Пробав за вас: маска за коса на Casyopea
Долго време барав една ваква убава маска за коса која за цел има да ја зацврсне косата, темелно да го исчисти скалпот и да го зајакне коренот. И верувајте ми функционира! Лично обожавам производи кои во својот состав имаат кал од мртвото море, без разлика дали станува збор за маска за лице, коса или тело. Оваа кал има огромна моќ врз убавината на нашата кожа, лечи било каков проблем со кожата или косата. Ама ајде да ви раскажам се убаво по ред.
Најнапред да го разгледаме составот на оваа маска за коса за да утврдиме што се содржи и зошто функционира. Еве ги состојките во декларацијата:
Dead Sea mud, Propolis extract, Bees wax, Shea butter, Witch hazel, Almond oil, Avocado oil, Jojoba oil, Perfume
Како што може да
забележиме од декларацијата оваа маска е на база на кал од мртво море
која е богата со минерали и сол и има способност темелно да го исчисти
скалпот, без притоа да ја надразни кожата на главата. Влакното добива
огромен сјај и целата коса буквално живнува.
Шеа путерот е фантастичен за косата затоа што неверојатно ја храни и неверојатно ја обновува структурата на вкалното. Маслата од авокадо и јојоба ја навлажнуваат косата, ги лечат распуканите врвови и даваат сјај на целата коса. Морам да напоменам дека лично обожавам производи кои во својот состав го содржат маслото од авокадо (шампони, регенератори, маски) со оглед на тоа што е навистина прекрасно за оштетена коса.
Верувајте ми сите состојки се така добро искомбинирани, што оваа маска според мене одговара на сите видови коса, па дури и за девојките со масна коса, со оглед на тоа што одлично чисти, а не ја суши косата, туку напротив навлажнува без воопшто да ја масти косата. Јас ја пробав неколкупати и верувајте секојпат косата ми беше перфектно чиста и што е најважно остануваше чиста повеќе денови од обично.
За
да може убаво да ви го доловам ефектот на маската направив комплетна
документација со слики за употребата и ефектите на самата коса.
Текстурата на самата маска е доста густа, благодарение на присуството на шеа
путерот и пчелиниот восок во неа. Има фантастичен мирис, не знам како
точно да го објаснам, ама мене ме потсетува на нешто чоколадно и убаво.
Се нанесува на мокра коса пред шампонирањето, најнапред на скалпот, а потоа и по должината на косата и се остава да делува 15 минути. Ви препорачувам блага масажа на темето од косата (доволно е минута две), со цел да се поттикне циркулацијата.
Лично сум воодушевена од оваа маска (инаку не би ја ни рецензирала со толкав ентузијазам). Топло ви препорачувам да ја пробате доколку вашата цел е чист скалп и појака коса, која во исто време ќе свети со прекрасен сјај. Полн погодок за мојата коса.
Цената на оваа маска е 600 денари и истата може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.
Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека доколку се решите да ја пробате оваа маска ќе бидете задоволни колку и јас.
Поздрав и до скоро читање.
Вики

По
истекот на времето, косата убаво се мие со добар и квалитетен шампон. Мене многу убаво ми ја омекнува косата, но доколку
имате многу долга или навистина сува коса, мој совет ви е сепак да нанесете малку балзам
само на врвовите на косата. Јас лично откако ќе ја одмијам, го цедам вишокот на вода од косата и нанесувам само чисто арганово масло како серум за врвовите кое е фантастично како замена за штетните силиконски капки во продажба.
Откако
ќе се исуши, косата е видливо поубава, побујна и има навистина
прекрасен сјај. Јас имам мека коса, меѓутоа оваа маска дава ефект на
поцврсто влакно, а со честа употреба влакното навистина и се зацврснува.
Лично сум воодушевена од оваа маска (инаку не би ја ни рецензирала со толкав ентузијазам). Топло ви препорачувам да ја пробате доколку вашата цел е чист скалп и појака коса, која во исто време ќе свети со прекрасен сјај. Полн погодок за мојата коса.
Цената на оваа маска е 600 денари и истата може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.
Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека доколку се решите да ја пробате оваа маска ќе бидете задоволни колку и јас.
Поздрав и до скоро читање.
Вики
Comments
Post a Comment