едно вакво пакување од 250 мл. ќе ви трае навистина многу долго.


Се нанесува на навлажнета кожа, деликатно се измива зоната со движења од напред кон задниот дел (никако обратно) и се измива со многу млака вода. Лично го употребувам еднаш дневно затоа што сѐ што е претерано не чини. Ни претераната грижа ниту пак запуштеноста не се добри, така да, според мене идеално е златна средина. Секако вие за хигиената на интимниот дел консултирајте се со сопствените гинеколози (кои знаат сигурно повеќе од мене), особено доколку имате некој проблем или пак бактериска промена, како и за време на циклусот. Во нормални услови, сметам дека еднаш дневно е сосема доволно. Воопшто не прави пена, што е доказ плус за деликатноста на формулата и состојките употребени во него. По употребата, овој производ дава благо чувство на свежина кое не е претерано што особено ми се допаѓа.

Опаковката на овој производ е навистина практична, се отвора и затвора преку еден мал отвор на горниот дел од капакот, кој ви дозволува да истискате онолку производ колку ви е потребно.


Како што веќе напоменав овој производ доаѓа во амбалажа од 250 мл. и може да го најдете во некои од аптеките на Зегин и аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол по цена од 280 денари.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист во изборот на еден убав, пристапен и деликатен производ за интимна хигиена. Ние се читаме наскоро, а дотогаш ве поздравувам и ви посакувам пријатен ден.

Вики

 

Thursday, July 23, 2015


Пробав за вас: анти ејџ крема за околу очи и уста Алоедермал


Со козметичката линија Алоедермал за прв пат се запознав во Италија, и ме воодушеви едноставноста на формулите на производите за нега на лицето и телото (барем оние кои јас ги имав пробано). Станува збор за една италијанска марка на природни производи специјално формулирани за многу чувствителна кожа, каде е сведен на минимум ризикот од иритации на кожата. Сите производи од оваа марка подлежат на клинички тестирања од страна на Универзитетот во Павиа (Северна Италија). Мора да напоменам дека линијата не е органска, меѓутоа како што реков формулите на самите производи се природни и прекрасно избалансирани.

Не може ни да замислите колку бев среќна кога истава козметичка линија ја забележав и во Скопје. Не можев да дочекам да ви направам рецензија на повеќе производи кои ги имам веќе користено, меѓутоа еве како за прв производ решив тоа да биде еден од моите најомилени производи Алоедермал, односно кремата за нега на кожата околу очите и усните со анти ејџ ефект.

Како и за секој производ, ајде да започнеме со анализа на состојките во декларацијата, со цел да утврдиме дали и на кој начин делува овој производ. 


Aqua, cetearyl alcohol, caprylic/capric triglyceride, glycerin, prunus amygdalus dulcis oil, cetearyl glucoside, butyrospermum parkii butter, glyceryl caprylate, propagermanium, ubiquinone, sodium hyaluronate, aloe barbadensis extract, brassica campestris (rapeseed) sterols, urea, glucose, sorbitol, sodium glutamate, sodium pca, glycine, lactic acid, hydrolyzed wheat protein, panthenol, tocopheryl acetate, retinyl palmitate, sodium phytate, tocopherol, helianthus annuus seed oil, sodium hydroxide

 Од самата декларација може да забележиме дека формулата е прекрасно урамнотежена и во неа се употребени многу убави состојки кои не само што ја негуваат и хранат нежната кожа околу очите, туку и видно ја измазнуваат кожата во тој предел. 

Едно од најубавите работи е големото присуство на коензимот Q10 во самата крема (компонента која има огромно анти ејџ влијание и интервенира во процесот на стареење), кој во декларацијата ќе го најдете под името ubiquinone. Навистина ретко имам видено креми кои имаат толку голем процент на Q10  во самиот состав (обично се наоѓа некаде доле во листата, а знаеме дека колку состојките се подолу во листата на состојки толку нивната присутност во самиот производ е помала). Во комбинација со витаминот А оваа крема е вистински спас за оние кои сакаат на некој начин да ги ублажат брчките околу очите. Гераниумот и хијалуронската киселина во оваа крема, делуваат и против знаците на замор кои доста често знаат да се појават на самата кожа.


Кремата е доста густа како структура што може да се забележи од високото присутсво на хранливи компоненти како cetearyl alcohol кој ќе го најдете на второ место во декларацијата и шеа путерот на седма позиција во декларацијата на состојки. Алое вера гелот ја прави самата крема погодна за оние кои имаат многу чувствителна кожа. Оваа крема е навистина доста богата со антиоксидансни компоненти кои се од огромна корист во анти ејџ терапијата, како и витамински комплекс кој помага во оддржувањето на еластичноста на самата кожа.

Со оглед на тоа што кремава ја имам веќе користено, можам да ја потврдам ефикасноста во израмнувањето на кожата на пределот околу очите и усните. Кожата делува позатегната и многу посвежа (секако потребна е редовна употреба).

Како што веќе напоменав оваа крема е доста богата и густа (што е одлично затоа што пределот околу очите е многу чувствителен и секогаш посув од остатокот на лицето), меѓутоа воопшто не остава бела трага, не ја масти кожата, ведаш се впива и дава чувство на олеснување и хидратација. Доколку имате сува кожа на која и е потребна длабока хидратација, или пак како мене сте вљубени во производи кои се многу хранливи, оваа крема може слободно да ја користите за преку ден затоа што не ја масти кожата. Доколку сте научени да користите лесни флуиди како дневна нега на кожата околу очите, оваа крема ви ја препорачувам како ноќен третман со оглед на тоа што во текот на ноќта кожата активно ги прифаќа сите хранливи состојки, кои имаат поголем ефект. Исто така многу важно да напоменам е фактот што оваа крема е скоро без мирис, што значи дека е погодна и за оние кои не поднесуваат јаки мириси особено на една чувствителна зона како онаа околу очите.

 

Кремата доаѓа во пакување од 30 мл. меѓутоа со оглед на тоа што е доста густа и концентрирана како производ, доволна е сосема мала количина (како зрно леќа) за да ја покриете целата зона околу очите, така да едно вакво пакување ќе ви трае до 4 месеци. Цената на овој производ е 448 денари и истиот може да го најдете во некои аптеки на Зегин и аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол.

Јас навистина топло ви ја препорачувам затоа што кај мене имаше огромен ефект во задржувањето на еластичноста на кожата.

Друга важна работа која ја обожавам кај оваа крема е пакувањето (односно амбалажата), специјално формулирано да го заштити производот од размножување на бактерии во допир со воздухот. Доколку се сеќавате кога говорев за природна и органска козметика ви напоменав дека голем број на фирми обрнуваат големо внимание на амбалажата на сопствените производи како еден од основните начини на оддржување на стабилноста на самиот производ и продолжување на трајноста на истиот. Еве овој производ е пример за тоа. Кремата има пумпица и преку истискување може да ја контролирате количината на овој производ, односно да земете онолку колку е потребно да се нанесе на пределот околу очите и усните. На овој начин се спречува можноста за ненамерно истурање на производот или испумпување на поголема количина од потребната.


Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Доколку сте во потрага по една убава анти ејџ крема за околу очи и се мислите што да земете, еве ви еден предлог, па вие секако сами одлучете.

До скоро читање.
Вики

 

Tuesday, July 14, 2015


Пробав за вас: органски деодоранс и рол он на Gamarde

Здраво драги мои

На пазарот се нудат голем број на деодоранси кои прекрасно мирисаат, го регулираат потењето и имаат антиперспирант ефект, меѓутоа колку истите се сигурни за нашата кожа, а пред се нашето здравје? Поголем број од нив содржат штетни состојки кои се опасни за нашето здравје и тоа:

1. Алуминиум
оваа состојка се користи како антиперспирант, меѓутоа проблемот е во тоа што оваа состојка организмот не може да ја преработи, ниту пак да ја исфрли, и се насобира, односно се акумулира во нашиот организам. Се смета дека алуминиумот е една од состојките која предизвикува рак на дојката кај 1 од 10 жени.

2. Парабени
според некои испитувања, овие вештачки конзерванси, апсорбирани по надворешен пат (преку кожата), во организмот прават ефекти слични на оние на естрогените хормони, и имаат огромно влијание врз целокупниот хормонален баланс.

3. Пропилен гликол (Propylene Glycol)
според некои научници оваа состојка (доколку често се користи), може да предизвика штета на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите. 

4. Триклосан (Triclosan)
оваа состојка е класифицирана како пестицид и претставува голем ризик за човековото здравје и околината. Се смета дека предизвикува рак. 

Со оглед на тоа што деодорансите ги нанесуваме на еден многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, од основна важност е да одбереме добар и природен деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.


Голем број на луѓе бираат антиперспиранти, односно деодоранси кои имаат за цел да го спречат потењето, мислејќи дека на тој начин се позаштитени и ослободени од непријатни мириси. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Заго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се.

Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. Како замена за алуминиумот во голем број на добро формулирани органски и природни деодоранси како база ќе најдете сода бикарбона или триетил цитрат (triethyl citrate), кои заедно во комбинација со останатите внимателно избрани состојки овозможува потење, меѓутоа го неутрализира лошиот мирис под пазувите.

Затоа во денешнава статија пробав за вас, сакам да ви предложам два прекрасни органски и природни  деодоранси и рол он на Gamarde, кои ги разгледав и истестирав навистина добро со цел да ви кажам каков е составот, какво дејство имаат на кожата и колку се ефикасни во текот на целиот ден особено при високи температури и кога многу се потиме, а сепак сакаме да останеме свежи и заштитени на сигурен начин.

Како и за сите производи, ајде да ја разгледаме декларацијата на двата видови на деодоранси посебно и да се увериме каков е составот и како делува врз кожата, особено врз процесот на потење.



Gamarde рол он флорал:
Aqua, Alcohol*, Propanediol, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract*, Triethyl Citrate, Gamarde Aqua (Agua de Gamarde), Glyceryl Caprylate, Parfum, Malva Sylvestris (Malva) Flower Extract*, Xanthan Gum, Citric Acid, Citronellol, Eugenol, Limonene, Linalool.

*Ingrédient d'origine biologique
Како што може да забележите од самата декларација станува збор за еден  рол он без алуминиум, кој како база има триетил цитрат (triethyl citrate). Од редоследот на состојките може да заклучиме (а јас и да ви потврдам со оглед на тоа што го користам), дека овој деодоранс рол он не го спречува потењето, а сепак го неутрализира лошиот мирис под пазувите. Потењето е многу природен процес и не треба да биде спречен, затоа што преку потењето се исфрлаат токсините од телото (а ако ме прашате мене, подобро е токсините да бидат надвор отколку внатре во телото).


Овој рол он го користев цел месец наизменично со деодорансот во спреј од лаванда и лимон, и можам да ви кажам дека одлично си ја врши својата работа: ви дозволува да се потите, а сепак да останете свежи без непријатни мириси. Тоа е и целта на еден добар производ за оваа намена. Овој кој јас го користев има нежен цветен мирис, не многу нападен, и тоа премногу ми се допадна. Сепак има луѓе кои не поднесуваат јаки мириси, така да овој производ ќе ги задоволи скоро сите вкусови.

Како и сите производи на Gamarde и овој содржи термална вода од изворот на Gamarde која на некој начин ја намалува можноста за иритации на кожата (која и те како е добредојдена особено кога станува збор за една деликатна зона како пазувите), а во комбинација со гелот од алое вера верувајте ми дека овој деодоранс е вистинско бинго за чувствителна кожа. Друга многу важна работа е фактот што не остава траги на облеката. Постои и варијанта со зелен чај кој има малку машки мирис и одличен е за посилниот пол.

Што се однесува до трајноста, и со оглед на тоа што сите сме различни и се потиме на различен начин, слободно нанесете го овој деодоранс онолку пати колку што ќе почувствувате потреба. Сепак станува збор за квалитетен и сигурен производ.


Gamarde деодоранс спреј со лаванда и лимон

Aqua Gamarde (Gamarde Water), nitrogen, Alcool naturel (Alcohol)*, Glycerin vegetal, Lavandula Hybrida* (Lavendin Oil), Citrus Medica Limonum* (Lemon Peel Oil), Caprylyl capryl glucoside, Citrus Amara* (Bitter Orange Leaf Oil), coumarin, geraniol, citral, limonene, linalool.

*Ingrédient d'origine biologique

Како и претходниот и овде секако нема присуство на алуминиум (инаку не би ви го ни рецензирала). Јас лично овој деодоранс го обожавам поради прекрасниот мирис на лаванда и лимон кој му дава многу освежителна нота. Што се однесува до перформансот и ефикасноста, ист е како верзијата рол он, само што е попрактичен за оние кои сакаат производи на испрскување наместо рол он. Идеален за оние кои редовно практикуваат спорт или пак за оние кои секогаш се во трчање и имаат милион обврски во текот на денот, а сакаат да останат свежи.

Мора да напоменам дека и двата деодоранси воопшто не содржат парабени.


Цената на деодорансот рол он е 775 денари, а на деодорансот спреј 615 денари и истите може да ги најдете во аптеките на Еурофарм.

Би сакала само да ве потсетам на златното правило дека сепак ниеден деодоранс (колку и да е природен) не треба да се нанесе под пазувите веднаш после депилација или бричење.

Без разлика на тоа дали сакате производи рол он или пак на испрскување, топло ви советувам да пробате барем еден од овие два производи на Gamarde, за да се уверите и самите во ефикасноста и природниот состав на истите. Со оглед на тоа што Gamarde Macedonia има за цел да ги доближи своите производи до сите вас и да ви даде на сите можност да пробате дел од големиот асортиман на органски производи, овојпат реши да ве изненади со една фантастична понуда 1+1, односно: доколку се одлучите да купите еден од деодорансите на Gamarde за време на презентациите кои ќе ги најдете подолу во табелата, вториот го добивате гратис. Оваа промоција започнува од утре во следниве аптеки на Еурофарм и во аптеката Ани фарм во т.ц. Капитол:


                  Ден
             Аптека
             Час
15/07/2015 Среда
Еурофарм- Плоштад  
11:00-14:00
Еурофарм- Рамстор
18:00-21:00
16/07/2015 Четврток
Еурофарм- Веро 2
16:00-19:00
17/07/2015 Петок
Еурофарм- Веро/Џамбо
12:00-15:00
18/07/2015 Сабота
Ани Фарм-Капитол             
12:00-15:00
Еурофарм- Рамстор
18:00-21:00

Сетовите од два деодоранси рол он или два деодоранси спреј се прекрасни и како подарок со оглед на тоа што содржат убави пораки и може сами да си ги искомбинирате, во зависност од тоа на кого сакате да ги подарите или поделите:

- тој и таа, за да ги уживате благодетите на еден вистински органски производ во пар;
- најдобри другарки, доколку сакате да го споделите со најдобрата другарка;
- за моите најмили, доколку целта ви е да го споделите со некој член од вашата фамилија;
- освежувачка енергија, доколку подарокот оди во рацете на спортисти, страствени вежбачи или пак едноставно многу зафатени луѓе кои по цел ден трчаат од една обврска кон друга.

