Оцет за чист дом и блескава коса

Понекогаш нашите домови се многу позагадени од надвор, како резултат на многубројните хемикалии од стредствата за чистење и оддржување на хигиена на домот кои секојдневно ги вдишуваме. Нашите баби и прабаби ги немале на располагање сите оние средства коишто се наоѓаат денес на пазарот, а сепак успевале да ги оддржат домовите чисти. Која била нивната тајна? Оцетот.

Од кога ја открив моќта на оцетот во комбинација со етеричните масла почнав да експериментирам правејќи голем број на средства за чистење но и за убавина. Во продолжение со вас ќе ги споделам оние кои според мене се најефикасни и секако мои омилени.

Оцетот како оддржувач на хигиената во домот:

1. Универзално средство за чистење на домот 



Пред околу 4 години започнав со наједноставниот можен рецепт за универзално средство за чистење на домот кое според мене беше најефикасно за хигиена на прозорите, за подот (доколку не станува збор за паркет) и во купатилото. Потоа експериментирав додавајќи и други состојки кои секако го подобруваат производот, меѓутоа верувајте резултатот беше скоро ист. Затоа без да ви го комплицирам многу животот, ви предлагам да го пробате овој наједноставен рецепт за кој се потребни само три состојки.

1 чаша вода
1 чаша бел дестилиран оцет
30 капки етерично масло

Во едно празно спреј шише помешајте ја водата и оцетот и додадете го етеричното масло (или микс од масла) и добро протресете.

За хигиена во купатилото испрскајте ја површината што сакате да ја исчистите, оставете да делува неколку минути избришете со сунѓер или крпа и исплакнете со млака вода. Верувајте ми ова средство одлично ја чисти кадата а притоа остава фантастичен мирис.

За хигиена на прозори, огледала и други стаклени површини, испрскајте и пребришете со сува крпа.

Во зависност од вашето расположение и вкус можете да одберете едно од овие етерични масла (или микс од две или повеќе): лаванда, лимон, портокал, чајно дрво.
Мојот фаворит е лавандата затоа што едноставно го обожавам мирисот на лаванда, меѓутоа ги имам пробано и следниве комбинации кои се прекрасни: лаванда со портокал, лаванда со чајно дрво или само лимон.
Сите овие масла имаат антибактериско дејство а притоа оставаат фантастичен мирис. Откако површината ќе се исуши мирисорт на оцетот се губи а останува оној на етеричното масло кое сте го одбрале.

2. Омекнувач на пешкири



Верувајте не само што ги омекнува пешкирите, туку им дава прекрасен мирис. Овој препарат може да го подготвите на два начина а потребни ви се следнива состојки:

Прв начин:

1 шоља свежа лаванда или половина шоља сува
бел дестилиран оцет

Во една тегла се става лавандата и комплетно се покрива со оцетот. Пред да се затвори капакот од теглата доколку е метален прво ставете еден целофан со ластик па потоа металниот капак затоа што металот реагира со оцетот. Доколку ставите пластичен капак не е потребно да се стави целофан. Вака подготвената тегличка треба да стои 3 до 4 недели на суво и темно место со повремено протресување. По истекот на времето на отсојување течноста се процедува и се чува во фрижидер во пластично или стаклено шише.

Втор начин:

етерично масло од лаванда
бел дестилиран оцет

Ова е најбрзиот начин кој може да го подготвите пред секое перење. Потребна ви е супена лажица бел оцет во која ќе додадете две до три капки етерично масло од лаванда (во зависност од количината на пешкирите што ќе ги перете може да ја удвостручите дозата ако станува збор за поголема количина значи две лажици оцет со 5-6 капки етерично масло од лаванда).

3. Средство за чистење на теписи



Доколку на тепихот има флека која е тешка за отстранување и веќе сте се обиделе со многу работи, не грижете се, сеуште не сте се обиделе со оцетот. Потребно ви е:

сода бикарбона или обична сол
бел дестилиран оцет

Доколку ја изберете варијантата со сода бикарбона на флеката ставете малку сода и врз неа ставете од оцетот. Ќе се појави мала реалција од комбинацијата на овие две состојки и штом ќе престане да “шушти“ земете влажна микрофибер крпа и исчистете ја флеката.

Варијантата со сол е исто така многу ефикасна. Помешајте сол со малку оцет (доволно за да добиете кремаста структура на средтсвото) и нанесете го на флеката. Оставете да делува половина час па потоа исчистете со влажна крпа.

Оцет за сјајна и здрава коса





Рецептот кој ќе го споделам со вас е навистина многу корисен и ефикасен. На косата и дава фантастичен сјај и темелно ја чисти. Погоден е за сите типови на коса особено за масната.
За разлика од рецептите за чист дом каде користевме бел дестилиран оцет, за косата ќе употребиме јаболков оцет (најдобро органски). Потребни состојки за овој исплакнувач на коса се:

500 мл деминерализирана вода
една супена лажица јаболков оцет
од 7 до 10 капки етерично масло (лаванда, лимон, рузмарин или комбинации)

Се мешаат сите состојки и со смесата се полева косата по шампонирањето како последно измивање. Резултатот е мека, сјајна и прекрасна коса.
Имам пробано и друга варијанта каде во една шоља вода ставам една лажица оцет со три до пет капки етерично масло. Оваа смеса е поконцентрирана така да ако ја правите за првпат ви советувам да ја направите онаа со 500 мл. вода. Не грижете се мирисот на оцетот испарува кога ќе се исуши косата а останува оној од етеричните масла.
Секако не треба да се претерува со употребата на ова средство најдобро според мене би било на секои 15 дена меѓутоа може да се употребува и еднаш неделно.


Ова се моите омилени начини на употреба на оцетот како средство за хигиена и убавина.
За мене функционираат а се надевам и за вас доколку се одлучите да ги пробате.


Вики

Comments

  1. Da da ima efekt imam stavano samo na vrvovite jas no mesano voda so jabolkov ocet ... :D

    ReplyDelete

Post a Comment