Природни деодоранси? Да, благодарам.


Здраво драги мои.

На пазарот се нудат голем број на деодоранси кои прекрасно мирисаат, го регулираат потењето и имаат антиперспирант ефект, меѓутоа колку истите се сигурни за нашата кожа, а пред се нашето здравје? Поголем број од нив содржат штетни состојки кои се опасни за нашето здравје и тоа:

1. Алуминиум
оваа состојка се користи како антиперспирант, меѓутоа проблемот е во тоа што оваа состојка организмот не може да ја преработи, ниту пак да ја исфрли, и се насобира, односно се акумулира во нашиот организам. Се смета дека алуминиумот е една од состојките која предизвикува рак на дојката кај 1 од 10 жени.

2. Парабени
според некои испитувања, овие вештачки конзерванси, апсорбирани по надворешен пат (преку кожата), во организмот прават ефекти слични на оние на естрогените хормони, и имаат огромно влијание врз целокупниот хормонален баланс.

3. Пропилен гликол (Propylene Glycol)
според некои научници оваа состојка (доколку често се користи), може да предизвика штета на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите. 

4. Триклосан (Triclosan)
оваа состојка е класифицирана како пестицид и претставува голем ризик за човековото здравје и околината. Се смета дека предизвикува рак. 

Со оглед на тоа што деодорансите ги нанесуваме на еден многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, од основна важност е да одбереме добар и природен деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.


Во продолжение ќе ви предложам неколку деодоранси кои според мене се одлични и лесно може да се најдат, а за оние кои сакаат свој производ кој е 100% природен, ќе предложам два рецепти за домашен деодоранс кој е нежен и сигурен за нашето здравје и околината.


Предлог бр. 1 рол он деодоранс на алверде со алое вера и бисер

Во последно време го користам деодорансот на алверде со алое вера и бисер кој буквално го обожавам. Еве го составот на самиот деодоранс: Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Zinc Oxide, Cellulose, Glyceryl Caprylate, Glycerin, Xanthan Gum, Triethyl Citrate, Maris Sal, Zinc Ricinoleate, Silica, Hydrogenated Palm Glycerides, Hydrolyzed Pearl Extract, Hydrated Silica, Hydrogenated Lecithin, Caprylic/Capric Triglyceride, Parfum, Limonene, Benzyl Salicylate, Linalool, Geraniol, Cinnamyl Alcohol, Citral, Citronellol, Benzyl Benzoate, Benzyl Alcohol, Farnesol

Не знам кој е хемичарот кој ја осмислил оваа формула, ама дефинитивно е генијалец! Состојките се прекрасно избалансирани, нивниот микс не дозволува развој на бактерии, не содржи алуминиум и е комплетно нежен и сигурен за кожата. Присуството на состојките од природните етерични масла само го зголемува позитивниот ефект на самиот производ. Јас го користам веќе месец дена и презадоволна сум. Уште кога го видов на полиците во ДМ и ја разгледав декларацијата, верувајте, ми се пееше од среќа (има и други деодоранси од оваа линија, ама најискрено ги немам пробано, па да не говорам пред да ги пробам).



Предлог бр. 2 рол он деодоранс на La Soy со јасмин

Овој деодоранс го користев пред оној на алверде и со него бев многу задоволна. Составот на деодорансот е: алое вера, хидролат од лаванда, натриум хидроген карбонат, желатин, глицерол, масло од невен, масло од гроздови семки, комбинација на етерични масла.
Алое вера гелот делува смирувачки на кожата, хидролатот од лаванда деодорира и хидратира, а етерично масло од чајно дрво ги штити пазувите со своето антибактериско, антифунгално и антивирално дејство. Овој деодоранс не го спречува потењето (така и треба да биде, кожата треба да биде слободна да се поти и на тој начин да исфрла дел од токсините од телото), меѓутоа одлично го неутрализира лошиот мирис.