Тука не завршува изненадувањето. Gamarde Macedonia ќе додели еден рол он гратис на една среќна читателка или читател на мојот блог. Се што треба да направите е да оставите коментар под самиот текст кој може да се однесува на деодорансите на Gamarde, доколку сте ги пробале и имате искуство со нив, или пак општо за вашиот начин на деодорирање во текот на денот. Имате време од недела дена за коментар (до следниот вторник- 21 јули). Добитникот ќе биде избран по случаен избор.

Со среќа на сите!

Вики

 

Saturday, July 4, 2015


Пробав за вас: путер за коса од авокадо на Alverde


Откако на еден од форумите на кои сум член, споменав дека го користам путерот за коса од авокадо на Alverde , добив навистина многу пораки дали е функционален, како се употребува, како делува итн. Токму затоа, решив да напишам една статија за овој производ и подетално да го претставам, со слики од употребата на самиот и ефектите и дејството кое го има врз косата.

Најнапред мора да ви кажам дека овој производ ме воодушеви уште од првото нанесување. Веќе сум огромен фан на овој путер. Продолжете да ја читате статијата и ќе дознаете зошто.

На почетокот како и за секој производ, ајде да ја разгледаме декларацијата на овој путер со цел да видиме за кои состојки станува збор и како истите делуваат врз косата. 

Од самата декларација може да забележите дека има прекрасни масла за коса и путери кои одлично негуваат и се спас за сува и оштетена коса како на пример: рицинусово масло, масло од авокадо, шеа путер, масло од соја, какао путер. Името на самиот производ, односно путер за коса, на почетокот може да ве исплаши и да помислите којзнае колку е масен овој производ, меѓутоа не грижете се, производот го прави она за кое е наменет, а воопшто не ја масти косата.

Структурата на овој производ е доста густа, навистина делува како богат путер како на пример оние за сува кожа на телото, мирисот е прекрасен, не знам точно како да ви го објаснам, меѓутоа верувајте ми премногу ќе ви се допадне. Структурата не е ни масна ни премногу течна, според мене е перфектна за она за што е наменет.


 На самата декларација на македонски јазик, напишано е дека овој путер се употребува на два начина и тоа: како третман пред шампонирање и како серум за оштетени врвови по шампонирањето.

За првиот начин, според производителот, овој путер се нанесува на сува коса и се држи околу 10 мин. Со оглед на големото присуство на масни компоненти во самиот путер, без разлика на тоа што во формулата има и глицерин и вода, јас лично би ви препорачала да го користите на благо навлажнета коса и тоа само по должината на косата. Јас најискрено путеров го пробав и на сува и на благо навлажнета коса, чисто за да видам дали има промена во крајниот резултат, и ви велам дека сјајот на косата е многу поголем доколку производов се користи на благо навлажнета коса (не мокра, само малку навлажнета). Влакното е многу посветло и бојата на самата коса е поубава. Може да го држите и нешто повеќе на косата. Јас направив проба и еднаш го држев и до 20 мин. и резултатот беше фантастичен.
.

Како серум за врвови се користи по шампонирањето, јас најискрено го нанесов на веќе исушена коса. Значи на мокра коса ставив малку арганово масло, ја засушив косата со фен, и на сува коса нанесов од путерот и верувајте ми навистина е фантастичен, доколку се употребува и на овој начин. Косата ја остава прекрасно мека, сјајна, заштитена и што е најважно прекрасно мириса.

Овој путер доаѓа во пакување од 200 мл. и цената му е 209 денари, а може да го најдете во продажните места на ДМ маркет.

Еве за на крај да ви го покажам и ефектот врз самата коса. Го нанесов и пред и после шампонирање: најнапред на благо навлажнета коса го држев околу 15 мин., а потоа и на сува коса само на врвовите.


Верувајте ми, косата имаше толку многу сјај и живост, што дента пријателите што ме сретнаа по улица ме прашуваа што сум правела со косата, да не сум ја променила бојата или слично. Еве, ова е она што го направив, едноставно ставив од овој путер.


Како производ овој путер дефинитивно го препорачувам кај девојките кои имаат сува и оштетена коса и тоа еднаш неделно обавезно, а оние девојки кои имаат масна коса нека не претеруваат, доволно е да го користат еднаш на две недели и тоа само по должината на косата, никако на коренот, со оглед на големото присуство на масла и путери во самиот производ.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист, и дека ќе се одлучите да го пробате овој путер и да се уверите во неговото дејство, ефикасност и перформанс.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

 

Thursday, June 18, 2015


Детска кожа: какви производи да користиме и кои состојки да ги избегнуваме


Бебешката и детската кожа видно се разликува од кожата на возрасните поради тоа што од раѓањето па се до 12-та година, децата имаат кожа без себум, односно нивната кожа има тенденција да биде секогаш посува. Исто така, најгорниот слој на епидермот кај децата е многу потенок отколку кај возрасните, кој ја прави детската кожа многу почувствителна на надворешните влијанија. Затоа во овој период од огромна важност е да се употребуваат само неопходните производи кои за цел имаат да ја заштитат, хидрираат и нахранат детската кожа.

За жал компаниите за конвенционална козметика, не само што не се грижат за нас, туку немаат милост ни кон овие мали суштества, ставајќи најтоксични состојки во производите за нега на децата како минерални масла, течен парафин, силикони и што се не.

За штетноста на овие состојки веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html, меѓутоа еве накратко ќе повторам со цел да ви објаснам како овие состојки делуваат врз кожата и зошто треба да се избегнуваат.

1. Нафтени деривати (во декларацијата на производите ќе ги најдете под следниве имиња)

- Mineral oil
- Petrolatum
- Paraffinum liquidum
- Cera microcristallina или Microcrystalline Wax
- Vaselina
- Paraffina

Во козметичките препарати главната цел на нафтените деривати е задржување на влажноста на кожата. Значи, кога ќе се намачка на кожата парафинот формира тенок слој, еден вид на заштитен филм кој ја задржува водата во кожата спречувајќи ја на тој начин дехидратацијата на кожата. Меѓутоа, на тој начин кожата неможе да дише. Ако губи премногу вода секако дека се суши тоа е повеќе од сигурно, меѓутоа доколку таа не успее да размени вода со надворешните услови постои ризик да со преголемото задржување на водата на површинскиот слој на кожата се формираат бактерии, кои одлично се развиваат во услови на преголема влага, и се појавуваат инфекции, црвенила и иритации.  Многу важно е да се напомене дека сите овие деривати воопшто не се компатибилни со кожата, односно со нејзината структура и немаат никакво хранливо дејство.


2. Силикони (сите оние кои завршуваат на -thicone; -oxane; )

- Dimethicone 
- Amodimethicone 
- Cyclomethicone 
- Ciclopentasiloxane 
- Dimethiconol 
- Trimethylsiloxysilicate  
- poliquaternium 80

Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во козметичките производи. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи. Главната улога на силиконите е таа да ја омекнат структурата на еден производ, односно, кога истиот е нанесен на кожата даваат ефект на мазна кожа кој всушност е лажен и краткотраен. Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаеви ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. 


Може да замислите каков ефект имаат овие состојки врз нежната бебешка и детска кожа, која има потреба од хидратација, заштита и нега. Знајте дека голем број од иритациите и алергиите кај децата се должи токму на овие состојки.

За да преживееме во големиот пазар на производи за нега на кожата, треба пред се да ги познаваме вистинските потреби на бебешката и детската кожа. Како што нагласив на почетокот, детската кожа има потреба од малку производи меѓутоа внимателно одбрани и квалитетни, така да моја цел е денес да ви предложам еден неизбежен и прекрасен, комплетно природен и органски производ од линијата Gamarde, односно дерматолошкиот гел за миење на бебиња и дечиња.


Како и целата линија на Gamarde, станува збор за 100% природен и сертифициран органски производ, кој нежно ја мие детската кожа, почитувајќи го нејзиниот природен Ph баланс. 

Производот е високохигиенски и доаѓа во пакување од 400 мл. со пумпица која е многу практична. Составот на овој производ е следниов: 


Gamarde aqua (Gamarde Water), Lavandula hybrida (Lavandin) flower water*, lauryl glucoside, coco-glucoside, Glycerin, cocamidopropyl betaine, aqua (Water), glyceryl oleate, xanthan gum, decyl glucoside, glyceryl caprylate, dicaprylyl ether, lauryl alcohol, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, Citrus aurantium amara (Bitter Orange) leaf/twig oil*, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, geraniol, limonene, linalool.

*ingrédient d’origine Biologique


Од декларацијата може да се забележи едноставноста и функционалноста на овој производ, односно на секоја компонента во него: термалната вода од Гамард е богата со сулфур и ги намалува иритациите на кожата, водата од лаванда има смирувачки ефект врз кожата, етеричните масла од лаванда, портокал и палмароза имаат антибактериско дејство и ја омекнуваат кожата. Содржи многу нежни сурфактанти за измивање како lauryl glucoside, coco-glucoside и decyl glucoside. Навистина идеален производ кој убаво ја мие, хидрира и омекнува детската кожа и коса. 


Структурата на самиот производ е многу убава и кремаста, а мирисот е фантастичен и што е најважно не е синтетички, туку добиен од етеричните масла во самиот производ. Дома го истестиравме на внука ми која просто го обожава, а со нејзина дозвола го пробав и јас и верувајте ми се вљубив во производот. Кожата ја остава навистина многу мека, перфектно чиста и навлажнета. Одличен е како за бебчиња, така и за деца (а и за тетки ако добијат дозвола од внуците).



Затоа мој совет ви е доколку сакате да му пружите максимална природна нега на вашето дете, да го пробате овој производ. Верувајте ми ќе бидете повеќе од задоволни, просто воодушевени. Мојата оцена за овој производ е чиста 10-ка.


Цената на овој производ е 1190 денари за 400 мл. 

Gamarde не би бил Gamarde доколку и овојпат не подготви за вас едно прекрасно изненадување. Со секој купен гел за туширање на подарок добивате крема за пеленска реакција. Оваа крема е високо квалитетна и природна, и освен за пеленска реакција може да ја користите и како лек за иритации од сонцето и црвенила кај децата и возрасните. Во својот состав содржи: термална вода од Гамард која прочистува и смирува, масло од арган кое храни и навлажнува, масло од коноп кое ја храни кожата, шеа путер кој многу ја омекнува кожата и е богат со витамините А,Д и Е, и етерични масла од лаванда и палмароза, како и цинк оксид. Навистина доста практичен производ потребен за негата на најмалите, а богами и поголемите.

 
Оваа промоција важи во следниве денови и аптеки:

                  Ден
             Аптека
             Час
19/06/2015    Петок
Еурофарм- Веро/Џамбо
12:00-15:00
20/06/2015    Сабота
Ани Фарм - Капитол              
12:00-15:00
Еурофарм- Рамстор
18:00-21:00
21/06/2015    Недела
Ани Биомаркет-Козле
11:00-14:00
24/06/2015    Среда
Еурофарм- Плоштад
11:00-14:00
25/06/2015   Четврток
Еурофарм- Веро 2
16:00-19:00
26/06/2015    Петок
Еурофарм- Веро/Џамбо
12:00-15:00
27/06/2015    Сабота
Ани Фарм- Капитол             
12:00-15:00
Еурофарм- Рамстор
18:00-21:00
28/06/2015    Недела
Ани Биомаркет- Козле
11:00-14:00
Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, и ви беше од корист .
До скоро читање.

Вики

 

Saturday, June 6, 2015


Dirty Secret - Coffee Scrub пилинг за тело


Обично кога правам рецензии, скоро секогаш говорам за производи од реномирани светски или македонски фирми кои имаат продажни места или увозници на македонкиот пазар, меѓутоа не и овојпат. Зошто се одлучив за производ кој не е реномиран на пазарот и кој го нема во продажните места низ Скопје? Затоа што обожавам да им помагам на млади луѓе кои се залагаат за природна козметика, но и затоа што самиот производ е прекрасен и вреди да го рецензирам. Станува збор за пилингот за лице и тело на една прекрасна млада девојка Катерина Мирческа, а производот се вика Dirty Secret - Coffee Scrub.

Кога ме исконтактира Катерина за да го пробам овој пилинг, најискрено останав изненадена како една 21 годишна девојка се интересира за природна козметика и пред се сама ја прави. Се започнало многу случајно како проект на факултет, но ете премина во една голема страст кон природната козметика.

Ајде заедно да го разгледаме овој производ.

 Од декларацијата на опаковката може да забележиме дека состојките во овој пилинг се: кафе, кокосово масло, маслиново масло, хималајска сол, кафеав шеќер, цимет и етерично масло од агруми. 


Многу ми се допаѓа комбинацијата на состојките кои се употребени во самиот пилинг, малку состојки, но сепак многу ефикасни и корисни за кожата. Како масла се употребени кокосово и маслиново кои меѓусебно се надополнуваат. Ми се допаѓа што во самиот пилинг има и сол и шеќер и пресреќна сум што станува збор за хималајска сол и кафеав шеќер кои јас секојдневно ги конзумирам во исхраната и според мене се најдобри како за внатрешна, така и за надворешна употреба. Циметот во прав во овој производ како цел има да ја забрза циркулацијата (за жал неговиот мирис не се чувствува воопшто), а етеричното масло од агруми го зголемува корисното дејство на целиот производ. Има многу јак мирис на кафе.

Како текстура производот е доста сув што значи дека поголема е количината на сувите состојки а помала на маслата. Солта и шеќерот воопшто не се чуватвуваат како текстура (ќе помислите дека има само кафе во тегличката), меѓутоа можеби затоа што се мелат заедно со кафето. Се нанесува на влажна кожа, убаво се масира и се остава 5 до 10 мин. на кожата. Потоа се одмива со вода.


Овој пилинг е многу корисен во борба против целулитот, но и како пилинг за целото тело доколку целта ни е мека и мазна кожа. Навистина кожата е прекрасна и мека по употребата. Јас лично го користев како пилинг за целото тело два пати неделно.

Навистина многу интересен и корисен производ за нега на чувствителната кожа на телото и како борба против целулитот. 

Како што напоменав, овој пилинг го нема по продажните места и доколку сакате да го купите и пробате треба директно да ја исконтактирате Катерина преку нејзината фб страница : 

https://www.facebook.com/dirtysecretscrub?ref=ts&fref=ts

Цената на овој производ е 300 ден. за 370 гр.

Катерина е сигурно многу дарежлива личност затоа што се согласи да подари една тегличка од овој прекрасен пилинг на една читателка на мојот блог, со цел да го доближи својот производ до вас и да ви даде можност да го пробате и да се уверите во неговата ефикасност.

Право на учество имаат сите читатели, а се што треба да направите е да оставите ваш кометар под самиот текст на блогот (доколку коментирате како анонимни оставете само име или пак иницијали за контакт во случај да ве избереме вас). Коментарот може да се однесува општо за пилинзите, за вашата грижа за телото или пак специфично за овој производ доколку сте го пробале. Имате време од една недела (до сабота 13 јуни), а добитникот ќе биде избран по случаен избор.


Голема благодарност за вашето внимание и со среќа на сите!!!

Вики





 

Friday, June 5, 2015


Маскари на рапорт!!! Ајде да ги разгледаме заедно.


