Пробав за вас: пилинг за тело од бел чај и ѓумбир на La Soy
Ексфолијантите односно пилинзите за тело се неопходен дел од палетата на средства за нега на кожата. Тие ги отвараат порите и ги одстрануваат мртвите клетки од површината на кожата правејќи ја мазна , чиста и подмладена. Повеќе за пилинзите и начините на ексфолиација говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post.html
LaSoy пилинзите се комплетно природни и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви и конзерванси.
На полицата во LaSoy имаше голем избор на пилинзи, но јас решив да го одберам оној со бел чај и ѓумбир, затоа што ми изгледаше доста интересно и необично (јас обожавам нови и необични комбинации кои не се наоѓаат лесно). Составот на овој пилинг е: морска сол, шеќер, бадемово масло, маслиново масло, масло од гроздови семки, пченични никулци, ѓумбир, зелена глина, лецитин, вит. Е, арома на бел чај и ѓумбир.
Нешто што многу ми се допаѓа во самиот пилинг е што содржи и сол и шеќер, а исто така изборот на маслата е фантастичен. Присуството на морска сол овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, додека пак шеќерот со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните масла како маслиновото, бадемовото и маслото од гроздови семки го надополнуваат нутритивното, навлажнувачко и заштитно дејство врз кожата.
Мирисот на овој пилинг е навистина уникатен и необичен. Има лесна и освежителна арома која ги разгалува сетилата и ја освежува кожата. Зелената глина и ѓумбирот во него придонесуваат за подобра циркулација и верувајте ми тоа се чувствува.
Како и колку често треба да се употребува?
Препорачливо е еднаш неделно, на влажна и чиста кожа. По нанесување на пилингот со кружни движења, нежно се масира целото тело и се остава на кожата околу 3 минути. Потоа се измива. Без разлика на тоа што после пилингот кожата ви е навистина многу мека и мазна, јас сепак препорачувам нанесување на добра хидратанта или хранлива крема за тело која ќе ја задржи влагата во кожата и ќе го продолжи ефектот на мека кожа од пилингот.
Откако ќе го нанесете овој пилинг, прво нешто што забележувате е мекоста на кожата (маслата во него навистина си го прават своето), меѓутоа верувајте ми, она што мене ме фасцинираше е свежината која потоа ја чувствувате. Доколку имате уморни нозе или пак после напорен работен ден си приуштите еден ваков пилинг, веднаш ќе почувствувате подобра циркулација благодарение на ѓумбирот во него. А нема ништо подобро од добар завршеток на напорниот работен ден.
Според мене овој пилнг е фантастичен и состојките во него навистина одлично делуваат на кожата. Топло ви советувам да го пробате доколку и вам ви се допаѓаат необични комбинации и освежителни мириси.
Се надевам дека и оваа рецензија ви беше од корист при изборот на вашиот следен пилинг.
Вие како и секогаш доколку сакате да го споделите своето искуство со начините на ексфолиација и пилинзите кои лично вие ги користите, слободно оставете ваш коментар под текстот.
Вики
Здраво. Твојот блог е прекрасен. Статиите се интересни и напишани на многу лесен и разбирлив начин, а сепак, преполни со корисни информации.
ReplyDeleteБраво за умешноста во обликувањето на овој предобар блог. Го читам постојано, сите статии ги имам пролистано минимум по 3 пати и со нетрпение ја очекувам секоја наредна.
Што се однесува до пилинзите, најчесто правам домашен пилинг од маслиново масло, бел рафиниран шеќер и неколку капки етерично масло (портокал, лаванда...). Кожата потоа е мека како свила.
Порано купував многу повеќе препарати, но како поминува времето, сфаќам дека нема ништо подобро од природни состојки.
Твојот блог е само уште еден доказ во таа приказна.
Во очекување на наредната, поздрав.
Драга Милена, ти благодарам многу за убавите зборови, вие читателите сте стимул плус за да продолжам понатаму. Баш убаво што си правиш домашен пилинг со состојки кои ги имаме секогаш на располегање. Уште еднаш ти благодарам за учеството и до следната статија. Голем поздрав и до тебе.
Delete