Митесери 1 дел: зошто настануваат и како да ги спречиме
Дали можеме да се
ослободиме од митесерите на лицето? Дали
постои волшебна формула која ќе направи тие да исчезнат засекогаш, а нашата кожа
ќе блеска како на бебе? Дали има спас за масната кожа?
Целта на овој
пост не е да држам предавања на оваа тема со оглед на тоа што не сум
професионалец на ова поле, туку да ви го раскажам своето искуство со нив и
начинот на кој јас ги држам под контрола. Во случај да имате посериозни
проблеми секако дека треба да се консултирате со професионалец, односно дерматолог.
Оваа тема ќе ја поделам на три дела со цел сè убаво да објаснам: во првиот дел
ќе говорам општо за нивната појава и начинот на нега, во вториот ќе говорам за
состојките во козметичките средства кои ја зголемуваат нивната појава и за
маслата, односно дали и колку чистите масла се штетни или корисни за кожата.
Третиот дел ќе биде посветен на производите за нега кои јас лично ги имам
користено (секогаш кога ви говорам за некој производ знајте дека 100% го имам
пробано, никогаш не би говорела за нешто за кое не сум 100 процентно сигурна
дека е добро и делува) и ќе ви дадам предлози за некои маски и природни пилинзи
кои многу лесно може да ги направите сами користејќи состојќи кои веќе се
наоѓаат во нашите кујни. Ајде да започнеме.
1. Најнапред да
разјасниме што се и зошто се формираат на лицето.
Митесерите се отворен
комедон или зпушена пора и на лицето се појавуваат како мали црни точкички, најчесто
во Т зоната (носот, челото и брадата). Во нормални услови кожата лачи два пати повеќе себум (маст која е производ на лојните жлезди во таа зона) со цел да се
заштити од надворешните услови и да ја задржи својата оптимална влажност, меѓутоа
во некои случаи тоа производство на себум драстично се зголемува така да
вишокот на себум останува заробен во порите и ги запушува. Постојат два вида на
митесери: црни и бели. Црните бојата ја добиваат поради оксидација на себумот и
нечистотиите при отворена пора, додеkа кај белите пората е затворена и нема
оксидација затоа и не ја менуваат бојата. Климатските услови, здравствената
состојба на личноста, стресот и исхраната се главни фактори кои влијаат врз
лачењето на себумот, додека неправилната нега, тешките пудри и преагресивните
козметички препарати прават да нечистотијата помешана со себумот предизвикува
запушување на кожата.
Причината за
нивното формирање може да се должи и на некоја состојка или микс на состојки во
кремите.
Со овој проблем
се соочува огромен број од популацијата како девојки така и момци, (вклучувајќи
ме и мене) и тоа не само оние кои имаат природно масна кожа туку се честа појава и кај луѓето кои имаат и сува кожа. За жал не можеме да направиме да тие исчезнат засекогаш (уф а
толку би било прекрасно...) туку можеме драстично да го намалиме нивниот број и
да ги држиме под контрола.
2. Моето искуство
со нив и што јас лично практикувам.
Јас имам
комбинирана кожа и во периодот кога имав 19 години имав голем проблем не само
со митесерите туку и со акните. Во минатото купував многу креми, трошев цело
богатство на креми кои ветуваа дека митесерите ќе исчезнат засекогаш, правев
третмани и штосе не, меѓутоа верувајте ми такво нешто не постои. Она што со
текот на времето го сфатив е дека подобро е да спречиш отколку да лечиш.
Како бр. 1
најважно, ама најважно нешто според мене е максимална секојдневна хигиена на
лицето, односно миење на лицето со многу благ детергент. Јас лично кожата на
лицето и вратот ја мијам двапати во текот на денот, наутро и навечер со млака
вода и многу благ течен детергент за лице затоа што на тој начин и овозможувам
да дише и ги отсранувам нечистотиите кои секојдневно навлегуваат во неа. Затоа
што џабе е и најдобрата крема од 300 евра нанесена на нечиста кожа, не само што
нема да има резултат туку и додатно ќе ја влоши состојбата. Доколку се шминкате
и секојдневно користите пудри за лице многу е важно да пред миењето на лицето
со течниот детергент темелно ја отстраните шминката со адекватен отстранувач за
шминки.
Како бр. 2 би
навела нежен ексфолијант за лице. Е сега тука има два вида: секојдневен благ
ексфолијант (единствен кој јас лично познавам и имам користено е крем
ексфолијантот на Dr. Hauschka) и пилинг кој на кожата се употребува 2 пати во неделата. Целта на овие ексфолијанти е да ги отсртанат мртвите
клетки од кожата, да до неа допре што повеќе кислород и да ја ослободат од оние
нечистотии кои течниот детергент за лице неможе да ги отстрани. Може да се
решите за еден или двата начини на ексфолирање на кожата (секако без
претерување). Доколку го одберете оној на
Dr. Hauschka најдобро е да го нанесете тапкајќи го на
лицето, без никакви кружни движења или триење, туку со благи притисоци врз
кожата како да ја тапкате на веќе исчистено лице и отстранета шминка. Мој совет
ви е да го користите секоја вечер (иако јас понекогаш го користев и наутро и
навечер).
