Ароматерапија: што се треба да знаеме за етеричните масла

Етеричните масла. наречени есенција, за разлика од обичните масла (маслиново, бадемово итн.) испаруваат без да оставаат масни траги и имаат многу јак мирис. Ароматерапијата е метод којшто ги користи етеричните екстракти од разни делови на билките. Познавањето и употребата на етеричните масла овозможува баланс на целиот организам на најприроден можен начин. Етеричните масла преку својот мирис влијаат врз мозокот, попрецизно врз нервниот систем. Играат голема улога во отстранувањето стресот, подобрувањето на меморијата, подобрувањето на сонот, па и здравјето и изгледот на кожата и косата.
Ајде најнапред да видиме како правилно да ги избереме.

Етеричните масла се продаваат на многу места во аптеки, во специјализирани продавници за здрава исхрана, па дури и продавници кои продаваат се и сешто. Па добро тогаш како може да знаеме кое етерично масло да го купиме? За жал сеуште не постои закон кој ги обврзува производителите на назначат доколку етеричното масло е синтетичко или природно, така да во продажба може да најдеме се и сешто и воопшто не ни се од помош натписите на самите етикети како: етерично масло, етерика или 100% етерика. Како едно помагало би можело да ни биде цената на самиот производ (меѓутоа не функционира секогаш). Значи чисто етерично масло не може да има цена од 70-80 денари. Најчесто во зависност од видот на маслото цените се движат од 250 денари па нагоре. Како што споменав цената не е секогаш мерило за квалитетот затоа што во една аптека најдов етерично масло од лаванда кое кошташе 290 денари а на него пишуваше дека е есенција за простории (производителот бил искрен и фер за среќа). Голем број на сериозни производители пишуваат многу податоци како на пример ботаничкото име на растението од кое е етеричното масло, делот од самото растение кое е искористено за производство на маслото како и регионот од каде потекнува растението. Овие назнаки имаат голем допринос во правилниот избор на добро етерично масло. Доколку сретнете натпис на самото масло кое вели “за внатрешна употреба“ тоа е најсилен доказ дека е чисто.

Сакам со вас да споделам еден многу корисен тест кој можете сами да го направите за да дознаете дали станува збор за чисто етерично масло: капнете една капка од маслото на бел лист хартија, доколку маслото не се рашири на листот и остави масна дамка која е видлива дури и следниот ден станува збор за синтетичко масло или пак етерично масло меѓутоа не чисто туку разредено (или продолжено) со друго обично масло. Доколку се рашири веднаш на листот, не е многу масно и следниот ден веќе испарило од самиот лист (оставајќи едвај видлива трага) станува збор за чисто етерично масло. За среќа голем број на продавници имаат и тестери кои може да се пробаат, така да слободно може да ја замолите продавачката да направите тест. На крајот на краиштата парите ги давате самите вие и сакате чист производ за цената која ја плаќате. Да нагласам само дека овој тест покажува само дали етеричното масло е 100%чисто или продолжено со некое друго масло.

Го направив тестот за да можам визуелно да ви покажам како изгледа. Капнав по една капка од 2 различни масла на два различни производители на листот хартија. Како што капката ја допре хартијата веднаш се рашири по неа што за почеток е добар знак.

По 10 мин. листот изгледаше вака:

Едното масло комплетно исчезна (трагата едвај се гледа, а поминаа само 10 минути откако ги капнав) што е знак за најчисто можно етерично масло а другото сеуште се гледа (иако послабо од претходно), но со оглед на тоа што тестот вели дека до наредниот ден треба да испарат, да му дадеме шанса до утре па после да зборуваме дали е или не е чисто.
Само да напоменам дека немаше потреба да чекам до утре. Оваа слика е направена 3 часа по капнувањето на етеричните масла на листот. На светлина не се гледаат масни траги туку само едвај забележливи траги што значи дека и двете масла се чисти.Некои производители имаат етерични масла кои не се присутни на пазарот како на пример етерично масло од ирис или виолета или магнолија кое е доказ плус дека сите етерични масла од овој производител се синтетички.

