Kокосово масло: еден производ безброј употреби
Денес би сакала
да говорам за кокосовото масло кое за мене е бр.1. Голем љубител сум на чистите
масла и отсекогаш ги користев како третман за коса ама откако открив дека
мојата кожа не само што ги “толерира“ (имам комбинирана кожа) туку буквално ги
обожава, ги користам наместо крема за лице.
Бидете внимателни
при изборот на ова масло и изберете го она кое е 100 % нерафинирано екстра
девствено масло затоа што со самото рафинирање се губат голем број од хранливите
состојки во него. Друга важна работа при изборот на кокосовото масло е што на
температура под 20°C преминува во тврда состојба односно станува како маст.
Затоа ако во зимно време купите масло кое се дефинира како кокосово а е течно
проверете ги состојките затоа што сигурно е помешано со други масла или не дај
Боже со течен парафин. За да го доведете во течна состојба доволно е да ја
ставите потребната количина од маслото во една чаша која ќе ја ставите во
тенџере со многу врела вода.
Најчесто може да
го најдете во поголемите супермаркети во одделот за здрава храна или пак во
специјализираните продавници за здрава храна како и во некои аптеки.
Основна состојка
на ова масло е лауринската киселина која има огромно антивирусно и
антибактериско дејство. Друга состојка е капринската киселина која има
способност да ги уништи паразитите во цревата а помага и во лечењето на кандидата.
Ова масло навистина има безброј употреби, а во продолжение ќе ви раскажам како јас најчесто
го користам.
1. Во чај:
една мала кафена лажичка во топол чај. Забележав дека ми дава енергија особено пред спортска активност, а одлично помага при проблеми со грлото, ја регулира работата на метаболизмот и се верува дека помага во слабеењето;

2. Како средство за чистење на тврдокорните
дамки од шпоретот:
навистина функционира. Помешајте една лажица масло од кокос со една лажица сода бикарбона. Ќе добиете природно средство коe не само што ефикасно ги отстранува и најтврдокорните дамки туку и прекрасно мириса;

3. Како балзам за усни:
намачкан на устата ја омекнува кожата и ја штити од ладното;

4. Како серум за трепки:
го нанесувам навечер пред спиење на трепките, ги негува, згуснува и помага во растењето;

5. Како крема за лице:
откако го пробав буквално се заљубив, одлично ја негува кожата без притоа да ја масти (нормално да не се претерува со количината). Се нанесува на благо навлажнета кожа после тоникот за лице. Мала количина од маслото се трие помеѓу прстите за да се загрее и потоа се нанесува на лицето со многу благи движења.

6. За коса:
во зависност од резултатот кој сакам да го постигнам го нанесувам на два начини и тоа: како третман за косата и како серум за оштетени врвови. Како третман го нанесувам на благо навлажнета коса правам блага масажа на темето (се верува дека на тој начин придонесува и за поздрав и побрз раст на косата), ставам кеса а врз неа пешкир. Загревам со фен од 2 до 5 мин. и оставам да делува најмалку два часа (а некогаш и преку ноќ). Ја мијам косата со благ и квалитетен шампон. Веднаш се забележува разлика, косата е помека и сјајна. Споменав дека го нанесувам на влажна коса а еве и зошто: ако го нанесете на сува откако ќе го измиете со шампон ова масло со себе ќе ги врзе сите масла природно присутни во вашата коса. Косата ќе ви делува сува и ќе добиете спротивен ефект од посакуваниот. Со навлажнувањето на косата ова се спречува затоа што водата претставува еден вид на бариера а знаеме дека водата и маслото не се мешаат. Како серум го нанесувам на врвовите на сува или влажна коса.

7. За нега на нокти:
често го нанесувам на ноктите и околу кутикулите за побрз и поздрав раст на ноктите. Најчесто ова го правам навечер. Брзо се апсорбира, па затоа е одлично и како крема за раце.

8. Како отстранувач на шминка:
верувајте ми нема подобар и поприроден отстранувач на шминка (па дури и водоотпорната) а при тоа ја негува кожата.

9. Како пилинг за лице:
го мешам со пекарска сода и го нанесувам на навлажнета кожа со благи движења избегнувајќи го пределот околу очите.Мора да бидете внимателни и нежни без нагли движења и силен притисок врз кожата.

10. За бричење:
кој би рекол, ова масло е фантастично како крема за бричење (за мажи и за жени). Лично ја користам за отстранување на влакната под пазувите. Кожата ја прави екстремно мека. Пробајте за да се уверите.

11. Како крема за петици:
одлично ја омекнува грубата кожа на петиците, а ако сакате интензивен третман односно еден вид на маска за петици ставете поголема количина и веднаш облечете чорапи.Направете го ова навечер пред спиење.

Ова беа начините на кои јас го употребувам, а какви се вашите искуства со
ова масло?
Само што го земав маслото со цел да го користам како маска за коса, ама твојов пост ептен ме просветли :)
ReplyDeleteТи благодарам драга Енна. Доколку сакаш пиши како си задоволна и за што најчесто го користиш. Поздрав.
Delete