Направи сам: природен гел за дезинфекција на рацете
Рацете се најподложни на секаков вид на бактерии, со
оглед на тоа што со нив се поздрвавуваме, допираме разни предмети и ги
користиме за да си помогнеме во секојдневните обврски. Од голема важност е тие
да се оддржуваат чисти и негувани, но не секогаш имаме можност да ги измиеме во
текот на денот, така да многумина користат гел за дезинфекција на рацете. Во
зависност од составот и формулата, овој гел може да биде добар, меѓутоа и штетен
за самата кожа на рацете, доколку е премногу агресивен или со лоша формула. Доколку сакате ефикасен гел за дезинфекција на рацете, кој притоа
нема премногу да ја суши кожата, тогаш јас имам решение за вас.
Во денешнава статија со вас ќе споделам еден навистина
многу лесен рецепт за гел за дезинфекција на рацете, кој сами може да го
направите за 10 минути. Овој гел е навистина едноставен за подготовка, меѓутоа
многу ефикасен. Јас честопати си го правам и го носам во ташната за секој
случај.
Еве што сѐ ви е потребно за подготовката на овој гел:
3 супени лажици алое вера гел
1 кафена лажичка маслиново масло (може да користите
бадемово или рицинусово масло)
1 кафена лажичка ракија
3 капки етерично масло од лаванда
3 капки етерично масло од лимон
Зошто токму овие состојки?
Гелот од алое вера одлично ја
навлажнува кожата и ја дезинфицира;
Употребата на едно од горенаведените
масла е многу важно затоа што ја храни и
негува кожата. Јас се одлучив за маслиново масло, меѓутоа вие може да одберете
и друго или пак да направите микс од две масла, на пример половина лажичка
маслиново со половина лажичка рицинусово или пак со бадемово.
Алкохолот е исто така одличен
кога станува збор за дезинфекција. Мора да напоменам дека алкохолот ја суши
кожата, меѓутоа внесен во оваа формула, не би требало да ви прави проблеми.
Сепак количината е мала, и добро е избалансиран со останатите состојки.
Изборот на етеричните масла не
е случаен. И двете масла имаат антибактериско дејство (особено лавандата)
одлично се сложуваат, и го подобруваат мирисот и функционалноста на овој гел.
Подготовката е едноставна: во едно чисто шишенце најнапред ставете го алое вера гелот, потоа додадете го маслото,
алкохолот и на крај етеричните масла. Мешајте додека убаво не се спојат сите
состојки, (протресете убаво). Вака
подготвениот гел има рок на траење од 1 месец.
Секогаш кога ќе сакате да ги дезинфицирате
рацете, а не сте во можност темелно да ги измиете со сапун и вода, земете малку
од производот и нанесете го на рацете. Секако ова не треба да стане навика и да
го замени класичното миење на рацете, ниту пак треба да стане опсесија и да ги
дезинфицираме рацете на секои 10 минути. Ова нека ви претставува еден вид на SOS
во одредени случаеви (на пример во автобус), затоа што ништо не може да ја
замени водата и сапунот (секако квалитетен сапун).
Дали ви се допадна овој навистина
едноставен рецепт? Доколку одговорот е да, и доколку се обидете да го
направите, оставите коментар за тоа колку сте задоволни од истиот.
Голем поздрав и до следната
статија
Вики
Comments
Post a Comment