Пробав за вас: крема за лице од роза на Dr. Hauschka
Во текот на денот на кожата и е потребна заштита од влијанијата на надворешната средина, временските услови и стресниот начин на живот. Од огромна важност е дневната крема за лице која на кожата и ја овозможува потребната заштита. Јас моментално ја користам кремата од рози на Dr. Hauschka, која на некој начин е и главно обележје на целата линија. Ја имам споменато неколкупати во поранешните мои статии кога говорев за комплетно чисти производи кои на кожата и даваат сé она што и е потребно, меѓутоа со оглед на тоа што има голем интерес за оваа козметичка линија, и по барање на голем број на читатели, решив да ја рецензирам токму неа. Најискрено ги имам пробано сите креми од оваа козметичка куќа (ги има осум видови), но некако оваа ми е најомилена.
Кремата доаѓа во
пакување од 30 мл, во тубичка слична на онаа на кремата за чистење (како и
поголемиот дел на производите од оваа колекција, барем што се однесува до кремите
за лице).
Она што е
интересно да го знаете е фактот што тимот на WALA за секоја тубичка крема од
роза, употребува точно 30 рози од биодинамичкатa градина. Тоа ќе го сфатите уште
кога ќе ја отворите самата крема и ќе го почувствувате прекрасниот мирис на
розата, толку интензивен и богат, што ќе имате чувство дека сте во градина полна со рози. Поради
хармоничната сила со која зрачи, розата се употребува во целата козметичка
линија на Dr. Hauschka, а особено доаѓа до израз во оваа крема.
Освен маслото од
рози, во составот на оваа крема присутни се и останати вредни и хранливи
состојки како екстракт од диви шипинки, шеа путер, восок од рози и екстракт од
авокадо.
Оваа крема е доста богата и густа како производ, еве
може да видите и од сликите.
На самата крема пишува дека е за сува, осетлива и
возрасна кожа, меѓутоа без разлика на тоа што имам комбинирана кожа, мене
отсекогаш подобро ми одговарале помасни производи. Кремава е идеална особено
ладно време кога на кожата и е потребна и додатна заштита од студот, а исто
така многу помага и при намалување на црвенила на лицето.
Мојата кожа
понекогаш на одредени делови затега, затоа што знаеме дека комбинираната кожа е
најтешка за нега, Т зоната е масна а останатиот дел знае и да биде посув и да се
појави непријатно чувство на затегање. Кога ја користам оваа крема, тоа непријатно чувство исчезнува, некако ја чувствувам поеластична и мека. Со оглед на тоа што е
доволна навистина многу мала количина не ја масти кожата (јас ја имам користено
и кога е потопло), туку напротив приметив (барем лично кај мојата кожа), дека
на некој начин создава баланс помеѓу Т зоната и останатиот дел од кожата.
Кожата на лицето како целина ми е многу поурамнотежена и се воспоставува
правилен однос на влага и маснотии во самата кожа.
Со оглед на тоа
што има богата и густа структура, можеби на почеток ќе ви изгледа малку чудно при
нанесувањето затоа што оваа крема е
доста концентрирана и потешко се размачкува на лицето. Меѓутоа трикот е во тоа
да се нанесе на навлажнета кожа од тоникот како на пример оној од Dr. Hauschka
за кој веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka_13.html и на тој начин кремава многу лесно се
нанесува на лицето, а воедно вие
заштедувате, затоа што многу мала количина е доволна да го покрие целото лице и
вратот. Количината која е потребна за
покривање на целото лице е колку зрно грашок и најдобро е најнапред да се втисне меѓу прстите за да се добие
телесна температура и потоа да се нанесе на лицето и вратот.
Нежниот и одлично избалансиран состав на оваа крема ја
прави идеална и како производ за нега на бебињата, така да мајките купувајќи ја
оваа крема за себе, купиле всушност производ кој заедно може да го користат со
своите малечки.
Мое лично мислење
е дека оваа крема е апсолутно најдобриот производ за навлажнување на кожата на
пазарот.
