Коса

Sunday, January 8, 2017

Маска за истакнување на сјајот и убавината на русата коса


Здраво драги мои,

маските за коса се неопходен дел од мојата рутина за нега на косата и јас лично ги правам еднаш неделно. Секогаш испробувам нови и разни маски за коса со природни состојки од кои повеќето може да се најдат во нашите кујни.

Денес би сакала да ви предложам една фантастична маска за коса за која се инспирирав од познатата маска за коса Marilyn на Lush, наменета за оние девојки кои имаат руса коса, со оглед на тоа што оваа маска го потенцира сјајот на русата коса и ја прави поубава.

Ајде најнапред да ја разгледаме оригиналната декларација на оваа маска од Lush

Linseed Mucilage (Linum usitatissimum) , Chamomile Infusion (Anthemis Nobilis and Chamomilla Recutita) , Saffron Infusion (Crocus sativis) , Cetearyl Alcohol and Sodium Lauryl Sulfate , Fresh Organic Lemon Juice (Citrus limonum) , Cetearyl Alcohol , Organic Extra Virgin Olive Oil (Olea europaea) , Lemon Oil (Citrus limonum) , Chamomile Oil (Anthemis nobilis) , Soya Lecithin , *Citral , *Limonene , Fragrance , Methylparaben , Propylparaben

Како што може да забележите има прекрасни состојки како гел од ленено семе, чај од камилица и шафран, соја лецитин, сок од лимон, маслиново масло, меѓутоа има и два парабени кои се користени како конзерванси и токму затоа ќе ви кажам како сами да ја направите дома без конзерванси. Секако без никаков конзерванс маскава ќе биде само за една употреба, односно во моментот на подготовката.


Мора да напоменам дека оваа домашна варијанта, која ќе ви ја претставам во продолжение, дава навистина фантастични резултати. Не само што го зголемува сјајот на косата, туку ја омекнува косата, ја прави лесна за чешлање и длабински го храни самото влакно.

Ајде да видиме кои сѐ состојки ни се потребни за нашата домашна маска за коса:

2 супени лажици гел од ленено семе (приготвен со камилица и шафран)
1 кафена лажичка мед
2 кафени лажички маслиново масло (јас користев една лажичка масло од куркума и една од ленено семе)
1 кафена лажичка свежо цеден сок од лимон (доколку немате лимон може и портокал)
жолчка од едно јајце или соја лецитин
1 кафена лажичка путер за коса или густа маска
4 капки етерично масло од лимон (доколку имате)


Најнапред подготете го гелот од ленено семе како што е прикажано во процедурата во оваа статија само што заедно со лененото семе ќе додадете и суви цветови од камилица и шафран.

Оставете го да се олади малку гелот. Земете две супени лажици од овој гел и додадете му една кафена лажичка мед и две кафени лажички маслиново масло со постојано мешање. Јас наместо маслиново масло употребив една кафена лажичка домашно масло од куркума и една кафена лажичка масло од ленено семе, меѓутоа само затоа што ги имав дома.

Додадете ја и жолчката убаво мешајќи за сѐ да се спои. Во оригиналниот рецепт има соја лецитин, меѓутоа јас во моментов го немав па ставив жолчка од едно јајце која е исто така богата со лецитин и одлично ја храни косата.

Потоа додадете го сокот од лимон.

Со оглед на тоа што оригиналната маска на Lush има Cetearyl Alcohol кој и дава густина на маската, ние ќе додадеме една кафена лажичка густа маска за коса или путер за коса, секако без силикони. Јас го користев путерот за коса на Alverde.

Повторно убаво промешајте ги сите состојки (за да ви биде полесно може да мешате со електрично апаратче за нескафе) и на крај додадете го етеричното масло од лимон.


Нанесете ја маската на сува коса (нема потреба да ја мокрите со оглед на тоа што содржи и водени и маслени компоненти) и оставете да делува околу саат време. Секако за подобар резултат ставете една пластична ќеса или фолија и врз неа пшекир, и загрејте околу две минути со фен.

По истекот на времето измијте ја косата со убав и што поприроден шампон без силикони и исушете ја како што нормално правите.

Уште по првата апликација ќе забележите како косата ви е помека, свиленкаста на допир, сјајот е поголем, а самото влакно е некако поживо.

 


Со редовно користење буквално ќе ја препородите вашата коса.

Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие доколку се обидете да ја направите пишете како сте задоволни од ефектот под самиот текст.

Поздрав и ве гушкам сите.
Вики

 

Tuesday, January 3, 2017

2 домашни производи за мазна коса сѐ до врвовите


Здраво драги мои,

еве ме во првата статија од 2017 година која ја посветувам на убавината на косата. Кога станува збор за нашата коса никогаш доволно рецепти. Секогаш сум во потрага по нови лесни и интересни решенија кои сите може да ги направиме дома со малку состојки а голема ефикасност.

Овојпат сакам да ви предложам два производи кои служат за стајлинг на косата и кои не само што ги измазнуваат врвовите, туку даваат и сјај на самото влакно. Едниот има кремаста структура а другиот гел структура, така да според состојбата на вашата коса, а и вашиот личен вкус, може да одберете едно од овие средства или пак да ги комбинирате двете наизменично.

1. Крем производ за убава и мазна коса


Овој крем за стајлинг на косата е навистина многу лесен за подготовка. Сѐ што ви е потребно за да го направите е; путер за тело без силикони, глицерин и кокосово масло.

Најнапред земете две супени лажици путер за тело и ставете го во едно празно кутивче (таму каде што ќе го чувате производов). Во една мала чашка на пареа стопете една супена лажица кокосово масло и полека дел по дел додадете ја на путерот за тело со постојано мешање. На крај додадете и една лажица глицерин и убаво измешајте ги сите состојки.

Ете вашиот стајлинг крем е готов и може да го користите по миењето на мокра коса (пред да ја исушите со фен) или на сува коса само на врвовите како стајлинг.



Доколку кремот или путерот за тело кој го користевте има мирис во тој случај оставете го така. Во спротивно може да додадете 7 капки етерично масло од лимон или портокал за додатен сјај на влакното.

Јас користев лосион за тело, па затоа структурата е малку потечна.


2. Гел за убава и мазна коса

Вториов производ има структура на гел и косата навистина многу лесно го впива, Ја остава самата коса убава, мазна и сјајна.


Сѐ што ви е потребно за да го направите е:

5 кафени лажички алое вера гел;
2 кафени лажички кокосово масло
2 кафени лажички растителен глицерин
1 кафена лажичка јаболков оцет
7 капки етерично масло од лимон или портокал

Најнапред на пареа стопете го кокосовото мало и оставете малку да се олади. Земете го алое вера гелот и помешајте го со глицеринот и оцетот. Додадете го и кокосовото масло и убаво мешајте (може и со онаа електрична машинка за нескафе). Додадете го на крај етеричното масло и уште еднаш убаво промешајте.

Смесата префрлете ја во едно пластично или стаклено шишенце со пумпица за да може полесно да го земате или доколку сакате во мала тегличка, меѓутоа земајте го со дрвена шпатула поради хигиенски причини.


Се нанесува на благо навлажнета коса по миењето (пред да ја сушите со фен) или пак на сува коса по должината и на врвовите како стајлинг на косата.

Ја остава косата мека и сјајна благодарение на оцетот кој ја затвора кутикулата на влакното а и етеричното масло од лимон или портокал кои допринесуваат за поголем сјај.

Оцетот воопшто не се чувствува во овој рецепт со оглед на тоа што доминира мирисот на кокос и етеричното масло (лимон или портокал во зависност од она што сте го употребиле).

Се надевам дека овие два рецепти ви се допаднаа и дека ќе се обидете да ги направите. Верувајте ми, на овој начин  не само што заштедувате на скапи производи кои содржат и состојки кои не се пожелни за косата како на пример силикони, туку и си правите производ кој знатете дека е природен но и по ваш вкус.

До следно читање.
Вики

 

Friday, December 9, 2016


6 совети за коса без силикони и како да издржиме во намерата


Здраво драги мои,

доколку редовно ме следите веќе ви е добро позната мојата филозофија за силиконските производи за коса. Во последен период сѐ повеќе читателки ми пишуваат дека ги оставиле или почнуваат да ги оставаат производите за коса на база на силикони и ме прашуваат што да почнат да користат за нега на косата и како најбрзо да ја ослободат косата од силикони.

Брза постапка за жал не постои (потребно е време), туку “сигурна постапка“ односно онаа која со сигурност ќе ви донесе резултати и на крај коса без силикони.

Оваа статија ја пишувам за сите вас кои сакате засекогаш да ја ослободите косата од силикони. Во неа не само што ќе ви дадам неколку навистина корисни совети кои ќе ви помогнат, туку и ќе ви предложам неколку производи кои може да ги користите во така наречената преодна фаза од силиконските шампони кон органската козметика. Станува збор за производи кои не се 100% природни, меѓутоа сепак се убаво избалансирани и со добри формули и декларации.

Ајде да започнеме

1.Зошто без силикони?


Силиконот се добива по хемиски пат од силициумот и во зависност од начинот на комбинација на самите хемиски елементи се добиваат разни видови на силикони кои се масовно користени во производите за нега на косата. Силиконите се антистатички, отпорни на високи температури и што е најлошо не се биоразградливи.  Немаат никаква улога во негата на косата.

Силиконите имаат таква структура да се лепат за влакното, создаваат еден вид на филм кој го задушува самото влакно и многу тешко се измиваат од косата. Даваат ефект на мека и негувана коса, меѓутоа воопшто не ја негуваат косата. Во одредени случаи ја мастат и отежнуваат косата, а најлошо нешто е што не може да откриеме каков вид на коса имаме доколку истата е обложена со силикон (дава лажна слика).

2. Колку време е потребно?

Навистина е тешко да се одговори на ова прашање затоа што секоја коса е различна, а и првенствено зависи од тоа колку долго сме користеле силиконски производи и со каков интензитет. За мене лично беа потребни 20 миења.

Откако ќе преминете на некој шампон без силикони и конечно ги одмиете оние кои ви се залепиле во косата, ќе ви се чини дека косата ви е посува, помасна, не може да ја средите и ви доаѓа да плачете. Тоа не е резултат на новиот шампон, туку од шампоните пред него. Тоа е за жал вистинската состојба на вашата коса и конечно ќе знаете која е вистинската нега и ќе започнете да ја применувате.

3. Како да започнеме


Започнете посетепено, со користење на производи кои не мора да бидат 100% природни или органски. Тоа ќе и овозможи на косата постепено да се исчисти од силиконите, а верувајте ми вам ќе ви го намали шокот кога конечно ќе видите што се криело под нив.

Овие производи без разлика на тоа што не се комплетно природни, сепак имаат убави формули и се добро избалансирани.

4. Листа на преодни производи

Во продолжение ќе видадам листа на шампони, регенератори и маски кои некои ги имам пробано за вас и според мене се одлични не само како преодни производи, туку и во комбинација со органското од време на време (кај нас изборот на органски шампони сеупте не е голем, така да комбинирањето ќе помогне косата да не се засити од еден ист производ).

Шампони

- Шампон за волумен на Yves Rocher
- Шампон против првут  на Yves Rocher
- Шампон Pure and Shine  на Garnier
- Шампон со 6 билки на Garnier



Балзами и маски

- Балзам за коса со авена на Yves Rocher
- Маска за коса со авена на Yves Rocher
- Балзам за коса  Pure and Shine  на Garnier
- Маска за коса Glenova
- Серум за коса со манго и кокос на Balea

5. Додатни третмани (домашни маски и масла за коса)

Во фазата на прочистување на косата од силикони, многу е важна додатната нега на влакното со домашни маски, особено со растителни масла како кокосово, бадемово, арганово, сусамово, ленено семе и.т.н.

Маслата се од огромна важност за оддржувањето на убавината на косата, со оглед на тоа што ја хранат, го враќаат сјајот и ја негуваат оштетената коса. Во зависност од ефектот и резултатот кој сакаме да го добиеме маслата може да се нанесат на два начини на косата и тоа:

како третман (маска) за коса;
како серум за оштетени врвови (здрава алтернатива на силиконските капки кои само го задушуваат влакното и воопшто не го негуваат).


Како третман маслата за коса секогаш се нанесуваат на благо навлажнета коса никако на сува. Ако го нанесете на сува маслото продира длабоко во влакното и се врзува со мастите природно присутни во нашата коса. По одмивањето тоа со себе ги носи тие природни масла и наместо сјајна и убава коса може да добиеме комплетно спротивен ефект.

На благо навлажнета коса маслото делува само на надворешниот слој од влакното без да навлезе длабоко во него затоа што водата служи како еден вид на бариера и го штити. Косата по измивањето ќе ви биде мека, сјајна и лесно ќе ја обликувате. Третманот за коса се држи најмалку саат време а може да го оставите да делува и цела вечер.

Како серум за коса маслата кои лично ги препорачувам се: кокосово, арган и јојоба. Две три капки од маслото се втриваат меѓу прстите и се нанесуваат само на врвовите од косата.
Верувајте ми не постои подобар и поздрав серум за коса од вака нанесеното масло.

6. Јупиииии конечно чиста коса


Оваа е најубавата фаза со оглед на тоа што конечно сме ја ослободиле косата од силикони. Сега сме подготвени за оганските шампони (или шампони со еко-органска формула) и тука спаѓаат:

Шампони

- Шампон за сува коса со авокадо на Alverde
- Шампон за волумен на Alverde
- Шампон за фарбана коса на Alverde
- Шампон за честа употреба на  Gamarde
- Шампон за честа употреба на Aloedermal
- Шампон за масна коса на Aloedermal

Овие шампони ги имам пребано и за нив лично гарантирам. Секако како што веќе реков кај нас е мал изборот на органски шампони кои истовремено се и економични, така да може да правите комбинации од време на време со оние во преодната фаза за да не се засити влакното од еден ист вид на производ.

Регенератори и маски

- Сите регенератори на марката  Alverde
- Маска за коса на марката Alverde
- Регенератор за коса на Sante


Се надевам дека оваа статија ви се допадна и запомнете клучен збор за да се ослободите од силиконите е упорноста.

Не се откажувајте, дури и во најтешките моменти кога косата ви изгледа за никаде продолжете во намерата, потребно е време, меѓутоа косата потоа ќе заблиска во својот вистински сјај и вашиот труд ќе биде награден.

Поздрав и до следно читање
Вики

 

Saturday, December 3, 2016


Прекрасна коса во месец декември со месечевите промени


Еве не на почеток на месец декември, каде повторно ќе говориме за месечевите промени за здрава и убава коса.

Знам дека повеќето од вас редовно ја следат оваа рубрика, така да како и секогаш така и денес ќе проговориме кои се најдобри денови од месец декември за посета на вашите фризери.

Сите оние кои редовно ја потстрижуваат косата најдобри резултати ќе видат доколу истата ја шишаат во следниве денови: 16, 17, 18, 19, 20.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 6, 7, 23, 24, 25.

Останатите денови од месец декември (1, 2, 3, 4, 5, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15,  21, 22, 26, 27, 28, 29, 30, 31) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.


Најдобри денови за миење на косата се: 1, 2, 3, 6, 7, 10, 11, 14, 15, 19, 20, 23, 24, 25, 28, 29, 30.

 Доколку ја фарбате или шатирате вашата коса за да бојата трае подлго и да има поубав сјај правете го тоа во следниве денови:  3, 4, 5, 10, 11, 12, 13, 30, 31.

Во овие денови косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 15 до 30
Како неутрални денови за фарбање се сметаат:  1, 2, 6, 7, 8, 9, 14

Голем поздрав и ви посакувам прекрасна фризура!!!
Вики
No comments:

 

Sunday, November 27, 2016


Валовита коса со многу волумен на наједноставен можен начин


Здраво драги мои,

многумина од нас посакуваат витката или убаво валовита коса, и најчесто за таа намена користат фигаро или преса за коса. На овој начин под дејство на топлината, влакното видно се оштетува и станува кршливо и посалбо.

Постојат повеќе природни средства и методи за виткање на косата на природен начин како витлери, гумени ластици, мрежи и.т.н., меѓутоа доколку немате ниедно од ова не очајувајте, сепак возможно е да се дојде до убава и валовита коса со многу волумен на наједноставен можен начин.

Ова што ќе ви го предложам во оваа статија случајно го прочитав на интернет и веднаш го пробав за да видам дали и колку функционира. Да ви кажам најискрено воодушевена сум од резултатите, а целиот процес буквлно се случува преку ноќ додека спиеме.

Сѐ што ви е потребно за да го изведете процесот кој ќе го опишам во продолжение на оваа статија е една трака за коса или доколку ја немате може и хулахопка или било кој друг растеглив материјал кој ќе го исечете во вид на трака.

Постапката е следна:


- најнапред измјте ја косата и убаво исушете ја;
- доколку сакате нанесете малку путер за коса, пена или лак за коса (во зависност од она што го користите за стајлинг);
- убаво исчешлајте ја косата и врз главата ставете ја траката;
- поделете ја косата на прамени (колку повеќе прамени направите толку поситни ќе ви бидат локните). Јас ја поделив на три прамени и самите локни беа покрупни;
- земете го праменот и почнете да го обвиткувате околу траката како што е прикажано на сликата (однадвор па навнатре). Истото направете го со сите прамени.

Откако убаво ја обвиткавте косата околу траката може слободно да си легнете да спиете.

Утредента полека извадете ја траката и внимателно ослободете ја косата. Протресете малку со прстите за да ги раздвоите убаво прамените, а и за да добиете во волумен.


Верувајте ми косата не само што е убаво виткана, туку на овој начин добива и голем волумен, а за тоа убаво сте се наспале :)

Еве како изгледаше мојата коса изутрината




Се надевам дека и овој интересен метод ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

 

Friday, November 18, 2016


Збогум на расцветани врвови со маслото од ленено семе


Со почетокот на зимскиот период кога температурите сѐ повеќе опаѓаат, под дејство на студот, ветерот и дождот, нашата коса го губи сјајот и виталноста и станува сѐ послаба и покршлива.

Тука на помош доаѓа маслото од ленено семе кое претставува едно од надобрите природни средства за здрава и убава коса, со оглед на тоа што одлично ја храни косата и ја спречува појавата на расцветаните врвови. Ова негово дејство се должи на поголемото присуство на линолеинската киселина која ја помага хидратацијата на косата и го спречува губењето на влагата од истата, како и на алфа линолеинската киселина која ја зголемува еластичноста и отпорноста на косата.

Овие две масни киселини се есенцијални и од огромна важност, со оглед на тоа што нашиот организам не е во состојба да ги произведе.

1. Како правилно да го избереме маслото?

 Маслото од ленено семе може да го најдете во скоро сите продавници кои се специјализирани за здрава храна и во одредени поголеми супермаркети. Доколку е возможно, најдобро е да го бирате она масло кое доаѓа во темно шише со оглед на тоа што темното стакло подобро го заштитува самото масло.

На самата етикета на производот треба да има само една состојка и тоа Linum Usitatissimum Oil.


Апсолутно избегнувајте ги мешавините со минерални масла, силикони или течен парафин. Бирајте само чисто масло и по можност ладно цедено.

2. Кои се придобивки за нашата коса од третманите со масло од ленено семе?

Маслото од ленено семе длабински ја храни сувата коса. Особено е корисно и за онаа коса која има претрпено одредени “трауми“ како фарбање, пеглање, шатирање и.т.н., како и коса која премногу е изложена на хлорот од базените (во случај да се занимавате со пливање како спорт).

Ова масло има голем број на бенефицци врз нашата коса и тоа:



Длабински ја храни косата и го зголемува сјајот на влакното:
редовната употреба на третмани на база на масло од ленено семе помагаат во оддржување на сјајот и здравјето на косата. Ја прават косата повитална, поотпорна и поздрава.

Ја спречува појавата на расцветани врвови:
маслото од ленено семе можеби е и најдоброто средство во спречување на расцветаните врвови. Секако доколку веќе ги имате нема да ги излечи, меѓутоа со редовна употреба и тоа како ќе ја спречи нивната појава. 

Помага при проблеми со првутот:
ова масло е одлично и во спречување на првутот на косата, особено доколку е сув и доколку имате суво и чувствително теме на главата.

3. Како најдобро да го користиме?

- Маслен третман пред шампонирање:
на благо навлажнета коса нанесете од маслото по должината на косата и на врвовите, Избегнете да го нанесете на коренот (освен ако имате многу сува кожа на темето) затоа што е многу тешко као масло. Оставете да делува најмалку половина час и измијте ја косата со благ шампон.

За да ја зголемите ефикасноста на ова масло, може да го користите во комбинација со жолчка  и мед или пак во комбинација со алое вера гел.

Јас лично го нанесов во комбинација со алое вера гел и резултатите беа овие:



- Третман по миење на косата за здрави врвови:
маслото од ленено семе е одлична замена на штетните силиконски капки кои само го задушуваат влакното и немаат никаква улога во негата на косата. Доколку по миењето на косата (откако малку ќе ја засушите) на благо навлажнета коса нанесете неколку капки масло од ленено семе по должината на косата и на врвовите, не само што ќе ја заштитие косата, туку и ќе имате одличен ефект на мазна и сјајна коса.

Исто така, доколку ја фенирате косата, ова масло одлично ја измазнува косата, го спречува оној ефект на наелектризирана и подуена коса и го зголемува нејзиниот сјај.

Ова масло може да го користите и откако ќе ја исушите косата, две до три капки само на врвчињата на косата. Со оглед на тоа што има навистина многу силен и карактеристичен мирис, може да додадете малку етерично масло од лимон во самото шишенце, кое не само што ќе го подобри мирисот на ова масло, туку и ќе го зголеми сјајот на косата.

- Третман против првут:
како третман против првут, во случај на многу сува кожа на главата, ова масло се нанесува само на темето пред шампонирањето, се остава да делува околу 15 минути и се мие со благ шампон. Ова правете го еднаш неделно.


Дали досега го имате пробано ова масло и колку сте задоволни?

Вашите коментари се добредојдени под самиот текст.

Вики

 

Friday, November 4, 2016


Месечев календар за поубава коса за месец Ноември 2016


Еве не на почеток на месец ноември каде повторно ќе говориме за месечевите промени за здрава и убава коса.

Знам дека повеќето од вас редовно ја следат оваа рубрика, така да веднаш ќе преминеме на главното.

Сите оние кои редовно ја потстрижуваат косата најдобри резултати ќе видат доколу истата ја шишаат во следниве денови: 19, 20, 21, 22.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 8, 9, 26, 27.

Останатите денови од месец ноември (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16,  17, 18, 23, 24, 25, 28, 29, 30) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.



