Пробав за вас: Крема за чистење на лице Dr. Hauschka
Кожата поседува
сопствена сила на хранење и обновување и целта на козметиката е да ја помага во
тоа. Она што ја прави единствена козметиката Dr. Hauschka е токму нејзината
филозофија и пристап кон убавината и здравјето на кожата почитувајќи го
нејзиниот ритам. Ритамот кој е присутен насекаде околу нас, во музиката, играта,
природата, е срцето на оваа козметика. Ритамот носи живот.
Кога за прв пат
ја открив оваа козметичка линија во Рим (пред околу 8 години) беше љубов на прв
поглед, или подобро речено допир. Не само што се запознав со една високо
квалитетна органска и биодинамична козметичка линија, туку запознав една комплетна козметичка
култура. Научив да ја слушам својата
кожа и секојдневно ја гледав како станува се поздрава и почиста.
Кога говорев за
органската козметика напоменав дека е многу важно истата да биде сертифицирана
од страна на една од светски познатите институции за сертификат за органска
козметика. Целата колекција на Dr. Hauschka е сертифицирана од страна на NATRUE
како комплетно природна и органска, а за биодинамичкото одгледување има
сертификат Demeter. Никогаш не е тестирана на животни.
Во денешнава
статија пробав за вас ќе говорам за мојот најомилен производ, кремата за
чистење на лице која е неизбежен и основен чекор кон здрава и убава кожа. Ако
кожата е правилно исчистена, тогаш таа може да функционира како што треба. Оваа
крема ефикасно ги отстранува дневната нечистотија и непотребните зголемени
маснотии од кожата. Ајде заедно да ја
разгледаме подетално.
Уште кога ќе ја
погледнеме самата амбалажа на оваа крема сфаќаме дека тимот на Dr. Hauschka посветува
огромна грижа и внимание не само за квалитетот на состојките во самата козметика,
туку и за трајноста и хигиената на
своите производи. Кремата доаѓа во високо квалитетна хигиенска амбалажа
(тубичка од 50 мл) која оневозможува да
производот во неа дојде во контакт со бактерии и овозможува одличнo оддржување
на стабилност на самата крема. Иако грамажата на оваа крема може да ви се чини
мала, верувајте ми многу трае. Мене ми трае околу 3 месеци, а ја употребувам
секојдневно наутро и навечер.
Структурата на
кремата е доста густа и гранулеста, а што
се однесува до формулата, тоа што оваа крема ја прави единствена е фактот што
воопшто не содржи сурфактанти. Толку е нежна и деликатна а сепак многу ефикасна
и функционална и одговара на сите видови на кожа. При изборот на состојките направен е фантастичен
баланс помеѓу маслата и екстрактите од билки кои градинарите на WALA ги
одгледуваат во сопствена биодинамичка градина. Екстрактите од невен, камилица,
кантарион и хамамелис имаат одлично смирувачко и освежувачко дејство врз кожата,
додека ситните гранули на брашното од сладок бадем длабински ја чистат кожата
без притоа да го вознемират
хидролипидниот слој. Чувството кое го имам секојпат кога ќе ја нанесам
на кожата е слично на она кога комплетно се опуштам после напорен работен ден.
Оваа крема не
само што е уникатна во својата структура, состав и амбалажа, туку е единствена
и во начинот на нанесување на кожата. Еве ги основните чекори за правилна
употреба на овој производ.
1.
Најнапред
навлажнете ја кожата со млака вода затоа што топлината ја релаксира кожата, ги
омекнува ѕидовите на порите дозволувајќи да се постигне длабинско чистење.
2.
На
влажни дланки ставете околу еден сантиметар од кремата и помешајте со топла
вода за да направите еден вид на кремаста смеса.
3.
Нанесете
го кремот на лицето со нежно втапкување најнапред на челото, од средината кон
надворешната страна, полека со истиот начин на движење одете кон образите и накај
брадата применувајќи притисок со дланките за да се создаде вакум ефект и
нечистотиите да се извлечат на поврашината. Како што веќе напоменав оваа крема
не претставува пилинг и никако не смее со неа да се трие кожата или да се
нанесува во кружни движења.
4.
Со
оглед на тоа што оваа крема со себе ги врзува сите нечистотии и масти од
кожата, како последен чекор треба темелно да се измие од лицето со многу млака
вода. На крај завршете го чистењето со испрскување со ладна вода која го
активира мускулното влакно да се затега
и на тој начин ги истиснува сите материи што може да се акумулираат длабоко во
порите.
Уште по првата
употреба ќе почувствувате дека кожата воопшто не ве затега, туку е мека и убаво
навлажнета, а со редовната употреба ќе бидете сведоци на комплетна трансформација
на вашата кожа од ден на ден пред вашите сопствени очи. Кожата ќе ви стане многу
посвежа, а оние кои имаат проблеми со митесерите ќе забележат големо
подобрување со оглед на тоа што оваа крема воопшто не е агресивна и ги отстранува мртвите
клетки од површината без иритирање на несозреаните клетки во подолниот слој и
без отстранување на хидролипидниот слој.
Мојата оцена за оваа
крема е дефинитивно 10 плус и топло ја препорачувам на сите.
Доколку ја имате
пробано и сакате да го споделите вашето лично искуство со оваа крема, слободно
оставете коментар под самиот текст.
Вики
Ja nemam probano za zal , no premnogu primamlivo mi izgleda nejzinite sostojki i ...
ReplyDeleteДрага Вики ме интересира дали оваа козметика може да ја користи девојче кое има 18 години дали се добри овие состојки за таа возраст?
ReplyDeleteСе извинувам не ми стигна нотифика за овој коментар. Секако може за било која возраст. Една од работите кои ми се допаѓаат кај Хаушка е што скоро сите производи се погодни за сите возрасти. За повозрасната кожа има посебна линија за регенерација мислам од 40 нагоре ако не се лажам. Поздрав
Delete