Пробав за вас: природна еко крпа


Како и сите други така и јас досега користев најразлични крпи за чистење низ домот: микрофибер, памучни, па дури и магични крпи се додека пред две недели не наидов случајно на една еко крпа 100% природна направена од бамбус и пченка. Цената беше навистина смешна само 39 денари за комплет од 3 крпи а се продава во КАМ маркет.

Навистина сум пресреќна секојпат кога наоѓам некој ваков производ природен, биоразградлив а згора на се па и економичен. Без размислување го купив и го истестирав дома на повеќе површини.



Како што веќе напоменав, во пакувањето има три крпи кои на допир се многу меки а и прекрасно изгледаат со слика од бамбусова трска. На самата опаковка вели дека овие крпи се идеални за во кујна со оглед на тоа што имаат одлична апсорбирачка моќ, навистина прекрасно чистат само со вода (а може и со средство), меѓутоа јас најискрено ги пробав и како крпи за прашина малку навлажнети со средство и одлично бришат било каква стаклена површина па дури и мебел. Одобрени се од фондацијата Save the Earth и истестирана е сигурноста и квалитетот на самиот материјал.



Во допир со вода крпата набубрува и имате чувство дека секој момент ќе ви се скине меѓутоа кога ќе ја истиснете водата од неа сфаќате дека не е така.



За хигиена во кујната јас сепак употребив малку природно средство за чистење со оглед на тоа што сакам секогаш убаво да ја дезинфицирам работната површина на која најчесто работиме. Како средство некогаш го користам она што сама го правам (со вода и оцет) а некогаш и купени меѓутоа сепак природни (истестирав веќе едно прекрасно природно средство за кое ќе говорам во некоја наредна прилика).



Резултатот беше следниов:



Оваа крпа без разлика на тоа што е направена од комплетно природни материјали има одлична издржливост и трајност доколку правилно се чува. На самото пакување вели дека може да се мие во машина за перење на алишта како и машина за перење на садови, да се суши природно, без вештачка топлина. Јас веќе втор пат ја перам во машина и еве како изгледа:



Најдобро од се е што кога ќе и дојде време за фрлање, можете слободно да ја ставите во почвата со оглед на тоа што е биоразградлива.

На крпава и давам оцена 10 плус. Мека, супер апсорбира течности, издржлива, трајна и не менува боја. Доколку сакате природен производ по екстра цена кој ќе ви замени многу други крпи во станот, а и ќе ви помогне доста да заштедите ви препорачувам да ја земете и пробате. Јас сум презадоволна, а се надевам дека ќе бидете и вие.



Вики

Comments

  1. Mozes da pocnes I prezentacii da pravis,da odis po kuki i da podzacistuvas ili da brises prasina po raftovite vo KAM.(sigurno bi ti bile blagodarni).So tebe definitivno nesto ne e vo red,leleeee kakva tema za blog !!?

    ReplyDelete
  2. Здраво анонимус благодарам за учеството, како што веќе реков јас многу сакам коментари на мојот блог без разлика дали се позитивни или негативни затоа што сепак на некој начин се привлекува внимание и најдобро за еден блог е кога се коментира така да ти благодарам многу. Сигурна сум дека многу луѓе ги ценат ваквите предлози затоа што убавиот и здрав дом значи многу на сите оние кои се грижат за него и кои таа убавина сакаат да ја поделат со своите најмили. А со оглед на тоа што јас сум една од нив и многу сакам прекрасна и чиста средина и прекрасно уреден дом, ќе продолжам со ваквите теми. Горда сум на тоа што многу жени покрај тоа што се убави и си посветуваат време за нега, се и одлични домакинки и се грижат за убавината на своите домови! Благодарам и пријатен ден.

    ReplyDelete
  3. Sekogash mi bil zabaven nashiot mentalitet, da se pluka i ruga na se. Premnogu isfrustrirani licnosti vodeni od sopstvenata nesposobnost i kompleksi, neznaat nikako poinaku, osven da napagjaat se i seshto... Da gi prashate ni samite neznaat zoshto...Koga davash bilo kakov komentar nekomu, treba da znaesh koj e toj... osobeno koga zborovite se navredlivi i degradiraat ... Mene nekoi temi mi se dopagjaat nekoi pomalku, no zatoa ako ne mi se zabavni, ednostavno ne gi citam...!!!!! Pozdrav do devojkata na blogov, se nadevam nema da ve obeshrabruvaat vakvi ispadi, na ocigledno oshteteni lugje . Pozz

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ви благодарам многу на убавите зборови, мило ми е што има луѓе кои размислуваат на овој начин и многу сум среќна што луѓе како вас го следат мојот блог. Голем поздрав и секое добро.

      Delete

Post a Comment