Креми за лице и моето искуство со нив
Секојдневната
употреба на добра крема за лице е момент на добросостојба и љубов кон самите
себе си. Од огромна важност е она што ќе го намачкаме на лицето затоа што од
него зависи подобрувањето или влошувањето на состојбата на нашата кожа,
појавата на акни и митесери. Во подолжение ќе ви го раскажам моето лично
искуство со кремите пред и откако преминав на органската козметика.
Јас пред 9 години...
Како и поголемиот
број на девојки кремите ги бирав според марката, цената и рекламите. Одев во
парфимерија и си велев аха ова е евтино сигурно не чини, или оваа марка гарант
е супер гледав реклама на телевизија, леле каква и беше кожата на девојката што
ја рекламираше...!!! Воопшто не обрнував внимание на состојките во кремата, не
ја читав декларацијата на самите креми, верував на волшебните креми кои ветуваа
чуда после само 2 нанесувања.
Во минатото (на возраст од 19 -20 години) имав голем проблем со кожата и очајно пробував се и сешто со надеж дека ќе решам се, а всушност од одредени производи состојбата и доста се влошуваше. (а ќе ви објаснам подоцна зошто, бидејки на времето не го знаев тоа).
Е сега, не можам,
а и не би било фер да кажам дека проблемот го решив со органските креми, го решив многу години пред да преминам на
органска козметикa и тоа по пат на промена на исхраната. Значи почнав да го
чистам телото од внатре и лицето почна да се чисти само од себе. Меѓутоа
сега користејќи одредени производи од органско потекло, со екстремно чист
состав и добро избалансирани формули успевам да го одржам одличното здравје и
максималната влажност на кожата.
Откако пред 9 години се запознав со органската козметика и природната медицина драстично го променив својот концепт и филозофија за здравјето на самата кожа. Дознав за голем број на состојки кои се сметаат за штетни (во продолжение се ќе споделам со вас). Со текот на годините пробував многубројни производи, експериментирав со голем број на креми со цел да сфатам што е она што најдобро ми прилега. Верувајте ми единствен начин да ја најдете вистинската крема е да пробате повеќе видови на креми. Сите ние сме често научени да прашуваме за совети при изборот на идеална крема да се консултираме со другарките меѓутоа една важна работа е тоа што за мене функционира не мора да значи дека ќе функционира и за другите.
Ајде сега да ви
објаснам што всушност сфатив за кремите. По прифаќањето на филозофијата за
природното и алтернативната медицина, почнав да правам голем број на
истражувања на интернет и лично да се консултирам со експерти од двете страни
традиционалната и алтернативната медицина за штетноста на одреден број на
состојки во кремите. Во продолжение би сакала да ви напишам само дел од една листа
на штетни состојки кои најчесто се употребуваат во кремите и мислење од двете страни
за некои од состојките и нивното дејство врз кожата.
Како број еден би сакала да ги спомнам нафтените деривати кои во козметичките производи ќе ги најдете под името: Mineral oil, Petrolatum, Paraffinum liquidum,Vaselina, Paraffina, Microcrystalline Wax. Најнапред да кажеме дека Европската Унија ги класифицираше сите нафтени деривати како канцерогени состојки од 2 класа што значи дека сеуште нема докази за директна поврзаност со формирањето на ракот. Мислењата за нафтените деривати се подвоени: едни сметаат дека не се штетни за кожата а други дека се. Во козметичките препарати главната цел на нафтените деривати е задржување на влажноста на кожата. Значи, кога ќе се намачка на кожата парафинот формира тенок слој, еден вид на заштитен филм кој ја задржува водата во кожата спречувајќи ја на тој начин дехидратацијата на кожата. Меѓутоа, кожата има потреба и да дише. Ако губи премногу вода секако дека се суши тоа е повеќе од сигурно, меѓутоа доколку таа не успее да размени вода со надворешните услови постои ризик да со преголемото задржување на водата на површинскиот слој на кожата се формираат бактерии кои одлично се развиваат во услови на преголема влага и се појавуваат инфекции.
Потоа тука се силиконите односно сите оние состојки кои во кремите завршуваат на (-thicone; -xiloxane; -silanoil) како на пример: Dimethicone, Amodimethicone, Cyclomethicone, Ciclopentasiloxane, Dimethiconol.Да разгледаме некои од најчесто поставуваните прашања за нив.
Дали по состав се
слични на нафтените деривати?