Откако ги напишав првите
две рецензии за производите на Dr. Hauschka, бев исконтактирана од страна на генералните дистрибутери на оваа
козметичка линија за Македонија на кои многу им се допаднаа овие рецензии и
решија да ми подарат 4 производи (4 креми
за чистење на лицето http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html) кои ќе отидат во рацете на некои среќни читатели. И тоа две ќе подариме во оваа статија а две
наредниот пат.
Двете креми кои
ќе ги подариме денес, од кои една е за читателите на блогот а друга за фановите
на мојата facebook страница, ќе можете да ги добиете доколку го направите
следново:
1. За
читателите на блогот:
Потребно е да оставите еден ваш коментар под самиот текст кој може да се
однесува на вашето искуство со оваа колекција (доколку сте ја користеле) или
општо за вашиот начин на нега на кожата.
-
Потребно
е да ставите like на самата статија
-
Да
оставите ваш коментар под статијата, кој исто така може да се однесува на
вашето искуство со оваа колекција или пак општо за вашиот начин на нега на
кожата
-
Да ја
споделите оваа статија на вашата facebook страна
Коментарите може
да ги оставите најдоцна до четврток 26 март до 20 часот. Среќните добитници ќе
бидат избрани по случаен избор.
Со среќа на сите.
Вики
Eve iskustvo od nekogo so suva cuvstvitelna koza, 30+ - PrePrekrasno :) Momentalno testiram domasna prirodna kozmetika ama sekako kje se vratam na Dr Hauschka
ReplyDeleteIva
sum koristela poveke proizvodi od Dr. Hauschka i od site sum kompletno zadovolna.so ogled na toa sto imam suva,osetliva koza so site epiteti sto gi nosi klimaksot sigurno ke go probam i ovoj proizvod.
ReplyDeleteGi koristam proizvodite na Dr Hauschka, prezadovolna sum, ednostavno gi obozavam
ReplyDeleteEli
Bi sakala da gi probam i ovie proizvodi,osobeno za cuvstvitelna koza,se nadevam deka ke ja imam taa moznost.
ReplyDeleteM.S.
Nemam probano nisto od Dr.Hauschka seuste bidejki malce mi se poskapi :/ i neznam kakov efekt imaat :D ...Angela
ReplyDeleteBi sakala da gi probam i ovie proizvodi,osobeno za cuvstvitelna koza,se nadevam deka ke ja imam taa moznost.
ReplyDeleteM.S.
mene ovoj bas bi mi odgovaral... ja imam suva i custvitelna koza .. a ne sum probala od ova nitu ima kaj nas vakov .. aj da se nadevam deka moze ke imam sreka :))
ReplyDeletestotebriga/elelel
Gi nemam koristeno prouzvodite na Dr. Hauschka, a poznavam devojka sto epten e zadovolna, duri i majka i skrishno i ja koristi kremata, taka da vervam deka se dobri proizvodite i navistina treba da se probaat.
ReplyDeleteGi nemam koristeno prouzvodite na Dr. Hauschka, a poznavam devojka sto epten e zadovolna, duri i majka i skrishno i ja koristi kremata, taka da vervam deka se dobri proizvodite i navistina treba da se probaat.
ReplyDeleteНе сум ја користела оваа колекција досега, а би сакала да ја пробам. Во моментов користам гел за чистење, чиста розова вода и нежен крем за лице.
ReplyDeleteЈа немам користено оваа колекција.По толку позитивни критики би ја купила.
ReplyDeleteМојата сегашна нега на кожата се состои од ладно цедено сончогледово,маслиново и кокосово масло.
Како редовна читателка на блогот повторно сум многу задоволна од статијата :) Во поглед на тоа дали сум ја користела оваа колекција не сеуште не сум ја пробала оваа крема за чистење лице обично сум скептична,но вашата рецензија е примамлива!