Без разлика на тоа што ќе ги разгледуваме едно по едно (имам намера да пишувам за употребата и бенефициите на најпознатите етерични масла, посебно за секое масло), сепак во продолжение би сакала да ви кои масла да ги користите во зависност од видот на кожата.
1. за нормална кожа: камилица, роза, лаванда, ylang ylang, нероли, портокал, јасмин;
2. за масна кожа: лимон, лаванда, рузмарин, сандал, нане, чајно дрво, еукалиптус, ylang ylang, кедар, лемонграс (lemongrass);
3. за сува кожа: камилица, патчули, јасмин, роза, нероли, здравец
4. како антицелултитни масла најефектни се: фенел, мандарина, лимон, рузмарин, лаванда, сандал, цитрон.


Ајде сега да видиме како да ги употребуваме. Основно правило е дека етеричните масла никогаш не се употребуваат чисти на кожата туку растворени во некое друго масло како бадемово, маслиново, арганово, јојоба, масло од ориз итн. Единствен исклучок од ова правило е етеричното масло од лаванда кое може во одредени случаи да се користи директно на кожата (меѓутоа за тоа ќе говорам во специјалната статија наменета за етеричното масло од лаванда).
Има одредени правила при растворањето на овие масла во базно масло, во зависност од тоа за каква намена ни е потребен растворот.
1.  за тело од 2 до 2,5%, односно во 100 мл. базно масло од 50 до 60 капки етерично масло
2. за лице од 0,5 до 1%, односно од 15 до 30 капки етерично масло во 100 мл. базно масло
3. за купка: од 10 до 15 капки во када со топла вода (треба да се лежи не повеќе од 15 мин.)
4. за внатрешна употреба: консултирајте се со специјалист по ароматерапија.

Да разгледаме во продолжение кои етерични масла да се користат при најчестите здравствен проблеми.
1. Акни: камилица, лаванда, рузмарин, чајно дрво;
2. Кашлица: еукалиптус, бор;
3. Синуси: лаванда, бор, чајно дрво;
4. Ревматски болки: лаванда, камилица, рузмарин;
5. Хемороиди: чемпрес
6. Херпес: чајно дрво, бергамот;
7. Убод од инсекти: лаванда, чајно дрво
8. Несоница: лаванда, камилица, цвет од портокал
9. Менструални болки: лаванда, камилица, жалфија
10.  Лошење и повраќање: лаванда, камилица

Важно: 
1. Некои видови на етерични масла (лимон, портокал, бергамот, фенел) се фотосензибилни и доколку се нанесат на кожата истата не смее да се изложува на сонце 12 часа по нанесувањето на етеричното масло. 
2 .Во текот на бременоста мора многу да се внимава при употребата на етеричните масла. Дозволеното количество, односно концентрираност е 0,5% односно од 12 до 15 капки во 100 мл. базно масло. 
-  Во првите четири месеци од бременоста треба да се избегнуваат следниве масла: фенел, кедрово дрво, рузмарин, роза;
-  Во текот на целата бременост треба да се избегнуваат: анис, босилек, цимет, чемпрес, каранфилче, ким, коријандер, жалфија, семки од целер, москантно оревче, коријандер, темјан;
-  Во текот на целата бременост дозволени се следниве етерични масла: камилица, јасмин, лаванда, мандарина, грејпфрут, патчули.

Ова е само вовед во светот на етеричните масла за кои подетално ќе говорам во посебните статии наменети за одреден вид на етерично масло или за третирањето на одреден проблем.
Се надевам дека ова ќе ви помогне при правилниот избор и користење на етеричните масла, но како и да е кога станува збор за етеричните масла златно правило е “претпазливост и умерена употреба“.

Вики


Извор за содржината: www.naturopataonline.org
                                       http://lola.mondoweb.net

Comments

  1. Dali imate 'enter'na kompjuterot ?Ne bi bilo loso da si go sredite tekstot.Pokraj krajno dosadnite temi,prepisani koj znae od kade,covek glava da go zaboli od toa kako Vi e napisan tekstot.OCAJNO !!!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Zdravo, najnapred blagodarnost za ucestvoto na ovoj blog, mi pricinuva zadovolstvo koga citatelite komentiraat bez razlika dali se soglasuvaat so mene ili ne. Napisa deka ne ti se dopaga tekstot i toa e vo red, kako sto velam jas nemora se sto pisuvam da im se dopaga na site. Rabotite koi dosega sum gi naucila ne e fer da kazam deka sama sum gi izmislila, nekoj sepak me naucil. Mojata cel e sekojdnevno da ucam, da se podobruvam i da gi spodeluvam svoite iskustva so onie koi sakaat da me citaat i najvazno od se da bidam apsolutno iskrena so site sto me citaat. Se dodeka imam citateli (bez razlika dali pozitivno ili negativno nastroeni) ke prodolzam da pisuvam i davam svoj doprinos vo sirenjeto na vistinskite informacii koi moze da bidat od korist za mnogumina. Pozdrav i prijaten den.