Одговорот е не. Додека парафинот е производ на нафтата силиконот се добива по хемиски пат од силициумот, елемент кој се наоѓа во песокот, кварцот и карпите. По пат на една серија на хемиски процеси и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се употребуваат во козметичките препарати како кремите, производите за коса и декоративната козметика.
Одговорот е не. Додека парафинот е производ на нафтата силиконот се добива по хемиски пат од силициумот, елемент кој се наоѓа во песокот, кварцот и карпите. По пат на една серија на хемиски процеси и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се употребуваат во козметичките препарати како кремите, производите за коса и декоративната козметика.
Дали се добри за
кожата?
Не. Како и парафинот и овие не се дермокомпатибилни. Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаи ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. Нивната употреба е огромна и во производите за коса (меѓутоа за нив ќе говорам кога ќе пишувам за моето искуство со шампоните и останатите производи за коса). Проблемот е што сеуште нема официјални истражувања и резултати, туку клиничка евиденција на некои дерматолози и сведоштва на пациенти.
Не. Како и парафинот и овие не се дермокомпатибилни. Силиконот нема никаква улога во негата на кожата, Дејството му е да створи заштитен филм (маска) на кожата меѓутоа не ја негува, дури во одредени случаи ја суши уште повеќе. Значи ако кожата ви е сува, силиконот прави еден слој врз неа, на допир изгледа мазна и прекрасна, меѓутоа после неколку миења (доколку не го употребувате повеќе) кожата ќе ви остане сува. Нивната употреба е огромна и во производите за коса (меѓутоа за нив ќе говорам кога ќе пишувам за моето искуство со шампоните и останатите производи за коса). Проблемот е што сеуште нема официјални истражувања и резултати, туку клиничка евиденција на некои дерматолози и сведоштва на пациенти.
На интернет наидов на едно многу интересно интервју со дерматолог, објавено во “Дневник“ во секцијата 24 часа здравје, кое сметам дека треба да го прочитате доколку сакате да дознаете повеќе за сите состојки кои се наоѓаат во поголемиот дел од козметичките производи на пазарот.
Но, да се вратиме на мене и моето искуството со кремите. Верувајте ми бев и на едната и на другата страна, користев и најпозната козметика која ми ветуваше чудо за два дена, меѓутоа ви тврдам со сигурност дека нема крема која може да даде резултати само од две до три апликации, едноставно не постои. Производот треба да се користи најмалку 2 до 3 недели за да се забележи некое првично дејство.
Јас лично кога почнав да користам природна козметика на почетокот бев очајна. Верувајте ми, ми се плачеше. Откако ја прекинав љубовта со кремите кои претходно ги користев и ја купив првата природна крема (направив драстичен премин) кожата ми стана сува (а дотогаш имав комбинирана кожа), безживотна, немаше боја, се мислев дали да се откажам или не. Меѓутоа тоа беше вистинската состојба на мојата кожа без никаков слој или заштитен филм кој правеше да изгледа супер мека и прекрасна. Решив да бидам истрајна во мојата намера. Првите резултати дојдоа после месец дена (во текот на тој месец спобудалев) ама издржав и оттогаш по пат на природни препарати успевам да и овозможам на мојата кожа максимална хидратација, а воедно и дозволувам да дише.
Драги мои, што повеќе да кажам освен тоа дека целта на овој пост воопшто не е да ве убедам да го следите мојот пример или да се правам паметна, ниту пак да ви кажувам како треба да ја негувате кожата или да си ги решите проблемите со неа (за тоа постојат специјалисти во таа област), туку да со вас го споделам она што јас го научив и увидов на своја кожа, да се обидам да ви ги дадам сите можни информации што јас досега сум ги открила. Мене некој ми помогна пред 9 години и сега јас сакам да го направам истото со некои од вас.
Меѓутоа да разјаснам една работа, јас сето ова не го научлив за еден ден и во текот на тие девет години учев постојано и направив еден куп грешки верувајте, пробував и козметика која на пазарот се рекламираше како природна а воопшто не беше. Има голем број на компании кои своите производи ги маскираат под името природно, а всушност и не се такви. Правев грешки при читање на состојките, а успеав да ги научам постепено работите благодарение на еден органски речник на италијански јазик наречен biodizionario. Го споделувам линкот со сите вас кои се двоумите за некоја состојка и сакате лично да ја проверите www.biodizionario.it . Функционира на следниов начин во празното правоаголниче од левата страна го внесувате името на состојката што ве интересира и кликнувате на “cerca” односно на македонски пребарај. Се појавува зборот кој сте го внеле со едно светло до него кое може да биде црвено, жолто или зелено и изгледа вака:
одлично |
прифатливо |
Би можело да предизвика проблеми меѓутоа може да му прогледаме низ прсти, пред се ако состојката се наоѓа при крајот на листата на состојки* |
|
Неприфатливо |
.
