Направи сам: двофазен отстранувач на шминка
Гел или крема, масло или млеко за чистење, постојат безброј средства за отстранување на шминката од лицето и очите. Сигурно повеќето од вас пробале многу различни производи на пазарот, но дали знаевте дека е многу едноставно да се направи отстранувач за шминка кој е економичен, комплетно природен без конзерванси и вештачки состојки?
Да, токму така. Потребни ви се малку состојки (кои веќе ги имате во вашата кујна), 15 минути од вашето време и желба да експериментирате.
Денешниов предлог се однесува на двофазен отстранувач на шминка.
Како што кажува и самото име станува збор за отстранувач на шминка во две фази: масна и водена фаза. Ајде најнапред да видиме кои состојки ни се потребни за реализацијата на овој проект.
1. 55 мл вода (најдобро деминерализирана);
2. една лажица цветови од камилица или една филтер кесичка;
2. 20 мл. масло од ориз (може да го најдете во поголемите супермаркети);
3. 8 мл. рицинусово масло (може да го најдете во сите аптеки);
4. едно празно шишенце;
Во зовриената вода се додава камилицата и се остава да отстои околу 15 мин. Се прецедува и се остава да се олади. Откако ќе се олади течноста се префрла во шишенцето.
Во една пластична чашка се мешаат маслата (ако сакате може да додадете и една капка етерично масло на пр. од лаванда или портокал кое служи само за мирис, но доколку немате може и без него) и се додаваат во шишенцето. Со оглед на тоа што водата и маслото не се мешаат, смесата изгледа вака:
водата е на дното додека маслото плива на површината. Пред употреба убаво протресете го шишенцето додека двете смеси не се спојат, ставете од производот на една дискета и исчистете ја шминката. Камилицата има смирувачко дејство на кожата, маслото од ориз е многу лесно масло препорачливо за сите типови на кожа, а рицинусовото масло во смесава ќе ви ги зајакне трепките. Што да посакаме повеќе од производ кој ја вади шминката а истовремено ги негува и трепките...идеално!!!
Еве како ја вади шминката:
Со оглед на тоа што овој производ е комплетно природен и нема конзерванси (освен самите масла во него), ви советувам да ја направите количината која ви ја предложив, не повеќе. Рокот на траење му е до две недели доколку се чува на суво и темно место.
п.с. направив поголема доза и тоа што остана од маслата го ставив на навлажнета коса како третман за коса. Го држев цела вечер и утредента ова беше резултатот.
Се надевам дека овој рецепт ви се допадна. Доколку се одлучите да го пробате, ве молам оставете коментар под самиот текст дали и колку ви се допаднал и како ви ја отстранува шминката.
Зошто да користиме скапи отстранувачи за шминка кога сами може да си направиме најприродна можна варијанта.
Вики

Comments
Post a Comment