Предлог бр. 3 рол он деодоранс на Dr. Hauschka (верзијата delicate)

Овој деодоранс го имам користено многу одамна и верувајте ми, бев презадоволна од него. Составот на деодорансот е: Acqua, Alcohol, Triethyl Cirate, Glycerin, Ricinus Communis, Parfum, Zinc Ricinoleate, Bentonite, Salvia Officinalis, Melia Azadirachta, Graniol, Linalool, Citral, Citronellol, Limonene, Farnesol, Benzyl Benzoate, Eugenol, Benzyl Alcohol, Buxus Chinensis, Sucrose Laurate, Cetearyl Alcohol, Lecithin, Sodium Magnesium Silicate, Xanthan Gum, citric Acid, Rosa Damascena

Оваа формула е уникатна, и како производ овој деодоранс е навистина деликатен за кожата. Составот е фантастично избалансиран, ми се допаѓа изборот на етеричните масла. Според мене е идеален за оние кои имаат многу чувствителна кожа. И овој деодоранс како и претходните два, ја остава кожата да се поти, меѓутоа го неутрализира мирисот на потта. Ја прави кожата навистина мека и воопшто не ја суши. Мирисот на овој деодоранс е оној класичниот типичен за сите производи на Dr. Hauschka, односно мириса на тревки во комбинација со цитрус. Постои и верзија fresh, ама сеуште ја немам пробано.




Е сега да преминеме на рецептите за природни деодоранси кои многу лесно може сами да ги направите дома (секако доколку сте љубители на проектите направи сам и сакате да експериментирате). Како што веќе напоменав ќе ви предложам две варијанти на природен деодоранс и тоа: во стик и спреј верзија (за секого по нешто).

Природен деодоранс бр. 1


Ова е еден одличен деодоранс во стик кој навистина фантастично реагира и ја прави кожата многу мека. Кога најпрво го направив според оригиналниот рецепт, во зима функционираше екстра, меѓутоа штом дојдоа потопли денови погодете што ми се случи....токму така, мојот деодоранс се стопи (со оглед на тоа што во оригиналниот рецепт како стврднувач на производот имаше само кокосово масло кое, нормално, на високи температури преминува во течна состојба). И јас што направив? Додадов пчелин восок кој одлично го држеше цврсто овој производ. Еве ви ја мојата рецепта:

- 4 супени лажици сода бикарбона
- 4 супени лажици нишесте (пченкарно)
- 3 супени лажици кокосово масло
- 1 супена лажица пчелин восок
- 5 капки етерично масло од чајно дрво
- 5 капки етерично масло од лаванда



Најнапред на пареа растопете ги кокосовото масло со пчелиниот восок и откако ќе се стопат додадете ја содата и нишестето. На крај додадете го етеричното масло (или масла). Мора бргу да работите затоа што восокот брзо се лади и стврднува. Излијте ја оваа течност во празно кутивче од потрошен стик (претходно добро измиено), или пак во силиконски калап и откако ќе се стврдне извадете го од калапот, и користете го како деодоранс.

Природен деодоранс бр.2

Ова е мојот омилен затоа што лесно се подготвува (не мора ништо да топите на пареа), а одлично функционира. Се што ви е потребно е:

- половина чаша деминерализирана вода
- една супена лажица алое вера гел
- 8 капки етерично масло (јас лично употребив 5 капки лаванда и 3 портокал)

 
Помешајте ги сите состојки, префрлете ја течноста во едно чисто спреј шише и вашиот деодоранс е готов за употреба. Полесно здравје.

Важно:
Етеричните масла кои се најдобри за ваков вид на производ се: лаванда, чајно дрво, жалфија (бремените жени никако не смеат да користат жалфија), портокал, јасмин или комбинации.


Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и ве молам следниот деодоранс кој ќе го изберете (без разлика дали ќе го купите или направите сами), нека биде што е можно поприроден.


Поздрав

Вики



Comments

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Preporaka za spray no gas Alverde brusnica i Alverde nane i morska sol, Sebamed roll on Sensitive i Neutro Roberts Zero. Sleden za test - Bionsen :))

      Delete
  2. Чекав да пишуваш на оваа тема :) А, дали можеби знаеш кои од овие деодоранси се вегански? Видов дека вториот содржи желатин, но во другите состојки не можам да се снајдам...Благодарам ^_^

    ReplyDelete
    Replies
    1. KRISTAL...DAR OD PRIRODATA VRZ BAZA NA MINERALI I SOLI!

      Delete
  3. Здраво драга Александра, најнапред ти благодарам на учеството и вниманието. Деодорантот на Dr. Hauschka е погоден за вегетаријанци и вегани затоа што сите состојки се комплетно од растително потекло, додека во деодорансот на Alverde состојката Hydrolyzed Pearl Extract е од животинско потекло, така да не е веган. Обично на производите треба да стои едно знакче на кое пишува Vegan Ok (имам и други производи на алверде и на нив стои), или пак доколку се двоумиш за некој производ оди на сајтот на веган ок и види дали производот за кој се двоумиш се наоѓа на листата на производи сертифицирана од нивна страна. Поздрав

    ReplyDelete
  4. Oдлична тема. Јас веќе подолго време ги избегнувам популарните антиперспиранти и дезодоранти. Едно време користев кристален камен, но не бев воопшто задоволна, бидејќи не дезодорираше. Моментално користам 100% органски део-спреј на GamARde и сум многу задоволна. Единствена негативна страна е лошата амбалажа од минатиот век, поради која има многу губиток со растекување на многу крупни капки од распрскувачот.

