Природни методи за флеки и лузни на лицето
Здраво на сите
Денес сакам да отворам една тема за која добив навистина многу барања и приватни пораки. Станува збор за природните методи на лечење на флеките на лицето и лузничките кои остануваат после акните.
Флеките на лицето се доста честа појава кај многумина и тие може да се појават како последица од сонцето (доколку не сме се заштитиле добро од сончевите зраци), во текот на бременоста или да останат после третмани од акните. За среќа постојат природни состојки и природни производи со кои видно може да се намали нивната појава и да се држат на некој начин под контрола.
Најнапред еден важен совет. На пазарот постојат голем број на производи кои ви ветуваат чуда за два дена и блискава и бела кожа. Меѓутоа бидете внимателни и секогаш контролирајте ја декларацијата на производите. Не се залажувајте со маркетингот, туку внимателно читајте што таа крема содржи.
Еве ги основните состојки кои се од огромна помош за оваа проблематика.
Витамин Ц
Корисна состојка во борбата против флеките на лицето е витаминот Ц, кој има фантастично дејство врз кожата и добро е да се конзумира и внатрешно а не само надворешно. Во декларацијата на кремите ќе ја најдете под името Sodium ascorbyl phosphate или Ascorbyl palmitate. Не знаете колку се обидував да произведам сама серум од чист витамин Ц, меѓутоа за жал овој витамин во неговата чиста форма ascorbic acid не е стабилен и многу е тешко да се вметне во една формула, затоа што брзо оксидира, а по оксидацијата веќе го губи своето дејство врз кожата. Затоа квалитетните и природни производи како креми и серуми на база на витамин Ц се доста скапи. Ви советувам да конзумирате доста овошје и зеленчук богати со витамин Ц.
Шеа путер
Шеа путерот е фантастичен за кожата и многу помага во ублажувањето на флеките на лицето. Најдобро е да земете чист шеа путер или пак во комбинација со други состојки кои додатно го зголемуваат неговото дејство. Важно е да во составот нема нафтени деривати или силикони. Шеа путерот е еден од ретките производи кои може да се користат и за време на бременоста, а одличен е и како крема за нега на бебешката кожа, особено на бебешкото газенце како крема против црвенило. Еве еден предлог за шеа путер од марката la soy кој моментално го тестираме дома кај мене и за кој наскоро ќе напишам детална рецензија.
Алое вера
Алое вера има неверојатно хидратантно дејство врз кожата, ублажува и лечи секаков вид на црвенила и иритации. При изборот, гледајте гелот да биде од органско потекло и внимавајте што содржи во својот состав. Најдобро е да го нанесете на чиста кожа навечер. Поопширно за алое вера говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_28.html
Јас лично го користам овој гел од алое вера и сум многу задоволна.
Неем
Маслото од неем е навистина многу делотворно кога станува збор за лечењето на лузни и флеки од лицето, така да производите кои го содржат (секако природни) се од голема помош. Единствениот производ со неем кој го имам пробано и тврдам дека функционира е маслото за лице на Dr. Hauschka, кое успешно ги ублажува дури и лузничките кои обично се појавуваат на лицето после третманите за акни. Освен неем во овој производ има и други состојки кои помагаат кај оваа проблематика а тие се: невеново масло и масло од морков.
Невен
Невенот е исто така многу корисен како лек за кожа без флеки и лузнички. Може да се употребува како масло кое се нанесува на чиста кожа само на оние места каде има флеки на кожата, или пак да се купи веќе готова крема од невен (природна без штетни состојки).
Многу ми се допадна кремата на la soy од невен, затоа што во својот состав освен маслото од невен содржи и други состојки кои одлично ја негуваат кожата и помагаат при оваа проблематика како на пример маслото од кајсија, ружината водица, витаминот Е, етеричното масло од грејпфрут. Доколку се одлучите за чисто невеново масло, најдобро би било да го збогатите со некое етерично масло како лаванда или лимон (избегнувајте лимон летно време) и користете го на исчистена кожа навечер.
Рицинусово масло
И рицинусовото масло е одлично кога станува збор за флеки на лицето. Поопширно за ова масло веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_9.html Јас лично го користам во комбинација со алое вера гелот. Навечер на исчистена кожа, нанесувам малку алое вера гел помешан со рицинусово масло. И двете состојки се одлични за кожата и може да се употребуваат сами, а според мене овој микс е идеален затоа што рицинусовото масло не ја масти кожата (со оглед на тоа што е помешано со алое вера). Јас имав многу флеки на челото (како последица од сонцето, еднаш лошо изгорев и скапо го платив тоа), меѓутоа на овој начин успеав многу да ги ублажам.
