Kреми за сончање...дали се сите исти?
Здраво драги
читатели
Под влијание на изминативе прекрасни сончеви денови (се надевам дека ќе ги има се повеќе и повеќе) решив да проговорам за препаратите за заштита од сонцето. Можеби ќе ви се чини рано да се говори на оваа тема, меѓутоа со оглед на тоа што сме веќе на почеток на месец мај и деновите се сè потопли и посончеви (а токму на вакви денови може лесно да изгореме доколку не внимаваме), не е на одмет уште од сега да почнам да информирам како правилно да ги избереме кремите за сончање, што е она на кое треба да внимаваме и кои состојки апсолутно да ги избегнуваме во еден производ за сончање. Важно е да се напомене дека кожата треба да се штити и преку ден доколку сме постојано во движење, не само на плажа.
Ајде најнапред да
проговорам малку за кремите и маслата за сончање, факторите кои овие креми ги
содржат и секако кои состојки се добри за кожата, а кои апсолутно треба да ги
избегнуваме.
За жал многу
често при изборот на една крема за сончање, обрнуваме големо внимание само на
две работи и тоа: бројот на SPF (факторот за заштита против сонцето) и дали
производот е отпорен на вода, а потполно ги занемаруваме состојките во самата
крема.
Кремите за
заштита од сонцето, за да може да ја извршуваат својата функција и навистина да
не штитат од сонцето, односно од UVA и UVB зраците, во својот состав мора да содржат
сончеви филтри. Епа токму тука започнуваат сите проблеми затоа што не сите
филтри се исти и сигурни за здравјето на нашата кожа.
Постојат два
основни вида на филтри или блокатори за заштита од сончевите зраци и тоа: физички
(или минерални), кои ги одбиваат сончевите зраци и не дозволуваат да истите
навлезат во кожата, и хемиски, кои всушност претставуваат хемиски состојки и ги
апсорбираат сончевите зраци. Ајде да ги
разгледаме подобро.
Физички филтри
Во органските
креми за заштита од сонцето присутни се само физички филтри и тоа: цинк оксид (Zinc Oxide) и
титаниум диоксид (Titanium Dioxide)
и во декларацијата најчесто се наоѓаат под следниве латински имиња: Titanium
Dioxide, Zinc Oxide и Trimethoxycaprylylsilane.
Кремите во кои се
користат само физички филтри бараат доста работа и труд од страна на
производителот, затоа што, со оглед на тоа што станува збор за минерали во прав,
производителот треба добро да ги усогласи во една формула, како за заштита од
сончевите зраци, така и за лесно нанесување односно размачкување на кожата.
Во 2009 год. Европската Унија донесе нов закон според кој во сите козметички
производи цинк оксидот не може да биде присутен повеќе од 25%, а со оглед на
тоа што во Европа кремите за сончање се дефинирани како козметички производи
ова правило важи и за нив. Затоа во голем број на креми од органско потекло
може да забележите само титаниум диоксид.
Физичките филтри како што веќе напоменав имаат улога на огледало кое ги одбива зраците и не им дозволува да навлезат
во кожата.
Хемиски филтри
Хемиските филтри претставуваат сложен вид на молекули кои предизвикуваат хемиски реакции, кои ги
асорбираат зраците и им дозволуваат да пенетрираат во кожата. Некои од хемиските филтри се навистина
штетни за кожата и имаат влијание врз хормоните во човековиот организам.
Особено на овие филтри треба да внимаваат бремените жени и мајките кои ги дојат
бебчињата, затоа што докажано е дека со навлегувањето во кожата на некои од
овие филтри истите се пренесуваат во млекото, а преку цицањето и кај доенчето. Има
два вида на хемиски филтри и тоа: фотостабилни и оние кои не се фотостабилни. Е сега со оглед на тоа што некои филтри кои не се фотостабилни, може да се стабилизираат доколку се вметнат во добра формула со други стабилни филтри (се зависи од формулата на производот), не би сакала да ви ги пишувам сите филтри и формули, меѓутоа дефинитивно ќе ги наведам имињата на оние најопасните кои никако не би требало да ги мачкаме на кожата со оглед на тоа што се сметаат за токсични и што поголем број од нив се смета дека имаат влијание врз естрогените. Тоа се следниве:
1. 4-Methylbenzyliden Camphor (4-MBC) :
UVB и делумно UVA филтер, фотостабилен, меѓутоа сеуште е под испитување од
страна на европската комисија поради евентуална моќна токсичност на
истиот. Дозволена е негова употреба само до 4% исклучиво во производи кои се
мачкаат на кожата како на пример креми или млека, додека не е воопшто дозволено
во производи кои се испрскуваат (спреј призводи) затоа што може да навлезе во организмот преку дишењето.