Најдобри денови за миење на косата се: 1, 2, 3, 6, 7, 10, 11, 14, 15, 19, 20, 23, 24, 25, 28, 29, 30.

 Доколку ја фарбате или шатирате вашата коса за да бојата трае подлго и да има поубав сјај правете го тоа во следниве денови: 6, 7, 12, 13.

Во овие денови косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: од 15 до 29
Како неутрални денови за фарбање се сметаат:  1, 2, 3, 4, 5, 8, 9, 10, 11, 14, 30

Поздрав
Вики

Wednesday, November 2, 2016


Хранлива маска за рамна и мазна коса сѐ до врвовите


Сите посакуваме прекрасно мазна и рамна коса без пегла чија преголема топлина има тенденција да ја оштети и исуши косата.

Затоа во денешнава статија ќе направиме еден третман кој ќе ја подготви косата за полесно исправување само со фен и четка. Верувајте ми резултатот ќе ве остави без зборови.

За оваа маска потребни ви се следниве состојки:

- 2 супени лажици пантенол раствор;
- 1 супена лажица какао путер;
- 1 кафена лажичка растителен глицерин;
- 1 кафена лажичка кокосово масло (или некое друго по ваш избор);
- 1 кафена лажичка мед;


Најнапред на пареа стопете го какао путерот и во топлата смеса додадете го маслото.
На друга страна помешајте ги медот, пантенол растворот и глицеринот.

Полека помешајте ги двете смеси заедно и рамномерно нанесете ги на косата по целата должина, особено на краевите.

Покријте ја со ќеса и пешкир, загрејте минута две со фен и оставете да делува околу саат време (или преку ноќ).

По истекот на времето убаво измијте ја косата со благ шампон и завиткајте ја во пешкир.

Држете го пешкирот барем 10 минути за да го собере вишокот на вода, а сепак да не ја извлече целата влага од косата.

Потоа ставете го вашиот производ за стајлинг (пена, масло, крем и др., секако што поприродно може без силикони и нафтени деривати) и сушете ја најнапред косата со прстите и фен. Откако ќе биде сува околу 80%, почнете да ја сушите косата обликувајќи ја со соодветна четка за вашата должина и густина на косата.

Оваа маска толку ќе ја омекне и измазни вашата коса, што верувајте ми, фенирањето ќе ви биде песна. Ќе оди толку глатко и косата ќе ви биде прекрасно свиленкаста и сјајна.


Доколку немате некои од состојките може слободно да направите модификација.

Наместо пантенол раствор ставете алое вера гел, или доколку немате глицерин изоставете го од рецептот.

Можете да ја направите и само со какао путер, кокосово масло и мед затоа што маската повторно ќе има прекрасен ефект врз косата. Во овој случај нанесете ја маската на благо навлажнета коса.


Доколку се решите да ја пробате оставете ваш коментар под текстот за ефектот врз вашата коса.

Поздрав
Вики

Monday, October 24, 2016


Регенерирачка маска за оштетена коса


Честите фенирања, хемиски третирања на косата, меѓутоа и климатските услови како магла, студ, ветар и дожд, негативно делуваат врз нашата коса правејќи го влакното послабо и кршливо.

Доколку имате навистина оштетена коса и не знаете што да правите продолжете со читање затоа што ќе ви предложам еден фантастичен третман за сува и оштетена коса, кој со редовна употреба навистина може да направи голема разлика во квалитетот, здравјето и убавината на вашата коса.

Потребни ви се неколку состојки кои сигурна сум дека повеќето од вас веќе ги имаат дома. На крајот од статијата ќе ви предложам варијанти како замена на одредени состојки доколку сте веган или пак доколку немате некоја од состојките.

За оваа прекрасна маска потребни ви се:


3 кафени лажички балзам или маска за коса (некој квалитетен без силикони);
1 кафена лажичка рицинусово масло;
1 кафена лажичка маслиново масло;
1 кафена лажичка алое вера гел;
1 кафена лажичка глицерин;
1 кафена лажичка мед;
2 кафени лажички јогурт;

Во еден сад помешајте ги убаво сите состојки и смесата нанесете ја на косата.


Оставете да делува околу саат време и убаво измијте ја со благ шампон без силикони, наменет за вашиот тип на коса.

Миењето заврешете го со поладна вода за да се затвори кутикулата и влакното да добие поголем сјај.

Маскава претставува комбинација од повеќе состојки кои се од огромна важност за убавината и сјајот на косата.

Маслата интензивно ја негуваат косата, алое вера гелот и глицеринот хидрираат, медот храни и омекнува, а јогуртот благодарение на кислекастата пх вредност го зголемува сјајот на влакното.

Јас наместо маслиново масло користев масло од семки од грозје, а наместо јогурт кој го немав во моментот користев кокосово млеко кое го купив за да го пробам. 

Еве погледнете го ефектот на оваа маска



Како што напоменав на почетокот, би сакала да ви дадам неколку варијанти или замена за одредени сотојки доколку ги немате:

- наместо две лажички јогурт, доколку сте веган користете една лажичка растително млеко и една лажичка оцет. Растителното млеко ќе ја омекне косата, а оцетот ќе ја даде онаа киселкаста пх вредност за поголем сјај на влекното.

- наместо маслиново масло може да користите било кое друго како кокосово, бадемово, макадамија...она што имате дома.

- доколку немате алое вера гел, слободно изоставете го од рецептот, меѓутоа обавезно ставете ја препорачаната доза на растителен глицерин (една кафена лажичка);

- доколку немате глицерин во тој случај ставете две лажички алое вера гел.(пожелно е да имате или алое вера гел или глицерин, идеално би било и двете меѓутоа доколку ги немате двете, во тој случај барем едното)

- доколку сте веган, медот заменете го со маџун или пак супена лажица шеќер растворен во многу малку вода. Шеќерот одлично омекнува.

Се надевам дека овој предлог ви се допаѓа, а вие доколку го пробате, пишете ваши коментари под текстов колку сте задоволни од резултатот.

Поздрав
Вики


 

Monday, October 3, 2016


Месечев календар за здрава и убава коса за Октомври 2016


Здраво драги мои,

пред да заборавам и некоја читателка да ме потсети :) го објавувам месечевиот календар за месец Октомври 2016.

Доколку го следите во продолжение ќе ви кажам кои денови се најдобри за изведување на одредени третмани за нега и убавина на нашата коса.

Веќе добро знаете како функционира, па да преминам на главното.

Сите оние кои редовно ја потстрижуваат косата најдобри резултати ќе видат доколу истата ја шишаат во следниве денови: 22, 23, 24, 25, 26.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 2, 3, 4, 12, 13, 29, 30, 31.

Останатите денови од месец октомври (1, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 14, 15, 16,  17, 18, 19, 20, 21, 27, 28) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.


Најдобри денови за миење на косата се: 1, 5, 6, 10, 11, 14, 15, 18, 19, 22, 23, 24, 27, 28.

Доколку ја фарбате или шатирате вашата коса за да бојата трае подлго и да има поубав сјај правете го тоа во следниве денови: 10, 11.

Во овие денови косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 1,  и од 17 до 30.

Како неутрални денови за фарбање се сметаат: од 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 14, 15, 16.

Поздрав
Вики

 

Tuesday, September 13, 2016


Домашен серум за мазна коса


Особено овој период кога почесто врне, поголемата влага во воздухот ја прави мојата коса многу тешка за скротување и некако го прави влакното подуено.

Како и да е косата изгледа несредено и прамените летаат насекаде.

Без разлика дали станува збор за виткана или права коса, во продолжение ќе ви дадам еден рецепт за домашен серум кој ќе направи вашата коса да биде перфектно мазна

За неговата подготовка потребни се неколку состојки и тоа:

- 3 кафени лажички крем за тело, раце или лице (секако без силикони);
- 1 кафена лажичка растителен глицерин;
- 1 кафена лажичка алое вера гел;
- 1 кафена лажичка кокосово масло (или друго по ваш избор);
- етерично масло

Во еден сад помешајте ги кремот, глицеринот, маслото и алое вера гелот, и доколку имате дома (и секако доколку кремот е без мирис) додадете 5 капки етерично масло по ваш избор. Јас користев сладок портокал.

Префрлете ја смесата во едно празно кутивче или шишенце со пумпица.


Структурата може да биде погуста или потечна во зависност од кремот кој го користевте како база. Исто така и мирисот зависи од кремот, па доколку користите некој крем кој веќе убаво мириса, нема потреба да ставате етерични масла за да не ги мешате мирисите.

Најдобро е да го нанесете на полувлажна коса (по миењето засушете ја малку со фен) или пак многу мала количина само на врвовите на сува коса.


Се надевам дека овој навистина лесен рецепт ви се допадна.

Голем поздрав и се читаме наскоро.
Вики

 

Tuesday, August 23, 2016


Стоп на расцветани врвови на косата


Здраво драги мои,

како што можевте да прочитате од самиот наслов денес ќе ви предложам рецепт за еден домашен производ кој може да го употребувате како заштита од расцветување на врвовите на косата.

Ова секако не значи дека доколку врвовите ви се расцветани овој производ ќе направи да исчезнат, туку значи дека со редовна употреба ја спречува појавата на расцветани врвови и ја оддржува убавината на косата.

Може да се користи на сува коса како стајлинг или на мокра коса пред сушењето.
Знам дека сте нетрпеливи да започнеме со подготовката, па затоа да не должиме.

Сѐ што ви е потребно за подготовката на овој производ е:

2 кафени лажички кокосово масло
1 кафена лажичка арганово масло (или јојоба)
половина кафена лажичка маслиново масло
1 ипол кафена лажичка шеа путер или 1 кафена лажичка какао путер
1 полна кафена лажичка пчелин восок
етерични масла по избор (лимон, лаванда)

Во еден сад ставете ги сите состојки и стопете ги на пареа. Откако ќе ја тргнете смесата од водената пареа оставете малку да се разлади па додадете ги етеричните масла (доволни се 4 капки).

Убаво промешајте и префрлете ја смесата во едно празно кутивче. Може да користите и некое рециклирано од веќе завршен козметички производ.

Оставете да се зацврсне и вашиот производ е готов.


Кокосовото масло во овој производ е обавезно, меѓутоа доколку немате арганово или масло од јојоба, ставете само кокосово. Маслиновото масло е одлично за косата и исто така е неизбежно во овој производ. Меѓутоа доколку го немате ставете бадемово.

Шеа путерот е прекрасен за нега на косата, меѓутоа доколку го немате може да користите и какао путер. Во случај да користите какао путер ставете една рамна кафена лажичка пчелин восок а не полна, за да добиете убава структура.

Овој произвид како што веќе ви напоменав се нанесува на два начина и тоа:

на влажна коса по миењето (пред да ја исушите);
или на веќе сува коса сосема мала количина само на врвчињата како стајлинг.

Со редовна употреба ќе забележите дека вашата коса е поздрава и поубава. Овој домашен производ претставува и одлична замена на силиконските капки кои може да ги најдете во продажба.


Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите овој домашен производ.

Доколку тоа е така, пишете ги вашите импресии под самиот текст.

Поздрав
Вики



No comments:

 

Friday, September 2, 2016


Месечев календар за поубава коса за месец септември 2016


Здраво на сите љубителки на месечевиот календар,

еве не повторно на почеток на нов месец со месечевите промени кои влијаат врз здравјето и убавината на нашата коса.

Во продолжение како и секој месец, ќе ви кажам во кои денови одредени третмани на косата имаат одличен исход, кога е најдобро да ги избегнувате, а кои денови се сметаат за неутрални.

Сите оние кои редовно ја потстрижуваат косата најдобри резултати ќе видат доколу истата ја шишаат во следниве денови: 1, 25, 26, 27, 28, 29.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 5, 6, 14, 15, 16.

Останатите денови од месец септември (2, 3, 4, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 30) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.


 Најдобри денови за миење на косата се: 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12, 13, 17, 18, 21, 22, 25, 26, 30.

Доколку ја фарбате или шатирате вашата коса за да бојата трае подлго и да има поубав сјај правете го тоа во следниве денови: 2, 3, 4, 12, 13.

Во овие денови косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 1,  и од 17 до 30.

Како неутрални денови за фарбање се сметаат: од 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 14, 15, 16.


Голем поздрав и до следно читање.
Вики

 

Friday, August 12, 2016


Месечев календар за поубава коса за месец август 2016


Здраво на сите,

да си бидам најискрена заборавив да ја објавам статијава на почетокот на месецот и за среќа ме потсети една читателка на блогот.

Веќе добро ви е познато како функционира ова, така да веднаш ќе преминам на деновите од месец август 2016, кои се најпогодни или не се погодни за одредени третмани.

Најдобри денови за миење на косата се: 1, 2, 3, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 16, 17, 20, 21, 24, 25, 26, 29, 30.

Најдобри денови за шишање на косата се: 1, 2, 3, 4, 5, 29, 30, 31.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 9, 10, 18, 19.

Останатите денови од месец август (6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.


Најдобри денови за фарбање или шатирање на косата се: 6, 7, 8, 16, 17

Во овие денови бојата подолго трае и има поголем сјај. Исто така и косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 1, 2, и од 19 до 31.

Како неутрални денови за фарбање се сметаат: од 3 до 18


Поздрав
Вики 

No comments:

 

Monday, July 25, 2016


Маска за опоравување на косата по летните одмори


Здраво драги мои

многумина од нас веќе беа на летен одмор и прекрасно си поминаа со најблиските на одредената дестинација.

Се вратија со прекрасен тен, многу слики, фантастични спомени...и неколкумина и со малку посува и дехидрирана коса.

Доколку тоа е случај и со вас продолжете да ја читате оваа статија затоа што ќе ви предложам една природна маска која, веќе по неколку употреби, дава фантастични резултати кај оштетената коса по летните одмори.

Многу е лесна за подготовка, а поголемиот број на состојките веќе ги имате во вашите кујни.

Ќе ви дадам две варијанти: обична и веган, каде ќе претставам алтернатива за состојките кои се од животинско потекло.

Ајде да започнеме со подготовката.

1. Маска бр. 1


- жолчка од едно јајце;
- една супена лажица мед;
- една супена лажица маслиново масло (или друго по ваш избор);
- една супена лажица јогурт (може и кисело млеко)
- две кафени лажички растителен глицерин

Во едно пластично, стаклено или порцеланско тањирче помешајте ги сите состојки и смесата нанесете ја на благо навлажнета коса. Нанесувањето правете го во бањата над лавабото или кадата затоа што маскава е доста течна како структура.

Откако ќе ја нанесете ставете обична пластична ќеса и врз неа пешкир и држете ја така најмалку половина час (најдолго колку што можете и имате време).

По истекот на времето измијте ја косата со убав и квалитетен шампон и сушете ја како што обично правите.


Верувајте ми, веќе по три употреби ќе забележите видно подобрување кај вашата коса.

Ви советувам овој период да избегнувате преса или фигаро и доколку сте во можност косата да ја сушите природно или на опција ладен воздух од фенот.

Зошто токму овие состојки:

- Жолчката од јајце е богата со протеини, витамини и масти. Содржи 50% вода, 17% протеини и 30% масти. Жолчката од јајце е во можност длабоко да ја регенерира косата и да направи истата да изгледа поздраво и со повеќе волумен.

-  Медот е одлична состојка кога станува збор за здравјето и убавината на косата. Со редовна употреба го прави влакното повитално и ја спречува појавата на расцветани врвови. Одлично ја омекнува косата и го зголемува нејзиниот сјај.

- Јогуртот го користиме поради киселкастата ph вредност која и те како и одговара на нашата коса. Го зголемува сјајот на влакното а со самото тоа и убавината на нашата коса.

- Растителниот глицерин може да го најдете во скоро сите аптеки. Ја задржува влагата во косата и ја омекнува самата коса.

- Маслиновото масло е едно од најдобрите масла за нега на косата затоа што е богато со витамините Е и А. Лесно може да се најде во сите супермаркети. Доколку немате дома маслиново масло може да употребите кокосово, бадемово или она масло кое го имате дома.


2. Веган варијанта

- една супена лажица маслиново масло (или друго по ваш избор);
- една супена лажица растително млеко (соја, бадем, ориз);
- една супена лажица малтекс или маџун;
- половина кафена лажичка соја лецитин;
- две кафени лажички растителен глицерин


Најнапред во млекото ставете го соја лецитинот и почекајте најмалку два часа додека комплетно да се растопи. Потоа додадете ги останатите состојки и смесата нанесете ја на благо навлажнета коса.

Откако ќе ја нанесете ставете обична пластична ќеса и врз неа пешкир и држете ја така најмалку половина час (најдолго колку што можете и имате време).

По истекот на времето измијте ја косата со убав и квалитетен шампон и сушете ја како што обично правите.


Во оваа варијанта состојките од животинско потекло ги заменивме со оние од растително.

- Малтексот го користиме како замена за медот кој исто така ја омекнува косата.

- Растителното млеко го додадовме наместо јогуртот. Во случајов не е баш комплетна замена со оглед на тоа што јогуртот има киселкаста ph вредност, меѓутоа од друга страна растителните млека како оризово или бадемово одлично ја хранат косата.

- Соја лецитинот може да го најдете во сите продавници за здрава храна и овде го ставивме како замена на жолчката од јајцето. Долго време се мислев што да ви предложам како замена за жолчката и еве соја лецитинот е фантастична замена.

Единствено нешто што треба да запомните е да не се користи лецитинот во голема количина затоа што потешко се отстранува од косата и ќе имате ефект на масна коса.

Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна и дека ги задоволив сите читателки па и оние кои се веган.

Доколку сеуште не сте биле на одмор во тој случај прочитајте ја статијата како да ја заштитиме косата за време на летните одмори

Поздрав
Вики

 

Monday, July 18, 2016


5 третмани кои го помагаат растот на косата


Сите ние сакаме убава, долга, густа и пред сѐ здрава коса која е полна со сјај и убавина. Убавината и здравјето на косата зависат од многу фактори како исхрана, правилна нега и користење на убави производи.

Во денешнава статија со вас сакам да споделам неколку природни третмани кои го помагаат растот на косата. Ова секако не значи дека косата ќе порасне веднаш до половина, туку дека со редовна употреба го стимулираат правилниот и здравиот раст на косата.

1. Растително масло од рузмарин


Ова е еден навистина многу добар метод кога станува збор за растот на косата со оглед на тоа што рузмаринот ја стимулира циркулацијата. Се подготвува на тој начин што во една тегла се ставаат суви гранчиња рузмарин и се додава масло колку да се покрие комплетно.

Се остава на суво место месец дена (на пример во креденец во кујната далеку од сончева светлина) и на секои 3 до 4 дена се протресува тегличката. По истекот на времето, се прецедува и со добиеното масло се прави масажа на темето пред секое миење на косата.

За детални информации околу тоа како се подготвуваат растителни масла прочитајте овде.

Важно: растителното масло од рузмари и етеричното масло од рузмарин не се исти. За повеќе информации околу етеричните масла прочитајте ги следниве статии:

Ароматерапија

Најчесто поставувани прашања за етерични масла

2. Кокосово млеко


Кокосовото млеко е одлично кога станува збор за здрав и побрз раст на косата. Може да го купите веќе готово (најчесто се продава во конзерва) или самите да го направите според овој рецепт.


Се зема мала количина од млекото и со него се масира темето на главата со благи кружни движења, Се остава да делува околу 30 мин. и се мие со благ шампон.


3. Третман со кромид


Кромидот е исто така одлична состојка кога станува збор за подобар и поздрав раст на косата.
Може да го користите на два начина и тоа:

- Земете еден мал кромид и две лажички мед и со помош на еден блендер направете го како каша. Со добиената смеса направете масажа на темето пред шампонирањето и оставете да стои околу 20 мин. Потоа измијте ја косата со убав и благ шампон.

- Вториот начин е да го користите во комбинација со оцет.


Најнапред направете оцет од кромид (погледнете ја оваа статија околу процедурата и подготовката) и помешајте една третина од овој оцет со две тртини вода.

Направете блага масажа на темето, оставете да делува околу 10 мин, и измијте со благ и убав шампон.

4. Алое вера гел

Алое вера гелот е уште една прекрасна состојка која го помага здравиот раст на косата.
Земете малку алое вера гел и со него благо масирајте го темето на главата. Оставете да делува околу 30 мин. и потоа измијте убаво со благ шампон.

5. Третман со коприва


Копривата исто така е одлична кога станува збор за подобар и поздрав раст на косата. Земете една шака суви или свежи листови од коприва и потопете ги во многу врела вода. Откако ќе се излади на веќе измиена мокра коса (претходно измијте ја со шампон) со листовите правете блага масажа врз темето околу 3 мин. Откако ќе завршите со масажата, врз косата нанесете го и чајот од корприва како последна вода за исплакнување.

Овој третман малку ја потемнува косата, така да не го препорачувам кај русокоси (барем кај мене имаше затемнувачки ефект врз бојата на косата).

Се надевам дека овие интересни третмани ви се допаднаа.

Дали досега имате пробано нешто од ова?
Вашите коментари се секогаш добредојдени под текстот.

Вики


No comments:

 

Friday, July 1, 2016


Месечев календар за месец јули 2016


Здраво драги мои,

еве не во првиот ден од месец јули, кој знаете е резервиран за месечевиот календар за убавина и здравје на косата.

Веќе добро ви е познато како функционира ова, така да веднаш ќе преминам на деновите од месец јули 2016, кои се најпогодни или не се погодни за одредени третмани.

Најдобри денови за миење на косата се: 1, 2, 5, 6. 10, 11, 15, 16, 20, 21, 24, 25, 28, 29

Најдобри денови за шишање на косата се: 5, 6, 7, 8, 9

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 3, 4, 22, 23, 30

Останатите денови од месец јули (1, 2, 12, 13, 14, 17, 18, 19, 24, 26, 37) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.


Најдобри денови за фарбање или шатирање на косата се: 10 и 11

Во овие денови бојата подолго трае и има поголем сјај. Исто така и косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 1, 2, 3, 4 и од 20 до 31 јули

Како неутрални денови за фарбање се сметаат: 5, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19

Поздрав
Вики

 

Thursday, June 30, 2016


Природни состојки за нега и сјај на темната коса


После многубројните статии за руса коса, редно е да направам и една за темнокосите :)

Темната коса има потреба од особена нега со внимателно одбрани состојки со цел да го задржи сјајот и убавината. За среќа, природата ни дава голем број на состојки кои одлично помагаат во ова, и не само што даваат поголем сјај туку исто така ја оддржуваат темната боја и ја прават поинтензивна. Некои од состојките одлично покриваат и бели влакна (не веднаш секако со неколку употреби), така да претставуваат валидна алтернатива на црната к'на.

Ајде да видиме кои состојки се најдобри за нега на темната коса и како да го извлечеме максимумот од нив.