Откако ја објавив статијата за ајлајнерот на Alverde, добив приватни пораки за нивните маскари. Со оглед на тоа што во ДМ маркет имаше навистина голем избор на маскари од оваа марка, се решив да пробам 3, со цел да ви дадам поголем избор и да ги споредам маскарите меѓусебно во однос на трајноста, бојата и перформансот.

Маскарите кои ги одбрав се:

- False Lashes
- Volume XXL
- Extreme Black

Морам да кажам дека најзадоволна сум апсолутно од маскарата Extreme black, а ми се допадна и False Lashes, додека од маскарата Volume XXL најискрено очекував повеќе.

Ајде да ги разгледаме заедно.

1. Extreme black

Дефинитивно победникот помеѓу овие три маскари. Оваа маскара навистина дава многу интензивна црна боја на трепките, а о самото тоа и ги дефинира од коренот па се до врвовите. Иако целта на оваа маскара не е волумен или издолжување на трепките, на некој начин го прави тоа. Верувајте ми, можеби со самото тоа што дава интензивна црна боја, истовремено дава и ефект на подолги и подефинирани трепки.

Составот на оваа маскара е:

Aqua, CI 77499, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Hydrolyzed Jojoba Esters, Algin, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Prunus Amygdalus Dulcis Seed Extract*, Glycine Soja Oil*, Shellac, Glyceryl Stearate SE, Jojoba Esters, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Silica, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**, Benzyl Benzoate**

* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential Oils

Од декларацијата може да забележиме дека не содржи силикони ниту пак нафтени деривати (јупи колку прекрасно), интензивната црна боја доаѓа од CI 77499 кој всушност е пигментиран железо оксид (црн), кој се употребува во козметиката. Прекрасен е спојот на пчелиниот восок со маслата како јојоба, бадем и соја кој вака комбинирани не само што даваат убава кремаста структура на производот, туку и одлично ги негуваат трепките. Исто така присутен е и екстракт од алое вера.


Од сликата може да забележите дека четкичката се стеснува на крајот, така да овозможува убаво исцртување дури и на најкратките трепки оние на почетокот од окото. Навистина е многу лесна за нанесување. Бојата како што веќе напоменав е интензивно црна и еве каков ефект има нанесена на окото.



  Мене навистина многу ми се допаѓа. Нешто што би сакала да напоменам и што според мене е многу важно е што оваа маскара е многу трајна и не се рони од трепките. Навистина прекрасен интензивен изглед одличен и за преку ден и за навечер.

2. False Lashes

И од оваа маскара бев многу задоволна, секако не е баш False Lashes како што пишува, ама навистина убаво стои на трепките.

Составот на самата маскара е:

Aqua, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Algin, Hydrolyzed Jojoba Esters, Jojoba Esters, Prunus Amydalus Dulcis Oil*, Aloe Barbadensis Extract, Glyceryl Stearate SE, Shellac, Silica, Simmondsia Chinensis Oil*, Glycine Soja Oil*, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, [+/- CI 77499, CI 77007].

* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential oils

Како што може да забележите овде боите се на крајот од листата на состојки и затоа е помалку интензивна од претходната. Горе доле има слични состојки како Extreme black барем што се однесува до маслата, пчелиниот восок и екстрактот од алое вера.


Од сликата може да забележите дека четкичката на оваа маскара е навистина уникатна со помали и поголеми запци, кои успешно ги фаќаат и бојат сите трепки. Големината и густината на запците од четкичката е различна на предната и задната страна, таќа да ви советувам еднаш да поминете со едната страна, а потоа со другата.

Еве го ефектот на трепките:



Навистина лесно се нанесува и дава убав ефект кој дефинитивно не е false lashes, меѓутоа е доста интересен. Најнапред ќе ви биде малку чудно со оглед на тоа што честичката е малку невообичаена, меѓутоа ќе се навикнете. Доста е трајна, не се размачкува и не се рони. Јас ја користев за преку ден, но и за навечер во комбинација со ајлајнерот на Alverde.


3. Volume XXL

Оваа маскара, како што веќе напоменав, малку ме разочара затоа што не е баш  Volume XXL како што е означено (или барем кај мене немаше таков ефект). Според мене оваа маскара е добра за оние девојки кои сакаат природен изглед, не толку драматичен и за секојдневна употреба да речеме еве преку ден.

Составот на маскарата е:

Aqua, CI 77499, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Algin, Hydrolyzed Jojoba Esters, Jojoba Esters, CI 77007, Ascophyllum Nodosum Extract, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Bambusa Arundinacea Leaf Extract*, Glyceryl Stearate SE, Shellac, Silica, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glycine Soja Oil*, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**, Benzyl Benzoate**

* ingredients from certified organic agriculture
** natural essential oils

Како и претходните две, така и оваа маскара не содржи штетни состојки како силикони и нафтени деривати, се гледа дека тимот на Alverde ја нашол идеалната формула што се однесува до состојките и текстурата на сите три маскари. Единствена мана е што кај оваа маскара за волумен, функционалноста баш и не е јака страна.



Четкичката на оваа маскара е навистина премногу широка и дебела и малку потешко се нанесува затоа што при нанесувањето ги боите не само трепките туку и околу. Мене некако не ми се погоди и навистина имав потешкотии при нанесувањето. Бојата на самата маскара е убава и интензивна, мирисот е прекрасен, ама ете не го задоволува критериумот за волумен. Еве погледнете го ефектот на самата маскара на трепките:



Има нежен дневен ефект, воопшто не дава волумен и како што веќе напоменав идеална е за оние кои сакаат природен изглед. Што се однесува до трајноста и оваа трае, не се размачкува (освен ако самите не се размачкате нанесувајќи ја, како јас на сликата ахахахахаха), и не се рони од трепките. Ги има скоро истите својства како и другите две сестри, барем што се однесува до трајноста и текстурата.

Еве јас ви претставив три маскари. па вие секако одберете си ја онаа што најмногу ги задоволува вашите потреби и вкусови.

Да не заборавам дека овие маскари може да ги најдете во продавниците на ДМ маркет а цената се движи 159 ден за False Lashes и Volume XXL, и 199 ден за Extreme Black.

Се надевам дека на некој начин ви помогнав при изборот на идеалната маскара, а вие доколку имате искуство со некоја од маскарите на Alverde или пак сакате да споделите ваше лично мислење за некоја од овие маскари, ве поканувам слободно да оставите коментар под самиот текст.

Пред некој ден сестра ми си ја купи маскарата за издолжување на трепките на Alverde, од која е ептен задоволна. Ќе и ја украдам деновиве за да ја пробам и да ја сликам со цел да ви ја презентирам и таа маскара.

Голема благодарност што и денес одвоивте време да го посетите мојот блог.

Поздрав и до скоро читање.

Вики

Wednesday, May 27, 2015


Меки, лесни и миризливи стапала со најновите производи на Alverde


Знаете дека секогаш со огромен ентузијазам говорам за сите новитети и прекрасни производи кои лично многу ми се допаѓаат, па така да овојпат би сакала да ви го раскажам своето позитивно искуство со два исклучителни производи за стапала, односно путерот за нега на стапала и спрејот за освежување на стапалата од Alverde со био лимета и био екинацеа.

Верувајте ми, кога за првпат ги пробав овие два производи беше љубов на прв допир. Бев воодушевена од ефектот кој го даваат и огромната потхранувачка моќ врз кожата на стапалата.


Во продолжение на оваа статија ќе ги разгледаме заедно овие два производи, нивниот состав, дејство и ефект врз кожата, со цел да утврдиме дали и зошто се толку ефикасни.

1. Путер за стапала со био лимета и био ехинацеа



Кога на опаковката прочитав путер за стапала си помислив дека станува збор за масен производ кој остава траги и од кој стапалата потоа се лизгаат во сандалите....ах колку не сум била во право (за среќа). Станува збор за еден феноменален производ кој прекрасно ја омекнува кожата на стапалата, па и онаа најсувата. Убавата вест е таа што е наменет и за дијабетичари. Составот на овој производ е:

Aqua, Alcohol*, Myristyl Myristate, Glycerin, Glyceryl Stearate Citrate, Glycine Soja Oil*, Butyrospermum Parkii Butter*, Vitis Vinifera Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Shorea Robusta Seed Butter, Betaine, Citrus Aurantifolia Fruit Extract**, Echinacea Purpurea Extract**, Xanthan Gum, Sodium Hydroxide, Disodium Cocoyl Glutamate, p-Anisic Acid, Alcohol, Sodium Cocoyl Glutamate, Parfum**, Linalool**, Citronellol**, Geraniol**, Limonene**, Citral**

*ingredients from certified organic agriculture
**from natural essential oils

Овој производ има навистина многу интересен состав кој му дава густа структура, меѓутоа состојките се така добро избалансирани што кожата веднаш го впива. Еве на пример богат е со шеа путер кој е од огромно значење кога станува збор за интензивна нега на стапалата, со оглед на тоа што одлично ја храни кожата, а неговото “масно дејство “ одлично е избалансирано од глицеринот. Ми се допаѓа што во производот има и масло од гроздови семки кое идеално ја омекнува кожата. Екстрактите од ехинацеа и лимета даваат одличен мирис на овој производ и го зголемуваат неговото хидрирачко дејство.


Како што може да забележите од сликата, структурата е навистина густа, а како што веќе и напоменав кожата навистина брзо го впива. По само една недела секојдневна употреба, ќе забележите огромна разлика. Со оглед на тоа што е доста хранлив, доволна е мала количина од овој путер за да се нахрани сувата кожа на петиците и стапалата, така што ова пакување од 200 мл. ќе ви трае навистина долго време.

Друга прекрасна работа е неговиот мирис. Обожавам креми, балзами или еве путери за нозе кои прекрасно мирисаат. Како заклучок, овој путер ќе ве спаси во текот на целото лето, особено кога кожата на стапалата и петиците многу повеќе се суши под влијание на топлото, песокот или плажата. Само едно мачкање со овој путер и вашите стапала ќе ги преживеат сите можни непријатности.

Оцена 10.


2. Спреј за стапала со био лимета и био ехинацеа


Кога ќе го испрскате овој спреј на стапалата, прво нешто што ќе почувствувате е неверојатна свежина, односно чувство на ефект на ладење на стапалото. Не знаете колку е прекрасно ова чувство, особено кога температурите се високи и имаме потреба од ладни нозе. Ефектот се чувствува навистина доста долго од моментот на испрскувањето. Формулата на овој производ претежно е на база на растителен глицерин кој е збогатен со органско масло од лимон и мента (која всушност го дава и ладниот ефект), како и екстракти од лимета и ехинацеа, кои одлично ја регулираат и отстрануваат лошата миризба од стапалата.  

Aqua, Glycerin, Alcohol*, Parfum**, Betaine, Citrus Aurantifolia Fruit Extract*, Echinacea Purpurea Extract*, Citrus Limon Peel Oil*, Sodium PCA, Sodium Lactate, Menthol, Arginine, Citric Acid, Lactic Acid, Tartaric Acid, Sodium Hyaluronate, Limonene**, Citral**, Geraniol**, Linalool**, Citronellol**, Farnesol**

Се користи на тој начин што се прскаат нозете на оддалеченост од околу 30 см. Верувајте ми, откако ќе го пробате, овој спреј ќе стане дел од вашите омилени производи за нега за стапалата. Доаѓа во пакување од 150 мл.
Важно е да напоменам дека, овој спреј е погоден за вегетаријанци и вегани.

Моја оцена: чиста 10-ка.

И двата производи може да ги најдете во продажните места на ДМ маркет во Скопје.

Се надевам дека статијава ќе ви биде од корист при изборот на вистинскиот производ за нега на вашите стапала.

Како и секогаш ве поканувам да ги споделите сопствените мислења или искуства со производите за нега на стапалата, или да ја споделите вашата навика кога станува збор за нега на стапалата.

Вики

 

Monday, May 25, 2015


Пробав за вас: маска за коса на Casyopea


Долго време барав една ваква убава маска за коса која за цел има да ја зацврсне косата, темелно да го исчисти скалпот и да го зајакне коренот. И верувајте ми функционира! Лично обожавам производи кои во својот состав имаат кал од мртвото море, без разлика дали станува збор за маска за лице, коса или тело. Оваа кал има огромна моќ врз убавината на нашата кожа, лечи било каков проблем со кожата или косата. Ама ајде да ви раскажам се убаво по ред.

Најнапред да го разгледаме составот на оваа маска за коса за да утврдиме што се содржи и зошто функционира. Еве ги состојките во декларацијата:

Dead Sea mud, Propolis extract, Bees wax, Shea butter, Witch hazel, Almond oil, Avocado oil, Jojoba oil, Perfume
Како што може да забележиме од декларацијата оваа маска е на база на кал од мртво море која е богата со минерали и сол и има способност темелно да го исчисти скалпот, без притоа да ја надразни кожата на главата. Влакното добива огромен сјај и целата коса буквално живнува. 
Шеа путерот е фантастичен за косата затоа што неверојатно ја храни и неверојатно ја обновува структурата на вкалното. Маслата од авокадо и јојоба ја навлажнуваат косата, ги лечат распуканите врвови и даваат сјај на целата коса. Морам да напоменам дека лично обожавам производи кои во својот состав го содржат маслото од авокадо (шампони, регенератори, маски) со оглед на тоа што е навистина прекрасно за оштетена коса.


Верувајте ми сите состојки се така добро искомбинирани, што оваа маска според мене одговара на сите видови коса, па дури и за девојките со масна коса, со оглед на тоа што одлично чисти, а не ја суши косата, туку напротив навлажнува без воопшто да ја масти косата. Јас ја пробав неколкупати и верувајте секојпат косата ми беше перфектно чиста и што е најважно остануваше чиста повеќе денови од обично.

За да може убаво да ви го доловам ефектот на маската направив комплетна документација со слики за употребата и ефектите на самата коса.

Текстурата на самата маска е доста густа, благодарение на присуството на шеа путерот и пчелиниот восок во неа. Има фантастичен мирис, не знам како точно да го објаснам, ама мене ме потсетува на нешто чоколадно и убаво. 


Се нанесува на мокра коса пред шампонирањето, најнапред на скалпот, а потоа и по должината на косата и се остава да делува 15 минути. Ви препорачувам блага масажа на темето од косата (доволно е минута две), со цел да се поттикне циркулацијата.


По истекот на времето, косата убаво се мие со добар и квалитетен шампон. Мене многу убаво ми ја омекнува косата, но доколку имате многу долга или навистина сува коса, мој совет ви е сепак да нанесете малку балзам само на врвовите на косата. Јас лично откако ќе ја одмијам, го цедам вишокот на вода од косата и нанесувам само чисто арганово масло како серум за врвовите кое е фантастично како замена за штетните силиконски капки во продажба.

Откако ќе се исуши, косата е видливо поубава, побујна и има навистина прекрасен сјај. Јас имам мека коса, меѓутоа оваа маска дава ефект на поцврсто влакно, а со честа употреба влакното навистина и се зацврснува.

Еве погледнете го крајниот резултат



Лично сум воодушевена од оваа маска (инаку не би ја ни рецензирала со толкав ентузијазам). Топло ви препорачувам да ја пробате доколку вашата цел е чист скалп и појака коса, која во исто време ќе свети со прекрасен сјај. Полн погодок за мојата коса.

