Пробав за вас: тоник за лице Dr. Hauschka
Додека рутината
на чистењето е физички процес, рутината на тонизирањето ја стимулира
способноста на самата кожа на самочистење, односно продолжување на чистењето
однадвор до внатрешноста.
Дали постои тоник
за лице кој нежно и ефикасно ја тонизира кожата, има фантастичен интензивен
мирис на природни билки, а притоа е и 100% органски и биодинамичен? Секако,
тониците за лице на Dr. Hauschka, кои го содржат најдоброто од природата и
претставуваат перфектна комбинација на екстракти од внимателно одбрани билки
кои не само што ја негуваат и галат нашата кожа, туку ги будат и нашите сетила.
Во денешното
издание на пробав за вас заедно ќе го разгледаме тоникот за лице за нормална,
сува и осетлива кожа, неговиот состав, дејство и ефект врз кожата, како и
начинот на нанесување.
Би сакала да
напоменам дека постои и верзија за масна и нечиста кожа (меѓутоа за него ќе
говориме во некоја наредна прилика) .
Јас искрено ги
имам пробано и двата. Во одреден период и под влијание на голем стрес и
климатски услови, мојата комбинирана кожа стана многу масна. Ми се појавија
доста митесери. Во тој период го користев тоникот за лице специјал, кој одлично
ја исчисти и нормализираше кожата, па потоа преминав на овој тоник за лице кој,
иако имам комбинирана кожа со оглед на тоа што е доста чувствителна, одлично
ми одговара и ми ја дава потребната влага и нега.
Амбалажата во
која доаѓа овој тоник е спреј шише од 100 мл. кое според мене е навистина многу
практично за употреба. Како и сите производи на Dr. Hauschka, така и овој тоник
е доста концентриран и доволна е многу мала количина за да се покрие целото
лице, така да од лично искуство ви кажувам дека трае околу 4 месеци со секојдневна употреба наутро и
навечер.
Состав и
функционалност
Во својот состав
содржи екстракти од детелина камењарка и хамамелис кои одлично ја освежуваат кожата, ја прават
витална, помагаат во процесот на регенерација и хидратација на самата кожа. Го
обожавам, чувството кога безброј мали капки ја навлажнуваат и освежуваат мојата
кожа носејќи ги овие прекрасни состојки во внатрешноста. Замислете го чувството
кога сте на планина и
ветерот дува директно во вашето лице носејќи ја со себе не само целата свежина
на воздухот околу вас, туку и мирисот на билките кои ве опкружуваат. Ете, токму
така ќе се чувствувате после секоја употреба на овој производ, затоа што целата
свежина и лековитост на билките се наоѓаат токму во ова шишенце. Нежната и
деликатна формула на овој производ го прави идеален и како тоник за после бричење за мажи.
Начин на
нанесување
Тоникот за лице
се нанесува два пати дневно, наутро и навечер, на претходно исчистена кожа со
кремата за чистење за која веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html .
Нанесен наутро
има огромно освежувачко дејство врз кожата, буквално ја буди. Се нанесува со
испрскување на мала количина на лицето и втапкување со прстите на самата кожа
до комплетно апсорбирање. Нанесувањето на овој тоник наутро пред употребата на
дневниот крем обезбедува подобро пенетрирање на дневниот крем и дозволува
употреба на помала количина од кремот.
Малкумина знаат
дека купувајќи го овој производ всушност купиле 2 производи, затоа што е
одличен и како ноќен третман за кожа. Со оглед на тоа што филозофијата на оваа
козметичка куќа е дека навечер кожата треба да биде слободна да дише и самата
да се регенерира, водената база на овој тоник и екстрактите од веќе споменатите
билки одлично ја помагаат кожата во таа своја функција. Бргу се впива и не
пречи во процесите на елиминација и обновување на самата кожа. Значи сте купиле
само тоник, а сте добиле и дневен и
ноќен третман два во едно.
Оваа филозофија на Dr. Hauschka е само доказ плус за коректноста на самата компанија. Како и останатите компании и тие можеа да направат ноќни креми и да ни ги продаваат како комплетен ноќен третман, меѓутоа со ова докажуваат дека во 45 години од постоењето на оваа козметичка линија, тие сепак останаа верни на идеите и традицијата на нивните оснивачи.
Според мене овој тоник
е комплетно за оскар.
Доколку сакате производ
кој на деликатен и најнежен можен начин ќе ја негува вашата кожа и кој воедно ќе претставува
нејзин пријател и ја помага истата при самата регенерација во секој момент од
денот, ви советувам да го пробате овој тоник. Верувајте ми ќе бидете повеќе од
задоволни.
Вики
Zdravo...
ReplyDeleteOvoj proizvod za koj govorite go nemam probano, no od dr. Haushka sum prezadovolna od nekolku proizvoi i sekogash koga sum vo moznost izdvojuvam finansii za da si gi kupam. Kremata za okolu oci vo tubicka shto e, koja se nanesuva so tapkanje ja koristam vekje 6 godini. Prezadovolna sum i efektot e neverojaten. kolekcijata e poskapa, no sekogash koga sum vo moznost se castam so nekoj proizvod ,zoshto navistina vredat. Ubavi vi se postovite, samo prodolzete taka...
Здраво анонимус, голема благодарност за учеството и коментарот. Се согласувам со она што го кажавте за кремата околу очи, ја имам користено и јас и навистина е одлична. Точно е дека оваа колекција е малку поскапа од останатите производи на пазарот, но како што и сами рековте вреди, затоа што квалитетот е супериорен, а со оглед на тоа што е доста концентрирана се користи мала количина на лицето и доста долго трае. Се надевам дека ќе имате можност да го пробате и овој производ затоа што е навистина многу ефикасен. Благодарам многу уште еднаш, голем поздрав и секое добро.
ReplyDeleteMomentalno Haos mi e liceto dali do godinite no jas imav precisto lice koe nadnas stana katastrofa -.- ... Mene duri i vo pubertet koga na site im bese liceto so bubulicki mene glanc cisto , no mozno e zaradi godinite promena na kozata? ... Bas sakam da probam nesto do Dr.Haushka imam citano za nejze no..
ReplyDelete