Пробав за вас: млеко за чистење на лице од Dr. Hauschka
Интересот за козметичката линија на Dr. Hauschka од ден на ден се повеќе и повеќе расте. Секојдневно добивам еден куп приватни пораки за нивните производи, така да еве ме повторно со нова рецензија на уште еден производ кој сигурна сум дека ќе им биде од голема корист на сите девојки, особено оние кои секојдневно се шминкаат. Станува збор за млекото за чистење на лице.
Најнапред мора да
кажам дека ова млеко не содржи тензиди и се користи како за отстранување на
шминката (дури и на пределот околу очите), така и за површинско отстранување на
нечистотиите од лицето. Екстрактот од детелина камењарка и ферментираните
екстракти од житарици во комбинација со маслата присутни во овој производ како
масло од јојоба, бадемово масло и масло од семки од кајсија, одлично ја отстрануваат нечистотијата од
лицето истовремено задржувајќи ја природната влажност на самата кожа, така да
кожата останува мека и свежа дури и откако млекото ќе се одмие од лицето .
Значи за разлика
од многу други производи на пазарот кои откако ќе ги измиете кожата ја
чувствувате затегната, па дури во екстремни случаеви се појавува и чешање,
бидете сигурни дека со ова млеко кожата ќе ја чувствувате мека и навлажнета.
Млекото за чистење доаѓа во стаклено шишенце од 145 мл. со пумпица која овозможува не само хигиена на производот, туку и не дозволува да истиот по грешка истече или да излезе поголема количина од саканата.
Структурата на
самото млеко според мене е идеална, затоа што не е ни многу густо ни многу
ретко, еден вид на златна средина, направено со цел да се задоволат не само различни
вкусови, туку пред се различни состојби на кожата. Има прекрасен интензивен
мирис на тревки (типичен за Dr. Hauschka), и што е најдобро, воопшто не ја
масти кожата. Нежната и блага формула на
состојките во него го прават идеално за сите видови на кожа особено за осетливата
која лесно се иритира и вцрвенува.
Јас го користам веќе месец дена (а го имам користено и порано секако) и можам да кажам дека перфектно ја вади шминката од мојата кожа и одлично делува на самата кожа.
Ајде да го истестираме заедно за да ја видиме неговата ефикасност и ефектот по употребата.
Еве три вида на најчесто
употребувана шминка: молив за очи, ајлајнер и сенка за очи.
На едно навлажнето памукче ќе нанесам малку од производот и ќе го задржам неколку секунди врз шминката. Потоа нежно ќе поминам врз раката и еве шминката е отстранета.
Значи она што ми се допаѓа е што со нежни и многу благи движења млекото го прави своето, нема потреба да притискате или триете за да ја извадите шминката.
Само да напоменам дека се
нанесува на навлажнета кожа на лицето и можно е да се нанесе на два начини:
- Доколку немате
шминка а сакате нежно да го исчистите лицето може да нанесете мала количина на
прстите да го втиснете помеѓу нив и со помош на рацете нежно да го исчистите
лицето.
- Доколку сакате да
ја отстраните шминката во тој случај намокрете едно памукче или дискета за
отстранување на шминка со малку вода, нанесете мала количина од млекото за
чистење и нежно отстранете ја шминката од лицето и очите.
По употребата на
млекото сетете се дека е многу важно да се исплакне лицето. За подобри
резултати и перфектно чисто лице по ова млеко употребете ја кремата за чистење
на лице за која веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html.
Се надевам дека и
оваа рецензија ви се допадна и дека ќе се одлучите да го пробате овој производ
кој навистина заслужува.
Денес ќе ги подариме
преостанатите две креми за чистење на лицето кои ми беа доделени од страна на
генералните дистрибутери за оваа козметика во Македонија (од кои една на блогот
а другата на мојата facebook страница) , така да веќе сигурна сум дека знаете
што треба да правите, меѓутоа сепак ќе повторам:
Потребно е да оставите еден ваш коментар под самиот текст кој може да се
однесува на вашето искуство со оваа колекција (доколку сте ја користеле) или
општо за вашиот начин на нега на кожата.
-
Потребно
е да ставите like на самата статија на facebook
-
Да
оставите ваш коментар под статијата, кој исто така може да се однесува на
вашето искуство со оваа колекција или пак општо за вашиот начин на нега на
кожата
-
Да ја
споделите оваа статија на вашата facebook страна
Коментарите може
да ги оставите најдоцна до четврток 2 април до 20 часот. Среќните добитници ќе
бидат избрани по случаен избор.
Имињата на
добитниците од минатиот пат се:
Преку блогот: Angie B
Преку мојата facebook страница Biodevojka: Тамара Трајковска
Им честитам на среќните добитнички, а за сите оние кои овојпат не
добивте не очајувајте, имате уште една шанса.
Со среќа
Вики
Сакам да го пробам млеково, имам осетлива кожа, ретко кога ми одговара некој производ...
ReplyDeleteposhposh
Пофалби за блогот! Ги исчитав скоро сите постови и веќе си го направив тоникот за лице со ројбос :D Во врска со Dr. Hauschka производите, ја користам кремата за чистење на лице скоро еден месец, секојдневно, и сум презадоволна заради тоа што веќе не го изложувам лицето на секакви хемикалии и состојбата на кожата ми е толку подобрена што веќе не ми е непријатно да излезам без пудра! Препорачувам :)
ReplyDeleteDobro mi doagjaat tvojve soveti i informacii ,dobro bi mi doslo i ova mlekce za moeto momentalno katastrofalno lice :/ ....Sakam da go poram pozz :D
ReplyDeleteThis comment has been removed by the author.
ReplyDeleteРецензиите и за млекото и за кремата, како и сите други постови на блогот, беа многу исцрпни и во нив беше опфатено се што е потребно да се знае, особено за начинот на употреба, меѓутоа јас сеуште не сум одлучна што да одберам како посоодветно за моето лице помеѓу кремата и млекото за чистење, или едноставно подобри резултати ќе има ако се употребуваат и двата производи. Сега за сега сеуште ги користам овесните снегулки и кокосовото масло...
ReplyDeleteЗа во иднина се надевам и дека ќе имам можност да прочитам рецензии и за некои мејк-ап производи, бидејќи досега немам употребувано природна шминка и навистина би ме интересирало да прочитам совети, особено за алтернативи на пудрата на популарните брендови која ја нанесуваме на поголема површина и која содржи штетни супстанци кои се апсорбираат во кожата и се причина за предвремено стареење и алергии од кои се почесто страдаме...
Здраво драга Моника, ти благодарам на коментарот. Јас веќе подготвувам интересни статии за органска шминка и пудри како замена за традиционалната. Вистина е дека од пудрите на некои од најпознатите светски марки се полни со штетни состојки од кои кожата само страда. Многу наскоро ќе започнам и со рецензии на производи кои моментално ги тестирам на себе за да го видам пред се ефектот (да не зборувам на празно). Ти благодарам уште еднаш и голем поздрав.
DeleteДобитник на наградата крема за чистење на лице од Dr. Hauschka е Моника Сибиновска. И честитам на наградата и ја замолувам да ме исконтактира по приватна порака. Поздрав
ReplyDelete