Цената на оваа маска е 600 денари и истата може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.

Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека доколку се решите да ја пробате оваа маска ќе бидете задоволни колку и јас.

Поздрав и до скоро читање.

Вики

 

Friday, May 22, 2015


Бај бај целулит...со третманот на La Soy


Пред околу 2 недели напишав една интересна статија во која ви предложив неколку антицелулитни производи кои за мене одлично функционираат (еве ви линк доколку сте пропуштиле да ја прочитате http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/blog-post_5.html). На крајот од самата статија реков дека обавезно ќе ги пробам антицелулитниот пилинг и масло на La Soy, со цел да ви дадам што поголем избор за производите кои се природни , а сепак доста функционални.

Затоа еве ме денес по околу две недели употреба, решив да ви ги кажам своите импресии за два многу интересни антицелулитни производи на La Soy и тоа пилингот од кафе и антицелулитното масло за масажа.

1. Пилинг од кафе


 Од  La Soy имав пробано и други пилинзи, меѓутоа ниеден не ме воодушевил како овој. Верувајте ми овој пилинг е единствен не само по својот состав, туку пред се поради ефектот кој го дава по употребата.

Составот на овој пилинг е: морска сол, шеќер,кафе, бадемово масло, масло од гроздови семки, афион, пченични никулци, цимет, мед, лецитин, вит. Е, етерични масла од цимет, агруми, клека и чемпрес.

Како што може да забележиме од самата декларација, овој пилинг е еден прекрасен спој на  баш сите состојки кои помагаат во лечење на целулитот. Секоја од состојките има различно дејство врз кожата и помага при намалување на оваа неестетска појава, но сите заедно, вака прекрасно искомбинирани би рекла дека се бинго.

Комбинацијата од морската сол и шеќерот одлично ја ексфолираат кожата, маслата од бадем и гроздови семки имаат високо хрансливо дејство врз кожата, ја негуваат и ја подобруваат нејзината структура. Циметот и кафето ја подобруваат циркулацијата, а со тоа помагаат и при исфрлувањето на вишокот на течности и токсини од телото. Премногу ми се допаѓа изборот на етеричи масла во овој производ кои претставуваат вистинско тајно оружје за лечење на целулитот и го зголемуваат ефектот на  целиот производ.


Стуктурата на овој пилинг нормално е гранулеста, а што се однесува до мирисот на самиот пилинг доминира мирисот на кафето. Етеричните масла нежно се чувствуваат во овој производ меѓутоа не се премногу јаки.

Јас лично го нанесував два пати неделно и верувајте ми дава резултати. Се зема мала количина во раката и се нанесува на кожата на бедрата со блага масажа со кружни движења. Потоа тоа место се покрива со една проѕирна кеса (онаа која ја користиме за да ја завиткаме храната кога ја ставаме во фрижидер), и се остава да делува 10 мин. Потоа убаво се одмива со млака вода.

По употребата кожата веднаш ја чувствувате мека и нахранета. Ви велам јас се вљубив во овој пилинг, ми стана омилен од само 4 пати што го нанесов.

Цената на овој пилинг е 400 денари за 200 гр. и може да го најдете во продажните места на La Soy на штандот во Веро/Џамбо и во продавницата позади Соборниот Храм.

2. Антицелулитно масло за масажа


Ова масло за масажа е прекрасен микс од повеќе висококвалитетни масла и етерично масла специјално наменети за оваа проблематика.

 Еве го составот на самото масло: бадемово масло, сафлорово масло (наречено и шафранка), витамин Е и етерични масла од клека, чемпрес, лимон и рузмарин.

Досега немав сретнато производ за масажа (барем кај нас во Мк), кој во својот состав го содржи и сафлоровото масло, кое е исклучително во третманите против целулитот со оглед на тоа што содржи голем процент на незаситени масни киселини.


Маслото има многу бледо жолтеникава боја и кожата навистина лесно го впива (не остава масни траги). Мирисот на ова масло не е силен и исчезнува веќе по 15 мин. од апликацијата. Се нанесува на чиста кожа (јас го нанесував секоја вечер во овие две недели) и благо се масира се до неговото впивање. Масажата е навистина од голема важност кога станува збор за еден антицелулитен производ. Не е доволно само да се намачка кремата или маслото, туку треба убаво да се измасира местото со благи кружни движења, почнувајќи од колениците накај бедрата (без големи притисоци). Секако не треба да се очекува чуда од еден производ, како што имам напоменато за видливи резултати, важна е и исхраната и физичката активност.


 Според составот на маслата и етеричните масла, можам да ви кажам дека ова масло е одлично и за подобрување на циркулацијата на целите нозе и за затегнување на кожата, особено после напорен ден. Се што треба да направите е да ги измасирате нозете почнувајќи од глуждовите па нагоре. Веднаш ќе почувствувате дека циркулацијата е подобрена, а со тоа и благо олеснување во самите нозе. За подобар ефект по масажата, кренете ги нозете на една перничка додека се одморате на каучот или креветот.

Цената на ова масло е 350 денари за 100 мл. производ и истиот може да го купите во продажните места на  La Soy на штандот во Веро/Џамбо и во продавницата позади Соборниот Храм.

 La Soy направи едно изненадување за сите читателки на мојот блог кои ќе сакаат да ги пробаат овие два производи и да се уверат во квалитетот и функционалноста на истите. Доколку во наредните две недели од објавата на оваа статија, ги купите двата производи одеднаш, добивате попуст од 20% на целокупната цена.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.

Голем поздрав и до скоро читање.

Вики



 

Thursday, May 21, 2015


Пробав за вас: свеќа за масажа на Casyopea


Здраво на сите

денес би сакала да говорам за еден навистина оригинален и необичен производ, кој мене многу ми се допадна. Станува збор за свеќата за масажа на Casyopea.

После долг напорен ден поминат надвор со обврски, роднини и пријатели, кога ќе се вратиме дома како може да повторно да ја надокнадиме изгубената енергија? Па, секако со една убава масажа, со мирис и амбиент на вистински спа центар.

Што всушност претставува свеќата за масажа?

Станува збор за свеќа направена од високо квалитетни масла, растителни путери и пчелин восок, збогатени со етерични масла кои имаат фантастично дејство врз кожата затоа што ја омекнуваат, навлажнуваат и регенерираат. Има 3 различни мириси, но јас ја одбрав свеќата со мирис на роза, која е навистина многу сензуална и уникатна.


Составот на оваа свеќа е: Olea europea fruit oil, Cocos nucifera oil, Cera alba, Butyrospermum parkii oil, Citrus paradisi (grandis) seed oil, Parfum, Simmondsia chinensis seed oil, Tocopheryl acetate, Rosa damascena flower oil, Citronelloi, Geraniol.

Секое од маслата во овој состав има одредена функција и тоа: на прво место маслиновото масло одлично ја храни кожата, маслото од кокос и јојоба ја хидрираат и негуваат кожата, а  шеа путерот прекрасно ја омекнува и ја прави навистина многу мазна на допир. Етеричното органско масло од роза не само што е фантастично за кожата туку, доколку ви се допаѓа мирисот на роза, прекрасно смирува, релаксира и ги гали сетилата.

Оваа свеќа на некој начин има дупли бенефиции: маслото кое се топи под дејство на топлината е фантастично за масажа на кожата, а мирисот кој се ослободува при горењето на свеќата има ароматерапевтско дејство врз сетилата.

Како се користи?

Изгледа комплицирано, ама верувајте нема нешто поедноставно за употреба. Направете си убав амбиент кој за момент ќе ви дозволи да се релаксирате, далеку од вревата и мобилните телефони, со убава музика и пригушено светло. Запалете ја свеќата и оставете ја да гори околу 15 до 20 мин. Комбинацијата од восокот и маслата полека ќе почне да се топи, ослободувајќи го маслото кое ќе го нанесете за време на масажата. По истекот на времето изгасете ја свеќата и почекајте 2-3 мин. Внимателно сипете дел од маслото во еден порцелански сад и кога маслото ќе ја достигне идеалната температура според вас, нанесете од маслото на рацете и почнете со масажа сами на себе или на партнерот.



Комбинацијата од овие масла е убаво избалансирана така што кожата веднаш ги впива. Ја остава кожата мека и нахранета, а притоа вашата кожа мириса боженствено.

Оваа свеќа е идеална како подарок или пак доколку сакате да организирате некоја убава романтична вечер со саканата личност.

Цената наоваа свеќа е 670 денари за 120 мл. и може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.

Се надевам дека и овој пост ви се допадна и дека ќе се одлучите да пробате нешто ново, навистина интересно а сепак корисно за вашата кожа.

Поздрав и до следната статија

Вики



 

Tuesday, May 19, 2015


Пробав за вас: флуид за заштита од сонцето SPF 50 на Gamarde





Здраво на сите

пред околу месец дена објавив една интересна статија во која пишував за производите за заштита од сонцето. Во неа објаснив на што треба да внимаваме при изборот на овие производи, зошто е важно да бираме креми само со физички филтри и како правилно да се изложуваме на сончевите зраци. Еве ви линк од статијата доколку сте пропуштиле да ја прочитате http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/k.html   
Во самата статија предложив два производи за заштита од сонцето и реков дека ќе се обидам да пробам некој од нив со цел да ви напаравам детална рецензија и еве ме како што ветив така и исполнувам.
Денешната статија ќе биде посветена на флуидот за заштита од сонце со фактор 50 на Gamarde.


Во овие навистина топли и сончеви денови и тоа како имав можност убаво да го истестирам овој прекрасен производ за заштита од сонцето. Го нанесував во деновите кога по работа или приватно одев низ град како заштита од сонцето, а и во деновите кога се качував на Водно. Морам да кажам дека моето мислење е повеќе од позитивно, а заедно ќе утврдиме зошто.

Како и за сите производи, така и за овој, ајде најнапред заедно да ги разгледаме состојките во самата декларација.



Caprylic/capric triglyceride, zinc oxide [nano], dicaprylyl carbonate, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, cocoglycerides, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, titanium dioxide [nano], sorbitan olivate, glyceryl isostearate, cetearyl alcohol, polyhydroxystearic acid, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, glyceryl undecylenate, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Cananga odorata (Ylang Ylang) flower oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, tocopherol, alumina, cetearyl glucoside, stearic acid, hydrogenated castor oil, parfum (Fragrance), benzyl benzoate, benzyl salicylate, eugenol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.
*ingrédient d’origine Biologique

Како што може да забележиме од самата декларација, во овој производ има само физички филтри и тоа zinc oxide и titanium dioxide, кои имаат функција на огледало, односно ги одбиваат сончевите зраци и не им дозволуваат на истите да навлезат во самата кожа. Обично цинк оксид служи како заштита од UVA зраците, а титаниум диоксид како заштита од UVB зраците. Како што веќе имам напишано, европската комисија во септември месец 2006 година, донесе еден правилник според кој производителите треба да внесуваат филтри за заштита од UVA зраците кои треба да бидат еднакви или поголеми од 1/3 од SPF назначен на самиот производ. На пример, доколку една крема има SPF 30 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 10 или повеќе, доколку кремата има SPF 50 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 15, а може и повеќе. Ова е причина повеќе зошто да бираме креми за заштита од сонцето со повисок заштитен фактор како на пример 30 или 50 и токму затоа оваа рецензија е на флуидот со заштитен фактор 50.

Понатаму во самата декларација може да забележиме дека освен физичките филтри, во овој флуид се присутни навистина многу убави масла кои ја збогатуваат формулата на овој производ и одлично ја негуваат кожата. На прво место е секако органското масло од арган кое на некој начин е заштитен знак на целата колекција на Gamarde. Ова масло во комбинација со маслото од сусам и јојоба, ја хранат и навлажнуваат кожата, и го спречуваат сушењето на кожата кога истата е подложена на сончевите зраци. Освен тоа овие масла, вака комбинирани, имаат огромно регенеративно дејство врз кожата.
Присуството на шеа путерот е само доказ плус за високо хидратантната моќ на овој флуид. Знаеме дека шеа путерот е богат со витамините А и Е како и омега 6 масни киселини кои перфектно ја омекнуваат кожата, го спречуваат дејството на слободните радикали, и помагаат кожата да остане нахранета и хидрирана подолго време.

Од голема важност е и изборот на етеричните масла, особено кога станува збор за производ за заштита од сонцето, затоа што не сите етерични масла може да се користат на кожата кога се изложуваме на сончевите зраци. Постојат одредени етерични масла кои се фотонестабилни, односно во контакт со сончевата светлина имаат спротивен ефект од она за кое се наменети. Еве ви еден пример лимонот одлично ја избелува кожата и флеките на самата кожа, меѓутоа во контакт со сонцето има спротивен ефект затоа што создава уште повеќе флеки.
Од самата декларација може да забележиме дека во овој производ како етерични масла присутни се лаванда и Ylang Ylang, кои се сигурни и доста ја омекнуваат кожата. 


Откако го разгледавме составот и се уверивме во квалитетните состојки присутни во овој флуид, предлагам сега да ја разгледаме структурата и на еден начин да го ставиме на тест со цел да утврдиме дали лесно се размачкува и дали остава евентуални траги на кожата.


Точно е дека физичките фактори се најсигурни, меѓутоа бараат доста вештина од страна на производителот при нивното вметнување во една формула. Односно, доколку истите не се обложат или убаво избалансираат со вистинските состојки, овие филтри може да остават бела трага на кожата или потешко да се размачкуваат. Затоа потребна е вистинска умешност во нивната комбинација со останатите елементи. Како што може да забележите од сликата, овој флуид има навистина лесна текстура која, верувајте ми, одлично се размачкува на кожата. Не е потребно да се инсистира за да се размачка производот и што е најважно, овој флуид воопшто не остава бели траги. Без разлика на тоа што во самиот производ се присутни високо квалитетни масла, текстурата не е вопшто масна и кожата навистина брзо ја впива.



 Друга прекрасна работа кај овој флуид е неговиот мирис. Просто го обожавам, ме потсетува на плажа и море. Мириса навистина убаво, чисто и летно.

Според мене производот успешно ги помина сите тестови и затоа има чиста 10-ка.

Минатата недела по презентациите кои ги направивме на производите од оваа марка, добив навистина голем број на пораки во кои се гледа се поголема заинтересираност за оваа козметичка линија. Затоа Gamarde реши уште еднаш да ве изненади и да ви дозволи да ги пробате овие производи од кои сигурно ќе бидете презадоволни. Изненадувањето е следново: доколку го купите овој флуид за заштита од сонцето (30 или 50 фактор, по ваш избор) за време на презентациите кои се означени во табелата во продолжение на овој текст, како подарок ќе го добиете шампонот за коса кој е навистина благ, без иритирачки елементи и агресивни сурфактанти. Наменет е за често миење на косата (особено сега кога е жешко и често се потиме), погоден за сите типови на коса, особено за оние кои имаат нежен и чувствителен скалп. 