    ReplyDelete
  5. Ви благодарам на сите за учеството и коментарите. Многу ме радува кога си споделуваме мислења и искуства. Продолжете така. Огромен поздрав

    ReplyDelete
  6. Во аптеките Зегин се наоѓа дезедоранс и рол он Crystall essence, со различен мирис. Составот е: aqua, potassium alum, chamomolla recutita flower extract, camellia sinesis leaf extract, sodium bicarbonate, benzoic acid, zinc glukonate. Дали ова спаѓа во органска козметика и дали е безбедно за користење? Доколку е, би ви го пренела моето искуство од нивното користење.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга анонимус и благодарам на твојот коментар и прашање. Овие деодоранси рол он не ги познавам ама од составот што ми го пиша може да ти кажам дека сепак имаат алуминиум. Алуминиумот во деодорансите може да се најде како aluminium chorohydrate кој го користат традиционалните компании или пак како potassium alum кој за чудо се наоѓа во многу деодоранси кои се декларираат како органски или природни, меѓутоа сепак станува збор за алуминиум иако е помешан со потасиум. Разликата помеѓу првиот и вториот е во брзината со која се ослободува во организмот: првиот е побрз додека на вториот му треба повеќе време, меѓутоа крајниот резултат во организмот е ист. Во добро формулираните органски и природни деодоранси алуминиумот е заменет со сода бикарбона или пак со една друга состојка која се нарекува триетил цитрат (triethyl citrate) кои се база на самиот деодоранси и се сигурни со оглед на тоа што не го запираат потењето (а и не треба затоа што тоа е природен процес), а во комбинација со останатите состојки го неутрализираат лошиот мирис под пазувите. Моментално пишувам упте една статија со овие податоци и ќе ја објавам за некој ден (нешто како надополнување на оваа) и плус ќе ви предложам уште два деодоранси кои лично ги пробав на себе, имаат одлична декларација, префектно штитат а се сигурни за нашиот организам. Потењето не треба да се запира затоа што на тој начин се исфрлаат токсините од телото, а ако ме праша лично подобро е да се потам а токсините да излезат надвор отколку да останат внатре во организмот. Се надевам ти помогнав. Поздрав
      п.с. јас сепак те поканувам да споделиш свое искуство со овие деодоранси, без разлика на мојот одговор. Вашите искуства како читатели за мене се од огромна важност и секако давам секогаш огромно внимание на истите и простор за дијалог и конверзација.

      Delete
    2. Драга Вики,
      Благодарам за одговорот и одвоеното време, ми помогна многу. Ќе ги заменам со некој од оние кои ги имаш спомнато во твојата статија. Иако, на декларацијата на овој производ, кај Потасиум алум во заграда стои дека е придорна минерална сол.
      Со оглед дека не се целосно природни, сметам и дека нема место за нив на оваа страна :).
      Сепак, дезедорансот од камилица и зелен чај има многу пријатен мирис, но во текот на денот мора да се аплицираат неколку пати за целосна заштита, за да се спречи непријатниот мирис од потењето.

      Delete
    3. Здраво драга, во секое време. Сепак јас сум тука за сите вас. Точно е тоа дека потасиум алум е природна сол која е составена од алуминиум и потасиум. Значи алуминиумот сепак е присутен. Кога и да ти треба нешто или пак сакаш да споделиш свое мислење за некој производ, слободно пиши. Овој блог е за сите вас, за вашите прашања, предлози, совети итн. Мило ми е што ти помогнав. Поздрав и до следно читкање.

      Delete
    4. Jas go koristam ovoj:
      http://store.thecrystal.com/crystal-body-deodorant-stick-p2.aspx
      Da se razbereme ova e razlicno od nivnito dezodorans so toa sto ova e priroden kamen zapakuvan vo pakovanjevo sto se gleda na slikata, jas sum zadovolna :)

      Delete
    5. Здраво драга, не успевам да го отворам линкот. Доколку станува збор за потасиум алим во декларацијата, во тој случај важи она што го напишав погоре. Доколку ти си задоволна секако користи го. Јас само давам предлози и совети, вие имате право да изберете сами и да одлучите сами што и како ќе користите. Поздрав.

