Витамински третман за кожата на лицето

Здраво драги мои,

во оваа статија би сакала да ви претставам една прекрасна линија за нега на кожата која одлично одговара за овој период, бидејќи се базира врз екстракти богати со витамини кои го враќаат здравиот изглед и сјај на кожата. Особено сум воодушевена од серумот, меѓутоа секако сите три производи се одлични за нега на кожата. Станува збор за пената за миење, серумот и кремот од линијата Chobs на база на јаболко и витамини од овошни екстракти.

Пена за миење од јаболко

Започнуваме со производот кој е база на скоро секоја рутина. Јас признавам дека сум љубител исклучиво на млека за чистење на лицето со оглед на тоа што се два во еден и истовремено вадат шминка и мијат, меѓутоа мора да кажам дека пријатно бев изненадена од овој производ. Станува збор за нежен производ кој ја мие кожата без да ја суши.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA,*PYRUS MALUS (APPLE) FRUIT WATER, *GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, POTASSIUM OLIVOYL PCA, COCO-BETAINE, *MELALEUCA ALTERNIFOLIA (TEA TREE) LEAF WATER, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, PROPANEDIOL, GERANIUM MACULATUM EXTRACT, *PORTULACA OLERACEA EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, *CITRUS AURANTIUM BERGAMIA (BERGAMOT) FRUIT OIL, *CITRUS LIMON (LEMON) PEEL OIL, USNEA BARBATA (LICHEN) EXTRACT, DIPOTASSIUM GLYCYRRHIZATE, *PELARGONIUM GRAVEOLENS OIL, BENZYL ALCOHOL, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA (LAVENDER) OIL, *OENOTHERA BIENNIS (EVENING PRIMROSE) FLOWER EXTRACT, POTASSIUM SORBATE, MAGNOLIA KOBUS FLOWER EXTRACT, SODIUM BENZOATE, PRUNUS PERSICA (PEACH) FLOWER EXTRACT

Од декларацијата може да забележиме дека станува збор за многу нежна формула со екстремно нежни сурфактанти кои не ја сушат кожата. По водата, се забележува хидролат од јаболко, глицерин па дури потоа децил глукозид (многу нежен сурфактант) чија измивачка моќ е надополнета со коко бетаин и содиум оливол кој има двојно дејство како суфрактант и како емолиент (омекнувач). Оваа база како што кажав гарантира нежно измивање и оддржување на правилна хигиена на кожата на лицето. Навистина откако ќе ја измиете кожата, воопшто не се чувствува затегање или непријатно чувство, туку напротив кожата е мека, чиста и хидратацијата воопшто е е нарушена.

Понатаму во формулата присутни се хидролат од чајно дрво кој е одличен за сите типои на кожа (дури и за онаа комбинирана и чувствителна кожа), екстракт од праска, екстракт од гераниум кој ја спречува и ублажува појавата на иритации на кожата. Етеричните масла од бергамот и лимон даваат виталност и енергија на кожата, додека оние од ноќниче и лаванда ја смируваат кожата.

Овој производ најнапред се протресува, а потоа мал дел од пената се нанесува на влажна кожа и се масира минутка две после што темено се одмива со млаз вода. Слободно може да го користите како за утринската, така и за вечерната нега.

Серум за лице со азиски пениворт

Овој серум како што кажав е мојот омилен производ од оваа линија. На база на азиски пениворт (centella asiatica), познат и како готу кола или тигрова трева, обезбедува правилна хидратација на кожата, а со самото тоа ги подобрува изгледот и квалитетот на кожата.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, *CENTELLA ASIATICA LEAF WATER, SODIUM HYALURONATE, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, USNEA BARBATA (LICHEN) EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, *CHAMOMILLA RECUTITA (MATRICARIA) FLOWER WATER, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, DIPOTASSIUM GLYCYRRHIZATE, *PORTULACA OLERACEA EXTRACT, CHAMAECYPARIS OBTUSA WATER, LITHOSPERMUM OFFICINALE ROOT EXTRACT, PYRUS MALUS (APPLE) FRUIT EXTRACT, ARTEMISIA VULGARIS EXTRACT, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, CITRUS JUNOS FRUIT EXTRACT, CNIDIUM OFFICINALE ROOT EXTRACT, HOUTTUYNIA CORDATA EXTRACT, PAEONIA ALBIFLORA ROOT EXTRACT, SAURURUS CHINENSIS LEAF/ROOT EXTRACT, SOPHORA FLAVESCENS ROOT EXTRACT, LILIUM TIGRINUM FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT.