                                                   
Еве ги деновите и аптеките каде важи оваа прекрасна понуда:

                                ДЕН
             АПТЕКА
                   СААТ
20/5/2015   Среда
Еурофарм – Плоштад
11-14 h
Еурофарм – Веро/Џамбо
17-20 h
21/5/2015    Четврток
Еурофарм 2 Тафталиџе
16-19 h
16/5/2015    Сабота
Ани Фарм  т.ц.Капитол 
Еурофарм  т.ц. Рамстор
12-15 h
18-21 h
17/5/2015    Недела
Ани Био Маркет - Козле
11-14 h

Се надевам дека и оваа статија ви беше интересна и од корист при изборот на вистинскиот производ за заштита од сонцето кој е нежен и сигурен за кожата.

Како и секогаш така и овојпат, ве поканувам слободно да оставите ваш коментар доколку имате било какво искуство со некој производ од оваа марка или пак прашање доколку ве интересира некоја информација во врска со производите.

Голема благодарност на сите вас и до следната статија

Вики

 

Sunday, May 17, 2015


Пробав за вас: течен ајлајнер (flashing star) на Аlverde



Откако почнав да рецензирам разни природни и органски производи, добив навистина многу приватни пораки во кои ме прашувавте каква шминка користам, која шминка на пазарот е природна и не содржи нафтени деривати и силикони, а сепак модерна и убава. Во изминатиов период тестирав голем број на производи кои се природни и органски, а сепак трајни, убави и што е најважно сигурни за нашето лице и очи. Едвај чекам да ви ги презентирам сите.

Во денешнава статија се одлучив да ви го презентирам мојот најомилен производ кога станува збор за шминката, односно ајлајнерот. За вас го одбрав ајлајнерот на Аlverde, а во продолжение ќе ви објаснам зошто.


Ајде најнапред да го разгледаме составот на овој производ: 

Aqua, CI 77499, Sucrose*, Alcohol*, Mica, Glycerin, Calcium Aluminium Borosilicate, CI 77891, Simmondsia Chinensis (Seed Oil)*, Glycine Soja (Oil)*, Aloe Barbadensis (Leaf Extract), Prunus Amygdalus Dulcis (Seed Extract)*, Dehydroxanthan Gum, Silica, Tocopherol, Helianthus Annuus (Seed Oil), Ascorbyl Palmitate, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**. 

* ingredients from certified organic agriculture 
**natural essential oils 

Од самиот состав може да забележиме дека овој производ не содржи силикони ниту нафтени деривати кои доста често се наоѓаат во декоративната козметика (јупиииииии), туку во својот состав вклучува прекрасни масла како јојоба, сончогледово масло, потоа екстракти од алое вера и семка на сладок бадем, витамин Е и глицерин, а секаде каде што ќе видите една ѕвездичка, станува збор за состојка од органско потекло.  



Од оваа марка имаше вкупно три ајлајнери (или барем толку имаше кога бев јас во ДМ маркет), од кои два беа течни, а третиот беше гел ајлајнер. Лично го одбрав овој flashing star, затоа што многу нежно светка кога ќе се нанесе на очите. Ќе ги пробам и другите два со цел да ви направам споредба помеѓу трајноста, бојата и јачината. Според мене оној во гел беше најцрн, односно имаше најинтензивна црна боја, меѓутоа и овој е доволно црн со нежни светки.

Внатрешноста на ајлајнерот е следнава


Има тенка и мала четкичка која е навистина многу практична и прецизна, и без разлика на тоа што секојдневно го нанесувам четкичката воопшто не го промени составот, ниту пак почна да губи влакна или да се расчупкува, туку остана мазна како првиот ден кога го отворив овој ајлајнер. Овозможува исцртување дури и на тенка линија (иако јас сакам подебела линија за подраматичен изглед). Она што ми се допаѓа кај овој производ е што има убав нежен мирис и многу лесно се нанесува. Со оглед на тоа што постојано го користам и можеби веќе сум навикната веднаш и многу лесно да го нанесам на очите, ја прашав сестра ми (која исто така го користи) дали има проблем при нанесувањето, и таа ми потврди дека лесно се нанесува.


Друга работа која сакам да ја напоменам, и според мене е многу важна, е фактот што овој ајлајер е навистина многу траен. Верувајте ми, имам пробано навистина многу органски ајлајнери додека живеев во Рим, и тоа од најразлични марки, меѓутоа ретко кој имал ваква трајност како овој на Аlverde. Фасцинирана сум. Воопшто не се размачкува или брише на краевите од окото. Со цел да ви докажам дека навистина трае направив слики на истата шминка наутро во 10 часот и навечер во 21:30 мин. после цел ден поминат надвор со истата шминка. Верувајте ми кога се вратив дома, воопшто не ја поправив или допрев шминката, се сликав онака како што се вратив без никаква корекција.

Еве го ајлајнерот кога го нанесов наутро во 10 часот




и еве го истиот мејкап навечер во 21:30



Ова го направив со цел да им докажам на девојките кои понекогаш мислат дека само традиционалната козметика е трајна, дека не е баш секогаш така. Еве станува збор за природен производ кој навистина долго трае. Верувајте ми воопшто не користам никаков фиксатор за шминка, ниту пак некоја специјална подлога (а да си бидам најискрена не се разбирам многу во тие работи). Ако ми верувате сенката која ја имам ја нанесов со прсти (во принцип сенката ја нанесувам со прстите затоа што така ми е најзгодно и најлесно), а ја користев палетата на Аlverde бр. 46



Мојата оцена за овој производ е чиста 10-ка, и топло ви препорачувам да го пробате.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист при изборот на вистинската декоративна козметика и дека ќе се одлучите да и дадете шанса на природната козметика наспроти традиционалната. Како што веќе напоменав наскоро ќе ги пробам и останатите два ајлајнери и ќе направам споредба помеѓу сите три со цел да ви олеснам при изборот и ефектот кој сакате да го постигнете со шминката.

Голем поздрав и до скоро читање.

Вики




 

Monday, May 11, 2015


Ружина вода: еликсир за здравје и убавина


Нашите баби и прабаби немале на располагање препарати за нега на лицето и телото како ние денес, и секако немале производи со напредни формули, а сепак кожата на нивните лица била перфектна, мазна, сјајна и што е најважно чиста. Секако мора да споменам дека и времињата биле други, помалку загаденост, повеќе зеленило, помирен живот и.т.н., меѓутоа најголемата тајна за убавината на нивната кожа била воедно и наједноставна: ружина вода.

Како може една толку навидум обична течност да биде воедно и толку функционална? Ајде заедно да го разгледаме нејзиниот состав, бенефиции и употреба.

Што е всушност ружина вода?

Оваа прекрасна миризлива и многу корисна течност, се добива преку дестилација со пареа на листови од роза. На тој начин ги задржува сите хранливи состојки. Во VIII и IX век, оваа течност претставувала највредниот производ во трговијата помеѓу византиското царство и Кина. Мене мирисoт на роза секогаш ме потсетува на парфемот на баба ми кој беше многу интензивен и се ширеше насекаде низ станот.


Едни од најголемите одгледувачи на рози, а воедно и производители на производи кои го содржат овој мирис, се Бугарија и Авганистан. И токму производот кој ќе ви го претставам денес е ружината вода на бугарската фирма Casyopea.

Веќе подолго време сакав да пишувам на оваа тема и бев во потрага по еден идеален производ чист и органски, и кога конечно го најдов во продажните места на Tesori di Mare, бев навистина среќна што конечно можам да говорам за овој производ и што е најважно од се, да ви кажам на кои се начини може да го употребувате.


Најнапред да нагласам дека станува збор за органски производ кој е комплетно чист. Со оглед на тоа што веќе кажав како се добива еден ваков производ, ајде да видиме за што се може да го користиме и во какви комбинации.

1. Кожа

Ружината вода е една од најдобрите работи кои може да и ги дадеме на нашата кожа, особено ако имаме проблем со масна кожа и акни. Во досегашните статии не ви ја споменав како лек за оваа проблематика од проста причина што бев во потрага по еден убав производ. Сега кога го најдов, еве на кои се начини може да го користите за поубава и поздрава кожа:

- може да се користи наместо тоник, со оглед на тоа што има големо освежително дејство врз кожата, ја чисти, благо ја затегнува и тонизира. За ефектот да биде уште поголем, чувајте ја ружината вода во фрижидер и по потреба испрскувајте ја на лицето. На овој начин кожата добива додатна свежина. Не ви препорачувам да користите памукче или дискети, затоа што така губите доста од производот. Преку директното испрскување на кожата на лицето, можете да бидете сигурни дека целиот производ ќе заврши токму таму каде треба. Се употребува секогаш на чиста кожа. Идеална е летно време, кога поради високите температури на кожата и е потребна додатна хидратација;

- како средство за отстранување на шминка. Доколку се сќавате, пред околу два месеци, имав објавено еден рецепт за домашен двофазен отстранувач на шминка. Еве ви го оставам линкот доколку сакате да го погледнете
http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_14.html Наместо чајот од камилица, може слободно да користите ружина вода. Ефектот врз кожата ќе биде ист, ако не и подобар;


- ружината вода може слободно да ја користите и при подготовката на пилинзи. Еве ви рецепт за еден многу едноставен, а ефикасен пилинг: помешајте иста количина на шеќер, мед и ружина вода (на пример по две лажици од сите три состојки). Нанесете го на чиста кожа со блага масажа и измијте. Оваа смеса ви ја препорачувам како пилинг за тело, а доколку сакате за лице во тој случај заменете го шеќерот со оризово, кокосово или пченкарно брашно, или пак со сода бикарбона;

- како маска за лице: помешајте 2 лажички зелена глина со една лажичка мед и малку ружина вода колку да се направи убава смеса. Вака добиената маска нанесете ја на исчистена кожа и држете ја околу 15 мин. Внимавајте само глината да не ја земате со железна лажица, затоа што реагира во контакт со метал. Користете пластична или дрвена лажица;

- како лек за подочници, намокрете две памукчиња или дискети со ружина вода и држете ги околу 10 мин. на пределот околу очите;

- ружината вода е одличен лек доколку имате воспалена кожа со црвенила или пак против изгореници од сонцето. Се што треба да направите е да ја испрскате кожата на лицето или телото каде имате црвенило или воспаление;

- со редовна употреба на ружината вода, значајно ќе ги намалите флеките на лицето и ќе ја спречите појавата на нови. (секако нема комплетно да исчезнат);


2. Коса

Се верува дека ружината вода го забрзува растот на косата и ја подобрува структурата на косата. Исто така, оние кои страдаат од црвенило или алергии на темето од главата, со редовна употреба на оваа вода, видно ќе ја подобрат состојбата. Го намалува косопадот и ја зацврстува косата. Може да се користи како третман пред шампонирање, или пак да се испрска на косата по шампонирањето. На тој начин косата не само што добива прекрасен сјај, туку и нежен мирис на рози.



3. Здравје

- ружината вода е одлична доколку имате проблеми со главоболка. Се што треба да направите е да намокрите една крпа со ружина вода и да ја држите на челото околу 30 до 45 мин;

- ружината вода е спас за воспалените непца во устата. Намокрете едно памукче или дискета со ружина вода и со него поминете ги непцата, онаму каде се воспалени. Исто така може да се користи како исплакнувач за уста по миењето на забите. Во овој случај, видно го подобрува здивот и здравјето на целата уста;

- доколку додадете малку ружина вода во кадата со вода и легнете во неа 10 мин., ќе се релаксирате, а со тоа и ќе се ослободите од стресот;


Важно:

1. Доколку имате премногу чувствителна кожа, бидете внимателни со употребата на ружината вода. Ви советувам прво да ја пробате на мал дел од кожата за евентуални реакции.

2. Ружината вода и етеричното масло од роза не се едно исто. Водата може да се користи чиста директно врз кожата и косата, додека етеричното масло мора да биде растворено во друго масло како на пример бадемово, јојоба, арган, маслиново итн.


Вики

 

Friday, May 8, 2015


Совршен педикир во 3 чекори


Колку е прекрасно кога конечно ќе се ослободиме од затворените чевли и чизми и на нозете ќе ги нанесеме омилените сандали. Не само што ние се чувствуваме прекрасно туку и самите нозе имаат конечно можност да дишат. За убав изглед на нозете во сандали, од огромна важност е убавата и негувана кожа на стапалата, особено на петиците. Во продолжение на оваа статија, со вас ќе споделам 3 производи кои навистина ми се допаднаа, затоа што се доста практични, функционални и природни. Станува збор за купката, сапунот и балзамот за стапала од La Soy.


Ги забележав овие производи во продавницата на La Soy и решив да ги пробам со цел да им олеснам на девојките кои немаат време, или пак не се љубители на проектите направи сам, а сепак сакаат убави и негувани стапала со природни производи. Овие три производи се навистина многу едноставни за користење, убаво мирисаат, а во продолжение ќе ви кажам нешто за секој од нив посебно и за начинот на употреба.


1. Купка за нозе

Содржи сода бикарбона и бадемово масло за чистење и омекнување на кожата, магнезиум сулфат за опуштање и ублажување на нозете, витамин Е како природен анти-оксиданс, лимонска киселина и природни етерични масла. Има навистина освежувачки мирис, нешто помеѓу нане и чајно дрво. Структурата на оваа купка е во прав и доволна е една супена лажица во леген со топла вода.
 

Се оставаат нозете потопени околу 10 до 15 минути и потоа се преминува на следниот чекор. Количината на ќесичката е доволна за 3 до 4 нанесувања. Веувајте ми дека после оваа купка навистина ќе видите и почувствувате огромна разлика.



2. Сапун за петици

Обично како втор чекор кога станува збор за педикирот е отстранување на грубата кожа на петиците, и најчесто тоа се прави со пилинг и со турпија. Јас секогаш го модифицирам овој чекор, односно го избегнувам отстранувањето на кожата со турпија, затоа што имам лошо искуство со турпиите. Кај мене за чудо се појавува контра ефект. Секогаш кога сум користела турпија, наместо да ја остранам кожата таа некако се повеќе се зголемуваше и сфатив дека колку повеќе инсистирам и отстранувам, толку повеќе имам работа, односно се појавува нова кожа за вадење и се вртев во круг. Она што можам да ви го дадам како совет, од моето лично искуство, е дека кога станува збор за негата на петиците најважно нешто за спречување на појавата на грубата кожа на петиците е редовното хранење на кожата со богата масна крема. Верувајте ми само тоа е спас. Затоа и како втор чекор ќе ви го предложам сапунот за стапала кој воедно ги мие стапалата и на некој начин прави благ пилинг на кожата на стапалата.


Овој сапун во својот состав содржи: сапунифицирани масла (кокосово, палмино и маслиново масло), семе од афион, морска сол, етерични масла од еукалиптус, рузмарин, бор, чајно дрво, каранфилче и ѓумбир. Има навистина прекрасен мирис и прави нежна ексфолиација на кожата од стапалата. Етеричните масла од еукалиптус, чајно дрво и ѓумбир имаат антисептички ефект и ја забрзуваат циркулацијата, а зрнцата од афион и морска сол се одлични за одстранувањето на грубиот слој од кожата.


Се нанесува после купката. Јас најискрено најнапред ја поминав кожата на стапалата со долниот дел од сапунот, а потоа направив благ пилинг со горниот дела каде се зрнцата од афион и морска сол. Потоа стапалата убаво ги исплакнав со млака вода.



