Органска козметика во Скопје
Како што ветив, еве и статија за органскиte козметички линии кои може да ги најдете во Скопје. Прошетав низ сите продавници со тефтер и пенкалце (како да бев од инспекција само запишував), и можам да кажам дека изборот е голем. Колекциите ќе бидат наведени по продажните места за да има подобра прегледност.
1. Во аптеките на Еурофарм може да ги најдете следниве козметички линии:
- Dr. Hauschka
- Gamarde
- Weleda
- Vivo Oleo
- Fleurance
2. Во аптеките на Зегин ги забележав:
- Dr. Hauschka
- Fleurance
- Logona
- Gamarde
3. Во продавниците на ДМ Маркет
- Alverde
- Natuderm
- Vivo Oleo
- Lavera
- Kneipp
4. Во продавниците на Космо ги има следниве органски брендови:
- Lavera
- Dr. Scheller
- Love Your Planet (од оваа линија забележав само гел за туширање и крема за раце. Моментално се на промоција 2 за цена од 1.)
5. Во продавниците на Биокулт
- Weleda
- Dr. Hauschka
- Dr. Scheller
- Маслата од марката Bioplanète (многу девојки во приватни пораки ме прашуваат за масла, па еве ви пример. Овие масла ги обожавам затоа што се и за внатрешна и за надворешна употреба што е знак плус дека се чисти, во спротивно не би смееле да ги конзумираме. Лично ги имам пробано оние од арган, авокадо и лешник).
Исто така бо Биокулт може да најдете и етерични масла од марката Flora (Primavera) кои се 100% органски и чисти. Повеќе за изборот на етеричните масла може да прочитате во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_16.html
Кога сме кај маслата мора да ги споменам и оние од Биокосмос кои се 100% органски и чисти. Лично ги имам пробано од бадем, арган и семки од кајсија.
Ова се козметикчките линии кои јас успеав да ги забележам. Како и секогаш, доколку сум заборавила нешто, или пак сум пропуштила некоја органска линија, оставете коментар и јас ќе одам да ја пробам за вас.
Благодарам за вниманието и огромен поздрав до сите.
Вики
Comments
Post a Comment