Што има во мојот шампон?


На пазарот секојдневно се појавуваат безброј шампони кои ни ветуваат коса како свила, решение за првутот, спас за масна коса, па дури и оние кои не уверуваат дека косата побрзо ќе ни расте.  Понесени од рекламите купуваме одреден шампон го ставаме на косата и таа одеднаш од само една употреба свети и е мека . Но дали е се така волшебно? Ајде да видиме на што се треба да внимаваме кога одбираме шампон.
Од огромна важност е да научиме да ја дешифрираме декларацијата на производите таканаречена INCI (International Nomenclature of Cosmetic Ingredients), која е всушност листа на сите состојки кои се присутни во самиот шампон. Колку една состојка е погоре во листата толку нејзината присутност во шампонот е поголема, а како што се оди надолу, кон дното на листата, присутноста на состојките е се помала.
Не грижете се немора да бидете експерти или хемичари за да ја дешифрирате декларацијата, доволно е да знаете што треба да се избегнува и верувајте ми откако ќе го направите тоа косата ќе ви се заблагодари.
1.       Силикони: во еден друг мој пост кога зборував за кремите објаснив што се силиконите и какво е нивното дејство, но не е на одмет да повторам.  Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во производите за нега на косата. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи. Главната улога на силиконите е таа да ја омекнат структурата на еден производ ,односно кога истиот е нанесен на косата даваат веднаш огромен сјај и свилена структура. Па добро, може да се запрашате, ако косата ми свети и на допир е како свила тогаш во што е проблемот? Во тоа што овој ефект е лажен. Силиконот се лепи за косата и точно е дека ја прави помека на допир меѓутоа создава еден филм на самата коса и косата со текот на времето се помалку дише. Значи силиконите имаат краткорочен ефект затоа што со континуираната употреба се јавуваат контраефекти како што се сува коса и оштетени врвови. Во листата на состојки ќе ги препознаете затоа што завршуваат на  -one, - thicone, -siloxane .  На пример: Dimethicone, cyclopentasiloxane. Има и силикони кои не завршуваат на овие наставки како на пример quaternium 80 кој исто така треба да се избегнува.


2.       Сурфактанти: неизбежен дел од било кој шампон. Всушност на прашањето што се сурфактанти најпрост одговор би бил: сурфактант  е се она што измива. Всушност молекулата има два дела: еден се поврзува со маслото а друг со водата. Значи кога вие ќе го нанесете шампонот на косата за да ја измиете, едниот дел се лепи за мастите и нечистотиите во самата коса, а кога ќе исплакнете со вода другиот дел се лепи за водата и го носи со себе делот со мастите и вие конечно имате чиста коса.  Во продолжение ќе ги разгледаме најупотребуваните сурфактанти и нивното дејство.


-          Содиум лаурил сулфат (Sodium Lauryl Sulfate или SLS) е еден од најагресивните. Нивото на агресивност му е 3 додека Аmmonium lauryl Sulfate ниво на агресивност 5. Овој вид на сурфактант одлично ја мие маснотијата меѓутоа е премногу агресивен за кожата па затоа се помалку е употребуван во козметичките препарати и е заменет со SLЕS. Мој личен совет е да се избегнува иако може да биде и ублажен од страна на бетаинот, затоа што имам многу лошо искуство на алергија и чешање на темето на главата поради употреба на производи кои го содржеа (а на времето не знаев зошто).

-         SLЕS има иста база меѓутоа е различно третиран (еден дел од молекулата е синтетички па затоа ја има и наставката -eth) и е помалку агресивен од SLS. (нивото на агресивност е 2,3). Козметичките компании го користат затоа што е економичен и лесно се згуснува со помош на обична сол (и таа е економична) па со малку пари прават производ. За да биде помалку штетен за кожата мора да се наоѓа во добро избалансирана формула, што значи дека неговата агресивност треба да биде ублажена со бетаин или пак со глукозид (decyl glucoside или lauryl glucoside). Значи да разјаснам ако во продавница земете еден шампон и во декларацијата ја видите следнава формула: Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Sodium Chloride веднаш вратете го производот на полицата затоа што е премногу агресивен. Добра формула е следнава:  Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Cocamidoproryl Betaine, Sodium Chloride....вака избалансиран SLЕS каде солта доаѓа после бетаинот не е агресивен за косата.

