Органска козметика низ Македонија
Здраво на сите
Како што веќе добро знаете ова е блог во кој говорам за органската козметика, за природните начини на нега на кожата и косата и за проекти направи сам.
Целта на денешнава статија ја добив како резултат на многубројните пораки од страна на читателките од другите градови од Македонија кои во своите градови не можат да најдат многу од производите за кои ги говорев, кои ги имам пробано и ги препорачав.
Со оглед на тоа што мојата цел е да им помогнам на сите оние кои сакаат да стават крај на силиконите и нафтените деривати кои на никого добро не му направиле, решив да отидам низ продавниците, да ги најдам органските производи за нега на лице, тело и коса, кои лесно може да се најдат низ поголемиот број на градови во Македонија. Како и да е, голема благодарност до девојките од аптеките на Зегин и Еурофарм кои ми помогнаа во оваа моја мисија и ми кажаа во кои нивни аптеки низ Македонија може да се најдат одредени органски производи. Исто така, голема благодарност и до многу читателки на мојот блог од другите градови, кои исто така ми кажаа кои линии на органска козметика ги забележале во своите градови, така да оваа статија е плод на тимска работа.
Пред да го започнам списокот на органските производи само сакам да напоменам дека колекциите за кои ќе говорам сеуште ги немам пробано на себе (со исклучок на Dr. Hauschka) , значи не го знам нивното дејство врз кожата, меѓутоа го проверив составот на самите производи, односно декларацијата, и мојата препорака се базира токму врз тоа. Наскоро ќе започнам да тестирам некои од овие производи и ќе направам комплетна рецензија за истите, со цел да ви олеснам при изборот.
1. Dr. Hauschka
Како што знаете, ова е една од моите најомилени козметики за нега на лице и лично имам пробано скоро се. За жал не може да се најде насекаде низ Македонија, меѓутоа од Зегин ме информираа дека ја има во следниве градови: Охрид и Прилеп.
2. Gamarde
Лично ја немам пробано оваа козметичка линија, меѓутоа составот навистина многу ми се допадна. Ќе се обидам да пробам нешто од оваа линија за да направам рецензија. Може да ја најдете во аптеките на Зегин во следниве градови: Битола, Велес, Гостивар, Кичево, Кочани, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Струга и Охрид.
3. Logona
Оваа органска козметика која има навистина убав состав може да ја најдете во аптеките на Зегин во следниве градови: Куманово, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Велес и Битола.
4. Fleurance
Француска органска козметика која може да се најде во аптеките на Зегин во следниве градови: Битола, Тетово, Кичево, Велес, Кочани, Неготино, Гевгелија, Струмица, Прилеп, Охрид и Струга.
5. Vivo Oleo
Органска козметика која ја има во аптеките на Еурофарм во следниве градови: Крушево, Кратово, Кичево, Струмица, Кочани, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Девојките од останатите градови каде не се застапени горенаведените козметички линии, како алтернатива може да користат кокосово масло како замена за дневна крема (или некое друго масло во согласност со видот на кожата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_46.html) , може да си направат сами некој тоник за лице како оној од ројбос кој го предложив http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_9.html, или пак може да отидат до најблискиот град каде ги има органските колекции за да ги земат (доколку студираат во во тие градови или пак имаат роднини или пријатели кои често патуваат тука).
Се надевам дека оваа статија ви беше од корист, се обидов да им помогнам на сите читателки кои ми пишаа. За било какво прашање, информација или препорака, слободно пишете под самиот текст, и секако, доколку во вашиот град има и други органски колекции кои можеби сум ги пропуштила, оставете коментар и споделете го тоа и со останатите читатели.
Што се однесува до Скопје, ситуацијата е одлична, затоа што има голем број на аптеки и продавници каде може да се најде квалитетна органска козметика. Една од следните статии ќе биде посветена токму на Скопје и сите органски производи и продавници.
Како и секогаш ви благодарам за вниманието и до следната статија.
Вики
Prekrasen post!! :D Navistina me izraduva ovoj post!:)) Sega znam sto tocno da baram i kade vo mojot grad!
ReplyDeleteGolem Pozdrav!!
Благодарам драга, мило ми е што можев да помогнам. Голем поздрав и до тебе.
Delete