Црвено вино за зајакнување на крвта и подмладување на кожата
Една поинаква
вечер: после напорниот ден го гаснете светлото, палите свеќи, легнувате на
каучот со кренати нозе и се релаксирате со чаша црвено вино...меѓутоа на лицето...
Зошто токму
виното?
Полифенолите
присутни во грозјето и црвеното вино се од голема корист за човековото здравје
и кожа. Го стимулираат производството на колагенот и имаат голема улога во
задржувањето на младешкиот изглед на самата кожа. Винската киселина игра огромна улога во обновата на клетките на кожата и има затегнувачки ефект на
самата кожа (природен лифтинг).
На крајот од
90-тите години во Франција се појавиле првите центри за убавина таканаречени “винотерапија
спа“ кои ги користат благодетите на
црвеното вино со цел да на својата клиентела и понудат незаборавен ексклузивен
третман не само за кожата, туку и за сетилата.
Меѓутоа не
грижете се, нема потреба да ги подготвувате вашите куфери за на пат, доколку сакате да си приуштите еден ваков луксузен
третман без да излезете од дома, ви советувам да продолжите да читате.
Во продолжение ќе
ви откријам два прекрасни рецепти кои можете да ги направите со виното.
1. Маска
за лице: оваа маска за лице не само што ќе ја обнови и затегне вашата кожа,
туку ако ја користите редовно може да биде од помош при избелувањето на темните дамки од
кожата. Потребни состојки за оваа маска се: 2 големи лажици кисело млеко (според
мене подобро е павлака затоа што со киселото млеко маската е малку потечна),
црвено вино, една голема лажица мед и зелен чај (количината на виното и
зелениот чај регулирајте ја сами во зависност од густината на смесата). Сите
состојки се мешаат заедно додека не се добие еден вид на крема која не е многу
густа нити многу течна и со помош на козметичка четка се нанесува на претходно исчистено лице. Се
остава да делува околу 15 минути и се измива со млака вода. Потоа се нанесува
добра хидратантна крема за нега на кожата.
2.
Антицелулитен
пилинг: три лажици шекер се мешаат со една лажица мед и на оваа смеса се
додаваат три лажици црвено вино и шест капки етерично масло од лимон. Смесата
се нанесува на навлажнета кожа на бедрата со кружни движења, добро се масира неколку минути
и се одмива со млака вода. Овој третман ја буди кожата, ја прави поеластична, ги
елиминира мртвите клетки од кожата и видно ја подобрува состојбата на
целулитот.
На здравје...за
убава кожа!
Lele prekrasni soveti edvaj cekam da si gi probam :D Pozdrav!
ReplyDeleteBlagodaram mnogu! Cekam komentar otkako ke gi probas! Pozdrav!
Delete