Моите омилени масла за коса + giveaway
Едно од основните правила за убава и сјајна коса е редовната нега со масла за коса кои во зависност од видот на косата и посакуваниот ефект можат видливо да го подобрат квалитетот на самата коса.
Како да го одбереме маслото?
Кога одбирате масло за коса прво и основно правило е да биде чисто. Значи на опаковката од самото масло треба да биде напишано само неговото ботаничко име или евентуално до него може да стои и зборот токоферол кој е всушност витамин Е и се користи за го збогати самото масло и да го продолжи рокот на траење.
На пример доколку сакате да купите чисто масло од арган на опаковката треба да пишува Argania Spinosa Kernel Oil, од кокос Cocos Nucifera Oil, од рицинус Ricinus Communis Oil итн. Никако не ги земајте мешавините во кои се наоѓа рaraffinum liquidum (течен парафин) или пак разни силикони...ве молам!!! Во продавниците кај нас имам видено многу масла на кои пишува 100 % природно масло од арган или јојоба а кога вртам да ги прочитам состојките течен парафин на прво место, силикони еден куп, а од арганот ни трага ни глас, таму некаде помеѓу последните состојки. Значи најважно нешто е да се читаат секогаш декларациите на производите кои сакаме да ги купиме.
Од голема помош може да ви биде и доколку на самите масла пишува “за внатрешна употреба“. Во тој случај бидете сигурни дека станува збор за 100% чисто масло.
Меѓу најдобрите масла за коса кои ги имам пробано и лично ги обожавам би ги набројала следниве:
1. Кокосово масло
за ова масло говорев поопширно во http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/k.html и кажав дека е едно од моите најомилени. Одговара на сите видови на коса затоа што е лесно масло, брзо се впива и одлично го храни влакното на самата коса.
2. Арганово масло
едно од најдобрите масла кои ја зајакнува косата и и дава неверојатен сјај. Особено е корисен доколку косата е сува, без сјај и со испукани врвови.
3. Рицинусово масло
и ова масло е одлично за косата затоа што ја негува и и дава фантастичен сјај.
4. Масло од јојоба
исто како кокосовото и јојобата е многу лесно масло кое може да служи и како серум за испукани врвови наместо силиконските капки.
5. Масло од авокадо
одлично ја храни косата, ја прави мека и и дава сјај. Од голема корист за сува и оштетена коса.
6. Масло од ориз
едно од најтрајните масла, оризовото масло е одлично за косата и ги има скоро истите својства како бадемовото, меѓутоа е полесно.
7. Чичково масло
го јакне коренот на косата и и ја прави многу мека.
Како се нанесува на косата?
Во зависност од ефектот и резултатот кој сакаме да го добиеме маслата може да се нанесат на два начини на косата: како третман (маска) за коса или пак како серум за оштетени врвови (здрава алтернатива на силиконските капки кои само го задушуваат влакното и воопшто не го негуваат).
Како третман маслата за коса секогаш се нанесуваат на навлажнета коса никако на сува. Ако го нанесете на сува маслото продира длабоко во влакното и се врзува со мастите природно присутни во нашата коса. По одмивањето тоа со себе ги носи тие природни масла и наместо сјајна и убава коса може да добиеме комплетно спротивен ефект односно сува коса.
На навлажнета коса маслото делува само на надворешниот слој од влакното без да навлезе длабоко во него затоа што водата служи како еден вид на бариера и го штити. Косата по измивањето ќе ви биде мека, сјајна и лесно ќе ја обликувате.
Третманот за коса се држи најмалку саат време а може да го оставите да делува и цела вечер.
Како серум за коса маслата кои лично ги препорачувам се: кокосово, арган и јојоба. Две три капки од маслото се втриваат меѓу прстите и се нанесуваат само на врвовите од косата.
Верувајте ми не постои подобар и поздрав серум за коса од вака нанесеното масло.
Giveaway
Пред малку експериментирав со неколку видови на масла и креирав една смеса во која ставив 40 мл. масло од ориз, 10 мл. рицинусово масло, три капки етерично масло од лаванда и три капки етерично масло од лимон. Овие две етерични масла се одлични за косата затоа што и даваат огромен сјај особено лимонот и ја негуваат косата.
Ова масло е за вас драги читатели и доколку би сакале да го добиете, се што треба да направите е да оставите свој коментар под самиот текст (со ваше име и презиме или емаил) кој може да биде општо за маслата, за вашето искуство со нив или на пример кое масло е ваше најомилено. Секој може да остави најмногу 2 коментари (на пример еден денес еден утре) најдоцна до сабота 20 часот. Добитникот ќе биде избран по случаен избор.
Со среќа
Вики
Idejata za blogot ti e super bidejki mozat da se naucat mnogu korisni raboti. Otsekogas me interesirale prirodnite nacini za nega i zdravje na teloto. Porano stavav cickovo maslo i navistina kosata mi bese sjajna, meka, mazna i polesno mi se cheslashe. Citajki go tvojot tekst se potsetiv kako porano koristev cickovo maslo i kosata mi bese pozdrava :) (Zorica Ivanoska)
ReplyDeleteЧеститам за наградата. Иконтактирајте ме преку емаил за да ви ја испратам. Се надевам дека и оваа комбинаија од масла ќе ви се допадне и ќе одговара за вашиот вид на коса. Поздрав и благодарност за учеството.
DeleteKoristam cickovo maslo zasega ima efekt, kokosovo koristev toa e skapicko nakaj 600 den go zemav nego go koristev i za lice i za telo (za strii) za kosa ,isto so kokosovoto maslo ubavo e za gotvenje t.e zdravo e i epten dobro dokolku saka nekoj da oslabe,za vadenje sminka i sl raboti ...A za orizovoto maslo nemam slusnato znaci sega tuka kaj tebe citam za nego i kade moze da se najde?
ReplyDeletea da i epten zadovolna sum od agranovoto maslo !!
DeleteDali moze da mi kazete kade se prodava
Deletearganovo maslo vo sk ?
Здраво драга Моника, арганово масло чисто 100% може да најдеш во биокосмос цената му е околу 390 ден за 50 мл.
DeleteПоздрав
Здраво Анџела, се извинувам што доцна одговарам на твоето прашање, ама дури сега видов, за жал не добив нотифика за коментарот. Оризовото масло може да го најдеш во поголемите супермаркети како Веро, Рамстор или Тинекс. Цената му е некаде околу 300 ден. за 1 литар. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав.
Deleteп.с. И јас обожавам арганово масли, фантастично е!
Draga Viki, kade moze da de najdat etericnite masla koi gi koristis?
ReplyDeleteЗдраво, се извинувам што доцнам малку со одговорот. Етеричните масла претежно ги купувам од Биокулт во гтц на 2 спрат. Тие се органски и 100% чисти и марката е Flora (Primavera). Во зависност од маслото цената се движи од 290 до 500 денари. Се надевам ти помогнав. Поздрав
Delete