      Delete
    6. Greska ste za KRISTAL ama sepak...izborot e individualen...pozz!

      Delete
  7. Го пренесувам коментарот на една читателка Наташа и мојот одговор постиран во друга статија..


    Natasa July 13, 2015 at 6:33 PM

    Ја користам оваа статија за коментар што се однесува на статијата за деодоранси, но таа статија не беше достапна за коментар.
    Имено, ја направив мојата прва „природна и органска“ грешка :)
    Го купив рол он-от на Alverde и не сум воодушевена :(. Остава доста бела трага, која останува и не се впива. Доколку гардеробата е со ракави, не се приметува, меѓутоа на маички без ракави нема да изгледа убаво. Друго, воопшто не деодорира доволно, што исто не е добро на овие температури?
    Дали некој од другите 2 деодоранси кои ги имаш пробано и ги спомнуваш во статијата се без овие одлики? Или можеби има можност да ми посочиш некој друг? Дали има некој спреј кој е добар, тие барем не оставаат трага?
    Фала и поздрав, Наташа

    ReplyDelete

    Replies

    Viki Andonova July 13, 2015 at 9:34 PM

    Здраво драга Наташа, најнапред ме зачудува зошто не успеваш да коментираш на статијата за деодоранси, сите статии се одстапни за коментар..чудно. Можно е да имало некоја работа на серверот. Доколку сакаш ќе го пренесам коментарот под самата статија. Што се однесува до рол он деодорансот на алверде, мене лично не ми оставил бели траги. Од истата марка постојат и спреј ама ги немам пробано. Е сега, Хаушка го користев одамна и не ми текнува дали оставаше бели траги да си бидам најискрена, меѓутоа мирисаше многу свежо, а оној на Ла Сој го користев пред летниот период. Доколку почекаш, утре ти најавувам рецензија на два нови природни деодоранси (еден рол он, еден спреј), кој кај мене ги поминаа сите тестови и оставаат одличен мирис во текот на целиот ден. Е сега што се однесува до трајноста на еден деодоранс, според мене е индивидуално и зависи од количината на потењето, мирисот на нашата кожа, мирисот на потта итн. Сите сме различни и можеби деодоранс кој со две испрскувања трае цел ден кај еден кај друг се потребни 4 испрскувања во текот на денот. Поздрав
    Delete

    ReplyDelete
  8. Вики,
    Дали може да ми предложиш некој рол он или деодорант во кој нема сода бикарбона? Ако можеш да се сетиш, во приватна порака ти имав пишано за проблемот на кожата кој ми се јавува при аплицирање рол он (природен, секако) и тој проблем се уште го имам. Твоја претпоставка беше дека црвенилото е можно да ми се јавува заради присуството на сода бикарбона, па затоа и прашувам.
    Однапред благодарам.
    Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, да се сеќавам дека ми пиша за проблемот. Секако содата може да предизвика проблем или пак алкохолот доколку имаш многу чувствителна кожа. Кај секого е индивидуално. Те молам потсети ме кои деодоранси и рол он ги имаш пробано до сега (секако природни) за да знам што немаш пробано и да ти препорачам? Поздрав.

      Delete
  9. Вики, го користев рол онот на Алверде со алое вера и бисер кој го спомнуваш во оваа статија и 2 рол они на La soy - еден со лимонова трев и еден со црешов цвет.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга, остави ми неколку дена да ги разгледам убаво сите опции па ќе ти пишам. Поздрав

      Delete
    2. Наташа еве ме, значи видов дека не си задоволна од рол он на алверде тој со бисер, затоа ќе ти понудам неколку варијанти. Првата е сепак на алверде рол он со морски алги, тој е единствен кој е проѕирен (другите се бели) јас го користев и мене ми беше ок. Друга варијанта доколку сакаш спреј верзија е оној на Гамард малку е поскап цената му е 650 или 670 ама многу убаво мириса. Важно е да нагласам дека овие два кои ти ги напоменав содржат алкохол. Според мене најдобар за тебе без алкохол и сода е оној на Lavera Basis Sensitiv кој е со алое вера гел и цинк оксид одличен за многу чувствителна кожа. Опаковката му е бела со сино и превртен е наопаку не е како обичните рол он со капачето нагоре туку од долната страна. Според мене би требало да биде совршен за тебе. Изборот го оставам на тебе. Поздрав

      Delete
  10. Вики, ти благодарам многу за информациите, помошта и одвоеното време. Го купив рол он-от на Lavera. Ќе те замолам само уште да ми кажеш кој е називот за сода бикарбона во декларацијата, за да можам и сама да одбирам деодоранси кои не ја содржат.
    Голем поздрав.