      Delete
    2. Статијава баш ми се допаѓа и ми изгледа едноставно и разбирливо.

      Delete
    3. Драга Nomy Name, ти благодарам премногу на убавите зборови и коментарот.
      Голем поздрав

      Delete
  2. Ја користам оваа статија за коментар што се однесува на статијата за деодоранси, но таа статија не беше достапна за коментар.
    Имено, ја направив мојата прва „природна и органска“ грешка :)
    Го купив рол он-от на Alverde и не сум воодушевена :(. Остава доста бела трага, која останува и не се впива. Доколку гардеробата е со ракави, не се приметува, меѓутоа на маички без ракави нема да изгледа убаво. Друго, воопшто не деодорира доволно, што исто не е добро на овие температури?
    Дали некој од другите 2 деодоранси кои ги имаш пробано и ги спомнуваш во статијата се без овие одлики? Или можеби има можност да ми посочиш некој друг? Дали има некој спреј кој е добар, тие барем не оставаат трага?
    Фала и поздрав, Наташа

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, најнапред ме зачудува зошто не успеваш да коментираш на статијата за деодоранси, сите статии се одстапни за коментар..чудно.Можно е да имало некоја работа на серверот. Доколку сакаш ќе го пренесам коментарот под самата статија. Што се однесува до рол он деодорансот на алверде, мене лично не ми оставил бели траги. Од истата марка постојат и спреј ама ги немам пробано. Е сега, Хаушка го користев одамна и не ми текнува дали оставаше бели траги да си бидам најискрена, меѓутоа мирисаше многу свежо, а оној на Ла Сој го користев пред летниот период. Доколку почекаш, утре ти најавувам рецензија на два нови природни деодоранси (еден рол он, еден спреј), кој кај мене ги поминаа сите тестови и оставаат одличен мирис во текот на целиот ден. Е сега што се однесува до трајноста на еден деодоранс, според мене е индивидуално и зависи од количината на потењето, мирисот на нашата кожа, мирисот на потта итн. Сите сме различни и можеби деодоранс кој со две испрскувања трае цел ден кај еден кај друг се потребни 4 испрскувања во текот на денот. Поздрав

      Delete
  3. Фала Вики, оставам на тебе дали ќе го пренесеш коментарот под таа статија, бидејќи за мене е сеедно.
    Ќе те почекам за нови деодоранси, па ќе одлучам што ќе земам. Инаку, јас секако во текот на денот аплицирам по неколку пати, така сум најсигурна.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Нема на што драга. Веќе ги пренесов коментарите, за другите да видат мислење и да разменат искуства. Јас зависи од деновите обично два пати ми е доволно, ама кога е ептен жешко и многу се потам може и повеќе пати. Се читкаме утре во новата статија, па секако одлучи сама. Поздрав.

      Delete
  4. Вики, само уште нешто. Ги виов спрејовите на Alverde, но на нив стои спреј за тело и не бев сигурна дека е тоа дезедоранс за под пазуви. Дали има повеќе намени или е дезедоранс?
    Дали можеш да посочиш некој крем за депилација, доколку постои природен, а ако не, барем некој што е помалку штетен?
    Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, не знам кои се тие спрејови кои си ги видела ама можеби се баш за тело. Овие за кои ти зборувам ги има блиску до рол оните и на нив пишува деодоранс спреј без алуминиум на самото шишенце. Еве ти линк од ДМ германскиот затоа што на македонскиот сајт неможам да ги најдам
      https://www.dm.de/dm-marken/alverde/alverde-produkte/?productQuery=%3Arelevance%3AA0021%3AReif%3AcategoryPath%3A%2F020000%2F020100%2F020106|Deo
      гледај ги оние каде пишува deo zerstäuber тие се всушност спрејови. За нив немам рецензија, ама еве доколку има интерес ќе земам еден и ќе го истестирам. Што се однесува до кремите за депилација, најискрено не знам природни затоа што не користам креми за депилација, но еве ќе разгледам што има низ продавниците и ќе ја разгледам декларацијата па ќе ти кажам. Поздрав

      Delete

Post a Comment