*листа на
состојки на еден производ или како што се нарекува Ingredients или, INCI е
листа во која се означени сите состојки кои се наоѓаат внатре во производот. Ако
една состојка е на повисоко место во листата нејзината застапеност е поголема.
Како што се оди кон дното на листата застапеноста на состојките е се
поминимална.
**понекогаш може
да направиме отстапка кај одредени производи со одлично балансирани формули кои
имаат една штетна состојка најчесто конзерванс и на последно место на листата, особено
при преминот кон природната козметика.
а кој креми за лице би можеле да ги користиме што се без сите штетни состојки?
ReplyDeleteво секој случај секоја крема има барем по некои штетни состојки, гледајќи од аспектот дека имаат доста долг рок на траење
Здраво, на нашиот пазар, за среќа, сретнав креми кои можам да кажам дека се комплетно природни со поголем дел од состојките од органско потекло и дури без конзерванси. Ќе ти дадам пример: кремата од роза на dr. hauschka (која лично ја имам користено и тврдам дека е одлична за поладно време или пак за сува кожа затоа што е помасна) нема конзерванси па дури ни алкохол (кој е главна состојка на сите германски компании и присутна во некои други креми од самата колекција) има есенцијални масла и емулзија вода- масло. Друга која многу ми се допадна како состав меѓутоа ја немам пробано и незнам каков ефект има (меѓутоа ти ме прашуваш за состојки а не за ефект) е кремата на lavera neutral наменета за многу чувствителна кожа составот е комплетно природен: без конзерванси, како единствена емулзија е вода - масло. Јас сум огромен љубител на маслата за лице и во последно време користам само масло на местото на крема, меѓутоа од време на време експериментирам и со креми кога ќе најдам некоја добра. Оние што јас ги имам користено не ги најдов во Мк за жал, ама вчера и денес прошетав по скоро сите продавници, пафимерии и продавници за здрава изхрана како и аптеки во потрага по козметички препарати од природно потекло со цел да видам кои козметички линии ги има. Набрзо ќе направам една листа на оние што сметам дека се добри според составот. Верувај ми налетав и на такви на кои пишува 100 посто природни или па дури и био ама не се. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав
DeleteВики, на еден од форумите на Femina наидов на пост од mama25 (мислам дека беше така), на кој и ти имаш коментирано. Постот беше за природна и органска козметика, и во постот беше спомнато дека и производите на Dr. Hauschka, според некои испитувања, добиле оцена 6 за тексичност. На постот беа наведени и линкови каде тоа може да се види.
ReplyDeleteАко успеа да ги погледнеш, дали тоа значи дека и овие производи не се воопшто тоа што се декларираат дека се?
Благодарам и поздрав
Здраво драга анонимус, најнапред да одговорам на твоето прашање односно дали сметам дека производите на Dr. Hauschka се токсични. Мојот одговор е АПСОЛУТНО НЕ!!! Оваа козметичка линија е една од најчистите линии што може да се најдат на пазарот со состојки кои се одгледувани во биодинамичка градина. Единствена линија која има лого од Деметер, кој е сертификат за биодинамичка култура. Имам пробано скоро сѐ од Dr. Hauschka и тврдам за квалитетот и ефикасноста на производите. Лично кога кажувам дека една состојка не е добра имам и научни докази зошто. На пример нафтените деривати не се добри, силиконите не се добри, тешките хемиски конзерванси не се добри (за секој од нив на блогот имам напишано и зошто), меѓутоа ниедна од овие состојки не се наоѓа во оваа линија. Значи повторувам Dr. Hauschka е одлична козметика, работата е во тоа што сите ние сме различни и една крема не може да биде одлична за цел свет, меѓутоа тоа не значи дека е токсична. Поздрав и до тебе драга.