2. Octyldimethyl-PABA (OD-PABA)
3. Benzophenone-3(Bp-3)
4. Homosalate (HMS)
5. Octyl-Methoxycinnamate (OMC)
2. Octyldimethyl-PABA (OD-PABA)
3. Benzophenone-3(Bp-3)
4. Homosalate (HMS)
5. Octyl-Methoxycinnamate (OMC)
Откако ги разгледавме филтрите ајде да разјасниме
што е всушност SPF.
SPF (Sun
Protection Factor или фактор за заштита од сонцето)всушност пртставува фактор
за продолжување на времетраењето на изложување на кожата на сончевите зраци
пред истата да почне да реагира. Со прости зборови: ако јас не ставам никаков
заштитен фактор мојата кожа по 15 мин. ќе поцрвене од сонцето. Ако пред
изложувањето на сонце ставам крема со заштитен фактор 10, мојата кожа ќе почне
да црвенее после 150 мин (односно 15х10),ако ставам фактор 20 времетраењето се
дуплира на 300 мин. и така натаму. Секако ова зависи и од бојата на кожата,
типот на кожата, и е различно и индивидуално за сите, меѓутоа горе доле во
глобала вака би било објаснето.
Па тогаш што да избереме?
Постојат
многубројни полемики дека физичките филтри не штитат добро како хемиските и дека
хемијата во некој случај е подобра, меѓутоа од искуство ви кажувам дека не е
така. Во последниве 5 год. користам исклучиво креми за сончање со физички
филтри и сум премногу задоволна затоа што успевам да добијам убава боја на
кожата со максимална заштита. Мој совет ви е да бирате органски креми за
заштита од сонцето кои содржат исклучиво физички филтри и се посигурни за кожата, меѓутоа
доколку сакате некоја крема која е микс од физички и хемиски филтри, во тој
случај бирајте крема која како хемиски филтри ги има следиве: Tinosorb S и Tinosorb
M, како и Mexoryl XL и Mexoryl SX.
Исто така од
огромна корист при изборот на креми за заштита од сонцето нека ви бидат филтрите
за заштита од зраците UVA, кои треба да бидат повисоки, но како да ги препознаеме?
Европската комисија во септември месец 2006 година, донесе еден правилник
според кој производителите треба да внесуваат филтри за заштита од UVA зраците
кои треба да бидат еднакви или поголеми од 1/3 од SPF назначен на самиот
производ. На пример, доколку една крема има SPF 30 во тој случај заштитниот
филтер од UVA зраците е минимум 10 или повеќе, доколку кремата има SPF 50 во
тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 15, а може и повеќе. Ова е
причина повеќе зошто да бираме креми за заштита од сонцето со повисок заштитен
фактор. Би сакала само да напоменам дека не постои тотална заштита од сончевите
зраци (ниту со физички, ниту со хемиски филтри), така да не верувајте на
производите кои на својата опаковка имаат напишано total block, затоа што такво
нешто не е возможно. Научно е докажано дека најефикасните филтри и комбинации
на филтри стигнуваат максимум до 95%.
За на крај еве
неколку важни совети за заштита од сонцето:
1. Секогаш
нанесувајте заштита од сонцето и тоа повеќе пати во текот на сончањето, особено
после капењето во морето или езерото или доколку многу се потите;
2. Не се
изложувајте на сончевите зраци во периодот од 10 до 16 часот;
3. Не е
вистина дека сонцето е непријател доколку правилно се изложуваме. Сонцето е
една од најважните работи за нашето тело, помага при производство на витаминот
Д во организмот (ги штити коските, а со самото тоа е корисно и против остеопорозата) и видно го
подобрува расположението. Сончевата светлина е апсолутно фондаментална за
живот, а како и сите убави работи, доколку се претера се добива спротивен
ефект;
4. После
изложување на сончевите зраци СЕКОГАШ темелно измијте ја кремата за заштита од
сонцето. Никако не ја оставајте на лицето и во никој случај не легнувајте да
спиете со кремата на лицето или телото;
5. По
туширањето обавезно користете убава богата крема за после сончање или пак
наједноставно чисто бадемово или кокосово масло кое додатно ќе ја навлажни и
омекне вашата кожа;
6. Пијте
многу вода за хидратација на организмот и секако кожата;
7. Како
последно (меѓутоа не и помалку важно) јадете многу зеленчук и овошје кое содржи
витамин Ц и бетакаротен, кои се од основно значење за убав тен и здрава кожа
како на пример: дињи, кајсии, моркови, портокал и др.
Вики
Comments
Post a Comment