Пробав за вас: свеќа за масажа на Casyopea
Здраво на сите
денес би сакала да говорам за еден навистина оригинален и необичен производ, кој мене многу ми се допадна. Станува збор за свеќата за масажа на Casyopea.
После долг напорен ден поминат надвор со обврски, роднини и пријатели, кога ќе се вратиме дома како може да повторно да ја надокнадиме изгубената енергија? Па, секако со една убава масажа, со мирис и амбиент на вистински спа центар.
Што всушност претставува свеќата за масажа?
Станува збор за свеќа направена од високо квалитетни масла, растителни путери и пчелин восок, збогатени со етерични масла кои имаат фантастично дејство врз кожата затоа што ја омекнуваат, навлажнуваат и регенерираат. Има 3 различни мириси, но јас ја одбрав свеќата со мирис на роза, која е навистина многу сензуална и уникатна.
Составот на оваа свеќа е: Olea europea fruit oil, Cocos nucifera oil, Cera alba, Butyrospermum parkii oil, Citrus paradisi (grandis) seed oil, Parfum, Simmondsia chinensis seed oil, Tocopheryl acetate, Rosa damascena flower oil, Citronelloi, Geraniol.
Секое од маслата во овој состав има одредена функција и тоа: на прво место маслиновото масло одлично ја храни кожата, маслото од кокос и јојоба ја хидрираат и негуваат кожата, а шеа путерот прекрасно ја омекнува и ја прави навистина многу мазна на допир. Етеричното органско масло од роза не само што е фантастично за кожата туку, доколку ви се допаѓа мирисот на роза, прекрасно смирува, релаксира и ги гали сетилата.
Оваа свеќа на некој начин има дупли бенефиции: маслото кое се топи под дејство на топлината е фантастично за масажа на кожата, а мирисот кој се ослободува при горењето на свеќата има ароматерапевтско дејство врз сетилата.
Како се користи?
Изгледа комплицирано, ама верувајте нема нешто поедноставно за употреба. Направете си убав амбиент кој за момент ќе ви дозволи да се релаксирате, далеку од вревата и мобилните телефони, со убава музика и пригушено светло. Запалете ја свеќата и оставете ја да гори околу 15 до 20 мин. Комбинацијата од восокот и маслата полека ќе почне да се топи, ослободувајќи го маслото кое ќе го нанесете за време на масажата. По истекот на времето изгасете ја свеќата и почекајте 2-3 мин. Внимателно сипете дел од маслото во еден порцелански сад и кога маслото ќе ја достигне идеалната температура според вас, нанесете од маслото на рацете и почнете со масажа сами на себе или на партнерот.
Комбинацијата од овие масла е убаво избалансирана така што кожата веднаш ги впива. Ја остава кожата мека и нахранета, а притоа вашата кожа мириса боженствено.
Оваа свеќа е идеална како подарок или пак доколку сакате да организирате некоја убава романтична вечер со саканата личност.
Цената наоваа свеќа е 670 денари за 120 мл. и може да ја најдете во продажните места на Tesori di Mare во трговските центри на Ramstor и City Mall.
Се надевам дека и овој пост ви се допадна и дека ќе се одлучите да пробате нешто ново, навистина интересно а сепак корисно за вашата кожа.
Поздрав и до следната статија
Вики
Comments
Post a Comment