DeleteШтотуку ги разгледав линковите на форумот. На нив алкохолот кој е користен во производите на Dr. Hauschka е посочен како токсичен и алерген. Германските компании го користат алкохолот заедно со етеричните масла, како метод на оддржување на стабилноста на еден производ. Е сега алкохолот може да биде токсичен ако се внесува по внатрешен пат неконтролирано (алкохолизам), меѓутоа во еден козметички препарат каде е избалансиран со останатите состојки како масла и путери и каде при допир со кожата поголемиот дел испарува, според мене не би требало да прави проблеми. Не сум експерт и како што имам кажано сеуште учам на ова поле и можеби грешам, меѓутоа еве ќе се потрудам да најдам некои научни докази за употребата на алкохолот (и пред сѐ за ефектот врз кожата) и ќе ги исконтактирам Хаушка за да ја разјасниме целава работа. Според мене важно е да се гледа комплетната формула на еден производ, а не само една состојка. Најчесто една состојка која се смета за иритирачка доколку е добро усогласена и избалансирана со останатите, во тој случај не би требало да прави проблеми. Поздрав.
DeleteVo intervjuto, dermatologot naveduva deka so dolgogodisna upotreba na konvencionalna kozmetika, del od stetnite materii navleguva preku kozata, do krvototkot, I do vnatresnite organi, koi potoa ne mozat da se oslobodat od niv.
ReplyDeleteDali ova znaci, so ogled na moite godini I upotrebata na konvencionalna kozmetika, deka stetata e veke napravena I nema sto da se popravi/
Inaku, vo vrska so gorniot komentar, za proizvodite na Hauschka, na tie linkovi kako toksicna mislam deka bese navedena sostojkata Fragnance (nea ja spomnuva I dermatologot vo intervjuto), a ne alkoholot. Ama mozno e I da ne sum vo pravo.
Pozdrav
Здраво драга Наташа, најискрено не сум го видела интервјуто (јас само на едниот сајт успеав да ги најдам директно производите Хаушка и да видам за што станува збор), доколку сакаш остави ми директен линк овде за да го видам. Што се однесува до состојката Fragrance или Parfum, под ова име најчесто се означува дека во производот има од 100 до 200 (а понекогаш и повеќе) молекули кои се внимателно избрани од страна на стручни лица (парфемиери ако може така да ги наречам) кои го даваат мирисот на еден производ. Е сега, тие мириси може да бидат синтетички (произведени во лабораторија по хемиски пат) или природни (етерични масла извлечени од билките во природата). Лошо е тоа што ознаката Parfum е иста и за природните и за синтетиските мириси, меѓутоа многу производители со цел да нагласат дека станува збор за природни етерични масла пишуваат под самиот производ “from natural essential oils“. На официјалниот сајт на Dr. Hauschka (јас секогаш го гледам италијанскиот затоа што ми е најлесен) е назначено дека Wala (фирмата која ги произведува) како мирис користи само чисти етерични масла. Во некои производи се назначени, а во некои не затоа што производителот можеби нашол перфектна формула и сака да ја заштити од копирање од страна на другите компании. А најискрено во случајов станува збор за една сериозна фирма која не само што сама ги одгледува билките туку доста инвестира и низ светот во биодинамичката и органската култура, така да не би требало да има сомнеж. Секако мирисот и од природните билки може да предизвика алергиски реакции кај некоја чувствителна кожа, тоа е несомнено, затоа велам дека неможе една крема да одговара за цел свет. Ако некој е алергичен на лаванда, може да ја земе и најскапата крема од 1000 евра која доколку содржи мал процент на лаванда може да предизвика реакции. Што се однесува до првиот дел од прашањет, најискрено не би си дозволила никогаш на никого да му поставувам дијагнози или да кажувам дали здравствената состојба му е погодена од користењето на одреден вид на козметика. Сепак за тие работи најдобро е да се консултираш со доктор, специјалист или дерматолог која врз база на одредени испитувања би можел да ти даде адекватен одговор. Поздрав.
DeleteViki, blagodaram za odgovorot I odvoenoto vreme.
ReplyDeleteIntervju so deramtologot e ova koe go spomnuvas vo ovaa tvoja statija, koe bilo objaveno vo Dnevnik. Na nego mislev, no ete ne sum objasnila dobro.
A za mojata sostojba, sto e - tuka e. Nazad nisto ne mozam da vratam I da popravam. A ljubitel na razonodata "odenje po lekari" ne sum, taka da ke gi ostavam rabotite takvi kavi sto se.
Se najdobro
Ахаха драга Наташа, а јас пак мислев некое интервју си видела на сајтовите. Нема проблем секогаш сум тука за да одговорам на вашите прашања слободно пишувајте, тоа е и целта на овој блог. Голем поздрав до тебе и се најдобро. До скоро читање.
Delete