    ReplyDelete
  11. Здраво драга Наташа, името на сода бикарбона во декларацијата е Sodium bicarbonate. Поздрав.

    п.с. пиши ми како ти е со рол онот на Лавера. Дали е ок за твојата кожа.

    ReplyDelete
  12. ОК е Вики, нема црвенило, ниту чешање. Фала уште еднаш :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Супер драга баш се радувам што ти се погоди. Поздрав и до тебе.

      Delete
  13. Здраво Вики,

    во истражување за природни дезодоранси стасав до оваа статија, која иако е постара, многу е корисна. Јас последниов период ги пробав дезодорансите на URTEKRAM(од кокос) и на Averde, ама можам да кажам дека ок се, ама не заштитуваат доволно долго. И затоа ги користам во комбинација со сода бикарбона, прво нанесувам roll on, и после ставам сода бикарбона, и на овој начин е подобра заштитата.
    Сепак би сакала да најдам дезодоранс кој би ме заштитувал без да нанесувам сода бикарбона, па затоа одлучив тука да те прашам за препорака, кој е таков дезодоранс, да заштитува доволно долго а воедно да е природен.

    И за крај би кажала едно огромно благодарам за споделените информации и искуства.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Ирена, ти благодарам многу на коментарот. Јас како природни деодоранси секогаш ги препорачувам оние на алверде и уртекрам, ама еве тебе не ти се погодиле најмногу. Може да го пробаш деодорансот на Др. Хаушка со нане и жалфија кој е навистина одличен, потоа деодорансот рол он на Веледа. Има еден деодоранс спреј кој многу добро издржува го има во Кам маркет не ми текнува на марката ама нешто пишуваше Игне или така нешто. Не е органски, ниту пак комплетно природен и е на база на алкохол, па доколку имаш чувствителни пазуви не го користи. Меѓутоа како декларација е ок, а и како дејство одлич о издржува. Еве ти линк од статијата каде го рецензирав https://biodevojka.blogspot.com/2016/08/500.html

      Delete
    2. Да, ја имам видено статијата за дезодорансот од Кам поодамна, и го имам користено многу краток период. Може пак да го земам и да му дадам шанса.
      Инаку следно планирав да го пробам дезодоранс rollon-от од Lavera (погоре го имаш препорачано во коментари). Ако не сум задоволна од него, ќе го земам или тој на Weleda или тој од КАМ (на LaLigne). Ќе пишам како сум задоволна од тоа што ќе го пробам следно :).
      Поздрав

      Delete
    3. Да да секако и на Лавера е убав слободно земи го. Единствено не го препорачувам оној на Санте затоа што има потасиум алум кој е еден вид на алуминиум. Пробај па пиши импресии од она што ќе го пробаш. Поздрав.

      Delete
    4. Sepak, Lavera ne mozev nikade da najdam. Vo skoro site cosmo drogerii pobarav, nemaat od dezodoransot, pa go zemav roll-on dezodoransot na Sebamed. Ne znam dali e dobra opcija, bidejki ne gi razbiram site sostojki, ama go pisuvase kako bez aluminium i bez alkohol, i zatoa go zemav.

      https://www.leti.com/dermatologia/en/daily-skin-care/sebamed-deodorant-24-h_1541

      eve gi i sostojkite:
      Roll-on: Aqua, Polysorbate 20, Triethyl Citrate, Sodium Citrate, Candida bombicola/Glucose Methyl Rapeseedate Ferment, Allantoin, Pentylene Glycol, Parfum, Xanthan Gum, Phenoxyethanol, Potassium Sorbate.

      Pozdrav :)

      Delete
    5. Драга не е комплетно природен. Полисорбатот е нешто што јас препорачувам да се избегнува со оглед на тоа што во случајов полисорбат 20 значи дека 20 молекули на етилен оксид (дериват на нафтата) се прикачени на сарбитан лауреат и се добива на тој начин полисорбат 20. Сепак знај дека дел е нафтен дериват. Остатокот е ок. Има триетил цитрат кој ја намалува пХ вредноста (која при потењето се накачува) и на тој начин оневозможува бактериите да работат и предизвикаат лош мирис под пазувите. Поздрав

      Delete

Post a Comment