3. Балзам за петици



Како завршен чекор на овој мини третман секако е балзамот за петици, кој има за задача да ја нахрани кожата и да ја оддржи влажноста во самата кожа.

Структурата на овој балзам е навистина доста густа, меѓутоа многу мека и во допир со кожата (под дејство на топлината на нашата кожа) се топи. На изглед е многу масен, меѓутоа кожата одлично го впива и не остава масни траги. Во својот сосатв содржи пчелин восок, кокосово масло, шеа путер, масло од гроздови семки, маслиново масло, глицерин, витамин Е и етерични масла од лаванда и благ портокал. Според составот, а и како ефект од употребата, можам да ви кажам дека одлично ги омекнува и најсувите и најтврди делови од стапалата, и ја подобрува еластичноста на кожата. Како што веќе ви напоменав од огромна важност е редовно хранење на кожата на стапалата, доколку сакаме да ја здржиме еластичноста на самата кожа и да го подобриме нејзиниот квалитет, така да ви препорачувам да го нанесете овој балзам на чисти стапала секоја вечер (навечер кожата најдобро ги впива и искористува хранливите состојки), и одозгора ставете чорапчиња кои ќе помогнат во задржувањето на топлината и производот во самата кожа.



Како комплетен третман ви препорачувам да го правите еднаш неделно, а балзамот да го нанесувате секојдневно.

Дали и вие имате навика да си правите сами педикир во домашни услови? Како најчесто ја негувате кожата на вашите стапала?

Поздрав и до скоро читање.

Вики

 

Tuesday, April 28, 2015


Пробав за вас: масло од арган на Olival


Наречено еликсир на природна убавина, маслото од арган има терапевтски, но пред се естетски бенефиции и се употребува како во кујната, така и во рецептите за убавина на кожата, ноктите и косата. Корисните дјства на ова масло доаѓаат како резултат на неговиот состав, односно витамините кои природно ги содржи. Ајде подобро да го разгледаме ова масло и да утврдиме за што се може да го користиме.

Маслото од арган се добива од плодовите на дрвото Argania Spinosa кое расте во Мароко. За подготовката на 1л. масло од арган потребни се 100 кг. плод од ова дрво. До пред некое време, ова масло беше произведено исклучиво рачно од страна на мароканските жени, меѓутоа како расте интересот за ова “мароканско злато“ процесот се механизираше со цел да се задоволи побарувачката на пазарот. Некои мали фирми сеуште го произведуваат рачно.

Маслото од арган е богат извор на витамините А, Е и Ф, како и омега 6 и 9 масни киселини. Токму поради овој свој состав маслото од арган е од голема важност за убавината на кожата: витаминот А е неопходен за убавината на нашата кожа, витаминот Е има антиоксидантно дејство и го забавува процесот на стареење на кожата, додека витаминот Ф е неопходен за задржување на еластичноста на кожата.

Омега 6 и 9 масните киселини се неопходни за правилно функционирање на организмот, со оглед на тоа што нашиот организам не може да ги произведе сам по природен пат.

Постојат два вида на масло од арган: она за козметичка употреба, кое е само ладно цедено, и она за внатрешна употреба каде плодовите од арганот најнапред се печат. Во никој случај не треба да се користи за јадење, маслото од арган кое е за козметичка употреба, додека обратно, она за внатрешно конзумирање може слободно да се користи и за нега на кожата.

 Денес за вас го пробав маслото од арган на Olival кое е 100% ладно цедено и органско. Навистина бев многу среќна кога го открив во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.



Доколку се сеќавате во статијата за масла за лице http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_46.html ви дадов важни совети како правилно да ги бирате маслата ама еве повторно ќе ви кажам. Маслото мора да биде чисто и во декларацијата треба да стои само ботаничкото име на маслото и евентуално да има додадено витамин Е (токоферол), за поголема трајност на истото. Никако, ама никако не земајте мешавини со течен парафин (paraffinum liquidum) или пак со силикони како Cyclopentasiloxane, Dimethicone и Cyclomethicone. Контролирајте ја убаво декларацијата. 

Еве погледнете маслото на Olival е токму такво односно во декларацијата како единствени состојки стојат Argania Spinosa Oil (масло од арган), Tocopherol (витамин Е) и Parfum (парфем). 


Нешто што многу ми се допаѓа кај ова масло е амбалажата. Навистина обожавам хигиенски амбалажи кои придонесуваат за подобро зачувување и трајност на производот. Еве погледнете, оваа амбалажа има пумпица преку која не само што ќе ја задржиме хигиената на самиот производ, туку ќе ги спречиме и евентуалните штети од негово истурање како последица на наше невнимание.



Во продолжение сакам да споделам со вас корисни информации и рецепти, на кои се начини може да го користиме маслото од арган за нега на кожата, ноктите и косата.

1. Масло од арган за нега на кожата


Нанесено на кожата, ова масло има одлично навлажнувачко и анти ејџ дејство. Ја негува кожата, ја прави поздрава, веднаш се впива и што е најважно не ја масти кожата. Иако е препорачливо за сува кожа, одлично е и за комбинирана и масна кожа затоа што е одличен лек против акни на кожата. За ова лично ви гарантирам затоа што кај мене имаше голем ефект. Еве што се може да направиме со ова масло кога станува збор за нега на кожата:

- Може да се користи како дневен анти ејџ третман или пак како серум пред нанесувањето на дневната крема. Доволно е да се нанесат неколку капки од ова масло на чиста и навлажнета кожа. Доколку после него ставате крема, ве молам нека биде природна и без силикони.

- Ова масло е одлично како база за благ пилинг особено ако имате осетлива кожа. Помешајте малку од ова масло со оризово брашно (додека да добиете убава смеса), нанесете ја на исчистено лице со благи, кружни движења. Потоа измијте го со млака вода. Резултатот е прекрасна мазна и чиста кожа.

- Доколку имате суви усни, може да направите прекрасен пилинг за усни со една лажичка шеќер и една лажичка масло од арган. За подобри резултати, препорачливо е овој пилинг да го правите еднаш неделно. Аргановото масло може да го користите и како балзам за суви усни. Доволно е да нанесете мала количина навечер пред спиење и да го оставите да делува преку ноќ.

- Маслото од арган е одлично и како крема околу очи. Може слободно да го нанесете на пределот околу очите наутро и навечер.

- Доколку сакате лесна ноќна крема која нема многу да ја масти вашата кожа, помешајте малку од ова масло со алое вера гел и нанесете го навечер на исчистена кожа. Наутро ќе се разбудите со прекрасна здрава и одморена кожа.

- Маслото од арган е прекрасно и како масло за нега на кожата на телото, затоа што ја спречува појавата на стрии. После туширањето, на благо навлажнета кожа нанесете мала количина од ова масло и масирајте додека кожата не го впие.

- Ова масло е идеално и за нега на кожата на градите, затоа што ја враќа еластичноста на кожата и е 100% сигурно. 

2. Масло од арган за нега на косата


Витамините и масните киселини присутни во ова масло, се спас за сува, кршлива и коса без сјај, затоа што и ја враќаат виталноста, ја прават косата сјајна и густа и значително го подобруваат нејзиното здравје, а со тоа и убавина. Може да го користите како третман пред шампонирање на косата или пак како здрава замена на силиконските капки. Ова масло одлично ја измазнува косата. Во продолжение ќе ви дадам неколку предлози за употреба.

- Како третман за сува и оштетена коса, земете две лажици масло од арган и додајте 6 капки етерично масло од лимон, лаванда, портокал или рузмарин (може и комбинации, важно е да бидат 6 капки). Вака придотвената маска нанесете ја на навлажнета коса, покријте ја со ќеса и пешкир, загрејте 2 мин. со фен и држете ја најмалку саат време. Потоа измијте ја со млака вода и благ шампон.

- Како природна замена за лошите силиконски капки за коса (прочитајте ја статијата каде говорам за штетното дејство на силиконите врз косата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html). Нанесете неколку капки на влажна коса после шампонирање и потоа фенурајте ја косата, или пак на сува коса доколку сакате да и дадете екстра сјај и да ја направите вашата коса мазна.  

- Доколку имате проблем со првутот, пред да ја измиете косата земете две три капки масло од арган и со него масирајте го темето на главата.

- Маслото од арган е спас за сува и виткана коса, убаво ги обликува локните и помага во хранењето на косата. Се нанесува исто како и серумот, неколку капки на влажна коса пред фенирање, или пак на сува коса по фенирањето за сјај.

3. Масло од арган за нега на нокти



Аргановото масло е одлично и за нега на ноктите, затоа што ги зацврснува кршливите нокти и го забрзува нивниот раст. Се нанесува навечер на чисти нокти (без лак) и се остава да делува преку ноќ.

Еве предлог за еден третман кој може да го правите еднаш неделно. Во еден мал сад ставете малку вода и во него додадете еднакви делови на арганово масло и сок од лимон. На пример една лажичка арганово масло и една лажичка сок од лимон. Потопете ги ноктите околу 10 мин.

Мора да напоменам дека ова масло може да го користат и мажите како масло после бричење, а идеално е и како масло после депилација, со оглед на тоа што ја смирува и негува кожата.


Доколку се одлучите да го купите ова масло, само како информација да ви кажам дека моментално е на 25% попуст во продажните места на Tesori di Mare.

Се надевам дека оваа статија ви беше од корист, особено на девојките кои често ме прашуваат за маслата. 

Вики

 

Thursday, April 23, 2015


Промоција на нова пудра од органскиот бренд Dr. Hauschka


Здраво драги читатели,

Вчера во концептуалното кафуле „Концепт 37“ се одржа средба на новинари и блогери на кои беше промовирана течната пудра  на брендот за природна, органска козметика Dr. Hauschka. На настанот зборуваше Лозенка Павлеска, дипломиран фармацевт и застапник на Dr. Hauschka за Македонија, која го претстави новиот производ , неговите својства и главните состојки.
 


Новиот производ Dr. Hauschka Foundation ги прикрива малите дамки, сенки и зони на црвенило, без сокривање на вашата личност. Лесно се нанесува и комбинира, доаѓа во 5 нијанси со воздушеста текстура и ја негува кожата со високо-квалитетни растителни масла, восоци и екстракти од медицински растенија. Пудрата на Dr. Hauschka не само што овозможува радијално вибрантен и воедначен тен, туку ѝ помага на кожата да ја задржи својата влага и ја штити од надворшните влијанија. Формулата содржи комбинација од екстракти од медицински растенија со минерални пигменти и растителни восоци и масла, вклучувајќи екстракти од калинка, макадемија и кокос. 

На самиот настан г-ѓата Павлеска го кажа она што јас секогаш ви го велам вам, а тоа е дека од огромна важност е она што ќе го нанесеме на лицето, не само како крема, туку и како пудра. Ние може да го негуваме лицето со најдобрата можна козметика 100% органска и чиста, меѓутоа верувејте ми, доколку потоа ставиме пудра која ги затвора порите и кожата не може да дише, џабе ни е целата нега. Вистина е дека целта на пудрата е да го изедначи тенот и да ги прикрие малите недостатоци на кожата, меѓутоа треба да ја остави кожата да дише.



Сите присутни гости од медиумите можеа да ги пробаат пудрите и сами да си одберат соодветна нијанса.



 Јас толку бев нетрпелива да ви го претставам овој прекрасен производ, што едвај дочекав денес да го нанесам на кожата на лицето и заедно со сите вас да ги разгледам ефектите на покривност и функционалноста на оваа пудра.

Јас ја одбрав нијансата бр. 2 (како што веќе напоменав има 5 нијанси), затоа што најдобро одговара на мојот светол тен. Најнапред би сакала да ви ја покажам текстурата на самиот производ и да проговорам за составот. Еве пудрата која јас ја одбрав изгледа вака



Пудрата на допир воопшто не е масна, иако во нејзиниот состав има прекрасни масла како макадамија, авокадо, јојоба и кокос, кои одлично ја негуваат кожата, ја прават помека, сјајна и и даваат здрав изглед на самата кожа. Текстурата е многу лесна и без проблам се размачкува на кожата на лицето што мене лично многу ми се допадна. Ја нанесов за десет секунди, толку лесно, исто како да нанесуваш крема. Друго нешто што многу ми се допадна е што пудрава се прелева со самата кожа (станува еден вид на втора кожа), не остава траги, значи никој нема ни да забележи дека имате пудра а ќе ви се восхитува на изедначениот тен. Еве, јас ја нанесов на претходно исчистена, тонизирана и нахранета кожа со производите на Dr. Hauschka за кои веќе говорев на самиот блог и резултатот беше следниов:


Како што може да забележите воопшто и да не се познава дека имам пудра, тенот е изедначен, имам многу здрава боја на кожата, и воопшто нема потреба да одозгора нанесам било каква друга пудра во прав. Друго нешто многу важно е што кожата не свети (нешто кое е особено важно за девојките кои имаат комбинирана или масна кожа), а сепак е нахранета. Јас навистина го обожавам природниот ефект кој го дава оваа пудра, според мене тоа е и целта на пудрите кои треба да ги прикријат недостатоците, без да ја сокријат вашата личност. Како што вели и самото мото за овој производ: - Природна беспрекорна јас.

Еве го ефектот на пудрата од поблизу


Се надевам дека и оваа рецензија ви се допадна и дека ќе одлучите да ја купите оваа пудра. Многу девојки во изминатиов период ме прашуваа да им препорачам пудра која е природна и која може да направи да блеска нашата кожа. Еве, ви ја препорачувам токму оваа.


Голем поздрав до сите мои читатели и до следната статија

Вики


 

Tuesday, April 21, 2015


Пробав за вас шеа путер од la soy



Што е всушност шеа путерот?
Една од најквалитетните состојки која природата ни ја дава за нега на кожата и косата, без сомнение е шеа путерот. Шеа претставува дрво кое природно расте во Африка во зоната помеѓу Нил и Сенегал, а плодовите од него сеуште се собираат рачно во месеците март и април, се сушат и рачно се толчат со цел да се добие чист и природен производ односно шеа путерот. Овој путер содржи состојки кои одлично ја оддржуваат еластичноста на кожата и е богат со витамините А, Б, Е, Ф.
За вас го пробав шеа путерот на la soy и тоа токму верзијата baby, кој го испробавме скоро сите дома. Еве го моето мислење за овој производ.
Производот е без мирис, на допир е многу масен, меѓутоа многу брзо се апсорбира и не остава масни траги. Мора да напоменам дека не е органски, меѓутоа е комплетно природен. Еве ова е декларацијата на состојките во него: шеа путер, масло од невен, алое вера гел, масло од кајсиени семки, глицерин, вит Е.