По водата во овој производ забележуваме хидролат од азиски пениворт и хијалуронска киселина како база на истиот. Од ова се гледа дека основната цел е подобување на хидратацијата (секако во комбинација со кремот за кој подоцна ќе говориме) и со екстрактите кои исто така имаат одлично дејтсво врз кожата. Хидролатот од камилица ја смирува чувствителната кожа, а екстрактите како оние од камелеон, јаболко, камелија, пеонија, цитрус, го подобруваат сјајот на кожата и ја зајакнуваат бариерата на самата кожа. 

Производот има лесна водена структура и одговара за нега на сите видови на кожа. Се нансува на чиста кожа наутро и навечер пред употреба на кремот.

Моментално серумот може да го најдете на 50% попуст од 2.365 на 1.183 мкд. на линкот на www.bellina.mk, и верувајте од срце ви препорачувам да го пробате по оваа цена бидејќи е производ кој навистина вреди.

Хидратантен крем за лице со јаболко

Овој крем има голема хидратантна моќ и многу е лесен како производ, што воопшто нема да го почувствувате врз кожата. Има пријатна структура и мирис и воопшто не ја отежнува кожата.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, *PYRUS MALUS (APPLE) FRUIT WATER, *GLYCERIN, PROPANEDIOL, POLYGLYCERYL-2 STEARATE, GLYCERYL STEARATE, STEARYL ALCOHOL, SQUALANE, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, ISOAMYL LAURATE, *CHAMOMILLA RECUTITA (MATRICARIA) FLOWER WATER, CETEARYL ALCOHOL, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA (LAVENDER) EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, USNEA BARBATA (LICHEN) EXTRACT, *PORTULACA OLERACEA EXTRACT, BETAINE, *CENTELLA ASIATICA LEAF WATER, DIPOTASSIUM GLYCYRRHIZATE, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA (LAVENDER) OIL, *CITRUS TANGERINA (TANGERINE) PEEL OIL, ARGININE, SODIUM HYALURONATE, *ANTHEMIS NOBILIS FLOWER OIL, TOCOPHEROL, *BOSWELLIA CARTERII OIL, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL.

Хидратантната моќ на еден производ не зависи само од состојки како хијалуронска киселина, хидролати и екстракти (иако се доста важни и помагаат во хидратацијата), туку и од нивната правилна комбинација со маслени состојки кои се одговорни за правилното заджување на хидратацијата на кожата. Во овој крем водените состојки со хидратантно дејство како хидролатот од јаболко, глицеринот, хидролатот од камилица итн. се одлично искомбинирани со маслени состојки како сквалан, каприлик каприк (многу лесно масло), изоамил лаурат и сончогледово масло, чија комбинација присонесува да овој производ воопшто не масти, меѓутоа изтовремено помага во правилната хидратација на кожата на лицето.

Екстрактите како оние од лаванда и пеонија имаат смирувачко дејство врз кожата, и истите се поддржани од етеричното масло од мандарина кое го зголемува смирувачкиот ефект и спречува иритации на кожата. 

 Ви препорачувам овој крем да го користите заедно со серумот, бидејќи нивната взаемна комбинација дава одлични ефекти врз негата на кожата. Слободно користете ги како наутро, така и навечер.

Сите овие производи може да ги најдете на www.bellina.mk или да и купите во некој од нивните БиоШоп.

Јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна и ви препорачувам да им дадете шанса на овие производи. Ќе останете пријатно изненадени од ефектот врз кожата.

Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment