Видови на ексфолиација, дејство, резултати и пилинзи кои можеме да ги направиме сами
Од геловите со
микрогранули, до кремите на база на овошни киселини, пилингот веќе со децении се
користи за отстранување на мртвите клетки и нечистотиите од површинскиот слој
на кожата со цел да се добие што помладешка кожа полна со виталност и сјај.
Која е всушност целта на овој третман за кожа? Ајде прво да го разгледаме
составот на кожата за да дознаеме зошто клетките изумираат. Кожата е составена
од три слоја епидермис, дермис и хиподермис. Епидермисот е најгорниот слој на кожата
кој може да се подели на неколку подслоја. Клетките се формираат во најдолниот
слој на епидермисот и оттука патуваат кон површината на кожата. Кога стигнуваат
до површината изумираат, се лупат и се заменуваат со нови клетки кои доаѓаат од подлабоките слоеви на
епидермисот. По пат на ексфолиацијата (хемиска или механичка) ние фактички го активираме истиот
механизам на обнова на клетките којшто телото го користи нормално како своја
заштита. Меѓутоа, се поставува прашањето, ако пилингот има за цел само да го
забрза процесот на обнова на клетките којшто и така ќе се случи по природен пат
(иако побавно) тогаш зошто воопшто да го правиме?Дали е подобро да си го
почекаме природниот циклус на обнова за да го добиеме истиот резултат? Одговорот е и
да и не, ајде да видиме зошто.
Обновата на
нашите клетки не е константна и еднаква во текот на целиот живот и како што
старее кожата, така овој процес се забавува. Се верува дека ексфолиацијата дава
одлични резултати кај некои проблематични состојби како на пример благи брчки, лузни од акни, акни, проширени пори и темни дамки на лицето. Постојат два типа на
ексфолиација во зависност од начинот на изведба: механичка и хемиска.
Механичка ексфолиација е онаа која се прави физички, по пат на триење со употреба на додатни средства како
на пример ракавици за пилинг, четки, сунѓерчиња и др. или со рака.
Хемиска ексфолиација е
кога на лицето се нанесува раствор од одредени киселини и
природни ензими. Значи во случајов
зборот хемиска не треба да не плаши (иако звучи страшно) затоа што всушност станува збор за хемиска реакција. Еве еден едноставен пример: Клеопатра, една
од најубавите жени во историјата, со цел да ја оддржи убавината и младешкиот
изглед на својата кожа лежела потопена во млеко. Што може да биде поприродно од
тоа, станува збор за млеко, нешто што секојдневно го конзумираме нели? Меѓутоа
она што не го знаеме е дека на тој начин таа правела ексфолиација на кожата и
тоа хемиска, затоа што млекото е богато со млечна киселина. Меѓутоа, во тој случај доколку млекото се
смета за хемиски агент што е всушност природна ексфолиација и како да ја изведеме? Тоа
што ексфолиацијата ја дефинира како природна или хемиска е начинот на изведување на истата. Всушност природена ексфолиација е онаа која се прави по пат на триење
на кожата.
Јас лично по професија не сум експерт на ова поле и никогаш
не сум пробала хемиска ексфолиација меѓутоа имам читано многу на оваа тема и знам дека овој вид на пилинг мора да биде изведен од страна на стручно лице дерматолог специјализиран за овој вид на третман.
Хемиската ексфолиација се дели на:
-
површинска која е многу
корисна за зимските денови затоа што и дава убава и здрава боја на кожата (никако во лето) особено
на масната кожа со акни, но без поголеми проблеми. Не станува збор за агресивна
процедура меѓутоа сепак постои ризик. Одреден тип на киселини како на пример
гликолната киселина ако се нанесат во поголема количина од дозволената или пак
се остават да делуваат подолго навлегуваат толку длабоко во кожата што може да
предизвикаат сериозни оштетувања па дури
и изгореници.
- средна и длабинска ексфолиација се погодни за повозрасна кожа
ако целта е подрастичен резултат, ако станува збор за кожа каде се забележува присуство на лузни од акни, кај пигментација на кожата од сончевите зраци, длабоки брчки или пак
ако сакаме резултатот да биде подолготраен.