  • 70 % шеа путер ја хидрира, регенерира и штити кожата
  • 15% Масло од невен - со анти-инфламаторни и антисептички својства  брзо ја заздравува оштетената, иритирана и испукана бебешка кожа.
  • 10% Алое вера гел - ја ревитализира и возобновува оштетената и воспалена кожа.  
  • 5% Масло од  кајсиени семки - богато со витамини А и Е, ги смирува кожните воспаленија, ја потхранува, обновува и заздравува сензитивната  бебешка кожа,

Јас лично го испробав на себе и тоа многу начини, а го пробавме и на внука ми како крема после бањање и верувајте кожата и беше навистина многу мека и нежна.
Морам да кажам дека ми се допадна многу овој производ, кој според мене е практичен, функционален и повеќенаменски.
Како да го користиме?
Доколку се одлучите да го купите еве на кои сѐ начини може да го користите:
     1.       Како приозвод против флеки на кожата (за ова веќе говорев во статијата  http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_49.html )
     2.       Како крема за нега на нежната бебешка кожа, во случај на иритации или црвенила на нежното бебешко газе или пак во случај на воспаление и црвенило на кожата од сонцето. (повеќе може да прочитате во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post.html)
             

     3.       Ова е еден од најдобрите производи за спречување на стриите во текот на бременоста. Се нанесува на стомакот, бедрата и градите во текот на целата бременост со цел да се нахрани кожата и да се оддржи елстичноста.
4.   Како маска за коса, особено за многу сува и кршлива коса. Одлично ја навлажнува и храни косата. Нанесете ја на благо навлажнета коса и оставете да делува околу саат време (а може и повеќе). По истекувањето на времето, измијте ја косата со благ шампон. Резултатот е прекрасна мазна и сјајна коса. Со оглед на тоа што овој путер е без мирис, за да го збогатите може да додадете и неколку капки етерично масло како на пример лаванда, рузмарин, лимон или портокал.
5.    Како крема за омекнување на кожата на рацете и заноктиците, особено ако имате многу сува кожа на рацете. Оваа крема многу ја омекнува кожата, а брзо се впива и не остава масна трага.

6.    Наместо балзам за уста доколку имате навистина суви или распукани усни. Видно ја подобрува состојбата и ја омекнува кожата на вашите усни.

7.    За продолжување на трајноста на парфемот, доколку користите парфимиран спреј за тело. Намачкајте се прво со овој путер па потоа испрскајте го спрејот. На тој начин парфемот ќе трае подолго на вашата кожа. 

8.    За суви и груби петици.

9.    За масажа на уморни нозе и за подобрување на циркулацијата.

10.  Како скраб за петици, доколку го помешате со сол или пак шекер.
Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и дека доколку сте го пробале, или се одлучите да го пробате овој производ, ќе го споделите со сите нас вашето искуство.
Вики

No comments:

 

Tuesday, April 14, 2015


Пробав за вас: природен сапун од цимет La Soy


Многумина мислат дека сапуните се премногу агресивни и дека не е добро кожата да ја миеме со сапун. И јас бев една од нив се додека не сфатив дека сите сапуни не се исти. Добро формулиран сапун со внимателно избрани масла може во некој случај да биде подобар и од обичен гел или купка за миење на телото. Еве зошто.

Природните сапуни се подготвуваат со метод на сапунификација, односно со мешање на природни растителни масла и жива сода во соодветен сооднос. Доколку во сапунот има микс од повеќе масла во тој случај самиот сапун е поквалитетен со оглед на тоа што разни видови на масла имаат и различна функција врз кожата, а доколку во сапунот има само едно масло, во тој случај сапунот би можел да биде и агресивен за кожата (со исклучок на маслиновото кое може да стои само и одлично ја негува кожата). Значи и при изборот на сапун секогаш читајте ја декларацијата на производот. Во листата на состојки сапунифицираните масла се напишани со следниве имиња: Sodium Olivate (од маслиново масло), Sodium Cocoate (од кокосово масло), Sodium Palmitate (од палмино масло), Sodium Shea Butterate (од шеа путер), Sodium Ricate (од рицинусово масло) итн.

Секако потоа одлично е доколку сапуните се збогатени и со други вредни состојки како на пример козјо млеко, витамин Е, етерични масла, или пак разни семки, житарици и иситнети растителни делови за скраб ефект.


Мојата намера беше да ви презентирам еден добар и природен сапун, па затоа се одлучив за марката La Soy со оглед на тоа што сами на природен начин ги прават своите сапуни, а и сепак станува збор за еден македонски производ на кој што би требале да бидеме горди. Кога отидов во нивната продавница, изборот беше толку голем што не знаев што да одберам. Бев понесена од илјада бои и мириси, меѓутоа се решив за сапунот со цимет не само поради прекрасниот мирис (ми доаѓаше да го изедам), туку и поради својствата на циметот врз кожата особено за циркулација на самата кожа и благиот пилинг ефект. Еве го моето искуство со овој сапун.


Најнапред како што веќе напоменав доколку еден сапун содржи микс на повеќе масла во тој случај сапунот е подобар и поблаг за кожата. Овој сапун од цимет содржи микс од три масла и тоа кокосово (го подобрува пенењето), палмино (ја подобрува цврстината на производот) и маслиново (одлично ја негува кожата). Составот на сапунот од цимет е: сапунифицирани масла (кокосово, палмино, маслиново масло), вит .Е, етерично масло од цимет, какао, цимет во прав.

Како што може да забележите во самиот состав се присутни три масла кокосово, палмино и маслиново, што значи дека овој производ е благ за кожата. Присуството на витаминот Е (токоферол) е само квалитет плус, со оглед на тоа што овој витамин не само што одлично ја негува кожата, туку одлично го оддржува и производот, односно ја продолжува неговата трајност. Во самиот производ нема вештачки и синтетички мириси, туку ставено е етерично масло од цимет, како и цимет во прав кој ја освежува и тонира кожата.


Ароматерапевтските природни сапуни се употребуваат исто како и конвенционалните. Најдобро е да се започне туширањето со топла вода за да се отворат порите и се овозможи апсорпција на етеричните масла,после што се препорачува употреба на поладна вода заради затворање на порите и задржување на маслата во телото. За подобро делување најдобро е сапунот да се остави да делува 3-5 минути пред негово испирање.

 Најнапред имате чувство на благ пилинг благодарение на циметот во прав и какаото, а купатилото ќе ви мириса на цимет во наредните два часа по туширањето. Мирисот е толку убав што имате чувство дека пиете топло чоколадо со цимет или пак чај со цимет, мене лично некако ме потсетува на нешто празнично и убаво.


По миењето кожата е благо тонизирана, меѓутоа не затега, благодарение на добро избалансираниот микс на масла, глицерин и витаминот Е. Кожата ја чувствувам мазна а сепак чиста и миризлива. Беза разлика што овој сапун добро ја негува кожата, јас сепак ви препорачувам употреба на добро и хранливо млеко или масло за тело (лично секогаш користам млеко или масло без разлика дали кожата ја мијам со сапун или гел за туширање).

Она што ми се допаѓа кај сапуните La soy е фактот што не содржат токсични хемикалии, алкохоли, конзерванси, парабени ниту пак пенливи компоненти (Sodium Lauryl Sulfate- SLS). Тие се произведени рачно по ладна метода на сапунификација, а не од готово купена глицеринска база за сапуни направена од алкохол и пропилен гликол (антифриз).
При овој процес се ослободува природен глицерин кој останува во финалниот природен сапун и дава дополнителна хидратација на кожата. LaSoy сапуните се изготвени рачно по свои оригинални рецепти, во мали серии што овозможува подобра контрола на квалитетот на производот. Сечењето и пакувањето се изведуваат исто така рачно (поради што не се перфектно идентични), за да се добие облик кој е уникатен, убав на изглед и лесен за употреба.


Многу е важен и начинот на оддржување на сапуните доколку сакаме истите повеќе да траат и нивниот состав да остане непроменет.
По употребата, од огромна важност е темелно да ја отстраниме пената од сапунот (со водичка), и да му дозволиме на сапунот да се исуши. Најдобро е доколку имаме држач за сапун од решетки кој ќе му дозволи на истиот да се исуши или пак кутивче за сапун кое не ја задржува водата, туку напротив помага да истата излезе (преку дупчиња или помали отвори), дозволувајќи му на тој начин на сапунот убаво да се исуши. Како и да е, мој совет ви е да го чувате сапунот подалеку од тушот или кадата, односно подалеку од водата и на суво место.


За крај моето мислење на овој сапун е дека е прекрасен. Топло ви препорачувам да го пробате доколку сакате чиста, благо ексфолирана и тонизирана кожа. Секако дека по ова искуство, понатаму, ќе пробам и други видови на сапуни и ќе ви го дадам своето мислење и за нив.

Доколку имате искуство со сапуни или пак некогаш сте ги пробале сапуните на La Soy, слободно оставете ваш коментар под текстот.

Поздрав и до следната статија

Вики


 

Friday, March 27, 2015


Пробав за вас: млеко за чистење на лице од Dr. Hauschka


Интересот за козметичката линија на Dr. Hauschka од ден на ден се повеќе и повеќе расте.  Секојдневно добивам еден куп приватни пораки за нивните производи, така да еве ме повторно со нова рецензија на уште еден производ кој сигурна сум дека ќе им биде од голема корист на сите девојки, особено оние кои секојдневно се шминкаат. Станува збор за млекото за чистење на лице.
Најнапред мора да кажам дека ова млеко не содржи тензиди и се користи како за отстранување на шминката (дури и на пределот околу очите), така и за површинско отстранување на нечистотиите од лицето. Екстрактот од детелина камењарка и ферментираните екстракти од житарици во комбинација со маслата присутни во овој производ како масло од јојоба, бадемово масло и масло од семки од кајсија,  одлично ја отстрануваат нечистотијата од лицето истовремено задржувајќи ја природната влажност на самата кожа, така да кожата останува мека и свежа дури и откако млекото ќе се одмие од лицето .
Значи за разлика од многу други производи на пазарот кои откако ќе ги измиете кожата ја чувствувате затегната, па дури во екстремни случаеви се појавува и чешање, бидете сигурни дека со ова млеко кожата ќе ја чувствувате мека и навлажнета. 

Млекото за чистење доаѓа во стаклено шишенце од 145 мл. со пумпица која овозможува не само хигиена на производот, туку  и не дозволува да истиот по грешка истече или да излезе поголема количина од саканата.
Структурата на самото млеко според мене е идеална, затоа што не е ни многу густо ни многу ретко, еден вид на златна средина, направено со цел да се задоволат не само различни вкусови, туку пред се различни состојби на кожата. Има прекрасен интензивен мирис на тревки (типичен за Dr. Hauschka), и што е најдобро, воопшто не ја масти кожата.  Нежната и блага формула на состојките во него го прават идеално за сите видови на кожа особено за осетливата која лесно се иритира и вцрвенува.


Јас го користам веќе месец дена (а го имам користено и порано секако) и можам да кажам дека перфектно ја вади шминката од мојата кожа и одлично делува на самата кожа. 

Ајде да го истестираме заедно за да ја видиме неговата ефикасност и ефектот по употребата.
Еве три вида на најчесто употребувана шминка: молив за очи, ајлајнер и сенка за очи. 

На едно навлажнето памукче ќе нанесам малку од производот и ќе го задржам неколку секунди врз шминката. Потоа нежно ќе поминам врз раката и еве шминката е отстранета.



Значи она што ми се допаѓа е што со нежни и многу благи движења млекото го прави своето, нема потреба да притискате или триете за да ја извадите шминката.   




Само да напоменам дека се нанесува на навлажнета кожа на лицето и можно е да се нанесе на два начини: 

- Доколку немате шминка а сакате нежно да го исчистите лицето може да нанесете мала количина на прстите да го втиснете помеѓу нив и со помош на рацете нежно да го исчистите лицето.
- Доколку сакате да ја отстраните шминката во тој случај намокрете едно памукче или дискета за отстранување на шминка со малку вода, нанесете мала количина од млекото за чистење и нежно отстранете ја шминката од лицето и очите.
По употребата на млекото сетете се дека е многу важно да се исплакне лицето. За подобри резултати и перфектно чисто лице по ова млеко употребете ја кремата за чистење на лице за која веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html.
Се надевам дека и оваа рецензија ви се допадна и дека ќе се одлучите да го пробате овој производ кој навистина заслужува.
Денес ќе ги подариме преостанатите две креми за чистење на лицето кои ми беа доделени од страна на генералните дистрибутери за оваа козметика во Македонија (од кои една на блогот а другата на мојата facebook страница) , така да веќе сигурна сум дека знаете што треба да правите, меѓутоа сепак ќе повторам:
       1. За читателите на блогот:
Потребно е да оставите еден ваш коментар под самиот текст кој може да се однесува на вашето искуство со оваа колекција (доколку сте ја користеле) или општо за вашиот начин на нега на кожата.

       2. За фановите на facebook страницата:
-          Потребно е да ставите like на самата статија на  facebook

-          Да оставите ваш коментар под статијата, кој исто така може да се однесува на вашето искуство со оваа колекција или пак општо за вашиот начин на нега на кожата

-          Да ја споделите оваа статија на вашата facebook страна


Коментарите може да ги оставите најдоцна до четврток 2 април до 20 часот. Среќните добитници ќе бидат избрани по случаен избор.





Имињата на добитниците од минатиот пат се:


Преку блогот: Angie B


Преку мојата facebook страница  Biodevojka: Тамара Трајковска


Им честитам на среќните добитнички, а за сите оние кои овојпат не добивте не очајувајте, имате уште една шанса.





Со среќа


Вики
 



 

Friday, March 20, 2015


Пробав за вас: крема за лице од роза на Dr. Hauschka


Во текот на денот на кожата и е потребна заштита од влијанијата на надворешната средина, временските услови и стресниот начин на живот. Од огромна важност е дневната крема за лице која на кожата и ја овозможува потребната заштита. Јас моментално ја користам кремата од рози на Dr. Hauschka, која на некој начин е и главно обележје на целата линија. Ја имам споменато неколкупати во поранешните мои статии кога говорев за комплетно чисти производи кои на кожата и даваат сé она што и е потребно, меѓутоа со оглед на тоа што има голем интерес за оваа козметичка линија, и по барање на голем број на читатели, решив да ја рецензирам токму неа. Најискрено ги имам пробано сите креми од оваа козметичка куќа (ги има осум видови), но некако оваа ми е најомилена.
Кремата доаѓа во пакување од 30 мл, во тубичка слична на онаа на кремата за чистење (како и поголемиот дел на производите од оваа колекција, барем што се однесува до кремите за лице).