1. КАФЕ


Многумина од нас денот го започнуваат со една шоља топло и јако кафе, или пак го конзумираат за време на паузата во канцеларија. Кафето во секој случај е напиток кој е најчесто дел од нашиот доручек или моменти на релакс. Меѓутоа кафето освен што може да го пиеме, може и да го нанесеме на косата со цел да ја направиме темната коса поинтензивна и да го зголемиме сјајот.

Кафето освен тоа што постепено ја затемнува косата, исто така го помага производството на кератин и го намалува опаѓањето на косата, благодарејќи на неговото стимулирачко дејство.


Маска со кафе за поинтензивна боја на косата

Оваа маска е навистина фантастична за косата и со редовна употреба постепено ја затемнува бојата. Доколку вашата коса е природно црна, оваа маска е одлична за оддржување на бојата и дава поголем сјај на влакното. Сѐ што ви е потребно за да а направите е:

- една кафена лажичка талог од кафе;
- половина кафена лажичка јаболков оцет;
- една кафена лажичка мед;
- жолчка од едно јајце

Најнапред направете едно многу јако кафе (дупла доза од она што нормално го пиете). Земете го талогот и помешајте го со останатите состојки. Доколку смесата е многу густа додадете малку од течноста на кафето.

Нанесете ја маската на благо навлажнета коса и оставете да делува од 30 мин. до час време. Потоа измијте ја косата со убав шампон. Доколку вашата коса е многу долга и густа зголемете ги дозите.

2. ИСПЛАКНУВАЊЕ НА КОСАТА СО ЧАЈ


Одредени видови на чаеви се одлични за црната коса со оглед на тоа што ја живнуваат бојата, постепено затемнуваат и даваат огромен сјај на влакното.

Тука спаѓаат:

- црн чај
- зелен чај
- жалфија
- коприва

Сѐ што треба да направите е да ставите две кесички чај по ваш избор во една шоља за чај зовриена вода и да ги чувате сѐ додека течноста да се олади. Доколку сакате, додадете една кафена лажичка јаболков оцет за поголем сјај. Со оваа течност плакнете ја косата по секое миење.

3. ТРЕТМАН СО ОРЕВ 

Оревот е еден од најдобрите јаткасти плодови за косата без разлика на тоа дали го конзумирате внатрешно или да го користите надворешно. Идеално би било комбинација од двете со оглед на тоа што доколку е внесен по внатрешен пат, оревот го подобрува квалитетот на косата, благодарение на големиот број на минерали како фосфор, потасиум, магнезиум, калциум, железо и витамини како Б1, Б2, Б6 и Е.

Надворешно, оревот е една од најдобрите состојки за потемнување на косата. Може да ги користите лушпите или плодовите.

Земете неколку лушпи од орев и убво згмечете ги (што поситно тоа подобро). Ставете ги во врела вода сѐ додека течноста да се олади. Нанесете ја смесата на косата внимателно носејќи ракавици за една употреба затоа што оревот навистина многу бои. Покријте ја со ќеса и ставете врз неа некој постар пешкир. Оставете да делува околу 1 час и измијте убаво со благ шампон.


Доколку сакате може да користите и јатка од орев која претходно ситно ќе ја исецкате варите околу 5 до 10 мин. во една шоља вода покриена со капак. По истекот на времето исклучете и оставите да се олади. Прецедете ја течноста и нанесете ја врз косата околу саат време покриена со ќеса. Убаво измијте со благ шампон.

Овие третмани нема секако да дадат драстични резултати на потемнување на косата уште веднаш, меѓутоа со редовна употреба ќе се воодушевите од резултатите и сјајот на вашата коса.

Се надевам дека овие рецепти ви се допаднаа.

Поздрав и до следно читање.
Вики

 

Friday, June 3, 2016


Домашна маска за свиленкаста коса


Здраво на сите

во оваа статија сакам да ви предложам една прекрасна маска за коса која го измазнува влакното, дава голем сјај и ја дисциплинира косата.

Навистина е многу лесна за подготовка, а верувајте ми ефектот ќе ве остави без збоови.

Сѐ што ви е потребно за да ја подготвите е:

5 кафени лажички балзам или маска за коса (по можност без силикони)
4 кафени лажички масло (кокосово, јојоба, макадамија)
3 до 4 кафени кажички какао путер
1 кафена лажичка мед
10 капки етерично масло по ваш избор (лимон, рузмарин, лаванда)

Во еден сад најнапред растопете ги на пареа какао путерот и маслото. Јас користев масло од макадамија кое е одлично за косата, меѓутоа вие слободно може да ставите некое друго масло како кокос или јојоба. Откако ќе се стопат, оставете ја смесата да се излади (може и во фрижидер за да ја убрзате постапката).

Во друг сад ставете ги балзамот и медот и убаво промешајте.

Додадете ја изладената смеса од какао путер и масло на смесата од балзам и мед и со помош на еден мал рачен блендер убаво матете, сѐ додека не добиете убава изедначена смеса. На крај додадете го етеричното масло или масла и продолжете да матите.

Јас користев 3 кафени лажички какао путер, меѓутоа ви препорачувам 4 за подобра структура на производот. На почеток оваа кремаста маска има потечна структура


меѓутоа со оглед на тоа што се чува во фрижидер структурата се згуснува.


Се нанесува на сува или на благо навлажнета коса (по должината на косата) и се остава да делува најмалку половина час. Потоа се мие со благ шампон.

По употребата на оваа маска, косата е неверојатно мека, убава и навистина многу лесна за обликување. Влакното добива прекрасен сјај и живост.

Со оглед на тоа што косата лесно се расчешлува и обликува, може да ја користат и девојките со права, и оние со виткана или валовита коса.

Направив слики и со права и со виткана коса за да ви го покажам ефектот на маската.

Еве како изгледаше мојата коса откако по употребата на оваа маска ја исправив. Ја засушив со фен и само кратко поминав со четка и фен (немаше потреба од многу фенирање)



Еве како изгледаше мојата коса кога по нанесувањето на маската ја навиткав



Се надевам дека овој лесен домашен рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите и да се уверите во неговиот ефект.

Трае месец дена и се чува во фрижидер. Во зависност од должината и густината на косата, оваа количина е доволна за 3 (доколку имате многу долга и густа коса) до максимум 6 апликации (доколку вашето влакно е потенко или имате пократка коса).

Доколку ја пробате, оставете коментар за вашето искуство и импресии под текстот.

Ве поздравувам и се читкаме наскоро.
Вики


Wednesday, June 1, 2016


Погуста и поубава коса благодарение на месечевите промени во јуни 2016


Здраво драги мои,

еве не во првиот ден од месец јуни, па сакам повторно да пишувам за една интересна тема за која пишував и пред месец дена, односно месечевиот календар за убавина и здравје на косата.

Доколку се сеќавате во статијата од месец мај ви кажав дека според некои верувања месечинатаможе да го зголеми ефејтот на одредени третмани на косата и да помогне во нашата намера за поубава и погуста коса. 

На пример доколку сакаме нашата коса да биде погуста и поздрава треба да ја шишаме одредени денови кога месечината е во лав или девица, а да избегнуваме кога е во рак или риби.

Како и минатиот пат така и денес, во продолжение ќе ви дадам листа на деновите во месец јуни 2016 кои се најадекватни за нега и третмани на косата.

Најдобри денови за миење на косата се: 1, 4, 5, 8, 9, 12, 13, 14, 17, 18, 19, 22, 23, 24, 27, 28

Најдобри денови за шишање на косата се: 8, 9, 10, 11, 12

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 6, 7, 21, 25, 26


Останатите денови од месец јуни (1, 2, 3, 4, 5, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 22, 23, 24, 27, 28, 29, 30) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите поголема промена.

Најдобри денови за фарбање или шатирање на косата се: 12, 13, 14

Во овие денови бојата подолго трае и има поголем сјај. Исто така и косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени. 

 Избегнувајте да се фарбате во деновите: 1, 2, 3, 4, 5, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30

Како неутрални денови за фарбање се сметаат: 6, 7, 8, 9, 10, 11, 15, 16, 17, 18, 19, 20

Како што веќе имам напоменато функционалноста на ова сеуште не е докажана.
Јас лично го правам и гледам дека има некој ефект. Можеби зависи и од мислата, односно убедувањата, меѓутоа како што се вели ако пробаме ништо не губиме, може само да добиеме.


Поздрав
Вики

 

Monday, May 9, 2016


Направи сам: шампон за суво миење на косата


Гледам дека овој вид на шампони стануваат сѐ попопуларни и доста користени од страна на девојките кои имаат масна коса. Јас лично не сум голем фан на овој вид на производи и никогаш и немам пробано вакво нешто, меѓутоа знам дека во одредени ситуации и тоа како може да биде спас за масната коса.

Токму поради големото барање на пазарот на ваквиот вид на производи почнав да го разгледувам составот на повеќето познати шампони од овој вид и во продолжение ќе ви дадам декларации на неколку, без секако да говорам за која марка станува збор.

Пример бр. 1

BUTANE, PROPANE, ALCOHOL DENAT., ORYZA SATIVA STARCH,  CETRIMONIUM CHLORIDE, PARFUM

Пример бр. 2

BUTANE, ISOBUTANE, PROPANE,ORYZA SATIVA STARCH, ALCOHOL,PARFUM, BUTYLPHENYL METHYLPROPIONAL, LINALOOL, DISTEARYLDIMONIUM CHLORIDE, CETRIMONIUM CHLORIDE

Пример бр.3

BUTANE, PROPANE, ISOBUTANE, ORYZA SATIVA STARCH, ALCOHOL DENAT, ALUMINIUM STARCH OCTENYLSUCCINATE, AVENA SATIVA KERNEL OIL, CYCLODEXTRIN, CYCLOMETHICONE, PARFUM, ISOPROPYL MYRISTATE, SILICA

Пример бр. 4

BUTANE, PROPANE, ISOBUTANE, ORYZA SATIVA STARCH, ALCOHOL 39-C, LUMINIUM STARCH OCTENYLSUCCINATE, URTICA DIOICA EXTRACT,CYCLOMETHICONE , PARFUM, ISOPROPYL MYRISTATE, SILICA

Пример бр. 5

BUTANE, ORYZA SATIVA STARCH, ALCOHOL DENAT., PARFUM, DISTEARYLDIMONIUM CHLORIDE.  

Како што може да забележите од дадените примери, главна и основна состојка во скоро сите шампони е  ORYZA SATIVA STARCH која е всушност нишесте од ориз и заслужна е за ефектот на косата, односно за апсорбирањето на мастите од косата.


Се обидов во домашни услови да експериментирам со нишестето (јас имам пченкарно и со него експериментирав) и во продолжение на оваа статија ќе ви ги изнесам моите импресии со слики пред и по употребата.

Најнапред во едно празно кутивче ставив три супени лажици нишесте и додадов три капки етерично масло и тоа една од чајно дрво и две од лимон. Овие етерични масла се одлични за масна коса а и даваат убав мирис на производот. Убаво промешав со едно дрвено стапче (може и со пластична лажичка), го затворив кутивчето и убаво протресов.

Доколку се сеќавате кога ви говорев за маслата кои ги користиме како третман, постојано ве потсетував да не ги нанесуваме на сува коса туку на благо навлажнета затоа што се врзуваат за природните масти на косата.... епа, во случајов ќе направиме обратно.

Земете мала количина на некое масло (бадемово, маслиново) и нанесете ја на коренот на косата со благи движења. Оставете да делува околу 10 мин. за да му дадете време да се врзе со природните масти во косата.


По истекот на 10-те мин. со помош на една стара четка од шминка или пак со прстите (може и со помош на едно чисто соларниче во кое ќе го ставите производов) нанесете го нишестето врз коренот (онаму каде го ставивте маслото и каде косата ви е масна) и направете со прстите блага масажа. Оставете околу минутка две и потоа со помош на една четка за коса убаво исчешлајте и отстранете го вишокот на нишесте.  На овој начин нишестето го апсорбира маслото кое ги апсорбирало природните масти во косата и резултатот е почиста коса.



Еве ви слики

мојата коса пред третманот


мојата коса со маслиново масло


мојата коса откако нанесов нишесте



Само да напоменам дека косата не е префектно чиста како кога би била доколку ја измиеме со вода и шампон, меѓутоа пристојно изгледа и ќе може да издржиме уште еден ден без да ја измиеме.

За русокосите овој рецепт е погоден, меѓутоа доколку сте црнокоси во тој случај наместо три лажици, ставете две нишесте и една какао во прав. На тој начин нема многу да се забележува нишестето во косата затоа што какаото ќе го ублажи.

Доколку сеуште забележувате нишесте во косата, дувнете ја малку со фен на ладна температура.

Важно е да напоменам дека шампонот за суво миење на косата треба да се користи во одредени ситуации а не постојано, затоа што сепак не станува збор за вистинско миење на косата. Исто така оние кои имаат суво или чувствително теме или страдаат од првут, пожелно е да го избегнуваат со оглед на тоа што нишестето суши (ги апсорбира мастите), и може да ја влоши состојбата.

Дали и вие некогаш сте пробале шампон за суво миење на косата и какво е вашето искуство?

Поздрав
Вики




Saturday, May 7, 2016


Фен со јони vs обичен фен


Оваа статија ја пишувам како резултат на едно скоро искуство со фенот за коса кое, доколку не ми се случеше немаше воопшто да ми текне да напишам вакво нешто. Меѓутоа, за да може убаво да разберете за што станува збор, потребно е да се вратам малку поназад и убаво да ви објаснам сѐ.

Пред околу 6 години добив на подарок фен со јони кој го користам непрестајно цело време откако го добив. Дури и кога одам на патување го носам секогаш со мене затоа што, откако почнав да го користам забележав дека косата ми ја прави прекрасно мека, а има и додаток четка која се прикачува на самиот фен и го олеснува фенирањето.

Пред околу 2 недели косата не ја исушив со мојот фен (ја исушив со друг обичен фен) и забележав огромна разлика. Наместо мазна како и секогаш, косата ми се наелектризира и не можев да ја средам убаво. Дома повторно ја измив и ја исушив со фенот кој го користам и сѐ беше супер.


Направив уште една проба, ја измив косата и ја исушив со друг обичен фен и пак исто: наелектризирана, непослушна и помалку мека од вообичаено.

Почнав да се запрашувам како всушност функционира овој фен со јони и на што се должи овој убав ефект врз косата.

Со оглед на тоа што не сум инжињер и не се разбирам многу во технологија на фенови, направив мало истражување околу функцијата на јоните во фенот и еве што открив.

Фенот со јони не ја суши косата како обичните фенови.

Технологијата јони функционира на тој начин што наместо да ја “издува водата од косата“ ја разложува (трансформира во микромолекули) и истата се задржува подолго во косата со што придонесува за поголема хидратација на влакното. 

Овој тип на фен го елиминира ефектот на сува коса и дава поголем сјај на влакното.

Како што реков не знам како точно функционира технологијата, меѓутоа со оглед што го користам веќе 6 години, може да говорам за ефектот кој го забележав врз мојата коса.


Откако ќе ја исушам косата со фенот со јони забележувам навистина поголем сјај (добро ова се должи и на негата со масла секако) меѓутоа со обичните фенови истиот сјај не се забележува (направив повеќе проби). Косата е подисциплинирана, нема ефект на сува коса и на допир е помека.

Со оглед на тоа што мојот фен има функција и за ладење, ја користам секогаш кога ја сушам косата (одлично суши а не испушта топлина). Во споредба со нормалните фенови, овој и на ниска температура или со опцијата ладен возух, суши многу побрзо. Ова е одлично со оглед на тоа што се заштедува време (особено кај оние девојки кои имаат многу густа коса).

Друго нешто многу важно е што косата воопшто не се електризира. Не знам на кој начин се постигнува овој ефект, меѓутоа се забележува и тоа доста.

Никогаш не би рекла дека фенот може да направи ваква разлика.
Сметам дека фенот не е само инструмент кој испушта топол воздух и ја суши косата, туку многу повеќе. Од голема важност е да се одбере добар и квалитетен фен со оглед на тоа што преголемата топлина видно ја оштетува косата.

Без разлика на видот на фенот (со или без јони), знајте дека останува правилото дека при сушењето на косата (па дури и на најниска температура) фенот треба да се држи што подалеку од косата.

Дали и вие имате искуство со овој вид на фен и какви се вашите импресии?
Каков вид на фен за коса најчесто користите?

Вики

 

Saturday, May 7, 2016


Спреј за волумен и сјај на косата


Кога станува збор за косата, сите сакаме две нешта: поголем сјај и волумен на истата.

Меѓутоа кога ќе размислам подобро сакаме и помека коса, лесна за расчешлување и свиленкаста на допир. За да го постигнеме сето ова, освен правилната исхрана, шампоните и третманите со масла, од голема важност се и производите за стајлинг на косата како креми, гелови, пени и спрејови за коса.

Во продолжение на оваа статија ќе ви предложам два прекрасни домашни производи (спреј за коса) кои, доколку редовно ги употребувате, ќе ја препородат вашата коса.

Истовремено ќе ја омекнат косата, ќе ја направат полесна за расчешлување и ќе го зголемат сјајот и волуменот на истата. Доколку косата ви е фарбана или шатирана, со самото тоа што го зголемуваат сјајот на влакното, на некој начин прават бојата да живне и да биде поубава.

Навистина се многу лесни за подготовка, затоа да не должиме повеќе туку да се фатиме за работа.

СПРЕЈ ЗА КОСА СО ГЕЛ ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ


За овој спреј потребно ви е:

гел од ленено семе
јаболков оцет
растителен глицерин
етерични масла од лаванда и лимон

Пред да преминам на вистинскиот рецепт најнапред мора да ви кажам како да подготвите гел од ленено семе кое е основа на овој спреј.

Лененото семе содржи висок процент на минерали како фосфор, магнезиум и бакар, 20 % на протеини и 40% масти. Ова семе има безброј корисни дејства врз организмот и може да се конзумира во супи, салати и како чај, меѓутоа од него може да се направи и гел за нега на косата. Со редовна употреба на овој гел, косата буквално ќе се препороди, ќе стане поздрава и посјајна.

Порано овој гел го правев на овој начин http://biodevojka.blogspot.mk/2015/03/blog-post_23.html, меѓутоа со оглед на тоа што за овој рецепт потребно е гелот да биде малку потечен ќе го направиме поинаку.

Земете 30 гр. ленено семе (околу 3 рамни супени лажици) и 250 мл. вода (една чаша). За полесно да го направите овој гел ќе ви треба едно мало тенџерче во кое ќе ја ставите водата и една поголема цедилка (горе долу слична димензија како тенџерчето) во која ќе го ставите лененото семе. Цедилката ставете ја во тенџерето со вода (лененото семе треба да биде покриено со вода) и вклучете ја ринглата.


Кога водата ќе почне да врие намалете за да избегнете да ви тече од страните и со помош на една кафена лажичка постојано мешајте во рок од 5 мин.


Откако ќе поминат 5 мин. тргнете ја цедилката со лен и оставете да се олади гелот.


Во едно празно спреј шише од 100 мл. ставете најнапред од гелот (наполнете го шишето 3/4, околу 85 гр). Додадете една супена лажица јаболков оцет, една кафена лажичка растителен глицерин (може да го најдете во аптеките) и по желба додадете 10 капки етерично масло. Јас користев 5 од лаванда и 5 од лимон. Затворете го шишето, убаво протресете и вашиот спреј е готов.

Гелот од ленено семе како што веќе напоменав е голем предуслов за убава и здрава коса.

Јаболковиот оцет има киселкаста ph вредност која е од огромнo значење за убавината и здравјето на нашата коса и дава огромен сјај. Идеалната ph вредност на нашата коса е помеѓу 4 и 5 така да јаболковиот оцет навистина помага во оддржување на истата. Исто така јаболковиот оцет ја затвора кутикулата на влакното и како резултат на тоа косата е сјајна и мазна. Ова е многу важен факт затоа што на тој начин ја задржуваме природната влага во косата, и на некој начин ја спречуваме појавата на расцветани врвови.

Глицеринот во рецептов го ставивме најнапред затоа што ја задржува влагата во косата и го спречува сушењето, меѓутоа и затоа што е најдобар растворач на етеричните масла.

Со оглед на тоа што овој спреј нема конзерванси, трае 10 дена (оцетот и глицеринот малку помагаат, меѓутоа немаат големо дејство на конзерванс).

Единствен начин да се конзервира овој производ е или со конзерванс или со најмалку 10% алкохол, меѓутоа со оглед на тоа што алкохолот ја суши косата (а нашата цел е мека, сјајна и прекрасна коса) сепак подобро е да не го ставаме.

Може да направите и помала доза намалувајќи ги количините (во шишенце од 50 мл. наместо од 100).

Ви советувам да го чувате во фрижидер (ладното ќе го зголеми ефектот на овој спреј) и да го испрскате на косата пред истата да ја исушите со фен или на веќе сува коса пред да ја обликувате.

За поголем волумен косата сушете ја со главата надолу.

Еве го ефектот на овој спреј



СПРЕЈ ЗА КОСА СО ПАНТЕНОЛ

За овој спреј потребно ви е:

пантенол раствор 5%
масло од јојоба
растителен глицерин (или алое вера гел)
етерични масла од лаванда и лимон

Од аптека купете пантенол раствор (внимавајте да е без силикони и парабени, читајте ја убаво декларацијата).

Во едно празно спреј шише (100 мл) најнапред ставете една кафена лажичка глицерин, додадете една кафена лажичка масло од јојоба и 10 капки етерично масло. Доколку немате глицерин може да го замените и со алое вера гел. На крај шишето наполнете го со пантенол раствор (не скроз до горе оставете малку простор), затворете и убаво протресете.

Ете, вашиот спреј е готов. Може да го користите по миење на косата (пред да ја исушите со фен) или пак на сува коса доколку сакате да ја обликувате.


Пантенолот е одличен за косата, меѓутоа за жал кај нас не може да се најде чист, па затоа и растворов ќе ни послужи. Како што веќе ви напоменав внимавајте на декларацијата.

Алое вера гелот е одличен за косата, ја омекнува и хидрира. Во една книга имам прочитано дека алое вера гелот содржи аминокиселини кои се многу слични на оние присутни во фоликулите на нашата коса, па затоа алое вера гелот има регенерирачко својство и дава голем сјај на косата.

Маслото од јојоба е одлично за косата, особено доколку е сува и безживотна. Ја заштитува косата, го враќа нејзиниот сјај и има голем хранлив ефект.

Вториов спреј трае подолго од првиот со оглед на тоа што сите состојки кои ги употребивме се веќе конзервирани.