Овие два сурфактанти не се присутни во шампоните од органско потекло, и без разлика на тоа што ова е блог за органска и природна козметика и јас лично се залагам за органското, сепак мора да бидам многу објективна и пред се искрена и да кажам дека шампоните со SLЕS во горенаведената добра формула (балансирани со бетаинот) не се агресивни меѓутоа не се природни а уште помалку органски. Исто така не се препорачуваат ниту за секојдневна употреба. Во речникот за органска козметика biodizonario (линкот ќе го најдете во статијата за креми за лице http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_97.html )SLS  има зелено светло а SLЕS  жолто. Креаторот на овој речник Проф. Фабрицио Заго кој е познат италијански хемичар, експерт за органска козметика и консултант на веб сајтот promiseland, им има дадено ваква предност затоа што се биоразградливи и затоа што како што вели самиот жал му е што се на толку лош глас а добро балансирани не се толку штетни. Инаку реалното светло на семафорот за овие две состојки би било жолто за едната, а црвено за другата. Во органските шампони се користи Sodium Coco Sulfate кој е многу поблаг за кожата на главата а сепак успева добро да ги измие сите нечистотии. Останати сурфактанти кои се користат во органските шампони се: Decyl glucoside, Lauryl glucoside, Coco glucoside, Sodium lauroyl sarcosinate, Babassamiopropyl betaine, Coamdopropyl betaine, Sodium cocoamphoacetate, Glycerin, Lauryl glucoside, Sodium Cocoyl glutamate. Како што веќе напоменав, јас лично ги претпочитам органските производи така да во продолжение би сакала да ви дадам пример на еден одлично избалансиран шампон кој е од органско потекло со многу благи сурфактанти, одлично измивачко дејство кој при тоа ја омекнува косата и ја прави лесна за чешлање. Станува збор за шампонот на алверде од авокадо. 



Формулата е следна: Aqua, Coco-Glucoside, Sodium Coco-Sulfate, Glycerin, Xanthan Gum, Inulin, Isoamyl Laurate, Disodium Cocoyl Glutamate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Oleate, Betaine, Citric Acid, Sodium PCA, Levulinic Acid, Chondrus Crispus Powder, Parfum*, p-Anisic Acid, Sodium Levulinate, Hydrolyzed Wheat Protein, Phytic Acid, Linalool*, Benzyl Alcohol*, Limonene*, Citronellol*, Persea Gratissima Fruit Extract, Vitis Vinifera Seed Extract, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Tocopherol
*from natural essential oils
Како што може да забележиме има благи сурфактантите (Coco-Glucoside и  Sodium Coco-Sulfate), масло од авокадо за нега на косата, инулин кој косата ја прави лесна за чешлање и мека, потоа isoamyl laurate и glyceryl oleate ја регенерираат косата. Освен добрата декларација и ефектот е одличен затоа што лично го имам пробано. Одлично мие воопшто не иритира и е деликатен за косата. Сакам да напоменам дека за сите производи за кои говорам лично ги имам пробано, значи говорам од лично искуство. Наскоро ќе почнам и со рецензии на голем број на препарати од органско или природно потекло (моментално пробувам и нови) со цел да освен добрите формули, ви дадам докази и за функционалноста на производот кој е од огромна важност.
-          Други состојки кои треба да се избегнувата во шампоните се: Cocamide Dea и Cocamide Tea (многу агресивни), потоа EDTA (не е штетна за човекот, меѓутоа е многу штетна за водниот свет, а со оглед на тоа што органско значи и грижа за околината, мора да го споменеме), Imidazolidinyl urea (ослободува формалдехид), Sodium C12-13 Pareth Sulfate (дериват на парафинот) и PEG. Што се однесува до PEG мора да напоменам дека oбично до нив стои секогаш еден број кој го означува количеството на етилен оксид и колку тој број е поголем толку самиот PEG е поштетен. 
      За сега ќе застанеме тука, меѓутоа ќе говориме уште на оваа тема. Во наредните денови ќе ви објавам листа на сите штетни состојки која можете да ја препишете или испринтате и да ја носите со себе секогаш кога ќе сакате да изберете добар производ а се двоумите околу состојките во декларацијата. 
      Изберете памето и правилно, грижејќи се за сопственото здравје но и за околината и светот кој не опкружува.

