Листа на состојки кои е пожелно да се избегнуваат во козметичките препарати
По барање на некои читатели на блогот еве ја листата на сите состојки кои е пожелно да се избегнуваат, а се наоѓаат во голем број на козметички препарати. Препишете ја, фотокопирајте, испринтајте и споделете ја оваа информација со сите ваши пријатели.
1. Нафтени деривати (во декларацијата на производите ќе ги најдете под следниве имиња)
- Mineral oil
- Petrolatum
- Paraffinum liquidum
- Cera microcristallina или Microcrystalline Wax
- Vaselina
- Paraffina
Во козметичките препарати главната цел на нафтените деривати е задржување на влажноста на кожата. Значи, кога ќе се намачка на кожата парафинот формира тенок слој, еден вид на заштитен филм кој ја задржува водата во кожата спречувајќи ја на тој начин дехидратацијата на кожата. Меѓутоа, на тој начин кожата неможе да дише.
Ако губи премногу вода секако дека се суши тоа е повеќе од сигурно, меѓутоа доколку таа не успее да размени вода со надворешните услови постои ризик да со преголемото задржување на водата на површинскиот слој на кожата се формираат бактерии кои одлично се развиваат во услови на преголема влага и се појавуваат инфекции. Многу важно е да се напомене дека сите овие деривати воопшто не се компатибилни со кожата, односно со нејзината структура и немаат никакво хранливо дејство.
Многумина сметаат дека се канцерогени, меѓутоа Европската Унија ги класифицираше како канцерогени состојки од 2 класа што значи дека сеуште нема докази за директна поврзаност со формирањето на ракот.
2. Силикони (сите оние кои завршуваат на -thicone; -xiloxane; -silanoil)
- Dimethicone
- Amodimethicone
- Cyclomethicone
- Ciclopentasiloxane
- Dimethiconol
- Trimethylsiloxysilicate
- quaternium 80
Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во производите за нега на косата. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи. Главната улога на силиконите е таа да ја омекнат структурата на еден производ ,односно кога истиот е нанесен на косата или кожата даваат ефект на мазна кожа и сјајна коса кој всушност е лажен и краткотраен.
Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаи ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. Ист ефектот имаат и на косата. Значи силиконите имаат краткорочен ефект затоа што со континуираната употреба се јавуваат контраефекти како што се сува коса и оштетени врвови.
3. Парабени
Парабените се синтетички конзерванси кои за цел имаат да го
заштитат козметичкиот производ од расипување, формирање на бактерии и муфла. Ќе
ги препознаете по наставката –paraben
- метилпарабен (methylparaben)
- етилпарабен (ethylparaben)
- пропилпарабен (propylparaben)
- бутилпарабен (butylparaben)
- бензилпарабен (benzylparaben)
Направени се голем број на
истражувања на оваа тема од страна на реномирани хемичари и светски познати и
признати научни институции, и мислењата, за жал, се поделени: некои сметаат
дека не е опасно да се користат овие конзерванси во козметичките производи (со
оглед на тоа што се користат во стриктно определена доза според закон, односно
процентот на парабените во производите е низок и во согласност со европската
директива за козметички производи), додека други сметаат дека се опасни и дека
имаат поврзаност со појавата на ракот во организмот, особено оној на дојката.
Моето лично мислење е дека апсолутно треба да се избегнуваат. Секако, моменталната норматива предвидува употреба на парабените во традиционалните производи во одреден процент, кој како што веќе напоменав се смета за безбеден од европската директива за козметички производи.
Меѓутоа оваа сигурна доза се однесува на секој производ поединечно и не предвидува секако дека ние може да дојдеме во контакт со овие состојки и повеќе пати во текот на денот користејќи дури и различни производи. На пример ако јас се бањам со производ кој содржи парабени, користам шампон со парабени, потоа нанесувам крема со парабени (на тело и лице), потоа ставам деодоранс со парабени, пудра, шминки и што се не и тоа го правам секојдневно, според вас ја надминувам ли “сигурната доза“ на дозволени парабени?
4.
Останати синтетички конзерванси
Дел од овие конзерванси испуштаат формалдехид. Пожелно е да се избегнуваат следниве:
-
imidazolidinyl
urea,
-
DMDM
hydantoin,
-
5-bromo-5-nitro-1,3-dioxane,
-
2-bromo-2-nitropropane-1,3-diol,
-
bronopol,
-
bronidox,
-
diazolidinyl-urea
5.