Еве го ефектот врз косата



Без разлика на тоа дали имате права или валовита коса, се надевам дека ќе се одлучите да им дадете шанса на овие интересни производи и да се уверите во нивната ефикасност.

 

Monday, May 2, 2016


Погуста и поубава коса благодарение на месечевите промени во мај 2016


Здраво драги мои,

се надевам дека убаво си ги поминавте празниците во прекрасно друштво.

Се враќаме повторно со интересни теми, овојпат со една тема за која пишував пред година дена, меѓутоа потоа престанав затоа што мислев дека нема голем интерес. Со оглед на тоа што добивав многу приватни пораки околу ова се решив повторно да ја активирам. Станува збор за влијанието на месечевите промени врз нашето здравје и убавина.

Месечината има разни месечеви мени од кои покарактеристични се: млада месечина, прва четвртина, полна месечина и последна четвртина. При сите овие фази се забележува осветлување (од млада кон полна месечина) и затемнување (од полна кон млада месечина).

Целата работа се состои во тоа што, доколку се прават одредени третмани во одредени денови и месечеви промени, истите третмани може да имаат уште подобро дејство и ефект, а со самото тоа ние лично ќе бидеме многу задоволни.

На пример доколку сакаме нашата коса да биде погуста и поубава треба да ја шишаме одредени денови кога месечината е во лав, или пак доколку сакаме третманот за прочистување на телото да има поголем ефект треба да го направиме во полна месечина и.т.н.

Со оглед на тоа што во оваа статија ќе се задржиме на убавината и здравјето на косата, во продолжение ќе ви дадам листа на деновите во месец мај 2016 кои се најадекватни за нега и третмани на косата.


Најдобри денови за миење на косата се: 3, 4, 7, 8, 11, 12, 13, 16, 17, 18, 21, 22, 23, 26, 27, 30, 31

Најдобри денови за шишање на косата се: 11, 12, 13, 14, 15.

Во овие денови месечината е во лав или девица и придонесува косата да расте побргу, погуста и поздрава.

Апсолутно избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 1, 2, 19, 20, 28, 29

Во овие денови месечината е во рак и риби,  и се смета дека косата расте побавно, послаба, а може да се појави и првут.

Останатите денови од месец мај (кои не ги споменавме ниту како најдобри ниту како најлоши) се сметаат за неутрални, и доколку ја шишате косата во тие денови нема да забележите никаков ефект или промена.

Најдобри денови за фарбање или шатирање на косата се: 7, 8, 16, 17, 18

Во овие денови бојата подолго трае и има поголем сјај. Исто така и косата е поотпорна на овие третмани благодарение на месечевите промени.

Дали ова функционира или не???

Функционалноста на ова сеуште не е докажана, меѓутоа јас лично го правам и гледам дека има некој ефект. Можеби зависи и од мислата, односно убедувањата, меѓутоа како што се вели ако пробаме ништо не губиме, може само да добиеме.

Поздрав

Вики

 

Wednesday, April 6, 2016


Како до поздрава и поубава коса


Косата е заштитен знак на секоја од нас и преку неа на некој начин ја изразуваме нашата личност и стил. Густината и здравјето на косата најнапред зависат од генетските фактори кои за жал не може да ги промениме, меѓутоа може многу да делуваме кога станува збор за исхраната, производите за нега на косата и маслените третмани. Во продолжение ќе разгледаме што сѐ може да направиме за да го подобриме квалитетот и здравјето на нашата коса.

ЗДРАВА И УРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА

Исхраната има огромна улога во убавината на косата и треба да биде богата со витамини и минерали, но и омега 3 масни киселини. Затоа од голема важност е конзумирањето на свежи овошје и зеленчук (особено зелен зеленчук), потоа риба (на пример лосос), житарици, јаткасти плодови, ленено семе и др. Верувајте,убавата и погуста коса започнува токму од устата, односно од она што го внесуваме внатре. Доколку сакате да дознаете што треба да кознумирате за поздрава и погуста коса прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_20.html

СТОП НА СИЛИКОНИТЕ


За здрава и убава коса, од огромна важност е да употребуваме што поприродни шампони, регенератори и маски без силикони. Силиконите имаат таква структура да се лепат за влакното, создаваат еден вид на филм кој го задушува самото влакно и многу тешко се измиваат од косата. Даваат ефект на мека и негувана коса, меѓутоа воопшто не ја негуваат косата. Во одредени случаи ја мастат и отежнуваат косата, а најлошо нешто е што не може да откриеме каков вид на коса имаме доколку истата е обложена со силикон (дава лажна слика).

Исто така избегнувајте ги и силиконските капки и на нивно место користете чисти растителни масла за коса. Многу девојки ме прашале зошто да се грижат за тоа дали во производот има или нема силикони кога не станува збор за коренот, туку за врвовите кои практично веќе се “мртви“....
Еве зошто: доколку редовно се нанесуваат на косата, силиконите се “лепат“ за влакното со таков интензитет што верувајте ми потребни се навистина многу миења на косата со шампон кој не содржи силикони за да ги “одлепите“. Тие создаваат филм врз самото влакно кој не дозволува да во косата допрат хранливите состојки на маските, маслата, путерите или третманите за коса, така да сѐ додека користите силиконски капки, бадијала се сите третмани со било каков вид на масло, со оглед на тоа што хранливите состојки остануваат врз силиконот и не допираат до влакното. Доколку сакате домашен рецепт за природни силиконски капки прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2015/10/blog-post_25.html


МАСЛЕНИ ТРЕТМАНИ ЗА КОСА


Маслата се од огромна важност за оддржувањето на убавината на косата, со оглед на тоа што ја хранат, го враќаат сјајот и ја негуваат оштетената коса. Во зависност од ефектот и резултатот кој сакаме да го добиеме маслата може да се нанесат на два начини на косата и тоа:

како третман (маска) за коса;
како серум за оштетени врвови (здрава алтернатива на силиконските капки кои само го задушуваат влакното и воопшто не го негуваат).

Како третман маслата за коса секогаш се нанесуваат на благо навлажнета коса никако на сува. Ако го нанесете на сува маслото продира длабоко во влакното и се врзува со мастите природно присутни во нашата коса. По одмивањето тоа со себе ги носи тие природни масла и наместо сјајна и убава коса може да добиеме комплетно спротивен ефект.
На благо навлажнета коса маслото делува само на надворешниот слој од влакното без да навлезе длабоко во него затоа што водата служи како еден вид на бариера и го штити. Косата по измивањето ќе ви биде мека, сјајна и лесно ќе ја обликувате. Третманот за коса се држи најмалку саат време а може да го оставите да делува и цела вечер.

Како серум за коса маслата кои лично ги препорачувам се: кокосово, арган и јојоба. Две три капки од маслото се втриваат меѓу прстите и се нанесуваат само на врвовите од косата.
Верувајте ми не постои подобар и поздрав серум за коса од вака нанесеното масло.


Прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/giveaway.html  кое масло најдобро одговара на вашиот вид на коса.

МИЕЊЕ НА КОСАТА

Обидете се да ја миете косата најмногу 2 до 3 пати неделно со млака вода. Избегнувајте да користите премногу топла вода со оглед на тоа што ја ослабнува косата. На крај миењето завршете го со поладна вода (онолку колку може да издржите секако, без претерување).

СУШЕЊЕ И ЧЕШЛАЊЕ НА КОСАТА


Доколку косата ја сушите со фен, користете го на средна јачина и што подалеку од косата. За поголем волумен ви советувам косата да ја сушите со главата надолу. Откако косата ќе биде сува околу 80%, може да почнете со чешлање. Запомнете никако да не ја чешлате косата додека е мокра со оглед на тоа што е многу нежна и може многу лесно да се оштети.

Иато така избегнувајте или намалете ја на минимум употребата на преса или фигаро. Нивната топлина ја гори и ослабнува нашата коса, и по многу употреби косата го губи својот сјај и се добива ефект на оштетена коса. Доколку сакате да да ја навиткате вашата коса на природен начин прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_30.html


ТРЕТМАН СО ПИВО

Верувале или не, пивото е состојка бр. 1 која дава волумен на косата. Освен волуменот, пивото има способност и нежно да ја осветли косата, односно да ви даде убави топли прамени, во зависност од вашата природна боја на косата. За пивото да биде помалку агресивно за косата, ден претходно отворете го и оставете го да изветрее. Еве ви еден рецепт за маска за коса од пиво која лично ја правам и е одлична за косата:

- половина чаша пиво;
- жолчка од 1 јајце;
- една супена лажица маслиново масло;
- една кафена лажичка мед

Помешајте ги добро сите состојки и нанесете ги на благо навлажнета коса, ставете фолија и пешкир и оставете да стои најмалку саат време. Потоа измијте ја убаво косата со благ шампон и на врвовите нанесете регенератор.


ПЛАКНЕЊЕ НА КОСАТА СО ОЦЕТ

За поголем сјај на косата како последно плакнење користете раствор од 500 мл. деминерализирана вода, една лажица јаболков оцет и 7 капки етерично масло од лимон или лаванда. Со вака подготвената смеса се полева косата по шампонирањето како последно измивање и не се одмива. Резултатот е мека, сјајна и прекрасна коса. Со сушењето на косата мирисот на оцетот исчезнува, а останува оној на етеричните масла.


Оцетот има киселкаста ph вредност која е од огромнo значење за убавината и здравјето на нашата коса и дава огромен сјај. Идеалната ph вредност на нашата коса е помеѓу 4 и 5 така да јаболковиот оцет навистина помага во оддржување на истата. Исто така јаболковиот оцет ја затвора кутикулата на влакното и како резултат на тоа косата е сјајна и мазна. Ова е многу важен факт затоа што, на тој начин ја задржуваме природната влага во косата, и на некој начин ја спречуваме појавата на расцветани врвови.


Комплетен домашен третман за поголем сјај на русата коса


Русата коса (природна или фарбана) има потреба од особена нега со специфични состојки со цел да се продолжи нејзиниот сјај и да се оддржи бојата. Во продажба постојат навистина многу маски и третмани специјално наменети за нега на русата коса, меѓутоа сепак домашно си е домашно. Во продолжение на оваа статија ќе ви предложам комплетен третман кој не мора да го правите целиот одеднаш (во зависност од времето кое го имате на располагање) кој освен што ќе ја живне русата боја, ќе ја направи самата коса посјајна, помека и поубава. Ајде да започнеме.

1. Третман за руса коса пред шампонирање

Станува збор за еден вид на маска за коса која има за цел да ја живне бојата, да ја омекне косата и на некој начин што подолго да ја задржи убавата руса боја. Потребни состојки за овој третман се:

2 кафени лажички природен балзам или маска;
2 кафени лажички чај од камилица:
1 кафена лажичка пиво;
1 кафена лажичка масло од невен;
1 кафена лажичка сок од лимон;
1 жолчка


Ден претходно отворете едно пиво, земете една кафена лажичка и оставете ја во една чашка да изветрее алкохолот. На тој начин пивото ќе биде помалку агресивно за косата. Наредниот ден на пивото додадете му две кафени лажички чај од камилица, две кафени лажички балзам или маска за коса, жолчката, една кафена лажичка масло од невен и една кафена лажичка сок од лимон. Убаво помешајте и нанесете ја смесата на коса. Со оглед на тоа што во маската има и масни и водени состојки, нема потреба да ја навлажнувате косата, може да ја нанесете маската директно на сува коса. Покријте со една пластична фолија или ќеса, ставете врз неа пешкир и оставете да делува околу саат време. Потоа измијте ја косата како што обично правите.

По употребата на оваа маска навистина ќе забележите дека вашата коса е посјајна, поубава и помека. Оваа количина беше доволна за мојата коса (должината ја гледате на сликата подолу), меѓутоа доколку вие имате подолга и погуста коса, зголемете ги количините, или ако имате пократка намалете.


2. Маска за коса по шампонирање

Станува збор за една прекрасна и многу едноставна маска/балзам за коса која се нанесува по шампонирањето на косата, се држи околу 2-3 минути и се одмива со млака вода. Оваа маска има огромно омекнувачко дејство на косата и е особено наменета за фарбана коса со испукани врвови. Со честа употреба косата ќе стане помека и посвиленкаста.

Во еден сад помешајте една кафена лажичка маска или балзам со една кафена лажичка мед. Нанесете ја смесата на косата по  миењето (како што правите со балзамот), оставете да отстои 2-3 минути и исплакнете со млака вода.

Како што напоменав оваа маска е идеална за фарбаните русокоси кои често имаат ефект на сува коса и испукани врвови. Со оглед на тоа што кога врвовите ќе се оштетат тие сами се кинат ни се чини дека косата не ни расте, а воопшто не е така. Благодарение на овој третман косата ќе стане се поздрава и посвиленкаста и на некој начин ќе расте побрзо (или подобро кажано ќе расте поздрава и нема да се кине на врвовите со што ќе ни се чини дека расте побргу).


3. Исплакнувач за коса со мед и камилица

Откако сте ја измиле косата и сте нанеле балзам на ред следува последното плакнење на косата кое не бара одмивање. Станува збор за наједноставниот можен исплакнувач за коса кој се состои од: 500 мл. чај од камилица и една кафена лажичка мед. Чајот од камилица направете го навистина јак, во 500 мл. вода ставете 4 филтер ќесички камилица или пак 5 супени лажици суви цветови од камилица. Оставете да одстои околу 20 мин. па потоа додадете ја лажичката мед. Остевете комплетно да се олади и нанесете го на косата како последно плакнење. Подобро е да го нанесете оладен или евентуално млак доколку не трпите ладно, затоа што на тој начин се затвора кутикулата на влакното од ладното и косата добива поголем сјај. Потоа исушете ја косата како што обично правите.

Јас ги направив првиот и третиот третман заедно (маската пред шампонирање со исплакнувачот од мед и камилица) и еве го резултатот:



Вие, секако, како што реков може да направите сѐ заедно или да одберете една или две работи од горе предложените (или да правите по едно на секое миење). Што и да одберете, косата ќе ви биде навистина благодарна, а и вие самите ќе забележите голема разлика што ќе ве поттикне да продолжите со овој вид на третмани.

Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие секако вашите прашања или коментари, слободно оставете ги под самиот текст.

Вики


 

Wednesday, March 30, 2016


Како до прекрасна валовита коса без фигаро или преса


Витканата или валовита коса изгледа прекрасно и многу женствено, и идеална е како за на работа така и за навечер. Најбрз начин да ја добиеме оваа посакувана фризура е со помош на преса или фигаро за виткање на косата, меѓутоа на тој начин видно ја оштетуваме нашата коса. Топлината од пресата или фигарото ја гори и ослабнува нашата коса, и по многу употреби косата го губи својот сјај и се добива ефект на оштетена коса. За среќа постојат и поприродни начини да го добиеме истиот изглед без да ја оштетиме нашата коса, а во продолжение на оваа статија ќе говорам за мојот омилен начин.

Сѐ што ви е потребно за оваа фризура се гумени спирали кои може да ги најдете во сите продавници за шноли и модни додатоци за косата. Јас моите ги купив од Џамбо. Процедурата зависи од видот на влакното и густината на косата.


Доколку имате потенко влакно како моето, најнапред оставете ја косата малку да се засуши (може да ја исушите природно, или пак со фен на ниска температура што поодалечен од косата). На косата нанесете малку масло како заштита за врвовите или маслку маска за поголем сјај. Откако косата ќе биде скоро сува, земете еден прамен и ставете го врз гумената спирала во правец накај ушите. На тој начин витканото ќе оди наназад со што ќе ви даде многу природен изглед на косата.


Во зависност од тоа од каде сакате да почне да се витка косата, почнете поблиску или подалеку од коренот. Исто така многу важно е да започнете од горниот крај на спиралата, па постепено да го носите праменот надолу по спиралата виткајќи го праменот наназад.


Повторете го истово и со останатите прамени од двете страни на главата.Убаво прицврстете ги гумените спирали за да ја задржите косата во место.


Оставете да отстојат околу саат време и потоа внимателно извадете ги. (Доколку немате саат време на располагање, во тој случај ставете ги спиралите на влажна коса и со фенот сушете ги додека косата да се исуши). Откако ќе ги извадите, најнапред со прстите протресете го коренот на косата за да добиете во волумен.


Потоа внимателно раздвојте го малку секој прамен на два дела (јас обично прамените ги правам подебели за да ги раздвојам и добијам на волумен). Секој од прамените носете го наназад и доколку сакате испрскајте малку лак (по можност природен) за да ја зацврстите фризурата.


Еве како изгледа




 Доколку имате многу густа коса и цврсто влакно, откако ќе ја измиете косата само малку засушете ја и на сеуште влажна коса нанесете малку пена (најдобро природна) ставете ги спиралите и продолжете да сушите со фен на ниска температура што поодалечен од косата. Откако ќе се исуши, извадете ги спиралите од косата и најнапред малку протресете на коренот за поголем волумен. Потоа одвојте ги внимателно прамените и зацврстете ја фризурата со малку лак за коса.


Како вие најчесто ја виткате вашата коса?

Вики

 

Tuesday, March 8, 2016


Направи сам: природен лак за коса


Лакот за коса е нешто без кое не може да се замисли стајлингот, особено кога станува збор за некој вид на фризура која треба да трае подолго време, или доколку ја собираме косата во пунџа и не сакаме да летаат мали непослушни влакненца на сите страни.

Во продажба се нудат голем број на производи кои ветуваат сјајна и послушна коса и фризура која подолго трае. Сите тие навистина го прават она за кое се наменети, меѓутоа поголемиот дел од нив содржат состојки кои не се баш најпожелни ниту за нас, ниту за околината со оглед на тоа што овој производ е на испрскување и завршува токму во околината.

Секако постојат и природни и органски лакови за коса, меѓутоа скоро сите содржат висок процент на алкохол кој со редовна употреба постепено го суши влакното, а тоа секако не ни е цел.


Затоа во денешнава статија ќе ви предложам еден навистина лесен и природен лак за коса кој одлично го прави своето, а воедно е пријател и на околината која не опкружува. За неговата подготовка ќе ви требаат 10 мин., а ефектот ќе ве остави без зборови.

Состојките кои се потребни за околу 60 мл. лак за коса се:

- 3 супени лажици деминерализирана вода;
- 2 супени лажици ружина вода (доклку немате ставете деминерализирана вода);
- 2 до 3 кафени лажички шеќер;
- 1 кафена лажичка јаболков оцет;
- 1 кафена лажичка алое вера гел
- 2 капки етерично масло (доколку немате не мора)


Во една чашка ставете ги најнапред водата и ружината вода (доколку немате ружина вода во тој случај ставете 5 лажици деминерализирана вода) и додадете го шеќерот. Убаво измешајте додека да се стопи. Потоа додадете го алое вера гелот и јаболковиот оцет и повторно убаво промешајте. На крај додадете една до две капки етерично масло по ваш избор (јас додадов масло од роза). Целта на етеричното масло е да на некој начин го замаскира мирисот на оцетот, да не се чувствува во косата. Ставете ја смесата во едно чисто пластично или стаклено шишенце и вашиот лак за коса е готов.

Зошто токму овие состојки

Алое вера гелот е одличен за косата, ја омекнува и хидрира. Во една книга имам прочитано дека алое вера гелот содржи аминокиселини кои се многу слични на оние присутни во фоликулите на нашата коса, па затоа алое вера гелот има регенерирачко својство и дава голем сјај на косата.


Оцетот има киселкаста ph вредност која е од огромнo значење за убавината и здравјето на нашата коса и дава огромен сјај. Идеалната ph вредност на нашата коса е помеѓу 4 и 5 така да јаболковиот оцет навистина помага во оддржување на истата. Исто така јаболковиот оцет ја затвора кутикулата на влакното и како резултат на тоа косата е сјајна и мазна. Ова е многу важен факт затоа што на тој начин ја задржуваме природната влага во косата, и на некој начин ја спречуваме појавата на расцветани врвови.

Шеќерот во овој рецепт е оној кој го прави всушност зацврстувањето на косата односно ефектот на лак. Јас лично ставив околу две ипол кафени лажички шеќер затоа што според мене цврстината која ја дава на косата е идеална, ни многу јако ни многу меко. Направив обид и со бел и со интегрален шеќер и според мене белиот дава подобар ефект.


Ружината вода ја ставив за да даде убав мирис на производот, но и затоа што ружината вода е одлична за косата, меѓутоа доколку ја немате, секако ставете само деминерализирана вода.

Етеричното масло како што нагласив го маскира мирисот на оцетот и дава фантастичен мирис на косата (како да сте ставиле парфем на вашата коса).

Овој природен домашен лак се користи исто како и купечкиот (оние лакови кои се без гас), односно се испрскува на косата од средна далечина (ни многу блиску ни многу далеку). Ефектот е навистина прекрасен, а мирисот неодолив.



Со оглед на тоа што овој лак е без конзерванси трае две недели, доколку го чувате во фрижидер и до три. Затоа и дозите кои ви ги препорачав се за 60 мл производ. Доколку го користите секојдневно ќе го завршите за три недели, во спротивно може да направите помала доза.

Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие доколку се одлучите да го направите, пишете импресии под самата статија.

Поздрав и до следно читање.
Вики

 

Monday, February 29, 2016


Просо за здрава и убава коса


Просото е ситна житарица со жолтеникава боја која ја обожаваат птиците и најчесто е познато токму како храна за птици. Малкумина знаат дека просото е од огромна важност и во нашата исхрана. Содржи пред сѐ голем процент на јаглени хидрати, меѓутоа и протеини кои нашиот организам многу лесно ги апсорбира.

Богатo е со:
- аминокиселини (наречени сулфурни аминокиселини) како цистин и метионин,
- минерали: фосфор, потасиум, железо, магнезиум, цинк , калциум и силициум,
- витамини од групата Б, меѓутоа и А, Е и ПП.
Сиромашно е со глутен и лесно е за варење во организмот.

Благодарение на лесната сварливост во организмот, просото се препорачува скоро за сите групи на луѓе (возрасни, деца, трудници), а со оглед на тоа што е алкална (базна) намирница, одлично е и за оние кои страдаат од киселини во стомакот.

Како што може да забележите просото има безброј бенефиции врз човековиот организам, иако ние денес ќе се задржиме на неговото дејство врз здравјето и убавината на косата.


Просото го стимулира производството на кератинот кај косата и го подобрува целокпуниот изглед и здравје на самата коса. Од огромна помош е во зацврснувањето, а со самото тоа на некој начин го намалува или спречува опаѓањето на косата. Освен ова, просото видно го подобрува и нејзиниот квалитет. Косата станува повитална и има поубав сјај.

Два се начините преку кои оваа житарка може да биде спас за нашата коса: преку внатрешен пат и преку маски за коса.