ReplyDeleteОд Dr. Hauschka сум коristela крема за лице која не знам веројатно не сум си ја погодила според мојот тип на кожа па затоа ја чувствував тешка.Но,секако дека со повторна попрецизна проверка би пробала уште еднаш ,втора шанса. :) ( крема за лице не крема за чистење лице тоа сеуште немам пробано каkо што нагласив :) )
Мојот начин на нега на кожата на лицето се состои од Yves Rocher Pure System секојдневен пилинг гел Yves Rocher Тоник за лице и Yves Rocher Pure Calmille млеко за чистење лице.Потоа знам да ставам кокосово масло наместо обична крема бидејќи не можам да одлучам сеуште кој бренд,дали да дадам втора шанса или друг бренд.
Веќе некое време користам производи наменети за комбинирана кожа, и крема за лице, и тоник па и гел за миење лице.
ReplyDeleteНо последниве неколку месеци чувствувам дека на мојата кожа и е потребна малку поголема нега, нешто што ќе ми ја потхрани и ќе ми ја омекне бидејќи ми е малку сува периодов, најверојатно од студеното време.
Верувам дека кремава од Dr. Hauschka ќе ми помогне во тоа.
Кремата од рози е првата крема од колекцијата Dr.Hauschka која почнав да ја користам и сеуште ја користам,ми се чини дека таа е нешто благодетно за секоја кожа,срдечно ја препорачувам на сите.Голем дел од моите пријателки си ја купија по мое убедување и не згрешија (презадоволни се).
ReplyDeleteЈас имам осетлива (комбинирана) кожа која лесно се нафрла и вцрвенува. Од Dr, Haushka ги имам користено кремата за чистење лице, Melisa кремата и тоникот за мрсна кожа. Тие три не беа добра комбинација за мене (ми се нафрли лицето), По препорака на дерматолог ја користев Ice Plant кремата исто од нив и од таа бев задоволна меѓутоа многу ми ја мастеше кожата. Кремата од роза бев со намера да ја пробам, отидов до аптека меѓутоа откако и кажав на девојката за каков тип на кожа ми е ми ги препорача Avene за нетолерантна кожа и од нив сум презаводолна. Како и да е, би сакала да ја пробам и оваа крема да видам како би реагирала мојата кожа на нејзе.
ReplyDeletep.s. ја имам пробано и пудрата за лице од Dr. Haushka и не беше лоша
Dolgo vreme imav problem so suva koza.Posebno zimno vreme liceto mi bese zategnato kako da nosev maska,cesase i pecese.Nema sto ne probav .Odkako ja probav kremata od rozi na Dr Hauska moeto lice se preporodi :).veke go nemam problemot so zatezanje na kozata .Odlicen i balsamot za okolu oci .ne gi menuvam
ReplyDeletePrv proizvod koj go koristev od Dr. Haushcka bese Melissa dnevnata krema i se' ushte ja nabavuvam, zadovolna sum od nea zatoa sto mi ja smiruva kozhata, liceto izgleda odmoreno, svezho i belo bez crvenilo, odlichna e !No sega osekjam potreba od nekoja po bogata krema, zatoa sto osekjam vlechenje na kozhata na liceto. Se imam dvoumeno dali slednata tubichka shto ke ja kupam ke bide kremata od rozi, no sum nemala hrabrost da eksperimentiram zatoa sto sum mnogu zadovolna od Melissa dnevnata krema.
ReplyDeleteNie koristime (odnosno Kaja 3.5 god.) detska pasta za zabi od Dr. Haushcka bez fluor i mnogu sme zadovolni.
ReplyDeletehttp://kumpideum.blogspot.com/
http://www.tsu.co/jernej
Јас имам проблем со производите за чистење на лицето, бидејќи сеуште не сум користела таков што нема да ми ја суши и перута кожата. Неодамна ја прочитав рецензијата за кремата за чистење на Dr.Haushcka, но сеуште ја немам купено за да знам дали конечно ќе го пронајдам вистинскиот производ за чистење на моето лице. Она што моментално го користам како природна нега се обичните овесни снегулки за пилинг на влажно лице и кокосовото масло.
ReplyDeleteDolgo vreme se trudev da najdam nesto sto ke ja drzi vo normala mojata problematicna kombinirana koza i konecno vo organskite proizvodi na Dr. Hauschka najdov spas za nea. Seuste go nemam probano kremot za cistenje i bas dobro bi mi doslo dokolku go dobijam.
ReplyDelete