Доколку се
одлучите за класичниот пилинг во тој случај направете го навечер 2 пати неделно,
со благи кружни движења на кожата. Постојат голем број на пилинзи (веќе готови,
произведени, но и природни кои сами можеме да ги направиме) меѓутоа за нив ќе
говорам во некој нареден пост.
Како бр. 3 доаѓа
на ред тоникот за лице кој за цел има да ги затвори порите на кожата пред да ја
ставите кремата. Многу е важно да се одбере добар тоник, не премногу агресивен
со добро одбрани и балансирани состојки во зависност од типот на кожата, затоа
што тој додатно ќе ги отстрани оние последни нечистотии кои успеале да им
избегаат на сите претходни препарати.
Како бр. 4,
конечно на ред доаѓа кремата која треба да биде избалансирана, со многу хранливи состојки во зависност од видот на кожата и секако без штетни синтетички состојки за кои повеќе ќе говориме во следниот пост.
Како бр. 5 бар еднаш неделно би требало да
направиме некоја маска за лице на база на глина (за масна кожа) која помага во
отсртанувањето на мртвите клетки од лицето и нечистотијата и ги ублажува
евентуалните иритации на кожата.
Значи, може да
заклучиме дека хигиената на кожата е од примарно значење кога станува збор за
нејзиното здравје и убавина меѓутоа многу се значајни и други работи како на
пример:
-
правилна
и здрава исхрана богата со овошје и зеленчук;
-
редовна
спортска активност (спортската активност помага во елиминацијата на токсините
од телото, ја зголемува температурата на кожата и преку потта помага да себумот
или маста излезе надвор од порите);
Ова е сè засега
меѓутоа како што ви најавив следуваат два други дела поврзани со оваа
проблематика. Би ми било многу мило доколку во коментарите ми раскажете за
вашите искуства и проблеми, поставите прашања или дадете коментари, ваши
мислења и сугестии. Контактот со сите вас е од огромно значење за успешноста на
овој блог и целата негова содржина. Можете да ги оставате вашите коментари и
како анонимни читатели со оглед на тоа што овој блог го направив отворен за
сите, како за оние кои имаат профил google+, така и за оние кои немаат.
Веста е
информација, но кога за неа коментираме станува култура.
Благодарам.
Вики
Shto mozhesh da mi kazhesh za hemiska eksfolijacija i mozhe li kaj nas da najdam nekoj proizvod za istata? Dokazhano e deka e mnogu podobra od "fizichkata" a ako sakash poveke da prochitash za toa ke ti ostavam i link. http://blog.skincare-addiction.com/chemical-exfoliants/
ReplyDeleteЗдраво anonymous. Најнапред голема благодарност за твоето интересирање на темава и коментарот кој го остави. Веќе го подготвувам новиот пост кој е втор дел од она што веќе го напишав и ќе биде комплетно посветен на сите начини на ексфолирање на лицето вклучувајки и рецепти кои можете сами да ги направите дома со состојки кои веќе ги имате во вашите кујни, без да потрошите многу пари на скапи козметички препарати. Исто така ќе говорам зошто и колку е важно како и колку пати неделно треба да се практикува.
DeleteГолем поздрав
Здраво драга Азизе проблемите со митесерите освен од неправилна хигиена (што кај тебе не е случај со оглед на тоа што редовно одржуваш оптимална хигиена на лицето) се должи и на лошите козметички препарати: Штетните состојки како силиконите, парафинското масло, парабените ПЕГ ППГ и останато многу лошо влиае врз кожата. На пример силиконите во кремите кога ќе ги намачкаме на кожата даваат лажна претстава дека нашата кожа е прекрасна и мека а таа кутрата под нив неможе да дише. Ќе говорам многу и на оваа тема кои состојки треба да ги избегнуваме во кремите и какво е нивното штетно дејство врз кожата. Голема благодарност до тебе за твојот коментар и интерес за блогот. Поздрав
ReplyDeleteMojot momentalen probem :/ ... iskocija od nigde i nikade dodeka ne procitav ovde ne ni znaev kako se vikaat , inaku ne mi se poznavaat epten ama sepak gi ima ,se nadevam nema da stanat povidlivi :/
ReplyDeleteВики, дали ексфолијант од Dr. Hauschka е cleansing cream или станува збор за некој друг производ? Ако тоа не е ексфолиајнт за кој спомнуваш, дали cleansing cream може да заврши работа во чистење на лицето?
ReplyDeleteЗдраво драга Наташа, да токму така ексфолијантот е всушност cleansing cream кој нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата без да ја надразни и е одличен за секојдневна употреба.
Delete