Направи сам: природен балзам за уста
Балзамот за уста е едно од моите омилени производи. Го користам навистина многу, особено навечер пред спиење затоа што во текот на ноќта феноменално ја омекнува кожата. На пазарот постојат голем број на базами за уста, меѓутоа поголемиот број се навистина повеќе штетни отколку корисни, затоа што содржат течен парафин кој веќе многупати напоменав дека не е компатибилен со кожата, предизвикува проблеми и е доста штетен (види листа на штетни состојки http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html )
Во продолжение ќе ви покажам како сами и на многу лесен начин, да направите комплетно природен балзам за уста. Верувајте поедноставно е отколку што изгледа, а барем сте 100% сигурни дека тоа што го мачкате е природно и нема ништо штетно во својот состав.
Потребни состојки за овој рецепт се:
- 3 кафени лажички пчелин восок (може да го најдете кај производителите на мед)
- 1 кафена лажичка мед
- 6 кафени лажички масло (сончогледово, јојоба, рицинус, ориз)
- 6/7 капки етерично масло (лимон, портокал, лаванда)
Доколку восокот е големо парче како моето, најнапред изрендајте го за да добиете што помали парчиња кои се полесни за топење (целото парче многу потешко ќе го стопите и ќе изгубите доста време).
Земете три лажички од восокот и во една поголема шоља од кафе помешајте го со 6 лажички масло. За овој рецепт јас користев рицинусово масло. Врз загреана рингла (или плинска боца) ставете едно ѓезве со вода и откако ќе почне да врие врз него ставете ја шољата за да го стопите восокот на пареа.
Откако ќе се стопи тргнете ја смесата, ставете една лажичка мед и 6-7 капки етерично масло по ваш избор (јас овојпат користев етерично масло од портокал затоа што ми се допаѓа како се сложува со мирисот на медот). Убаво мешајте цело време затоа што во спротивно медот веднаш ќе се стврдне и ќе ви се појават грутки. Смесата треба да изгледа вака:
Веднаш ставете ја смесата во мали кутивчиња за балзам. Од оваа смеса се добиваат околу 6. Јас имав само три на располагање (со разни големини), а остатокот го ставив во една помала тегличка.
Вака добиениот балзам оставете го да мирува најмалку 20 мин. додека да се стврдне и потоа слободно користете го секојпат кога ќе имате потреба за тоа.
Совет плус: доколку сакате балзам во боја при подготовката на смесата, кога таа е сеуште во течна состојба, додадете мало парче од кармин (ве молам некој органски или природен без силикони инаку џабе ни е се). Јас повеќе го сакам безбоен и затоа не додадов ништо.
Се надевам дека рецептов ви се допадна и доколку се одлучите да го пробате оставете коментар како ви испаднал и дали ви се допаѓа.
Благодарам
Вики

Super post :) Jas si imam praveno no so maslinovo maslo i dodadov ampula vitamin E,no super da znam i novi recepti ke probam so drug tip na maslo sega :)
ReplyDeletePozz
Благодарам Анџи, пробај па пиши ми дали ти се допаднало. Голем поздрав и до тебе. Секое добро.
DeleteПрекрасен природен балзам за усни :)
DeleteТи Благодарам Вики :)
Поздрав.
Драга Јулијана, прости ми што дури сега одговарам, ама доцна го видов твојот коментар. Мило ми е што балзамот ти се допаѓа и ти благодарам што го сподели своето мислење овде. Секое добро. Поздрав.
Delete