     Вики




  Важно: по професија не сум хемичар ниту пак експерт во ова поле. Сеуште учам и имам многу за учење. Она што сакам да го споделам со сите вас е она што јас досега го имам научено консултирајки разни експерти од ова поле, сајтови и студии на голем број на доктори, како и моето лично искуство од употребата на одредени производи. Секој сам одбира во што да верува и има право на сопствена филозофија за козметичките производи. Јас го бирам органското.


 Извор за содржината: http://www.promiseland.it/
                                       http://lola.mondoweb.net/ 
     

 


Comments

  1. Super post!!! I jas sakav da gi smenam samponite koi gi koristam i sega koristam na Yves Rocher (od linijata vo zeleno sisence so 95% prirodni sostojki) bez silikoni parabeni i slicno i gledajki spored ova ima i dobra formula samo zaprimetiv deka ima peg-7..na edna tema citav deka e stetno ama ova e nisko i ne e golem problem neli?Pisuva peg-7Glyecril Cocoate
    Samponite na Afrodita ne se prirodni ama nekako mislam deka se polesni za razlika od drugite sto gi koristev prethodno xx i niv (na afrodita)gi koristev pred da go zemam na Yves
    Pozdrav and keep up the Good Work!!!:D

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво Анџи, најнапред благодарам за твоето учество и убавите зборови и мило ми е што се обидуваш да ги промениш шампоните и да преминеш на природно. Што се оденсува до шампонот за кој ме праша лично не го знам не сум го видела но се надевам дека peg-7Glyecril Cocoate е единствена лоша состојка и е при крајот на листата затоа што овој вид на пег за една молекула на глицерил има 7 молекули на етилен оксид (оттука и бројот 7). Вистина е дека пониските броеви се понеопасни од високите меѓутоа сите пег се потенцијално токсични затоа што етилен оксид може да формра диоксан кој е токсичен. Меѓутоа јас многу почитувам кога ќе видам дека некој сака да се подобри и да користи нешто поздраво и фактот што си одбрала шампон кој нема силикони веќе е чекор напред. Неможам да ти речам не го користи, заврши го овој веќе кога си го купила па следен кој ќе го одбереш ќе биде поприроден... се надевам ќе го одбереме заедно :). Поздрав

      Delete
  2. Вики, дали останатите шампони на Алверде, а впрочем и целата палета на нивни производи се од органско потекло? Цената на оваа марка производи е пониска од другите производи кои се од органско потекло, па отвора дилема. Дискусија на оваа тема најдов на некој хрватски форум, каде размислувањата беа дека можеби не се работи за целосно органска козметика, како и тоа дека колекцијата е од органско потекло, но постои можност да користат поефтини масла за изработка на производите. Кое е твоето размислување?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, многупати имам напоменато дека она што е најважно кај еден добар органски производ е начинот на комбинација на состојките во декларацијата. Значи една крема или шампон може да биде перфектен во поглед на чистота на масла и квалитетни состојки, меѓутоа доколку истите лошо ги избалансира може да бидат агресивни за кожата и во голем број на случаи да доведат до алергиски реакции. Секако не сум успеала да разгледам се од оваа колекција, имам рецензирано многу работи за кои тврдам дека се добри, а секако ќе продолжам да откривам и нови. Досега имам пробано 3 шампони од алверде од кои сум премногу задоволна. Е сега, што се однесува до цената, можам да ти кажам дека Германија е бр.1 земја која на ниво на влада инвестира во органското и ги помага фирмите производители на органска козметика. Додека живеев во Рим се сретнав со доста органски брендови од германско потекло кои беа low cost така да не ме изненадува тоа. Што се однесува до квалитетот на маслата кои ги користат, не би знаела да ти кажам. Секаде каде што има ѕвездичка, состојката доаѓа од органско потекло. Има голема разлика да речеме од Dr. Hauschka каде сами ги одгледуваат билките и произведуваат масла од биодинамична култура и тврдат за тоа (ако не се лажам имаат и заштитен знак односно сертификат на деметер, единствен за биодинамична култура). Како и да е барем оние производи од алверде кои сум ги рецензирала имаат одлично избалансирани формули кои не ја иритираат кожата, а сепак се достапни за сите. Оние кои може да си дозволат повеќе може да одберат една од поскапите органски колекции како на прмер Хаушка или Гамард. Се надевам ти помогнав. Поздрав

      Delete

Post a Comment