Она што е интересно да го знаете е фактот што тимот на WALA за секоја тубичка крема од роза, употребува точно 30 рози од биодинамичкатa градина. Тоа ќе го сфатите уште кога ќе ја отворите самата крема и ќе го почувствувате прекрасниот мирис на розата, толку интензивен и богат, што ќе имате чувство  дека сте во градина полна со рози. Поради хармоничната сила со која зрачи, розата се употребува во целата козметичка линија на Dr. Hauschka, а особено доаѓа до израз во оваа крема.
Освен маслото од рози, во составот на оваа крема присутни се и останати вредни и хранливи состојки како екстракт од диви шипинки, шеа путер, восок од рози и екстракт од авокадо.
Оваа крема е доста богата и густа како производ, еве може да видите и од сликите.  
На самата крема пишува дека е за сува, осетлива и возрасна кожа, меѓутоа без разлика на тоа што имам комбинирана кожа, мене отсекогаш подобро ми одговарале помасни производи. Кремава е идеална особено ладно време кога на кожата и е потребна и додатна заштита од студот, а исто така многу помага и при намалување на црвенила на лицето.
Мојата кожа понекогаш на одредени делови затега, затоа што знаеме дека комбинираната кожа е најтешка за нега, Т зоната е масна а останатиот дел знае и да биде посув и да се појави непријатно чувство на затегање. Кога ја користам  оваа крема, тоа непријатно чувство  исчезнува, некако ја чувствувам  поеластична и мека. Со оглед на тоа што е доволна навистина многу мала количина не ја масти кожата (јас ја имам користено и кога е потопло), туку напротив приметив (барем лично кај мојата кожа), дека на некој начин создава баланс помеѓу Т зоната и останатиот дел од кожата. Кожата на лицето како целина ми е многу поурамнотежена и се воспоставува правилен однос на влага и маснотии во самата кожа.
Со оглед на тоа што има богата и густа структура, можеби на почеток ќе ви изгледа малку чудно при нанесувањето затоа што оваа крема  е доста концентрирана и потешко се размачкува на лицето. Меѓутоа трикот е во тоа да се нанесе на навлажнета кожа од тоникот како на пример оној од Dr. Hauschka за кој веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka_13.html и на тој начин кремава многу лесно се нанесува на лицето, а воедно  вие заштедувате, затоа што многу мала количина е доволна да го покрие целото лице и вратот.  Количината која е потребна за покривање на целото лице е колку зрно грашок и најдобро е најнапред  да се втисне меѓу прстите за да се добие телесна температура и потоа да се нанесе на лицето и вратот.




Нежниот и одлично избалансиран состав на оваа крема ја прави идеална и како производ за нега на бебињата, така да мајките купувајќи ја оваа крема за себе, купиле всушност производ кој заедно може да го користат со своите малечки.

Мое лично мислење е дека оваа крема е апсолутно најдобриот производ за навлажнување на кожата на пазарот. 
Откако ги напишав првите две рецензии за производите на Dr. Hauschka, бев исконтактирана  од страна на генералните дистрибутери на оваа козметичка линија за Македонија на кои многу им се допаднаа овие рецензии и решија да ми подарат  4 производи (4 креми за чистење на лицето) кои ќе отидат во рацете на некои среќни читатели.  И тоа две ќе подариме во оваа статија а две наредниот пат.
Двете креми кои ќе ги подариме денес, од кои една е за читателите на блогот а друга за фановите на мојата facebook страница, ќе можете да ги добиете доколку го направите следново:
     1. За читателите на блогот:
Потребно е да оставите еден ваш коментар под самиот текст кој може да се однесува на вашето искуство со оваа колекција (доколку сте ја користеле) или општо за вашиот начин на нега на кожата.
  2. За фановите на facebook страницата:
-          Потребно е да ставите like на самата статија

-          Да оставите ваш коментар под статијата, кој исто така може да се однесува на вашето искуство со оваа колекција или пак општо за вашиот начин на нега на кожата

-          Да ја споделите оваа статија на вашата facebook страна


Коментарите може да ги оставите најдоцна до четврток 26 март до 20 часот. Среќните добитници ќе бидат избрани по случаен избор.






Со среќа на сите.





Вики

 

Friday, March 13, 2015


Пробав за вас: тоник за лице Dr. Hauschka




Додека рутината на чистењето е физички процес, рутината на тонизирањето ја стимулира способноста на самата кожа на самочистење, односно продолжување на чистењето однадвор до внатрешноста. 
Дали постои тоник за лице кој нежно и ефикасно ја тонизира кожата, има фантастичен интензивен мирис на природни билки, а притоа е и 100% органски и биодинамичен? Секако, тониците за лице на Dr. Hauschka, кои го содржат најдоброто од природата и претставуваат перфектна комбинација на екстракти од внимателно одбрани билки кои не само што ја негуваат и галат нашата кожа, туку ги будат и нашите сетила. 
Во денешното издание на пробав за вас заедно ќе го разгледаме тоникот за лице за нормална, сува и осетлива кожа, неговиот состав, дејство и ефект врз кожата, како и начинот на нанесување.
Би сакала да напоменам дека постои и верзија за масна и нечиста кожа (меѓутоа за него ќе говориме во некоја наредна прилика) .
Јас искрено ги имам пробано и двата. Во одреден период и под влијание на голем стрес и климатски услови, мојата комбинирана кожа стана многу масна. Ми се појавија доста митесери. Во тој период го користев тоникот за лице специјал, кој одлично ја исчисти и нормализираше кожата, па потоа преминав на овој тоник за лице кој, иако имам комбинирана кожа со оглед на тоа што е доста чувствителна, одлично ми одговара и ми ја дава потребната влага и нега. 
Амбалажата во која доаѓа овој тоник е спреј шише од 100 мл. кое според мене е навистина многу практично за употреба. Како и сите производи на Dr. Hauschka, така и овој тоник е доста концентриран и доволна е многу мала количина за да се покрие целото лице, така да од лично искуство ви кажувам дека трае околу  4 месеци со секојдневна употреба наутро и навечер.

Состав и функционалност
Во својот состав содржи екстракти од детелина камењарка и хамамелис  кои одлично ја освежуваат кожата, ја прават витална, помагаат во процесот на регенерација и хидратација на самата кожа. Го обожавам, чувството кога безброј мали капки ја навлажнуваат и освежуваат мојата кожа носејќи ги овие прекрасни состојки во внатрешноста. Замислете го чувството  кога сте на планина и ветерот дува директно во вашето лице носејќи ја со себе не само целата свежина на воздухот околу вас, туку и мирисот на билките кои ве опкружуваат. Ете, токму така ќе се чувствувате после секоја употреба на овој производ, затоа што целата свежина и лековитост на билките се наоѓаат токму во ова шишенце. Нежната и деликатна формула на овој производ го прави идеален  и како тоник за после бричење за мажи. 
Начин на нанесување
Тоникот за лице се нанесува два пати дневно, наутро и навечер, на претходно исчистена кожа со кремата за чистење за која веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html .
Нанесен наутро има огромно освежувачко дејство врз кожата, буквално ја буди. Се нанесува со испрскување на мала количина на лицето и втапкување со прстите на самата кожа до комплетно апсорбирање. Нанесувањето на овој тоник наутро пред употребата на дневниот крем обезбедува подобро пенетрирање на дневниот крем и дозволува употреба на помала количина од кремот.
Малкумина знаат дека купувајќи го овој производ всушност купиле 2 производи, затоа што е одличен и како ноќен третман за кожа. Со оглед на тоа што филозофијата на оваа козметичка куќа е дека навечер кожата треба да биде слободна да дише и самата да се регенерира, водената база на овој тоник и екстрактите од веќе споменатите билки одлично ја помагаат кожата во таа своја функција. Бргу се впива и не пречи во процесите на елиминација и обновување на самата кожа. Значи сте купиле само тоник, а сте добиле и дневен и ноќен третман два во едно.

Оваа филозофија на Dr. Hauschka е само доказ плус за коректноста на самата компанија. Како и останатите компании и тие можеа да направат ноќни креми и да ни ги продаваат како комплетен ноќен третман, меѓутоа со ова докажуваат дека во 45 години од постоењето на оваа козметичка линија, тие сепак останаа верни на идеите и традицијата на нивните оснивачи.

 Според мене овој тоник е комплетно за оскар.
Доколку сакате производ кој на деликатен и најнежен можен начин ќе ја негува  вашата кожа и кој воедно ќе претставува нејзин пријател и ја помага истата при самата регенерација во секој момент од денот, ви советувам да го пробате овој тоник. Верувајте ми ќе бидете повеќе од задоволни.
Вики

 

Friday, March 6, 2015


Пробав за вас: Крема за чистење на лице Dr. Hauschka



Кожата поседува сопствена сила на хранење и обновување и целта на козметиката е да ја помага во тоа. Она што ја прави единствена козметиката Dr. Hauschka е токму нејзината филозофија и пристап кон убавината и здравјето на кожата почитувајќи го нејзиниот ритам. Ритамот кој е присутен насекаде околу нас, во музиката, играта, природата, е срцето на оваа козметика. Ритамот носи живот. 

Кога за прв пат ја открив оваа козметичка линија во Рим (пред околу 8 години) беше љубов на прв поглед, или подобро речено допир. Не само што се запознав со една високо квалитетна органска и биодинамична козметичка линија, туку  запознав една комплетна козметичка култура.  Научив да ја слушам својата кожа и секојдневно ја гледав како станува се поздрава и почиста.
Кога говорев за органската козметика напоменав дека е многу важно истата да биде сертифицирана од страна на една од светски познатите институции за сертификат за органска козметика. Целата колекција на Dr. Hauschka е сертифицирана од страна на NATRUE како комплетно природна и органска, а за биодинамичкото одгледување има сертификат Demeter. Никогаш не е тестирана на животни.

Во денешнава статија пробав за вас ќе говорам за мојот најомилен производ, кремата за чистење на лице која е неизбежен и основен чекор кон здрава и убава кожа. Ако кожата е правилно исчистена, тогаш таа може да функционира како што треба. Оваа крема ефикасно ги отстранува дневната нечистотија и непотребните зголемени маснотии од кожата.  Ајде заедно да ја разгледаме подетално.

Уште кога ќе ја погледнеме самата амбалажа на оваа крема сфаќаме дека тимот на Dr. Hauschka посветува огромна грижа и внимание не само за квалитетот на состојките во самата козметика, туку и  за трајноста и хигиената на своите производи. Кремата доаѓа во високо квалитетна хигиенска амбалажа (тубичка од 50 мл)  која оневозможува да производот во неа дојде во контакт со бактерии и овозможува одличнo оддржување на стабилност на самата крема. Иако грамажата на оваа крема може да ви се чини мала, верувајте ми многу трае. Мене ми трае околу 3 месеци, а ја употребувам секојдневно наутро и навечер.
Структурата на кремата е доста густа и гранулеста, а  што се однесува до формулата, тоа што оваа крема ја прави единствена е фактот што воопшто не содржи сурфактанти. Толку е нежна и деликатна а сепак многу ефикасна и функционална и одговара на сите видови на кожа.  При изборот на состојките направен е фантастичен баланс помеѓу маслата и екстрактите од билки кои градинарите на WALA ги одгледуваат во сопствена биодинамичка градина. Екстрактите од невен, камилица, кантарион и хамамелис имаат одлично смирувачко и освежувачко дејство врз кожата, додека ситните гранули на брашното од сладок бадем длабински ја чистат кожата без притоа да го вознемират  хидролипидниот слој. Чувството кое го имам секојпат кога ќе ја нанесам на кожата е слично на она кога комплетно се опуштам после напорен работен ден. 

Оваа крема не само што е уникатна во својата структура, состав и амбалажа, туку е единствена и во начинот на нанесување на кожата. Еве ги основните чекори за правилна употреба на овој производ.
1.       Најнапред навлажнете ја кожата со млака вода затоа што топлината ја релаксира кожата, ги омекнува ѕидовите на порите дозволувајќи да се постигне длабинско чистење.
2.       На влажни дланки ставете околу еден сантиметар од кремата и помешајте со топла вода за да направите еден вид на кремаста смеса.
3.       Нанесете го кремот на лицето со нежно втапкување најнапред на челото, од средината кон надворешната страна, полека со истиот начин на движење одете кон образите и накај брадата применувајќи притисок со дланките за да се создаде вакум ефект и нечистотиите да се извлечат на поврашината. Како што веќе напоменав оваа крема не претставува пилинг и никако не смее со неа да се трие кожата или да се нанесува во кружни движења. 
4.       Со оглед на тоа што оваа крема со себе ги врзува сите нечистотии и масти од кожата, како последен чекор треба темелно да се измие од лицето со многу млака вода. На крај завршете го чистењето со испрскување со ладна вода која го активира мускулното влакно  да се затега и на тој начин ги истиснува сите материи што може да се акумулираат длабоко во порите.
Уште по првата употреба ќе почувствувате дека кожата воопшто не ве затега, туку е мека и убаво навлажнета, а со редовната употреба ќе бидете сведоци на комплетна трансформација на вашата кожа од ден на ден пред вашите сопствени очи. Кожата ќе ви стане многу посвежа, а оние кои имаат проблеми со митесерите ќе забележат големо подобрување со оглед на тоа што оваа крема  воопшто не е агресивна и ги отстранува мртвите клетки од површината без иритирање на несозреаните клетки во подолниот слој и без отстранување на хидролипидниот слој. 

Мојата оцена за оваа крема е дефинитивно 10 плус и топло ја препорачувам на сите.
Доколку ја имате пробано и сакате да го споделите вашето лично искуство со оваа крема, слободно оставете коментар под самиот текст.
Вики

 

Saturday, February 21, 2015


Пробав за вас: природна еко крпа


Како и сите други така и јас досега користев најразлични крпи за чистење низ домот: микрофибер, памучни, па дури и магични крпи се додека пред две недели не наидов случајно на една еко крпа 100% природна направена од бамбус и пченка. Цената беше навистина смешна само 39 денари за комплет од 3 крпи а се продава во КАМ маркет.

Навистина сум пресреќна секојпат кога наоѓам некој ваков производ природен, биоразградлив а згора на се па и економичен. Без размислување го купив и го истестирав дома на повеќе површини.



Како што веќе напоменав во пакувањето има три крпи кои на допир се многу меки а и прекрасно изгледаат со слика од бамбусова трска. На самата опаковка вели дека овие крпи се идеални за во кујна со оглед на тоа што имаат одлична апсорбирачка моќ, навистина прекрасно чистат само со вода (а може и со средство), меѓутоа јас најискрено ги пробав и како крпи за прашина малку навлажнети со средство и одлично бришат било каква стаклена површина па дури и мебел. Одобрени се од фондацијата Save the Earth и истестирана е сигурноста и квалитетот на самиот материјал.



Во допир со вода крпата набубрува и имате чу ство дека секој момент ќе ви се скине меѓутоа кога ќе ја истиснете водата од неа сфаќате дека не е така.



За хигиена во кујната јас сепак употребив малку природно средство за чистење со оглед на тоа што сакам секогаш убаво да ја дезинфицирам работната површина на која најчесто работиме. Како средство некогаш го користам она што сама го правам (со вода и оцет) а некогаш и купени меѓутоа сепак природни (истестирав веќе едно прекрасно природно средтсво за кое ќе говорам во некоја следна прилика).



Резултатот беше следниов:



Оваа крпа без разлика на тоа што е направена од комплетно природни материјали има одлична издржливост и трајност доколку правилно се чува. На самото пакување вели дека може да се мие во машина за перење на алишта како и машина за перење на садови, да се суши природно, без вештачка топлина. Јас веќе втор пат ја перам во машина и еве како изгледа:



Најдобро од се е што кога ќе и дојде време за фрлање, можете слободно да ја ставите во почвата со оглед на тоа што е биоразградлива.

На крпава и давам оцена 10 плус. Мека, супер апсорбира течности, издржлива, трајна и не менува боја. Доколку сакате природен производ по екстра цена кој ќе ви замени многу други крпи во станот, а и ќе ви помогне доста да заштедите ви препорачувам да ја земете и пробате. Јас сум презадоволна, а се надевам дека ќе бидете и вие.



Вики

Comments