За површинската ексфолиација нема потреба од подготовка на кожата, додека за длабинската потребна
е една подготвителна фаза со одбрани креми пред изведувањето на самиот третман.
Начинот на изведба на овој третман се состои од 4 чекори:
1 чекор: отстранување на шминката на пациентот со адекватно средство, или доколку нема шминка тогаш темелно чистење на лицето;
2 чекор: следува фазата пред пилинг каде со помош на памучна дискета или газа се нанесува еден раствор кој може да биде на база на алкохол или не, чија цел е да го отстрани заштитниот филм на кожата и да го изедначи нивото на РН со цел киселинскиот раствор да може да навлезе рамномерно
3 чекор: внимателно се нанесува киселинскиот раствор и откако ќе се нанесе рамномерно на лицето внимателно се надгледува динамиката на дејството на киселината врз кожата која во зависност од производот кој се користи може да се манифестира во вид на црвенило и според бараниот резултат докторот е тој што одлучува кога да го сопре дејството на киселината со помош на еден воден раствор на база на сода бикарбона.
4 чекор: по истекувањето на времетраењето на третманот, пациентот го мие лицето со вода, го брише со многу мек памучен пешкир со тапкање и потоа на кожата се нанесува хидратантна крема која има смирувачко дејство.
По завршувањето на третманот следува период пост пилинг каде се забележува лупење на кожата и каде е од огромна важност користење на хидратантни креми со висок заштитен фактор.
Тоа би било се за оваа тема. Убаво е да се има прекрасна кожа затоа изборот ви го оставам вам важно е да бидеме подготвени и многу информирани.
Начинот на изведба на овој третман се состои од 4 чекори:
1 чекор: отстранување на шминката на пациентот со адекватно средство, или доколку нема шминка тогаш темелно чистење на лицето;
2 чекор: следува фазата пред пилинг каде со помош на памучна дискета или газа се нанесува еден раствор кој може да биде на база на алкохол или не, чија цел е да го отстрани заштитниот филм на кожата и да го изедначи нивото на РН со цел киселинскиот раствор да може да навлезе рамномерно
3 чекор: внимателно се нанесува киселинскиот раствор и откако ќе се нанесе рамномерно на лицето внимателно се надгледува динамиката на дејството на киселината врз кожата која во зависност од производот кој се користи може да се манифестира во вид на црвенило и според бараниот резултат докторот е тој што одлучува кога да го сопре дејството на киселината со помош на еден воден раствор на база на сода бикарбона.
4 чекор: по истекувањето на времетраењето на третманот, пациентот го мие лицето со вода, го брише со многу мек памучен пешкир со тапкање и потоа на кожата се нанесува хидратантна крема која има смирувачко дејство.
По завршувањето на третманот следува период пост пилинг каде се забележува лупење на кожата и каде е од огромна важност користење на хидратантни креми со висок заштитен фактор.
Тоа би било се за оваа тема. Убаво е да се има прекрасна кожа затоа изборот ви го оставам вам важно е да бидеме подготвени и многу информирани.
Јас лично претпочитам домашни пилинзи и во продолжение со вас ќе споделам два рецепти за пилинг кои јас лично ги користам и одговараат за
мојот тип на кожа (имам мешана кожа).
- Пилинг со пекарска сода и кокосово масло На една лажичка пекарска сода се додава малку кокосово масло колку да се направи крема, не премногу густа, не премногу ретка, (некои луѓе користат вода наместо масло меѓутоа тој вид на пилинг за мене лично е малку агресивен) и со таа смеса со екстремно благи движења се прави ексфолирање (јас го користам само на Т зоната), без притискање само со нежни во движењата. Се нанесува на навлажнета кожа и се одмива со млака вода.
- Пилинг со мелени бадеми,и јачменово (или може и оризово) брашно, мед, кокосово масло и есенцијално масло (по избор).Три лажички мелени бадеми се мешаат со две лажички јачменово или оризово брашно (доколку имате многу чувствителна кожа наместо овие две брашна користете кокосово кое е најнежно), на таа смеса се додава една ипол лажичка мед и кокосово масло по потреба додека да се добие убава крема. Есенцијалните масла не се обавезни и ако немате не мора да ги ставите. Јас користам 2 капки масло од лаванда поради прекрасниот мирис и антибактериските својства. Со овој пилинг многу нежно се масира лицето со кружни движења. Се нанесува на навлажнето лице и се одмива со млака вода.