Се препорачува конзумирање на оваа житарица најмалку двапати неделно. Подоготовката е навистина многу лесна: за секоја чаша просо се додаваат две ипол (јас ставам дури и три) чаши вода и се вари на умерен оган околу 20 мин. Нема потреба претходно да се остава да кисне. Откако ќе се свари, просото може да го зачините по сопсвен вкус, да му додадете сезонски зеленчук (доколку го конзумирате за ручек) или јаткасти плодови и суво овошје доколку го козумирате за доручек или ужина.


Што се однесува до надворешна апликација на косата (како маска) во тој случај еве ви еден фантастичен рецепт кој навистина дава резултати доколку редовно се прави (секако во комбинација со просото во исхраната).

Откако ќе го сварите просото како што ви објаснив погоре, во зависност од должината на вашата коса, земете мал дел од просото и ставете го во еден блендер сѐ додека да добиете убава кашесто/кремаста смеса. Додадете една лажица масло по ваш избор како маслиново, арган, јојоба, бадемово, макадамија (она што имате дома) и убаво распределете ја маската на косата. Оставете ја така околу саат време и потоа измијте ја како и обично со шампон за вашиот вид на коса.

Еве погледнете слики по апликацијата на оваа маска




Доколку имате многу масна коса, во тој случај не додавајте никакво масло, туку нанесете ја само убаво блендираната смеса од просо.

Секако запомнете дека косата е огледало на здравствената состојба на нашиот организам и дека најважно е да се делува орално, односно преку конзумирање на вистинските намирници и преку усвојување на здрави навики. Маските за коса кои делуваат локално секако се помош плус кон здрава и убава коса, меѓутоа сами по себе нема да направат чудо доколку не внимаваме пред сѐ на она што го внесуваме во нашиот организам.

Доколку сакате да знаете кој вид на храна го подобрува здравјето на косата прочитајте ја оваа статија http://biodevojka.blogspot.mk/2015/04/blog-post_20.html

Вашата коса ќе ви биде благодарна.
Вики

 

Thursday, February 11, 2016


Прво балзам па после шампон или “Reverse Hair Washing”


Да да, убаво прочитавте од насловот. Станува збор за методот “Reverse Hair Washing” каде за да се измие косата не се почнува класично со шампонот, туку се започнува со балзамот.

Кога за прв пат прочитав дека постои ваков метод си реков, леле како е возможно вакво нешто, сигурно на овој начин косата ќе ми биде цела заплеткана после шампонот и нема да можам да ја средам. Бев навистина доста скептична, меѓутоа сепак се решив да експериментирам (нема шанси да ви предложам нешто пред јас лично да го испробам) и еве веќе 5-то миење го правам на овој начин и, верувајте, немам намера да се вратам на стариот начин на миење на косата. Еве за што станува збор.

чекор 1: намокрете ја вашата коса;
чекор 2: ставете балзам (пожелно без силикони) и оставете да делува околу 2 мин.
чекор 3: не го одмивајте балзамот со вода туку измијте ја косата со шампон, најдобро растворен во малку вода (едно до две миења);
чекор 4: исушете ја косата како што нормално правите  (со масло, пена, гел итн.)



Која е предноста и што забележав по миењето на косата на овој начин?

Кај себе најнапред забележав поголем волумен, а и самата коса беше почиста повеќе денови (не се масти бргу), најверојатно затоа што кога најнапред ја миеме косата со шампон, а потоа нанесуваме балзам, дел од балзамот на некој начин останува во косата и ја прави потешка, а со тоа и побрзо се масти (разликата помеѓу шампонот и балзамот е што едниот мие а другиот “масти“ или подобро кажано омекнува). Со оглед на тоа што само со вода не може комплетно да се отстрани балзамот за коса и мал дел сепак останува на влакното (тоа му е секако и фукцијата), побргу се масти косата. Девојките кои имаат масна коса ќе бидат воодушевени од овој метод и резултатите на косата.

Како што реков, кога за прв пат го пробав овој метод ми беше страв дека по миењето косата ќе ми се плетка и нема да може да ја средам како што треба. Меѓутоа кога прво го ставив балзамот на масна коса и кога потоа измив со шампон, сфатив дека балзамот ја омекнал косата без разлика на тоа што потоа го измив со шампонот. Косата беше мека на допир и лесно ја расчешлав со прстите (ве потсетувам да не ја чешлате косата со чешел кога е мокра).

Еве ви слики од неколку миења на косата на овој начин



Верувајте ми вреди да се проба.
Доколку го испробате овој необичен метод на миење на косата, кажете ми што мислите, како ви се допаднал и секако какви резултати забележавте.

Ве поздравувам и до скоро читање.
Вики
No comments:

 

Tuesday, January 26, 2016


Веган маска за перфектно мазна коса


Здраво драги мои,

откако го објавив рецептот за маска со какао за сјајна и совршено мазна коса http://biodevojka.blogspot.mk/2016/01/3-1.html, добив барања од некои девојки да направам веган варијанта на истата која секако може да ја користите сите, со оглед на тоа што е фантастична за косата. Како хранливост сјај и ефект би рекла дека и двете маски се тука некаде имаат горе долу сличен ефект, а вие може да си одберете една во зависност од состојките кои ги имате дома, или пак да ги пробате двете и сами да заклучите која повеќе ви одговара. За оваа маска потребни ви се следниве состојки:

- 2 супени лажици кокосово млеко;
- половина банана;
- сок од половина лимон;
- 1 супена лажица какао
- 1 кафена лажичка масло (јас користев маслиново);


Во еден сад помешајте ги сите состојки додека да добиете убава крема. Најдобро е бананата да биде многу зрела да може лесно да ја згмечите со вилушка или евентуално ако е потешка за рачна обработка ставете ја во блендер за да ја направите како каша. Смесата ставете ја на благо навлажнета коса и оставете да делува најмалку саат време. По истекот на времето измијте ја косата како и обично.

Зошто токму овие состојки.
Кога ми побараа да ги заменам јогуртот и жолчката, прво нешто што ми падна на ум беше кокосовото млеко затоа што пред две години правев редовно третман со кокосово млеко и имав одлични резултати во поглед на сјај, мека и свиленкаста коса. Најчесто се продава во конзерви како оваа на сликата и кога ќе го отворите на врвот се собира масниот дел односно еден вид на кокосов путер, а под него е течноста. Токму тој путераст дел ни е потребен за нашата маска.



Во комбинација со бананата која е богата со витамините  B1, B2, С и Е, минерали како фосфор, магнезиум, цинк, потасиум и железо, оваа маска е бинго за убавината на косата, која добива прекрасен сјај и голема мекост. Лимоновиот сок го користиме за да го зголеми сјајот на косата, а маслиновото масло додатно ја храни косата. Какаото секако дава убава структура на маската а и прекрасен мирис на косата.


Јас ја држев околу два часа и еве го резултатот по сушењето на косата.



Само да напоменам дека косата беше неверојатно лесна за обликување, послушна и мека на допир. Може да видите и од сликите колку е права изгледа како да сум ја пеглала (а не употребувам никогаш пегла).

Остатокот од маската го нанесов на лицето со оглед на тоа што бананата има големо антиоксидантно влијание и ја прави кожатна компактна и мазна. Лимоновиот сок има и избелувачко дејство (а сега е зима така да не мора да се грижиме за евентуална реакција со сонцето), а кокосовото млеко одлично ќе ја нахрани кожата особено ако е сува кое е почест случај во овие ладни денови.

Отвореното кокосово млеко трае недела дена во фрижидер и може да го употребите за да си направите милк шејк, колачи или пак да го употребите како природен чистач за лице во наредните недела дена. Сѐ што треба да направите за природниот чистач за лице е да помешате две супени лажици кокосово млеко (овојпат убаво помешајте го делот кој е тврд како путер со водестиот дел за да добиете убава кремасто млекаста структура) со една кафена лажичка густин (пченкарен скроб), и таа смеса да ја нанесете на лицето наместо гел или крем за миење.


Може да го нанесете со раце или памукче и направете блага масажа со многу нежни движења и измијте со млака вода. Кожата на лицето ќе ви биде перфектно мека.

Јас ве поздравувам и ви закажувам нова средба многу бргу, а вие секако пробајте ги овие предлози, коментирајте и споделете ваши импресии и искуства од истите.

Вики

Sunday, January 24, 2016


Направи сам: волшебна маска 3 во 1- храни, дисциплинира и дава сјај на косата


Здраво драги мои,

последниов период експериментирав правејќи маски за коса со разни состојки. Ефектот кој сакав да го постигнам беше одлично нахранета коса, мека на допир и со огромен сјај, а притоа и лесна за фенирање. Пробував разни варијанти и конечно денес ќе ви ја претставам варијантата која кај мене даде најдобар резултат. Навистина е многу лесна за правење, а верувајте ми ефектот ќе ве воодушеви. Ајде да започнеме.

Се што ви е потрбно за оваа маска е:

- 4 супени лажици јогурт
- 2 супени лажици какао
- жолчка од едно јајце
- 1 кафена лажичка јаболков оцет
- половина кафена лажичка рицинусово масло (може да го замените со маслиново, бадемово или масло од ленено семе)


Помешајте ги сите состојки во еден сад и доколку имате дома додадете 4 капки етерично масло по ваш избор: лаванда, лимон, рузмарин или комбинации (доколку немате етерично масло може и без него). Нанесете ја маската на благо навлажнета коса, оставете да делува најмалку саат време и измијте со шампон. Русокосите девојки нека не се грижат, какаото воопшто не ја бои косата туку напротив оваа маска ќе ја живне вашата боја на коса.


Зошто токму овие состојки

Најнапред фондаментална состојка во оваа маска е јогуртот кој има фантастично дејство врз косата благодарение на протеините и благата киселкост. Одлично ја храни косата, ја прави помека и дава убав сјај. Овие негови дејства се потпомогнати од останатите состојки и тоа: жолчката и маслото додатно ја хранат косата, јаболковиот оцет го зголемува сјајот и на некој начин го неутрализира мирисот на жолчката, а какаото дава убава структура на маската, ја прави косата полесна за расчешлување, за фенирање и на некој начин ја измазнува самата коса.

Ефектот по употребата е фантастичен. Верувајте ми пробав многу варијанти пред да дојдам до оваа, и со овие количлини според мене е совршена за сите девојки кои имаат сува коса на која и е потребна еден вид на хранлива “бомба“ за да се опорави од честите фенирања, пеглања или фарби. Доколку имате масен корен а суви врвови, направете помала доза од маскава и ставете ја само по должината на косата избегнувајќи го коренот. За додатен сјај, по измивањето на косата нанесете како последно испирање раствор од 500 мл вода (најдобро деминерализирана), една лажица јаболков оцет и неколку капки етерично масло од лимон и лаванда.

Еве го ефектот врз косата



Се надевам дека и оваа статија ви се допадна, а вие доколку ја направите оваа маска споделете ги овде вашите импресии и искуства.

Ве гушкам сите и до следно читање.
Вики

 

Saturday, October 24, 2015


Направи сам: природни “силиконски капки“ за коса


Здраво на сите,

многупати ви имам напоменато дека силиконските капки во продажба штетно влијаат врз косата затоа што го задушуваат влакното и ви даваат лажен изглед на убава и сјајна коса, а под него таа е сува и безживотна. Ова се должи на силиконската база во нив, а знаеме дека силиконот нема никаква улога во негата на косата. Компаниите го користат затоа што е евтин, издржува високи температури и навистина долго трае (па на тој начин трае и производот).

Многу девојки ме прашале зошто да се грижиме за тоа дали во производот има или нема силикони кога не станува збор за коренот, туку за врвовите кои практично веќе се “мртви“....Еве зошто: доколку редовно се нанесуваат на косата, силиконите се “лепат“ за влакното со таков интензитет што верувајте ми потребни се навистина многу миења на косата со шампон кој не содржи силикони за да ги “одлепите“. Кога ги користите редовно мора да напоменам дека тие создаваат филм врз самото влакно кој не дозволува да во косата допрат хранливите состојки на маските, маслата, путерите или третманите за коса, така да сѐ додека користите силиконски капки, џабе ви се третмани со било каков вид на масло со оглед на тоа што хранливите состојки остануваат врз самиот силикон а не врз влакното.

Многупати имам напоменато дека како алтернатива на силиконските капки може да користиме чисти масла кои не само што ќе ја измазнат косата туку и навистина ќе ја нахранат и ќе го живнат самото влакно, а токму тоа и ни е целта, не само да прикриеме, туку и да го лечиме проблемот и да ја спречиме појавата на расцветани врвови во иднина.


Ако ја анализираме формулата на било кои традиционални силиконски капки ќе забележиме дека на прво место има еден или два вида на силикони и тоа најчесто употребувани се cyclopentasiloxane и dimethicone кои навидум даваат мек и свиленкаст ефект на косата. Истиот тој ефект го има и маслото од јојоба кое во случајов негува и храни и што е најдобро, за разлика од силиконите, неговиот ефект е долготраен и вистински. Потоа во традиционалните силиконски капки има екстракт или масло од арган или ленено семе (најчесто на крајот од листата), па токму тоа ќе го додадеме и ние во природните капки. Еве каков би бил рецептот за природни силиконски капки за коса:

- 30 мл. масло од јојоба
- 1 кафена лажичка масло по ваш избор помеѓу: арган, рицинусово масло, макадамија или масло од ленено семе (кокосово не користете затоа што зимно време се стврднува и ќе ви прави грутки)
- 12 капки етерично масло по ваш избор помеѓу: лаванда, лимон, рузмарин и сладок портокал
- една ампула чист витамин  Е (доколку имате, не е обавезно)


Јас направив вака: во едно празно шишенце со пумпица (моето е рециклирано од серум за лице), најнапред ставив 30 мл. масло од јојоба. Потоа додадов половина кафена лажичка масло од арган и половина кафена лажичка рицинусово масло. Од етеричните масла ставив 4 капки рузмарин со 8 капки лимон (ги одбрав овие две затоа што даваат неверојатен сјај на косата, а ставив повеќе лимон за да го маскира мирисот на рузмаринот). На крај го додадов и витаминот Е, кој како што реков не е обавезно да се додаде, производот ќе биде успешен и без него, меѓутоа витаминот Е ја продолжува трајноста на маслата и секако убаво делува и врз косата. Убаво протресов и ете, производот е готов за употреба.

Може да се нанесе и на мокра и на сува коса, од средината па до врвовите (доволна е мала количина- неколку капки во зависност од должината и густината на косата).

Еве го ефектот врз косата:




Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите овој домашен и природен производ за здрава и убава коса.

Вие како и секогаш оставете коментар под самиот текст доколку имате прашање, или пак доколку сакате да споделите сопствено мислење на оваа тема.

Поздрав и до скоро читање
Вики

 

Saturday, October 10, 2015


Совети и третмани за нега на косата во ладните месеци


Со пристигнувањето на есента и зимата, нашата коса има потреба од посебна нега прилагодена на студените денови кои надоаѓаат. Честопати мислиме дека нашата коса е “во опасност“ само за време на летото под дејство на високите температури и сонцето, меѓутоа таа исто така страда и од студот, ветерот и дождот. Во продолжение на оваа статија ќе ви дадам неколку корисни совети како да ја заштитите косата од ладните температури, а секако и ќе ви предложам и три многу корисни маски благодарение на кои вашата коса ќе биде исклучително мека, мазна и сјајна.

Совет бр. 1

Доколку се сеќавате кога говорев за заштита на косата од сонцето во лето, ви препорачав да носите шешир како заштита од сончевите зраци. Слично и од студот. Во ладните денови препорачливо е да ја заштитиме косата носејќи убава капа и шал. Најдобро е капата да не биде од синтетички материјал за да и дозволите на косата да дише. Секојпат кога ќе влезете во затворена просторија сетете се да ја извадите капата и со помош на прстите протресете ја косата на коренот за да ја раздвижите.

Совет бр. 2

Нема ништо поубаво кога после студен ден ќе се истушираме со топла вода и на тој начин го стоплуваме целото тело. Да, меѓутоа косата нема да биде баш и многу среќна. Многу топлата или жешка вода може многу да ја ослабне косата. Затоа мијте ја косата со млака вода користејќи убав природен и квалитетен шампон кој интензивно храни и негува, после кој обавезно ќе нанесете регенератор кој додатно ќе ја нахрани и заштити косата.


Совет бр. 3

Третманите со масла се must have во ладните есенски и зимски денови, кои имаат за цел да ја нахранат и навлажнат косата, да го задржат нејзиниот сјај и убавина. Одберете убави масла како кокосово, рицинусово, маслиново или арганово и редовно правете третмани или маски пред шампонирање на косата. Сетете се маслата секогаш да ги нанесувате на благо навлажнета коса и да ги оставите да делуваат најмалку саат време.

Совет бр. 4

Негата на косата освен надвор продолжува и во нашите домови. Кога времето е студено, особено во текот на зимскиот период, нашите простории честопати се претопли и воздухот е сув. Ваквата состојба лошо влијае врз косата затоа што и ја одзема природната хидратација на влакното. Затоа пожелно е да ја оддржувате потребната влажност во просториите дома, со помош на порцелански садови во кои се става вода и се држат закачени на парното или близу до него. На тој начин водата која испарува ја дава потребната влажност на просторијата.

Совет бр. 5

Во ладните месеци убаво сушете ја косата со помош на фен на средна температура. Никако не излегувајте со влажна или благо навлажнета коса, затоа што не само што ќе биде на поголем удар од атмосферските влијанија, туку може да си навлечете и сериозна настинка.


Толку беа советите, а сега да преминеме на третманите благодарение на кои ќе ја заштитите вашата коса и ќе ја задржите нејзината убавина.

1. Маска за зацврснување на косата

Оваа маска е одлична како превентива во есенските денови, особено во периодот кога губиме повеќе коса како последица на промена на времето. Еве што сѐ ви е потребно за да ја направите:

- 2 супени лажици алое вера гел
- 1 кафена лажичка рицинусово масло
- 1 кафена лажичка арганово масло (како замена може маслиново, бадемово, оризово или јојоба)
- 1 кафена лажичка мед
- 3 капки етерично масло од рузмарин
- 3 капки етерично масло од лимон

Помешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата. Со прстите направете убава блага масажа на темето. Ставете пластична ќеса и врз неа пешкир. Загрејте две мин. со фен и оставете ја маската да делува најмалку саат време. Косата измијте ја со убав благ шампон.

Оваа маска навистина прави чуда за косата. Алое вера гелот длабоко ја хидрира косата, етеричните масла го стимулираат растот, а маслата и медот ја хранат и ја прават сјајна.


2. Третман за перфектно мазна коса

Овој третман е корисен доколку сакате навистина мазна коса која воедно ќе има и огромен сјај. Се што ви е потребно за овој третман е кокосово млеко, кое може да го најдете во продавниците за здрава храна. Ви препорачувам да го земете од таму затоа што е органско и затоа што нема конзерванси како кокосовите млека кои може да ги најдете во супермаркетите. Значи не станува збор за масло, туку млеко (најчесто во конзерви се продава).
Откако ќе ја измиете косата, исцедете го вишокот на вода и нанесете го кокосовото млеко на цела коса. Оставете да делува околу 15 до 20 мин и измијте само со млака вода. Кога ќе ја сушите косата ќе забележите дека е помазна и посјајна. Кокосовото млеко кое ќе ви остане, ставете го во калап за лед и замрзнете го. Секогаш кога ќе посакате да го направите третманов извадете една или повеќе коцки (во зависност од должината на косата) стопете ги и нанесете ги на косата.

3. Маска за коса со јогурт, рицинусово масло и мед

Во еден сад (во зависност од должината на косата) помешајте мед, јогурт и рицинусово масло. Нанесете ја смесата на благо навлажнета коса, направете кратка масажа и одозгора ставете ќеса. Врз не ставете пешкир, загрејте кратко со фен и оставете ја да делува најмалку саат време. измијте ја косата со благ и хранлив шампон.

За подобри резултати правете третмани редовно, на секои 10 до 15 дена.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.
Голем поздрав и до скоро читање.

Вики

 

Friday, September 25, 2015


Шампон со или без сулфати? Како треба да изгледа еден квалитетен шампон.


Здраво драги мои,

пронаоѓањето на добар и пред се функционален шампон е сон на секој(а) од нас и тоа секако не е едноставно. Досега многу пишував на оваа тема, ви кажав кои состојки треба да се избегнуваат, зошто е важно да се одбере шампон без силикони и како најдобро да се користи органскиот шампон. Денес би сакала да поразговараме токму за формулите на органските и природните шампони. Верувајте ми еден органски шампон може да содржи најпрекрасни масла и најчисти можни состојки, меѓутоа доколку има лоша формула, истиот ќе биде агресивен за темето. Во оваа статија имам намера на едноставен начин да ви објаснам како треба да биде формулиран еден добар органски шампон, кои состојки обавезно треба да ги содржи и секако, сето ова ќе го разгледаме низ примери на неколку шампони кои според мене се одлични и слободно може да ги употребувате.

Еден добар и пред се функционален шампон треба да ги има следниве карактеристики:
да има пристоен степен на измивност (благодарение на сурфактантите во него);
да биде нежен за кожата;
да биде нежен за очите;
да има пријатен мирис;
да има одредена густина

За еден шампон добро да измива, односно да го врши она за кое е наменет, во својата формула мора да има сурфактанти. Овие се всушнот измивачи чија молекула е составена од два дела: едниот се врзува за маснотиите и нечистотиите во косата, а другиот за водата, така да кога ја миеме косата оној дел од молекулата кој се врзал за водата со себе го носи делот кој се врзал за маснотијата и резултатот е чиста коса. За да еден шампон биде квалитетен и нежен, а сепак убаво да измива, од огромна важност се токму сурфактантите (видови и комбинации) кои се употребуваат во него.

Епа токму тука започнува дилемата на многумина од нас кога станува збор за шампоните, односно дали се подобри оние кои содржат сулфати како главни измивачи или оние кои не содржат. Доколку се сеќавате во една од статиите ви говорев за сулфатите како Sodium Lauryl Sulfate (SLS) и Sodium Laureth Sulfate (SLES) ви кажав дека првиот е поагресивен од вториот, меѓутоа вториот е третиран со етилен оксид, така да мал дел од него има нафтен дериват (затоа и не се користи во органската козметика додека е широко употребуван во традиционалната). Јас лично ги преферирав шампоните кои како основен сурфактант содржат Sodium Coco Sulfate (SCS) сметајки го за помалку агресивен, се додека не открив дека  SLS и SCS се две страни на една иста медаља и дека без разлика на тоа што дел од молекулата се разликува, влијанието и агресивноста која ја имаат горе долу е иста. Леле каков шок! Дали ова значи дека Sodium Coco Sulfate треба да се избегнува? Не, ова значи дека не треба да се плашиме ни од Sodium Lauryl Sulfate, затоа што може да биде избалансиран и ублажен во една формула на истиот начин како неговата сестра Sodium Coco Sulfate. Значи сѐ зависи од формулата на шампонот и состојките кои се употребени во него.