ПЕГ (PEG)
ПЕГ е всушност
Полиетилен гликол (Poli-Etilene-Glicole) и најчесто претставува емулгатор, а
понекогаш и сурфактант во еден козметички производ. Во улога на емулгатор
неговата задача е да ги спои масната и водената фаза во производот, додека како
сурфактант се користи во маслените шампони затоа што не прави пена, а сепак
мие.
За жал ПЕГ се навистина доста токсични, за околината, затоа што дел од нивната основа е од природно потекло, а дел е нафтен дериват. Во декларацијата ќе ги најдете како “PEG” или со наставката “eth” како на пример Ceteareth-33. До нив обично има број кој го означува бројот на честичките на етилен оксид за една честичка хидрогенизирано рицинусово масло. Колку бројот е повисок, толку има повеќе молекули на етилен оксид.
За жал ПЕГ се навистина доста токсични, за околината, затоа што дел од нивната основа е од природно потекло, а дел е нафтен дериват. Во декларацијата ќе ги најдете како “PEG” или со наставката “eth” како на пример Ceteareth-33. До нив обично има број кој го означува бројот на честичките на етилен оксид за една честичка хидрогенизирано рицинусово масло. Колку бројот е повисок, толку има повеќе молекули на етилен оксид.
Исто така пожелно е да ги избегнувате и:
- Monoethanolamine (MEA) (Cocamide Mea)
- Triethanolamine (TEA) (Cocamide Tea)
- Diethanolamine (DEA) (Cocamide Dea)
- Triethanolamine (TEA) (Cocamide Tea)
- Diethanolamine (DEA) (Cocamide Dea)
Поздрав
Вики
Ти благодарам за постот.Веќе го купив шампонот со авокадо на Алверде по читањето на постот за шампоните.Јакиот маркетинг на козметичките компании нуди многу и со тоа не залажува.Нивен интерес е само профитот.На крај нашата коса и кожа завршува затрупана со штетни материи.А ние се чудиме зошто имаме акни,алергии,премногу масна или сува кожа.Секој треба да се потруди да дознае повеќе за тоа што го користи.Сепак се работи за нашето здравје и благосостојба.
ReplyDeleteБраво за блогот и информациите кои ги постираш.Продолжи да ја шириш вистината
Драга Animallover ти благодарам премногу за убавите зборови, секако ќе продолжам да објавувам вакви корисни информации и знаејќи дека таму надвор има луѓе како тебе кои го ценат тоа што го правам верувај дека имам уште повеќе желба и елан. Се надевам дека ќе продолжиш да ме следиш затоа што движечката сила на еден блог сте токму вие читателите. Голема благодарност уште еднаш, голем поздрав и секое добро.
DeleteEdna golema blagodarnost za postov,prekrasno napisano.Samo sakam da dodadam nesto.Imam istrazuvano mnogu za shamponi i balsami.Najdobro e da se koristi shampon bez nikakvi sulfati.Pozdrav i se najdobro. :D
ReplyDeleteЗдраво драга Оливера, прости ми што дури сега го гледам твојов кометар, ама чудно не добив нотифика за истиот. Секако во шампоните мора да има сурфактанти затоа што всушност тие се измивачи и без нив неможе да функционира еден производ, во смисла да го прави она за што е наменет. Секако како што велиш и самата, а јас потврдувам, во органската козметика сулфатите се заменети со други сурфактанти од растително потекло кои директно се добиваат на пример од масло од кокос или палма, и се многу нежни за темето на кожата и косата, односно не ја иритираат и секако признати се од сертификаторите на органска козметика. Помеѓу нив спаѓаат: Decyl Glucoside, Luryl Glucoside, Coсo Glucoside, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Babassamioproryl betaine, Cocamidopropyl betaine и други, да не ги набројувам сите. Затоа еден добар органски шампон може да спречи појава на првут, иритација, црвенила и се она кое го предизвикуваат останатите агресивни шампони. Како пример на еден одличен и чист шампон кој го имам пробано би го навела оној на Гамард кој е навистина одличен, а згора на се и фантастично мириса. Поздрав до тебе и секако голема благодарност уште еднаш за учеството.
Delete