Благодарам
Вики
Извор за содржината:
дел од информациите е превземен од два италијански сајтови
http://www.benessere360.com/peeling-chimico.html
http://studiomedicomediel.it/medicina-estetica-roma/peeling.html
дел од информациите е превземен од два италијански сајтови
http://www.benessere360.com/peeling-chimico.html
http://studiomedicomediel.it/medicina-estetica-roma/peeling.html
Uste eden super post!!:D Samo da prasam dali pekarska soda e isto so soda bikarbona?Bidejki jas koristam soda bikarbona so voda xx I ete konecno i jas kupiv maslo od kokos posle citanje na vasite temi na forumot!
ReplyDeleteЗдраво Angie B. голем поздрав до тебе. Мило ми е за кокосовото масло гарант ќе бидеш задоволна а ќе го користиш за милион работи. Разликата е во тоа што во пекарската сода (барем таа што ја користам јас) освен сода бикарбона има уште две состојки а тие се пченкарен скроб и крем од тартар.
DeleteBlogov e katastrofa !Informacii koi mozat da se najdat vo bilo koj casopis so bjuti soveti,bez milion nepotrebni raboti koi Vie gi naveduvate, a samo nekoj farmacevt ili hemicar moze da go interesiraat.Krajno neinventiven,se sto pisuvate e tolku dobro poznato,osven ako target grupa Vi se devojcjnja od 14-18 god. pa niv da gi prosvetlite!.Ako sakate da Ve citaat,dajte nesto novo i interesno,a ne copy-past od sostavot na proizvodite i bla,bla bla !!!
ReplyDeleteЗдраво anonymous блогов намерно го отворив за секој да си го каже своето мислење и прифаќам и негативни коментари не е проблем, не мора и не може да се допаѓам на сите нели. На барање на еден друг читател сакав да ги разјаснам двата типа на ексфолиација а со оглед на тоа што не сум дерматолог и не можам да си пишувам на своја рака (а и не би било фер спрема читателите да измислувам информации) дел од информациите кои се однесуваат на самата процедура ги превземав. Има многу луѓе кои можеби се заинтересирани да ја дознаат процедурата на изведување на некој третман а немале можност да го прочитаат на друго место. Секако понатаму ќе пишувам и за многу други работи. Јас се надевам дека секој ќе успее да извлече барем по нешто корисно. Ова е само почеток. Како и да е благодарам на учеството. Поздрав.
DeleteOcajno i dosadno !!!
DeleteБлогот воопшто не е катастрофа - напротив, ова е првиот блог од ваков тип во Македонија, и јас (а и сите оние на кои им го препорачав) се пресрекни што конечно некој го пишува за сите ние да може да си прочитаме на наш мајчин јазик корисни информации за состојките во производите кои секојдневно ги нанесуваме на нашата кожа (поточно кои навлегуват во нашата крв и органи), а уште повеќе што содржи огромен број на рецепти за тоа како сами на едноставен начин да си направиме и персонализираме производи за нега на кожата, а не да бараме од странски сајтови (па не знаат сите странски јазици). Така што тврдам дека хејтери можат да бидат само луѓе кои имаат филозофија многу различна од таа на Вики, и немаат корист само тие кои изработуваат производи различни од нејзините, на база на нафтени деривати и силикони кои не ја хранат кожата туку само прават маскинг ефект, и битен им е само профитот а покрај вакви блогови луѓето ќе се едуцираат и веке нема да ставаат штетни синтетики на кожата!!!
DeleteСрамота е вака да се обезвреднува нечија работа и труд и тоа анинимно!!! Настапете со име и презиме и објаснете со валидни аргументи што е погрешно и бескорисно во статиите!
DeleteТи благодарам драга Нермина за убавите зборови. Јас уште кога го отворив блогот си реков и двајца да се што ме следат пак би пишувала сѐ ова. Среќна сум што има луѓе како тебе што ценат труд. Секое добро
Delete