Па добро тогаш, како треба да изгледа еден добар шампон?
Најнапред од основна важност е шампонот да не содржи само еден сурфактант (затоа што истиот ќе биде поагресивен), туку комбинација од сурфактанти, затоа што при правилната комбинација, истите се неутрализираат и надополнуваат со што се сведува на минимум агресивноста и иритирачката моќ на еден производ. Еден од сурфактантите треба да биде примарен кој всушност и ќе ја дава измивачката моќ на производот, потоа секундарен(ни) кој ќе ја ублажат агресивната моќ на примарниот и останати сурфактанти кои исто така ќе ја ублажат агресивноста на примарниот, но и ќе дадат густина, пенливост итн. Меѓутоа, ако ставиме само вода и сурфактанти во еден производ, истиот ќе претставува средство за миење на садови :), па затоа за еден шампон да биде квалитетен и да има одредена хранлива моќ, да ја негува и прави косата полесна за расчешлување, треба да содржи и други состојки како на пример протеини, масла и витамини. Ајде сево ова да го разгледаме низ три примери на шампони кои според мене се одлични, од кои едниот е со сулфати, а другите два без сулфати.

Пример бр. 1 Шампон од авокадо на Alverde за сува коса


Мислам дека веќе сите знаете дека ова е мојата омилена марка кога станува збор за шампони затоа што одлично се формулирани, деликатни за косата, имаат органски состојки и навистина се многу економични. Еве да го разгледаме оној со авокадо кој е еден од моите најомилени:

Inci: Aqua, Coco-Glucoside, Sodium Coco-Sulfate, Glycerin, Xanthan Gum, Inulin, Isoamyl Laurate, Disodium Cocoyl Glutamate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Oleate, Betaine, Citric Acid, Sodium PCA, Levulinic Acid, Chondrus Crispus Powder, Parfum*, p-Anisic Acid, Sodium Levulinate, Hydrolyzed Wheat Protein, Phytic Acid, Linalool*, Benzyl Alcohol*, Limonene*, Citronellol*, Persea Gratissima Fruit Extract, Vitis Vinifera Seed Extract, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Tocopherol
*from natural essential oils

Како главен сурфактант употребен е Sodium Coco-Sulfatе кој одлично е избалансиран од страна на други сурфактанти како Coco-Glucoside, Disodium Cocoyl Glutamate, Sodium Cocoyl Glutamate. Инулинот во овој шампон дава деликатност на самиот производ и ја прави косата лесна за расчешлување. Екстрактот од авокадо (кој не е во голем процент, се наоѓа при крајот на листата) одлично го ублажува главниот сурфактант во овој производ и го прави многу деликатен за кожата на главата. Истото дејство го даваат и состојките isoamyl laurate и glyceryl oleate (емулгатор), како и протеините. Значи ова е пример за многу хранлив шампон, со навистина деликатна формула кој, без разлика на тоа што во својот состав содржи Sodium Coco-Sulfatе кој се смета за агресивен, во склоп на целокупната формула неговото агресивно дејство е сведено на минимум. Овој шампон исто како и шампонот од маслинка и к'на (според мене одличен за масна коса) и шампонот за руса коса од алверде се со фантастични формули и нежни за кожата на темето и косата. Во моментов гарантирам само за овие три, останатите шампони од оваа марка ги немам пробано, ниту изанализирано. Цената им се движи околу 147денари.

Пример бр. 2 Шампон за честа употреба на Gamarde


Еве ви пример на еден шампон без сулфати наменет за многу чувствително теме на главата кое е склоно кон иритации и црвенила. Да го разгледаме составот и формулата на овој произвид.

Inci: Sodium cocoamphoacetate, glycerin, lauryl glucoside, sodium cocoyl glutamate, sodium lauryl glucose carboxylate, Gamarde aqua (Gamarde Water), Lavandula angustifolia (Lavender Flower) water*, caprylyl capryl glucoside, coco glucoside, glyceryl oleate, cocamidopropyl betaine, Cymbopogon martini (Palmarosa) oil*, Lavandula angustifolia (Lavender) oil*, Lavandula latifolia (Lavender) oil*, Eugenia caryophyllus (Clove Flower) oil*, Cupressus sempervirens (Cypress) oil*, Citrus aurantium amara (Bitter Orange Leaf) oil*, Melaleuca viridiflora (Niaouli Leaf) oil*, Juniperus communis (Juniper Fruit) oil*, Pinus sylvestris (Pine Leaf) oil*, Ribes nigrum (Black Currant Leaf) extract*, citric acid and ingredients naturally present in the essential oils : eugenol, farnesol, geraniol, limonene and linalool.

*Ingredients from organic farming

Според мене, овој шампон моментално е еден од најдобрите шампони без сулфати кај нас, и претставува пример за комбинација од најнежни можни сурфактанти за измивање. Комбинацијата на сурфактантите не само што го прават нежен за кожата, туку ги спречуваат иритациите на кожата, помагаат кај оние луѓе кои имаат екстремно сува кожа на темето и идеален е за честа употреба. Дел од сурфактантие присутни во него даваат голема омекнувачка и хранлива моќ на косата, како на пример Sodium cocoamphoacetate, кој е еден од најважните сурфактанти кога станува збор за една убава органска и деликатна формула, затоа што ја прави косата многу мека и свиленкаста и го прави поблаг целокупниот производ. Прекрасните останати состојки како термалната вода од Гамард и чистата вода од лаванда имаат смирувачко дејство на скалпот и ги спречуваат иритациите на темето од главата. Убавиот микс на етерични масла не само што дава убав мирис на производот, туку дава огромен сјај на косата. Прекрасна формула за оние кои имаат многу чувствителна кожа или пак за оние кои се принудени често да ја мијат косата како на пример спортистите или пак луѓето кои повеќепати во неделата практикуваат спортска активност. Цената му е 675 денари.



Пример бр. 3: Шампон со алое вера на Aloedermal за чувствително теме на косата

Еве ви пример на уште еден шампон без сулфати кој е наменет за нежно и често измивање на косата. Ајде да ја разгледаме формулата.

Inci: Aqua, Decyl Glucoside, Disodium Cocoamphhodiacetate, Rapeseed Sterol, Capyoyl Glycine, Aloe Barbadensis, Coco Glucoside, Glyceryl Oleate, Aroma, Panthenol, Allantoin, Cysteine Hci, Xanthan Gum, Borago Officinalis, Sodium Hydroxyde, Citric Acid.

Нешто што обожавам кај производите на Алоедермал е едноставноста на формулите, малку состојки меѓутоа убаво одбрани и балансирани. Иако не станува збор за органски производ, има формула според стандардите за еден органски производ (секако ниедна од состојките не потекнува од органско земјоделство). Доколку имате масна коса не ви го препорачувам овој шампон затоа што ќе ви се чини дека малку измива, но доколку имате суво и чувствително теме, во тој случај може да биде одличен за вашата нега на косата. Цената на овој шампоне околу 400 денари. Од истата линија има и шампон против првут.

Секако како што ќе откривам и тестирам нови шампони (сигурно ќе продолжам понатаму со истрагата на добри производи) ќе ви ги презентирам овде на блогот. Целта на ова што го напишав е да разјасниме дека кога станува збор за добар природен или органски производ мора да се земе целокупната формула на производот пред да кажеме аха оваа состојка е агресивна и автоматски производот е агресивен.


Се надевам дека малку ви помогнав во изборот, а вие како и секогаш доколку имате прашања слободно оставете ги под самиот текст.

Пријатен ден и до скоро читање.

Вики

 

Saturday, September 19, 2015


Како ја негувам мојата коса

Здраво драги мои,

по големиот интерес за статијата во која го опишав мојот личен режим за нега на кожата, се одлучив да напишам една и за косата. Целта на оваа статија е да со вас споделам сѐ она што за мене лично функционира, колку пати неделно ја мијам косата, начинот на кој ја мијам, производите кои за мене се must have и секако кои маски и третмани најчесто сама си ги приготвувам дома. Јас имам сува коса, така да советите и производите кои ќе ги најдете во продолжение одговараат токму на овој вид на коса.

Миење на косата

1. Шампон

Во нормални услови косата ја мијам двапати неделно (секако при физичка активност кога многу се потам или летно време на море ја мијам и почесто во зависност од ситуацијата и потребата). Користам секогаш многу благи шампони со убаво избалансирани формули (за ова веќе подготвувам една статија и ќе ви ја објавам многу скоро) и секогаш ги разредувам со вода пред да ги нанесам на косата. Во едно чисто шишенце од потрошен шампон најнапред ставам мал дел од шампонот а потоа ставам вода и на тој начин го разредувам. Имам приметено дека вака разредениот шампон е подобро да се нанесе на темето на главата, затоа што без разлика на тоа колку еден шампон има блага формула сепак за темето на главата претставува шок доколку директно се нанесе.


Во деновите кога пред шампонирањето не ставам никаква маска, маслен третман или путер за коса, доволно е само еднаш да ја измијам косата, но кога претходно правам маслени третмани или нанесувам разни маски или путер за коса, правам две шампонирања на косата со цел убаво да ги измијам маслата од неа, затоа што доколку убаво не се измие маслото, кога косата ќе се исуши ќе делува масна како да не сме ја измиле.
Како што веќе напоменав користам убаво избалансирани шампони (формулата на состојките и сурфактантите е многу важна) и од оние кои за мене се покажале фантастични на прво место се трите од линијата на Alverde и тоа:

- шампонот за коса од авокадо (наменет за сува коса)
- шампонот за руса коса
- шампонот со к'на и маслина (наменет за волумен и висок сјај на косата)

Летно време го користев и шампонот на Gamarde наменет за честа употреба, особено за оние кои имаат чувствителна кожа на темето, и можам да кажам дека е многу деликатен шампон, одлична формула, а сепак убаво измива.


2. Регенератор (балзам)

Имам пробано многу регенератори или балзами за коса, меѓутоа со оглед на тоа што имам сува коса за мене најдобро дејство даваат производите leave in, односно оние кои не се измиваат. Најчесто овие производи сама си ги правам со оглед на тоа што поголемиот дел готовите производи на пазарот содржат силикони. Еден од моите омилени регенератори кои не се измива е оној со веќе готов балзам. За неговата подготовка детално говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_4.html. Секако го правам со убав производ без силикони (во мојов случај користам маска за коса на Schultz).


Исто така како производ за нега на косата кој е без измивање го правам и спрејот со алое вера гел кој одлично ја хидрира и храни косата. И за него веќе говорев ама еве сепак ќе ви ја повторам постапката. Потребно ви е:

- 50 мл вода (најдобро деминерализирана);
- 50 мл масло (може да користите едно масло или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминувате повеќе од 50 мл);
- 10 мл гел од алое вера (може а и не мора)

Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Доколку немате гел спрејот ќе биде доста функционален и само со маслото. Гелот од алое вера ќе му даде додатен навлажнувачки ефект на самото влакно, а со тоа и поголема хидратација.

Убаво помешајте ги сите состојки и протресете пред секоја употреба.

3. Маски, путери и третмани за коса

Е, тука навистина многу експеримнтирам и менувам во зависност од она што го имам дома на располагање, но и од ефектот кој што сакам да го постигнам на самата коса. Од производите на пазарот досега ги имам користено маската за волумен на Casyopea која навистина дава многу убави резултати http://biodevojka.blogspot.mk/2015/05/casyopea_25.html и путерот на Alverde http://biodevojka.blogspot.mk/2015/07/alverde.html.


Од домашни маски и третмани обожавам третмани со чисти масла (кокосово, масло од ленено семе, маслиново, арган) во комбинација со етерични масла, потоа разни путери како чист шеа путер или пак путерот која сама го приготвив и за кој веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/09/blog-post_14.html.


Третманите секогаш ги нанесувам на благо навлажнета коса, со оглед на тоа што на сува коса се врзвуваат со маслата природно присутни во влакното и при измивањето ги носат истите со себе и резултатот е сува коса. Водата креира еден вид на бариера каде маслото сепак го храни влакното и делува врз неговата надворешност, без притоа да успее да навлезе длабоко во неговата структура. Откако ќе го нанесам маслото, путерот или маската, одозгора најнапред ставам најлонска ќеса а врз неа пешкир. Доколку не е жешко времето, загревам 2 мин. со фен и оставам така да делува најмалку два саати, а понекогаш и преку ноќ за подобри резултати.

4. Серум за коса (за врвови)

Како серум за врвови и како замена за лошите силиконски капки, секогаш на влажна коса (пред сушење) или на сува откако ќе ја исушам, нанесувам една до две капки арганово масло или пак мала количина од путерот кој го направив. На овој начин косата добива сјај, а и самите масла дополнително ја хранат.

5. Пена и лак за коса

Многу ретко употребувам пена за коса. Ја имам пробано пената за коса на Alverde, меѓутоа забележав дека доколку често ја употребувам ми ја суши косата. Лак за коса не употребувам речиси никогаш иако еднаш се обидов и да го направам сама од природни состојки (и за тоа ќе говорам во некоја наредна статија, секако доколку има интерес)

Сушење на косата


Мојата коса е природно виткана (благо виткана, крупни локни), меѓутоа кога сакам да ја исфенирам тоа најчесто го правам на следниов начин: по измивањето на косата, нанесувам балзам спреј кој не се измива и косата убаво ја сушам со фен (или природно ја оставам да се исуши доколку е топло). Кога ја сушам со фен, гледам колку е можно повеќе фенот да го држам на што поголемо растојание од косата со главата наведната надолу за да и дадам и поголем волумен. Кога косата е скоро сува, поминувам со фен и четка за да ја исфенирам. На овој начин косата помалку се оштетува од фенирањето. Никако немојте косата да ја чешлате додека ви е мокра, затоа што тогаш влакното е најосетливо и лесно се крши, и резултатот ќе биде оштетена коса. Додека ви е мокра може да ги користите вашите прсти како чешел и нежно да поминете низ неа за да ги раздвоите прамените. Дури кога поголемиот дел од неа ќе биде сув, тогаш слободно може да поминете со чешел или четка.

Ете драги мои, ова беше мојата нега на косата и она што јас го правам за да имам здрава и убава коса. Секако како што напоменав мојата коса е сува и тенка и се обидувам максимално да ја хранам и негувам користејќи квалитетни природни и органски производи.


Каква е вашата нега на косата и што најчесто користите да го задржите сјајот и убавината на истата? Вашите коментари и искуства се повеќе од добредојдени.

Поздрав

Вики
No comments:

 

Monday, August 10, 2015


Сакам природна фарба за коса...постои???


Со само едно нанесување, може да ја промениме бојата на косата драстично или пак да и подариме само нежни прамени и одсјај. Фарбите за коса се неизбежен дел за многу жени и девојки кои се секогаш во потрага по вистинската боја, вистинскиот производ, фарба која што помалку ќе го оштети влакното или пак боја која ќе трае подолго. На пазарот постојат многу производи со кои може драстично или пак нежно да ја промениме бојата на косата, да ги покриеме белите влакна или пак да извадиме неколку прамени и да дадеме убав одсјај на косата.

Во изминатиов период добив навистина голем број на приватни пораки за една ваква статија, многу девојки ме прашуваа дали постојат природни или органски фарби, која марка на фарби се сигурни, дали постои фарба која помалку ќе ја оштети косата итн. Ајде најнапред да разјасниме една многу важна дилема, односно дали постојат природни или органски фарби? Одговорот е НЕ! Постојат традиционални фарби кои може да бидат повеќе и помалку штетни и кои во својот состав содржат сепак хемиски елементи, затоа што само хемијата може да доведе до една драстична промена на косата, и од друга страна постои к‘ната која не е фарба, туку ја нијансира косата меѓутоа не дава драстична промена како фарбата и не ги покрива белите влакна. Единствена природна к‘на е црвената, додека на црната и се додаваат други природни состојки за да стане црна. Затоа следен пат кога девојките во продавниците ќе ве убедуваат дека фарбата е природна или пак органска не го сфаќајте тоа здраво за готово.

 Многу фирми се обиделе да направат природна фарба (и на повеќето фарби пишува природна а воопштo не се), меѓутоа за жал таква формула сеуште не е измислена и мислам дека хемичарот кој ќе ја измисли ќе се здобие со огромна светска слава и најголем број на женски фанови.


Многу е важно и да се разјасни терминологијата. Под терминот фарба се подразбира само хемиска фарба преку која може да ја промениме бојата на косата. Според трајноста која ја имаат врз влакното, фарбите се делат во неколку категории и тоа:

1. Трајни фарби
2. Полутрајни фарби
3. Колор шампон

Фарби со амонијак

Овие фарби се специјално креирани за оние девојки или жени кои сакаат драстична промена на бојата на косата на пример од црна во русокоса или црвенокоса. Амонијакот претставува една многу агресивна состојка, меѓутоа доколку се земе предвид неговата намена не треба ни да не чуди. За да се офарба косата, тубичката во која се наоѓа бојата се меша со хидроген и во моментот кога овие две состојки ќе се помешаат се создава бојата. Кога оваа смеса ќе се нанесе на косата, амонијакот има за задача да го отвори кортексот на влакното и да и дозволи на бојата да пенетрира под него. Штом бојата ќе навлезе во влакното, таа е веќе трајна и не излегува со миењето.

Фарби без амонијак

Како што вели и самото име во овој вид на фарби не е присутен амонијакот, меѓутоа бидете внимателни затоа што истиот е заменет со други штетни состојки. Сум видела декларација на фарби каде на сметка на амонијакот ставени се други 5 штетни состојки кои некои од нив испуштаат и формалдехид. Не верувајте на оние фарби на кои пишува природни, без амонијак со масла кои ја штитат косата. Мора да има хемија, да можеше маслата да ја бојат косата, хемиските фарби немаше ни да постојат. Секако постојат и фарби без амонијак каде штетните состојки се сведени на минимум, меѓутоа сепак не може да се наречат природни.

Растителни фарби или К‘на

На пазарот ќе најдете и производи со натписот растителни фарби или органски, меѓутоа всушност како база на овие производи е к‘ната. Никогаш не ми се допаѓал терминот природни фарби за производи кои се на база на к‘на затоа што сепак к‘ната не претставува фарба и не е во можност да ја промени бојата на косата. Единствено нешто што може да направи е да даде убав одсјај на косата. Освен к‘ната во овие производи има и растителни екстракти од повеќе билки (во зависност од нијансата), кои се сигурни за кожата и косата и не предизвикуваат алергии, меѓутоа не покриваат бели влакна. Затоа доколку вашата причина за фарбање на косата се белите влакна, производите на база на к‘на нема да успеат да ги покријат како на пример традиционалните фарби.


Па добро тогаш, што да избереме?
Тоа зависи од вас и вашата потреба, односно од причината поради која се фарбате. Доколку имате убава боја на косата а сакате само здрав одсјај и убав сјај на косата, во тој случај к‘ната е идеална за вас. Исто така доколку имате масна коса а не се фарбате, во тој случај може да користите безбојна к‘на, која не само што ќе ја зајакне косата туку и ќе ви помогне да се справите и со вишокот на маснотии во косата. Секако доколку вашата грижа се белите влакна или пак сакате некоја особена боја која само хемијата може да ја даде, во тој случај единствено решение за вас е традиционалната фарба. Како што веќе напоменав, природата во овој случај, за жал, нема алтернатива за хемијата, меѓутоа при изборот на фарбата за коса, би сакала да ви посочам неколку опасни состојки кои е подобро да се избегнуваат.

1. Амонијак- доколку можете избегнувајте го во фарбите. Секако како што споменав неопходен е за драстична промена на бојата, меѓутоа е навистина многу агресивен за кожата.

2. Paraphenylenediamine (PPD) е многу моќен алерген кој е во состојба да предизвика алергиски реакции па дури и дерматит на кожата кај некои луѓе. Европскиот закон за козметика дозволува употреба на оваа состојка во фарбите најмногу до 4%. 

3. Формалдехид и состојки кои испуштаат формалдехид. Кога говорев за лаковите за нокти, споменав дека оваа состојка е многу токсична и дека меѓународната агенција која врши истражувања за ракот, оваа состојка ја класифицираше како канцерогена која има можност дури и да влијае и врз ДНК.

4. Тoluene- 2,5 diamina (PTD) е алерген сличен на PPD, кој во фарбите може да биде употребен не повеќе од 4%.


Знам дека не е возможно да се најде една фарба која ги нема сите овие состојки, верувајте ми барав, има фарби кои се без амонијак и нивото на PPD е ниско, меѓутоа имаше состојки кои испуштаат формалдехид. И обратно фарби без формалдехид кои содржат амонијак или високо ниво на PPD. На пример, видов една фарба од марката Natural colors organic (нека не ве буни името не е воопшто органска иако има акстракти на билки од органско потекло) која немаше амонијак, немаше резорцинол, нивото на PPD е 0,6 што е одлично со оглед на тоа што во некои фарби е присутно до 4% меѓутоа доколку не се лажам имаше Тoluene. Знaчи не можам да ви препорачам ниедна фарба како одлична и сигурна затоа што, повторувам, таква фарба не постои.

Доколку сте задоволни со својата боја, но сакате убав сјај и здрав одсјај на косата, во тој случај земете к‘на, или пак правете разни природни третмани за осветлување на косата, кои нема да ја променат вашата боја, туку ќе ви дадат убав сјај на влакното и може да ја променат само за нијанса.

 Една од најзачудувачките информации кои ги прочитав е дека колку една фарба е потемна, толку повеќе содржи хемиски состојки кои се потребни за да се добие бојата.


Секако целта на оваа статија не беше да ве разубедам да не се фарбате (како што напоменав нема природна фарба), туку да ви објаснам како стојат работите, па изборот секако го оставам на вас.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и дека на некоја начин ви помогна да ја разјасниме терминологијата и намената на фарбите за коса.

Ви благодарам на вниманието, и до скоро читање.

Вики

 

Wednesday, July 1, 2015


Мали трикови за волумен на тенка коса


Здраво на сите,

тенката коса без волумен е преокупација на поголемиот број на девојки, кои секојдневно се во потрага на нови методи и препарати кои ќе го решат овој проблем. Јас лично имам навистина тенко влакно, меѓутоа за среќа многу негувано и сјајно, така да на некој начин сепак сум задоволна, иако при миењето и сушењето на косата правам неколку мали трикови за поголем волумен кој секако е повеќе од добредојден. Во продолжение на оваа статија, со вас сакам да ги споделам сите методи и препарати кои лично ги користам за поголем волумен на косата и за мене функционираат. Само да напоменам дека густината на косата е генетска, и со овие трикови секако нема косата да ни стане погуста, меѓутоа визуелно ќе се зголеми волуменот и влакното ќе изгледа поцврсто што не е на одмет. Ајде да започнеме.