Се надевам дека оваа статија ви беше од корист.
Голем поздрав и се читаме наскоро.
Вики

Viki,
ReplyDeletePred izvesno vreme primetiv promeni na liceto, odnosno mi se pojavija fleki na jabolcnicite. Mislam deka se posledica na kozmeticki tretman so ovosni kiselini.
Dali moze pokonkretno da mi kazes koj od navedenite proizvodi vo tvojata statija smetas deka bi dale najdobar rezultat vo mojata situacija?
Na internet naidov na recept za fleki, se sostoi od limonov sok, magdonos, destilirana voda I alcohol 70%. Dokolku I se resam da go napravam, ke treba da pocekam da pomine letoto.
Fala
Здраво драга Наташа, флеките на лицето може да се појават како последица на сонцето (без разлика на третманите или кремите), доколку кожата не се заштити правилно со убава крема со висок заштитен фактор. Исто така флеките знаат да се појават и како последица на овошните киселини или пак етеричните масла кои се фотонестабилни. Она што би можело да биде функционално за тебе е сосема индивидуално и различно за секоја кожа. Јас на пример видов резултати со алое вера гелот во комбинација со рицинусовото масло. Меѓутоа треба да се биде многу упорен. Без разлика на тоа што редовно го нанесував сепак флеките кај мене малку се познаваат особено на сонце. Сега користам една многу убава крема наменета баш за избелување на флеките од Гамард и многу сум задоволна затоа што еве веќе два месеци ја користам и флеките се побледи (секако треба време и за ова). Што се однесува до третманот со лимон, лично не го познавам, меѓутоа внимавај со лимонот затоа што е одличен за избелување на флеки меѓутоа е фотонестабилен. Никако во лето, затоа што во контакт со сонцето има контра ефект, односно ќе ти креира уште повеќе флеки. Сите третмани кои вклучуваат лимон или овошни киселини најдобро е да се прават зимно време. Се надевам ти помогнав. За било што слободно пиши ми. Поздрав.
DeleteИ јас го имам истиот проблем со лузни од акни. Јас лично ја користам маската со аспирин еднаш неделно. Се меша аспирин со сок од лимон, стои 10 мин на лицето и се измива со раствор вода и сода бикарбона. Сега засега и немам видено некои резултати но кожата е многу мека после миењето. Можеби Вики може да ни каже што мисли за овој метод, и дали ќе помогне ако лицето почнам да го мијам со вода помешана со сода бикарбона или може да штети?
DeleteViki, uste edna konsultacija, te molam. So namera da probam so aloe vera I ricinus da gi tretiram flekite, vlegov vo aptekata Ani farm vo Kapitol. I tamu go imaat istiot gel koj ti go koristis (Botanicals), megutoa mi rekoa deka e toj isklucivo za pienje, dodeka za tretmani na teloto, mi preporacaa eden drug, koj e dosta gust, bezboen I cini 1800 den za polovina litar.
ReplyDeletePrasanjeto mi e dali za tretiranje na flekite, za koi ti pisav, mozam da go zemam gelot koj I ti go koristis?
Blagodaram, Natasa
Здраво драга, апсолутно да. Јас намерно го користам тој гел баш затоа што е за внатрешна употреба и има природен згуснувач и природен конзерванс. Верувај ми ги проверив скоро сите гелови за надворешна употреба и имаа состојки кои не ми се допаднаа. Ако нешто може да го внесеш внатре во тебе, односно во организмот, тогаш 100% може да го намачкаш и на лице. Јас сум многу задоволна со тој гел (Ботаникалс) и го користам за се, лице, коса, пилинзи и разни рецепти. Го употребувам и како крема пост депилација за да ја смири и навлажни кожата (од вториот до 7 ден по депилацијата).Значи ќе купиш еден производ, а ќе може да го користиш и за надворешна и за внатрешна употреба доколку сакаш. Поздрав.
DeleteKade mozan da ja najdam la soy kramata od shea puter?
ReplyDeleteЗдраво!
ReplyDeleteДа споделам со Вас дека флеки по лице се појавуваат и од коефеин и секако пушење цигари.