Совет бр. 1: исхрана

Верувајте ми исхраната има големо влијание врз здравјето, сјајот и волуменот на косата. За ова веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_20.html, меѓутоа еве ќе повторам и овде. Исхраната треба да биде богата со витамини и минерали, но и омега 3 масни киселини. Затоа од голема важност е конзумирањето на свежи овошје и зеленчук (особено зелен зеленчук), лосос, житарици, јаткасти плодови, ленено семе и др. Верувајте ми,убавата и погуста коса започнува токму од устата, односно од она што го внесуваме внатре.


Совет бр. 2: производи за нега на коса

Од голема важност се и производите кои ги користиме за нега на косата кои треба да бидат квалитетни, без силикони и да не го отежнуваат влакното на самата коса. Секако сите сме различни и не е возможно еден производ да функционира за секого, меѓутоа јас лично користам три производи кои кај мене даваат одлични резултати. Како маска пред шампонирање ја користам онаа со кал од мртво море на Casyopea, која верувајте ми одлично ја чисти косата и дава навистина голем волумен, затоа што на некој начин го зацврснува и здебелува влакното. Во последно време го открив и шампонот со маслиново масло и к'на на  Alverde кој дава извонредни резултати, ја прави косата поцврста. Овој шампон го користам наизменично со оној на Gamarde, кој е идеален за честа употреба и дава неверојатен сјај на косата и прекрасно мириса. Како и секогаш, напоменаувам дека е многу важно да користите шампони без силикони, и верувајте на пазарот ги има и тоа во голем број. Еве овие два кои ви ги споменав се фантастични и многу чисти како производ, а што е најважно си го прават своето.



Совет бр. 3: пиво

Верувале или не, пивото е состојка бр. 1 која дава волумен на косата. Освен волуменот, пивото има способност и нежно да ја осветли косата, односно да ви даде убави топли прамени, во зависност од вашата природна боја на косата. Во Италија користев безалкохолно пиво, затоа што алкохолот ја суши косата, а тоа не ни е целта, меѓутоа може да користите и обично пиво доколку ден претходно го отворите и го оставите да изветрее. На тој начин пивото ќе биде помалку агресивно за косата. Еве ви еден рецепт за маска за коса од пиво која лично си ја правам и е одлична за косата:

- половина чаша пиво;
- жолчка од 1 јајце;
- една супена лажица масло од лимон (рецептот ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_29.html) Доколку не сте направиле вакво масло, без грижа, ставете една лажица маслиново масло со три капки етерично масло од лимон, или неколку капки чист сок од лимон);
- една кафена лажичка мед

Помешајте ги добро сите состојки и нанесете ги на благо навлажнета коса, ставете фолија и пешкир и оставете да стои најмалку саат време. Потоа измијте ја убаво косата со благ шампон и на врвовите нанесете регенератор.

Пивото може да го користите и само како третман. Доволно е да го ставите во едно празно спреј шише и со него да ја испрскате убаво косата после шампонирање, или директно да го нанесете на косата со помош на една чаша. Ставете пешкир врз косата и држете ја така околу саат време. Потоа исплакнете и ставете добар регенератор на врвовите од косата. Како завршно плакнење (доколку целта ви е и благо осветлување на косата), ставете јак чај од камилица и не исплакнувајте повеќе.

Најискрено пивото го предложив во комбинација со другиве состојки, затоа што маслото, медот и јајцето на некој начин го збогатуваат пивото и го зголемуваат хранливото дејство врз косата.

Исто така, од огромна корист е и третманот со ленено семе. Рецептот за домашен гел од ленено семе ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_23.html
 


Совет бр. 4: сушење на косата

Откако ја измивме косата на ред доаѓа и сушењето кое и те како може да помогне при зголемувањето на волуменот на самата коса. Доколку сакате визуелно погуста коса, во тој случај косата сушете ја со главата наведната надолу. Верувајте ми навистина дава резултати. Природно имам виткана коса  и честопати ја сушам природно, меѓутоа кога ја исправувам, најнапред ја засушувам со фен со главата надолу (никако немојте да чешлате мокра коса затоа што е најнежна и подложна на кршење), и откако косата ќе се исуши околу 70-80% тогаш ја поминувам со четка и фен со главата надолу, за убаво да ја обликувам и средам. Внимавајте фенот да го вклучувате на пониска температура и да биде доста оддалечен од главата. Доколку сакате подобар ефект може да ставите и некоја убава пена за коса или малку лак за коса без штетни состојки, како на пример оние на Alverde.


Совет бр. 5: соодветна фризура

Во договор и совет со вашиот фризер, одберете ја онаа фризура која најмногу одговара на вашиот вид на коса и секако структура на влакното. Верувајте ми убаво шишана коса и соодветна фризура, може многу да придонесе за еден визуелен волумен и поцврста коса.

Се надевам дека ви се допаднаа овие совети и дека поголемиот број од нив ќе ви бидат од корист. Дали вие имате некои свои трикови за поголем волумен и визуелно погуста коса? Доколку е така, ве поканувам да ги споделите оставајќи коментар под самиот текст.

Благодарам за вниманието и до следната статија.
Вики

 

Tuesday, June 16, 2015


Како да ја заштитиме косата за време на летните одмори


Морето, плажата и сонцето не релаксираат и освежуваат, меѓутоа не се баш најдобри пријатели за нашата коса. Сончевите зраци, ветерот, песокот и солената морска вода, и тоа како може да ја исушат косата, да ја направат безживотна и послаба. Меѓутоа не грижете се, во продолжение на оваа статија ќе ви дадам неколку важни совети како правилно да ја заштитите вашата коса и да и помогнете да ги преживее овие состојби.

1. Шешир за коса

Правило бр. 1 е обавезно да носите шешир на плажа кој верувајте ми многу ќе ја заштити косата од сончевите зраци. особено ако долго време поминувате на плажа. Најдобро е да бирате сламени шешири.


2. Исплакнување на косата

Морската вода и хлорот од базенот може многу да ја оштетат косата доколку ги оставите врз неа. Затоа мој совет ви е после секое капење во море или базен да ја исплакнете косата со вода, со цел да ги отстраните солта и хлорот.


3. Масло за коса

Како заштита од сонцето, секогаш користете масло за коса. Некои масла имаат природен фактор за заштита од сонцето како на пример:

- кокосово масло SPF 2
- масло од јојоба, сусамово масло, маслиново масло, шеа путер и масло од авокадо SPF 4
- масло од макадамија SPF 6
- масло од соја SPF 10
- масло од пшенични никулци SPF 20
- масло од морков SPF 40

Изберете едно од овие масла (или микс од повеќе масла) и нанесете го на мокра коса после секое исплакнување од морето или базенот.

Исто така користете ги и како стајлинг за коса по миењето на косата со шампонот (како замена за силиконските капки).

Најдобро би било доколку наутро пред да одите на плажа, малку ја намокрите косата и ставите од маслото (неколку капки) и на тој начин веќе ја подготите косата за сонцето. Потоа убаво ставете од маслото после секое капење во морето или базенот (секако прво исплакнете ја косата со слатка вода за да ги отстраните колку можете солта и хлорот од косата). Верувајте ми на овој начин ќе ја спасите косата од штетниот ефект на сонцето, и од одмор ќе се вратите со прекрасна и мека коса.


ВАЖНО: во никој случај не ги користете овие масла како заштита на кожата од сонцето наместо кремите за заштита. Сепак заштитниот фактор на маслата не е доволен да ја заштити вашата кожа со оглед на тоа што се потребни и заштитни филтри (јас препорачувам физички) кои ги има во еден добар производ. Од друга страна маслата за косата се сосема ок и даваат одлична заштита од сонцето.

4. Природен спреј за заштита на косата

Овој спреј е фантастичен за заштита на косата за време на нејзиното изложување на сончевите зраци. Се што ви е потребно да го направите е:

- 50 мл вода;
- 50 мл масло (може да користите едно од горе предложените масла или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминувате повеќе од 50 мл);
- 10 мл гел од алое вера (може а и не мора)

Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Доколку немате гел спрејот ќе биде доста функционален и само со маслото. Гелот од алое вера ќе му даде додатен навлажнувачки ефект на самото влакно, а со тоа и поголема хидратација.

Убаво помешајте ги сите состојки и протресете пред секоја употреба.


5. Природно сушење

Барем во периодот додека сте на одмор, избегнувајте да ја сушите косата со фен или пак да ја исправувате со преса. Оставете ја косата да се исуши природно.


6. Фарбање или шатирање на косата

Пред да одите на одмор никако не ја подложувајте косата на хемиски третмани затоа што сонцето додатно ќе ја исуши а и ќе ја промени за нијанса бојата која сте ја постигнале. Доколку се фарбате или шатирајте, направете го тоа по враќањето од одморите и тоа не веднаш туку почекајте барем 10 дена. На тој начин ќе го избегнете преголемото сушење и стрес за косата.

7. Шампони за коса

Во текот на летните одмори, а и на целиот летен период, ви препорачувам да користите што поблаги шампони, со оглед на тоа што косата ја миеме многу често (за време на одморите секојдневно).

Се надевам дека советите ќе ви бидат од корист и ви посакувам прекрасно лето.

Вики



 

Saturday, May 9, 2015


Три корисни и прекрасни третмани за коса


Сува коса? Масна коса? Слаба коса? За се има лек.

Во оваа статија сакам да ви дадам три рецепти за третмани за коса погодни, за различни проблематики и видови на коса. Лично ги имам пробано сите три за да видам каков резултат имаат пред да ви ги предложам. Можам со сигурност да ви кажам дека функционираат и дека навистина си го прават своето во зависност од проблематиката за која се наменети.

Ајде да започнеме.

1. Третман за масна коса


Потребни состојки за овој третман се:

2 супени лажици алое вера гел

1 кафена лажица масло од арган

6 капки етерично масло од лимон

Убаво помешајте ги сите состојки и нанесете ја сместата на сува коса (со оглед на тоа што алое вера гелот има водена структура нема потреба да ја навлажнуваме косата како што обично ви препорачувам кога правиме третмани само со масла). Држете ја околу саат време и убаво измијте со благ шампон. Алое вера гелот во комбинација со етеричното масло од лимон е сапс за масна коса. Го отстранува вишокот на маснотија, а сепак ја негува косата. Маслото од арган додатно ја храни косата и и дава сјај.

2. Третман за многу сува коса


1 супена лажица рицинусово масло

1 супена лажица кокосово масло

1 супена лажица шеа путер

5 капки етерично масло од лаванда

2 капки етерично масло од рузмарин

Помешајте ги сите состојки убаво и нанесете ја смесата на навлажнета коса. Оставете ја да делува најмалку саат време и убаво измијте ја косата со благ шампон. Комбинацијата на маслата со шеа путерот се спас за сувата коса, особено за расцветаните врвови. Овој третман го враќа сјајот на сувата коса, го храни влакното на косата со што таа изгледа здрава, витална и сјајна.

3. Третман за зацврснување на косата


 Потребни состојки за овој третман се:

2 супени лажици рицинусово масло

1 супена лажица кокосово масло

1 супена лажица мед

9 капки етерично масло од рузмарин

Убаво помешајте ги сите состојки и нанесете на навлажнета коса. Направете кратка масажа на темето на главата. Рицинусовото масло во комбинација со етеричното масло од рузмарин ја зацврснува косата и ја подобрува циркулацијата.Кокосовото масло е корисно против косопадот и го забрзува растот на косата, додека медот ја храни и негува косата. Оставете да делува најмалку саат време и убаво измијте ја косата со благ шампон.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.
Голем поздрав.

Вики


 

Monday, May 4, 2015


Природно осветлување на косата


На барање на неколку верни читателки, еве една статија за сите природни состојки кои може да помогнат при осветлување на косата. Најнапред едно важно појаснување, станува збор за осветлување на коса најмногу до две нијанси од природната, значи ако сте темни по природа и сакате да станете платинасто блонд, тоа нешто не е возможно со природните состојки. За жал само хемијата може да направи една таква драстична разлика во бојата. Меѓутоа доколку сакате да ја осветлите косата до две нијанси од природната боја, во тој случај се што ви треба е некоја од состојките за кои ќе говорам и многу трпение.

Состојки кои помагаат при осветлување на косата се:

1. Камилица

Оваа билка дава прекрасен сјај доколку имаме природно руса коса и може да се користи на два начини: како чај за исплакнување на косата по шампонирањето и како маска за коса со ленено семе.

2. Мед



Освен што ја негува косата, во комбинација со други состојки дава убав сјај на русата коса.

3. Шеа путер



Овој путер е еден од природните осветлувачи на веќе природно руса коса. И дава убав сјај, одлично ја негува косата и ја прави исклучително мека.

4. Масло од пшенични никулци

И ова масло е одлично за нега на природно русата коса и во комбинација со други состојки доста ја осветлува косата.

5. Цимет

Во комбинација со други состојки одлично ја осветлува косата и дава жолтеникав сјај.

6. Ѓумбир



Овој зачин во комбинација со други состојки одлично ја осветлува косата и за разлика од циметот, дава прекрасни ладни тонови на косата.

Корисни комбинации на горенаведените состојки

1. Камилица и ленено семе

Овој гел не само што ќе и даде прекрасен сјај туку и видно ќе го подобри влакното на косата. За неговата подготовка веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_23.html).

2. Камилица и мед 

Направете јак чај од камилица и додадете мед. Оваа смеса нанесете ја на косата, држете најмалку саат време и измијте со благ шампон.

3. Неутрална к'на со чај од камилица

Пимешајте ја к'ната со чај од камилица и нанесете ја на чиста коса. Оставете најмалку саат време и измијте ја косата со благ шампон. К'ната е одлична за девојките кои имаат масна коса.

4. Камилица со шеа путер

Помешајте малку чај од камилица со малку шеа путер (во зависност од должината на косата) и оставете да делува најмалку саат време. Потоа измијте ја косата со благ шампон.

5. Масло од пшенични никулци, мед и камилица

Помешајте малку чај од камилица со една лажица масло и една лажица мед и нанесете го на косата околу саат време (а може и повеќе).



Како што веќе напоменав, со сите вас сакам да споделам еден многу корисен рецепт кој за мене лично функционираше. Овој рецепт ќе ја осветли нежно вашата коса (значи не очекувајте драстична промена) и тоа за две нијанси посветла од вашата природна. Најдобро функционира кај оние кои имаат природно руса коса, или светло кафена коса. Тие со потемна коса може да пробаат, ама треба да бидат упорни (минимум 8 апликации). Еве го рецептот:

6 супени лажици дестилирана вода
1 супена лажица мед
половина супена лажица маслиново масло
1 мала лажичка цимет или ѓумбир (а може и комбинација пола пола)

Состојките се мешаат и се оставаат во еден сад (со херметички затворач) да отстојат саат време. Потоа смесата се нанесува на целата коса и се остава да делува најмалку саат време (најмногу колку можете. Јас издржав до 4 саати ). Ставете си некој пешкир околу вратот а косата прво покријте ја со кеса и врз неа ставете пешкир. Нема потреба да се загрева со фен.

Зошто функционира овој рецепт?

Медот во комбинација со дестилираната вода испушта хидроген пероксид во минимална количина односно 2 до 3 %. Оваа количина е доволна за постепено да ја осветли косата без да ја оштети, напротив медот и маслиновото масло само може да ја нахранат косата. Што се однесува до изборот на зачините, морам да ве предупредам дека доколку имате чувствителна кожа на главата подобро е да користите само ѓумбир, затоа што циметот може да ви предизвика реакција или вцрвенување на темето (со оглед на тоа што ја подобрува циркулацијата). Јас лично имам пробано и со двата зачина посебно, а и мешавина, ама кај мене за среќа нема реакција. Меѓутоа ферски е да ги предупредам сите читателки за да нема несакани последици.

Друга важна работа е што резултатите нема да дојдат преку ноќ, па затоа соберете го сето трпение на овој свет. Колку ви е посветла косата толку резултатите ќе бидат видливи по само 2/3 апликации. Јас имам природно светло костенлива коса и првите резултати ги видов дури по 5 апликации, затоа бидете навистина трпеливи и не се откажувајте.


Помеѓу природните осветлувачи е и лимонот, ама најискрено не го споменав затоа што ја суши косата, а мојата цел е да ви понудам нешто што ќе функционира без да ви ја исуши косата. Џабе е посветлена коса, ако истата е сува и без сјај. Исто така и пивото е доста корисно, ама за жал и тоа ја суши косата поради алкохолот. Во Италија користев еден вид на пиво во кое немаше воопшто алкохол (го немам забележано во Скопје, доколку некој го видел или знае каде се продава нека остави коментар) и беше фантастично за косата затоа што даваше прекрасен сјај. Го користев во комбинација со жолчка од јајце и масло од пшенични никулци.

Една од следните статии ќе ја посветам на темнокосите и црвенокосите девојки. Ќе говорам за сите природни состојки со кои може да се затемни косата и да и се даде црвенкаст сјај.

Сега за сега, ви испраќам голем поздрав и како и секогаш премногу ви се заблагодарувам за вниманието.

Доколку сте пробале некој природен начин за осветлување или знаете некоја друга состојка која ја немам споменато, слободно оставете коментар под самиот текст.

До следната статија

Вики

 

Monday, April 20, 2015


Храна за здрава и убава коса

Многу е важно да ја негуваме косата и да користиме добри препарати на природна база и без силикони, меѓутоа уште поважно е да ја негуваме косата од внатре, правилно хранејќи се и внесувајќи храна богата со витамини и протеини. Како што многупати имам кажано, убавината пред се доаѓа од внатре. Еве кои видови на храна позитивно влијаат врз убавината и растот на нашата коса, го зголемуваат нејзиниот сјај и волумен.

1. Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и омега 3 масни киселини, а содржат и биотин кој е одличен за растот и сјајот на косата. Меѓутоа треба да се биде внимателни со оваа намирница и да се конзумира умерено, затоа што жолчката од јајцето го зголемува и холестеролот во организмот.

2. Лосос

Лососот е една од најмасните риби богат со состојки од основна важност за здравјето на косата како: омега 3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и железо. Доволно е да ја внесете во вашата исхрана два до три пати неделно.

3. Зеленчук и овошје

Зеленчукот (особено оној со зелени лисја) содржи многу витамини кои се неопходни за правилниот раст на косата и нејзиниот сјај (А,Ц и К). Еве неколку видови на зеленчук кои се бр. 1 кога станува збор за убава и долга коса:

- зелена салата;

- спанаќ;

-блитва;

-брокули;

- мали зелкички;

- кинеска зелка;


Овие зеленчуци се богати со калциум, магнезиум и железо кои го помагаат растот на косата.

Исто така овошјето и зеленчукот богати со витамин Ц, Е и А имаат фантастично влијание врз убавината на нашата коса. Еве ви неколку примери:



- морков;

- портокал;

- пиперка (пиперката има пет пати повеќе витамин Ц од портокалот);

- домати;

- киви;

- авокадо;

- грозје;



4. Јаткасто овошје

Лично го обожавам, ама буквално се. Јаткастото овошје е богато со протеини и минерали како цинк, магнезиум и селен, и е спас за нежна и кршлива коса. Ја зајакнува и згуснува косата, го зголемува нејзиниот сјај и убавина. Еве неколку видови на јаткасто овошје кои треба да станат дел од вашата исхрана:

- орев;

-бадем;

-семки од сончоглед:

- семки од тиква;

- кикирики;


5. Мешунки

Мешунките се исто така доста богати со протеини и се еден вид на замена на животинските протеини кај вегетаријанците и веганите. Меѓутоа, не само тие туку сите би требало да ги вклучат во својата исхрана, и тоа не само како намирници за убава коса, туку и за целокупна добросостојба на телото, со оглед на тоа што го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Затоа леќата, грашокот, гравот (црвен, бел, азуки и др), би требало што почесто да бидат присутни на нашата трпеза.

6. Житарици



Житариците се богати со витамин Б кој е неопходен за убавината и здравјето на косата.

7. Пилешко месо

Овој вид на месо е богато со протеини кои се неопходни за оддржување на убавата боја на косата.

Дали секојдневно ги внесувате овие намирници или дел од нив? Која е вашата омилена храна за прекрасна коса?


Вики


 

Wednesday, April 1, 2015


Месечев календар за месец април 2015


Здраво на сите

откако минатиот месец го објавив календарот за месец март според кој третманите за убавина се прават во одреден ден и под одредена месечева промена со цел да бидат поефикасни, добив пораки за нов календар за месец април. Така да еве ви како што им ветив на некои читатели, во продолжение ви го пишувам комплетниот календар со месечевите промени за месец април, со сите третмани за убавина. Се што треба да напавите е да ги следите месечевите промени и да ги правите третманите кои ве интересираат (третман на лице, шишаер на коса, маникир итн) во точно одредените денови.

Сао да повторам какво влијание имаат месечевите промени врз организмот:

Младата месечина е период каде прочистувањето на телото има најсилен ефект. Оние кои на пример ја следат месечевата диета со самото прочистување може да спречат многу болести. Овој ден е идеален доколку сакаме да се ослободиме од лоши навики како алкохол и цигари.

Во деновите на осветлување на месечината (прва фаза, прва четвт и последна фаза на осветлување) телото најдобро ги апсорбира витаминските третмани и најдобро се регенерира.

При полна месечина телото максимално апсорбира се (за жал и сите хемикалии присутни во храната), па затоа и тука се препорачува прочистување на организмот со течности. При полна месечина не се препорачуваат хируршките интервенции затоа што раните подолго крварат.

Затемнување на месечината (прва фаза на затемнување, последна четврт и последна фаза на затемнување) се случува во период од околу 14 дена од полна кон млада месечина. Ова е најдобар период за прочистување на организмот, за зајакнување на организмот и успех на разни хируршки интервенти. Колку повеќе месечината се приближува кон младата месечина толку ефектот е посилен.


Доколку сакате повеќе информации погледнете ја мојата статија: http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_1.html

Еве ги месечевите промени за месец април:

Ден
Месечина
Шишање
Фарбање
Третман на лице
Нокти
Депилација
Месечева Диета
1
Осветлување
(Девица)
    ДА
     ДА
    НЕ
   НЕ
2
Осветлување
(Девица)

    ДА
     ДА
   НЕ
   НЕ
3
Осветлување
(Девица)
    ДА
     ДА
   НЕ
  ДА
   НЕ
почеток во 13:04
4
Полна М.
(Вага)
     ДА
   НЕ
  НЕ
   НЕ
завршеток во 13:04
5
Затемнување
(Вага)
     НЕ
6
Затемнување
(Шкорпија)
    НЕ
7
Затемнување
(Шкорпија)
    НЕ
8
Затемнување
(Стрелец)
    НЕ
9
Затемнување
(Стрелец)
    НЕ
10
Затемнување
(Стрелец)
    НЕ
    ДА
11
Затемнување
(Јарец)
    НЕ
    НЕ
    ДА
12
Затемнување
(Јарец)
     НЕ
    НЕ
    ДА
   НЕ
13
Затемнување
(Водолија)
    НЕ
14
Затемнување
(Водолија)
    НЕ
15
Затемнување
(Риба)
    НЕ
    НЕ
   НЕ
16
Затемнување
(Риба)
    НЕ
     НЕ
   НЕ
17
Затемнување
(Овен)
    НЕ
почеток во 19:56
18
Млада М.
(Овен)
    НЕ
   НЕ
     НЕ
крај во 19:56
19
Осветлување
(Бик)
     ДА
     НЕ

20
Осветлување
(Бик)
     ДА
     НЕ
21
Осветлување
(Близнаци)
    НЕ
     ДА
     ДА
   
  НЕ
     НЕ
22
Осветлување
(Близнаци)
    НЕ
     ДА
     ДА
    
  НЕ
     НЕ
23
Осветлување
(Рак)
   
     ДА
 
     НЕ
  
     НЕ
24
Осветлување
(Рак)
     ДА
     НЕ
    НЕ
25
Осветлување
(Рак)
     ДА
     НЕ
    НЕ
26
Осветлување
(Лав)
    ДА
     ДА
     НЕ
27
Осветлување
(Лав)
    ДА
     ДА
     НЕ
28
Осветлување
(Девица)
    ДА
     ДА
     НЕ
29
Осветлување
(Девица)
     ДА
    ДА
     НЕ
    НЕ
30
Осветлување
(Девица)
    ДА
    ДА
    НЕ
    НЕ








Ознаките НЕ значат дека е лош ден за правење на одреден третман кој може да има лош исход за убавината (на пример ако ја скратите косата во деновите каде е означено НЕ на пример кога месечината е во јарец, може да дојде до оретчување на косата, до појава на првут итн.)

Ознаките ДА означуваат многу погоден момент за третманот и истиот ќе има огромна ефикасност ( на пример доколку ја скратите косата кога месечината е во лав косата ќе ви биде погуста, а во деновите кога месечината е во девица ќе расте побрзо)

Што се однесува до месечевата диета да напоменам дека во рок од 24 часа од саатот означен како почеток се конзумираат само течности со цел да се прочисти организмот.

Онаму каде не пишува ништо значи дека е неутрален период и нема ни позитивно ни негативно дејство.


Вики

 

Monday, March 23, 2015


Направи сам: гел за коса од ленено семе


Лененото семе содржи висок процент на минерали како фосфор, магнезиум и бакар, 20 % на протеини и 40% масти. Ова семе има безброј корисни дејства врз организмот и може да се конзумира во супи, салати и како чај, меѓутоа од него може да се направи и гел за нега на косата. Со редовна употреба на овој гел, косата буквално ќе се препороди, ќе стане поздрава и посјајна. Се што ви е потребно за подготовката на овој гел е:

- 30 гр. ленено семе (најдобро од органско потекло)
- 200 мл вода

Во едно тенџере ставете ја водата и лененото семе, поклопете и оставете да стои преку ноќ.


Изутрината, тенџерето ставете го на рингла и откако водата ќе почне да врие варете околу 5 мин.


По истекувањето на времето тргнете го тенџерето од рингла и со помош на една цедилка прецедете го гелот (со оглед на тоа што овој гел е доста густ треба да бидете упорни во прецедувањето, мешајте и со лажичка додека не истече целиот гел). Почекајте да се олади.



Овој гел нанесете го на сува коса и оставете да делува најмалку саат време или преку ноќ, доколку сакате подобри резултати. Потоа измијте ја косата како што обично правете и исушете ја. Уште по првото нанесување ќе забележите дека косата е помека, подобро се расчешлува и имам огромен сјај.


Лененото семе кое сте го прецедиле никако не го фрлајте. Може слободно да се употреби во веќе приготвени супи, салати или други јадења.


Ова е основниот рецепт за гел кој одговара на сите видови на коса, но доколку сакате да направите нешто повеќе, во тој случај при варењето на гелот и во зависност од бојата на вашата коса додадете:

- една кесичка чај од камилица или две лажици суви цветови од камилица за руса коса;
- една кесичка црн чај (руски чај) за црна коса;
- една кесичка или две лажици црвен чај rooibos, за црвена коса.

Со оглед на тоа што ова е природен гел без никаков конзерванс, рокот на траење му е една недела доколку го чувате во фрижидер. Ако сакате да направите поголема доза одеднаш може да користите 60 гр. ленено семе со 400 мл. вода и добиениот гел да го ставите во пластичен сад за лед и да го замрзнете. На тој начин имате веќе готов производ и секогаш кога ќе сакате да го нанесете на косата доволно е да одмрзнете една коцка и да ја нанесете на косата, без повторно да ја правите целата процедура за подготовка.

Го држев на косата околу 4 саати и ова беше крајниот резултат


Се надевам дека ви се допадна овој рецепт и дека ќе се обидете да го направите. Верувајте ми ќе бидете многу задоволни, а со малку пари добивате 100% природен производ кој никако не се споредува со сé она што се продава на пазарот.


Вики

 

Sunday, March 8, 2015


Совети за правилен избор и користење на органските шампони


Најтежок премин од конвенционалната кон органската козметика е изборот на вистинкиот органски шампон и потребни се многу обиди, издржливост и упорност за да се видат резултати. Откако ги оставиле традиционалните шампони полни со силикони и го купиле првиот органски шампон, многу девојки се пожалиле дека косата им е уште посува, или дека органскиот шампон не мие добро, или пак дека косата почесто се масти. Јас лично бев една од оние кои по првото миење мислеа дека органскиот шампон не функционира и дека ми ја суши косата, меѓутоа за среќа сфатив зошто оваа појава е нормална на почеток и научив трикови како правилно да ја мијам косата и да ги употребувам овие шампони. Во продолжение со вас ќе споделам се она што имам научено и што за мене функционира.



Зошто на почетокот се забележува влошување на состојбата на косата?

Одговорот на ова прашање е еден и единствен...СИЛИКОНИ!!! Сите оние волшебни традиционални шампони кои по две миења ни ја прават косата како свила и за кои не убедуваат дека имаат дејство преку ноќ, се полни со силикони и нафтени деривати кои со текот на времето и редовната употреба буквално ја затрупуваат косата со токсини. Малкумина знаат дека силиконот е бр. 1 причина за сува коса и за оштетени врвови. Веќе имам објаснето како функционира ама еве повторно ќе споменам. Силиконот создава еден филм кој го обложува влакното кое на изглед е префектно, мазно и сјајно ама вистината е сурова. Под тој лажен сјај кутрото влакно е задушено, неможе да дише и со текот на времето се суши, ослабнува и пука.
Колку повеќе користите силиконски производ толку повеќе косата се суши и вие сте принудени да користите двојно па и тројно повеќе силикони за да го прекриете проблемот, и така се навлегува во маѓепсан круг.
Верувајте ми единствениот пат до здрава коса и прекрасни мазни врвови е да  им кажете збогум на силиконите засекогаш. 

Од друга страна пак, органските шампони имаат благи сурфактанти, комплетно се без силикони и нафтени деривати, а како хранливи состојки имаат масла, етерични масла и екстракти од билки кои за разлика од силиконите навистина ја негуваат косата.

Е сега кога ќе почнете да ја миете косата само со органски шампони се случува следново: шампонот ги одмива силиконите насобрани до сега (потребно е околу 15 до 20 миења за да се извадат од косата, барем за мене беше така) и косата ви е посува, но не како резултат на состојките во органскиот шампон, туку како резултат на состојките во шампоните пред него. Тоа е вистинската состојба на вашата коса. Влакното е конечно слободно меѓутоа за греота е толку изнамачено што нема ни сила да ви се заблагодари. Со упорна употреба на органските шампони и адекватна нега на косата со масла, третмани и маски на природна база ќе дојдете до прекрасна, сјајна и здрава коса која овојпат е навистина ваша.

Друга важна работа за органските шампони е фактот што истите се многу поконцентрирани од обичните. Значи доволна е многу помала доза за да се измие убаво целата коса.


Како правилно да го одбереме вистинскиот органски шампон?

Како што веќе напоменав, силиконите создаваат филм на косата и честопати вие немате претстава за вистинската состојба на косата. Затоа најдобар совет што можам да ви го дадам е да на почетокот одберете многу благ шампон наменет за често миење. Целта на овој шампон е да ги одмие силиконите од вашата коса и штом ќе успее во тоа дури тогаш ќе сфатите каква е вистинската состојба на вашата коса и каков вид на шампон ви е потребен. Во зависност од состојбата на косата ќе знаете дали е сува или пак масна, и ќе знаете дали да изберете шампон кој има за цел да ја нахрани, да ја регенерира, да ја нормализира косата итн.  Откако ќе сфатите што е она што и е потребно на вашата коса во прво време користете ги давата шампони наизменично. Ова ви го кажувам со цел да ви помогнам да го избегнете стравот и стресот кога ќе ја видите косата сува, и што е најважно да издржите во вашата намера. Меѓутоа доколку косата ви е навистина сува и покрај употребата на шампони со силикони, во тој случај може и директно да одберете пампон за сува коса, меѓутоа имајте на ум дека нема да биде лесно во првиот период и дека треба да бидете упорни.


Откако го пронајдовме, како правилно да го употребуваме органскиот шампон?

Иако станува збор за благ шампон, со благи сурфактанти кои не ја иритираат косата, сепак мој совет ви е да не го нанесувате директно на темето од косата туку претходно да го растворите со малку вода во една пластична чашка. Вака растворениот шампон нанесете го на многу мокра коса (не е доволно косата да биде само навлажнета, туку треба да биде навистина мокра). На тој начин полесно ќе направи пена на косата (иако органските шампони прават помалку пена од нормалните, во зависност од формулата на самиот шампон и состојките употребени во него), ќе биде поблаг за косата и убаво ќе ја остстрани нечистотијата и маснотијата од самата коса. Процентот на разредување на шампонот е индивидуален и различен за секој од нас. Треба сами да експериментирате со количеството на шампон и вода.  Јас за мојата коса (должината ми е нешто под раменици, имам тенко влакно меѓутоа здраво и негувано) ставам еден прст шампон и чашката ја полнам со вода нешто повеќе од половина чаша. Тоа е мојот идеален раствор. Вие експериментирајте ако имате подолга коса ставете повеќе шампон (не претерувајте затоа што сепак е концентриран) и на секое миење ставајте различна количина на вода, се додека не ја пронајдете формулата која најмногу ви одговара.
Доколку се користи голема количина од органските шампони директно на косата, ќе имате потешкотија да го измиете од косата со оглед на тоа што е поконцентриран и косата ќе делува помасна, како да не сте ја измиле правилно. Верувајте тука важи златното правило “помалку е повеќе“.


Секако треба да ги промените и останатите производи за коса, затоа што нема ефект ако го промените шампонот, а потоа користите регенератор за коса со силикони, или пак уште полошо силиконски капки. Доколку по прочистувањето косата ви резултира сува, ви советувам употреба и на третмани со масла (повеќе за ова говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/giveaway.html ).
Во зависност од типот на коса ви советувам да ги погледнете и статиите каде што говорев за сува коса http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_26.html и масна коса http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_23.html.

Се надевам дека оваа статија ќе ви биде од корист. Доколку ги усвоите овие совети и започнете правилно да се грижите за вашата коса, употребувајќи вистински и функционални препарати, косата ќе ви стане поздрава, поубава и што е најважно ќе има здрав и природен сјај. 


Вики

Sunday, March 1, 2015


Месечев календар за здравје и убавина


Денес би сакала со вас да споделам едно свое навистина интересно искуство кое можеби на многумина ќе им се допадне и им биде од корист. Пред околу 7 години во Рим, запознав една жена која работеше како козметичар и која на подарок  ми даде еден календар кој ги следеше месечевите промени во текот на месецот, според кои треба да се прилагоди грижата за здравјето и убавината (сите промени и третмани беа убаво означени). Ми објасни дека месечината има огромно влијание врз здравјето и убавината на една личност и следејќи ги месечевите промени може значително да го подобриме квaлитетот на кожата и косата. Функционира на следниов начин: доколку во одредени денови и при одредена промена на месечината се прават одредени третмани за убавина или за здравје, корисното дејството на тие третмани може да биде огромно. Или пак ако се направи некој третман кој не е во склад со месечевата промена истиот може да има лош исход. Значи следејќи го месечевиот календар може да знаеме кои денови се погодни за кратење на косата (доколку сакаме погуста и поздрава коса), за нега на кожата, за сечење на ноктите, за започнување на диета или прочистување на телото.

 Месечината има разни месечеви мени од кои покарактеристични се: млада месечина, прва четвртина, полна месечина и последна четвртина. При сите овие фази се забележува осветлување (од млада кон полна месечина) и затемнување (од полна кон млада месечина).

Младата месечина е период каде прочистувањето на телото има најсилен ефект. Оние кои на пример ја следат месечевата диета со самото прочистување може да спречат многу болести. Овој ден е идеален доколку сакаме да се ослободиме од лоши навики како алкохол и цигари.

Во деновите на осветлување на месечината (прва фаза, прва четвт и последна фаза на осветлување) телото најдобро ги апсорбира витаминските третмани и најдобро се регенерира.

При полна месечина телото максимално апсорбира се (за жал и сите хемикалии присутни во храната), па затоа и тука се препорачува прочистување на организмот со течности. При полна месечина не се препорачуваат хируршките интервенции затоа што раните подолго крварат.

Затемнување на месечината (прва фаза на затемнување, последна четврт и последна фаза на затемнување) се случува во период од околу 14 дена од полна кон млада месечина. Ова е најдобар период за прочистување на организмот, за зајакнување на организмот и успех на разни хируршки интервенти. Колку повеќе месечината се приближува кон младата месечина толку ефектот е посилен.


Значи на пример најдобар период за кратење на косата би бил кога месечината е во лав или девица. Ако ја скратите во деновите кога месечината е во лав, косата ќе стане погуста, а во деновите кога месечината е во девица ќе ја задржи формата и побрзо ќе расте. 
Најлош момент за кратење на косата е кога месечината е во знакот на јарец и риби. Кратењето на косата во тие денови како резултат носи првут и забавен раст, а во најлош случај опаѓање на косата. Секако од огромна важност се наследните фактори, исхраната и здравиот живот, меѓутоа доколку косата се негува во вистiнските денови може да се забележи огромно подобрување за неколку месеци од следењето на календарот

Еве го распоредот на месечевите промени за месец март 2015 со некои од најважните третмани кои секој од нас ги прави. За подетални информации и покомплетен календар посетете го италијанскиот сајт http://calendario-lunare.it/calendario-lunare-2015/



Ден
Месечина
Шишање
Фарбање
Третман на лице
Нокти
Депилација
Месечева Диета
1
Рак  (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
НЕ
2
Рак  (ФО)

ДА
НЕ
НЕ
НЕ
3
Лав  (ФО)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
4
Лав  (ФО)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
почеток  19:05
5
Лав  (ПМ)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
крај во 19:05
6
Девица (ФЗ)
ДА
НЕ
ДА
НЕ
7
Девица
(ФЗ)
ДА
НЕ
НЕ
НЕ
8
Вага (ФЗ)
НЕ
9
Вага (ФЗ)
НЕ
ДА
10
Шкорпија
(ФЗ)
НЕ
11
Шкорпија
(ФЗ)
НЕ
12
Стрелец
(ФЗ)
НЕ
13
Стрелец
(ФЗ)
НЕ
ДА
14
Стрелец
(ФЗ)
НЕ
15
Јарец (ФЗ)
НЕ
НЕ
ДА
16
Јарец (ФЗ)
НЕ
НЕ
ДА
17
Водолија
(ФЗ)
НЕ
18
Водолија
(ФЗ)
НЕ
19
Риби (ФЗ)
НЕ
НЕ
НЕ
почеток  во 10:35
20
Риби (ММ)
НЕ
НЕ
НЕ
НЕ
завршеток во 10:35
21
Овен (ФО)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
22
Овен (ФО)
ДА
ДА
НЕ
23
Бик (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
24
Бик (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
25
Близнаци
(ФО)
НЕ
ДА
ДА
НЕ
НЕ
26
Близнаци
(ФО)
НЕ
ДА
ДА
НЕ
НЕ
27
Рак  (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
НЕ
28
Рак  (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
НЕ
29
Рак  (ФО)
ДА
НЕ
НЕ
30
Лав  (ФО)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
31
Лав  (ФО)
ДА
ДА
НЕ
НЕ
 
ФО- фаза на осветлување
ФЗ- фаза на затемнување
ПМ- полна месечина
ММ- млада месечина
НЕ- лош период
ДА- најдобар период
празните полиња означуваат неутрален период, нема ни позитивно ни негативно дејство. 
Месечевата диета се состои од прочистување на телото само со течности (чај, вода) во рок од 24 часа со почеток и крај во точно означено време.


Знам дека се прашувате дали навистина функционира. Понесена од голема љубопитност, лично го следев овој календар во период од околу 3 години и за мене доста функционираше и забележав промени на подобро (неможам да речам дека за секој организам е исто). Потоа заборавив на овој метод и дури пред некој ден, мислејќи за што да пишувам на блогот се потсетив на него. Мој совет ви е да се обидете (секако доколку сакате). Нема што да загубите, а може многу да добиете.


Вики
 


 

Thursday, February 26, 2015


Сува коса: корисни трикови и совети за нега


Сувата коса е проблем со кој се соочуваат многумина, вклучувајќи ме и мене (имам нормална накај сува коса). Особено сувите врвови може да изгледаат многу неестетски а и придонесуваат косата да се кине штом стигне до одредена должина (а вам ви се чини дека не расте што не е точно). Во продолжение би сакала да споделам со вас корисни трикови и совети кои лично ги употребувам и за мене одлично функционираат.

1. Како што веќе пишав кога говорев за масната коса така и за сувата како прво правило е СТОП ЗА СИЛИКОНИТЕ.
Навистина откако почнав да користам шампони без силикони забележав огромна разлика. На почетокот кога ќе направите премин косата може да ви изгледа многу сува, но тоа е верувајте резултат на силиконите кои постојано ја задушувале. Треба да издржите во својата намера. Јас лично имам пробано многу шампони и секогаш гледам да во нив се застапени одредени состојки кои ја хранат и негуваат косата како масла, етерични масла екстракти од авокадо итн.


2. Намалена употреба на фен, преса за коса и фигаро.
Една од најглавните причини за сувата коса и испукани врвови е топлината, особено онаа од пресата. Во зима секако неизбежна е употребата на фенот, меѓутоа мој совет е да се вклучува на пониски температури и да се држи што подалеку од главата при сушењето. Што се однесува до пресата за коса и фигарото, за среќа ги користам дали два пати годишно. Имам тенко влакно и честата употреба на овие алатки за исправување и виткање на косата многу би ја уништиле мојата коса. Постојат и многу природни методи за виткање и исправување на косата, за кои ќе говорам во некоја наредна прилика, кои даваат доста слични резултати (секако ништо не го заменува резултатот на пресата при исправувањето), а воопшто не се штетни за косата.


3. Редовна нега на косата со масла за коса.
Маслата за коса се вистински спас за сувата коса, затоа барем еднаш неделно се препорачува третман со масла за коса кој го навлажнува влакното, го храни и го прави посјајно. Во зависност од резултатот кој сакате да го постигнете одберете едно масло или комбинација од повеќе. (повеќе за маслата говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/giveaway.html). Обично јас правам вака: еднаш неделно нанесувам кокосово масло на навлажнета коса, убаво го масирам коренот за да ја поттикнам циркулацијата, го оставам да делува преку ноќ и утредента го мијам со благ шампон. Маслата исто така ги користам наместо силиконски капки на врвовите на косата (загревам ептен мала количина во рацете и ја нанесувам на врвовите). За разлика од силиконите кои ви даваат лажен ефект, маслата навистина ја штитат косата и притоа го потхрануваат влакното.


4. Миење на косата
Девојките кои имаат сува коса би требало да ја мијат најмногу два пати неделно со многу благ шампон. Честото миење ја ослабнува косата и ја прави кршлива. Што се однесува до начинот на миењето, јас лично шампонот многу ретко го нанесувам директно на косата, најнапред го растворам во една пластична чашка со малку вода и потоа го нанесувам на косата. Предлагам да ја пробате оваа техника затоа што без разлика на тоа колку е благ еден шампон сепак најдобро е да не се нанесува директно на главата.

5.  Балзами за коса
По шампонирањето (за разлика од девојките кои имаат проблем со масната коса) сувата коса има потреба од додатна хидратација така да употребата на добар балзам е од огромна важност. Уште подобро доколку станува збор за производ кој не се измива затоа што неговото влијание е поголемо. И овде би сакала да го предложам спрејот за коса за кој говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_4.html . Во самата статија напоменав варијанта за тенка коса и за подебело влакно. Јас лично овој спреј го употребувам после секое миење на косата. Одлично помага во расчешлување на косата, а забележав и дека ја штити од топлината на фенот.


6. Четки за коса и чешлање на косата
Треба навистина многу да се внимава при изборот на добра четка за коса. Подобро е да купиме некоја квалитетна затоа што станува збор за инвестиција што се исплаќа. Јас лично користам четка од природни влакна затоа што најдобро ми одговара. Исто така одлични се и дрвените четки. Избегнувајте метални четки, јас лично имам многу лошо искуство со нив. Многу важен совет кој сигурно ќе ви биде од корист е: НЕ ја чешлајте косата додека е мокра, затоа што е најчувствителна и влакното е многу подложно на кршење. Откако ќе ја измиете косата и нахраните со добар балзам или спреј за коса, поминете со прстите низ косата како четка (за да ги одвоите прамените) и засушете ја малку (природно или со фен). Откако косата ќе се исуши барем 70-80% може да почнете да ја чешлате, внимателно од врвовите па нагоре затоа што во спротивно може да се појават чворчиња и вие влечејќи одозгора само додатно ќе го оштетите влакното.



 Ова беа моите начини за нега на косата, а кои се вашите? Доколку имате предлози кои сакате да ги споделите со останатите читатели слободно оставете коментар. Сите учиме едни од други.

Comments