Пробав за вас: Мицеларна вода на Gamarde


Дерматолошката лабораторија на Jerodia, инспирирана од природата и нејзините богатства, ја стави на располагање на сите нас козметичката линија Gamarde, која е плод на прекрасниот спој помеѓу термалната вода на изворот Gamarde les Bains и сертифицираното органско масло од арган. 

Дерматолошките бенефиции на оваа термална вода се признати од страна на француската академија за медицина. Таа е доста богата со сулфур, има смирувачко дејство врз кожата, ја заштитува и ги спречува можните иритации.

Веќе подолго време ја гледав оваа линија во аптеките и го разгледував составот на производите кој, верувајте ми е фантастичен. Пред извесно време земав неколку производи да ги пробам, и еве ме конечно со рецензија за да ви помогнам на сите вас при изборот на вистинскиот производ за вашата кожа. Најнапред сакам да кажам дека самата лабораторија има многу високи критериуми кога станува збор за квалитетот на оваа козметичка линија, а за тоа сведочи и логото 100% природно кое е единствено за овој бренд.

Image result for gamarde logo

Козметичката линија Gamarde е органска и воопшто не содржи синтетички состојки, парабени, конзерванси, вештачки бои, ГМО и ПЕГ, туку во својот состав вклучува најдобро избрани масла, етерични масла и природни екстракти.

Како што веќе најавив во самиот наслов, денес ќе говорам за мицеларната вода на Gamardе. 


 Кога се мислев што да земам да пробам за да ви презентирам, сакав тоа да биде некој производ кој ќе им биде од корист на сите, без разлика на типот на кожата, навиката при чистењето на лицето, или времето кое го имаат на располагање. Сакав тоа да биде ефикасен, корисен и многу функционален производ кој ќе ви заштеди време, а сепак ќе биде благотворен за кожата. Ете, токму тоа е оваа мицеларна вода на Gamarde.

Ајде најнапред да го разгледаме нејзиниот состав, со цел да утврдиме зошто е толку ефикасна. 

Gamarde aqua, Aqua, Aloe Barbadensis leaf extract*, parfum, Propanediol, Glycerin, Glyceryl Caprylate, Malva Sylvestris flower extract*, Sodium Cocoyl glutamate, Sodium Hyaluronate, Sodium Chloride, Citric Acid. *

Како што може да се забележи од декларацијата, овој производ е комплетно на природна база. На прво место е термалната вода на изворот Гамард кој всушност е базата на оваа мицеларна вода. Како што веќе напоменав, оваа вода е богата со сулфур, има ублажувачки својства и дејствува против слободните радикали, а исто така, има и смирувачки својства, ја ублажува и хидратизира кожата која е склона на иритации или е оштетена од сонце. Во голем процент е застапен алое вера гелот кој одлично ја хидрира кожата, ја навлажнува и има смирувачко дејство. Содржи и хијалуронска киселина која ја обновува еластичноста на самата кожа, а во добар процент е застапена и тинктура од слез кој го омекнува епидермот. 

Еве го моето искуство и мислење:


Производот го користев навечер за отстранување на шминката. Убаво навлажнував една дискета за отстранување на шминката, и нежно го поминував целото лице. Најнапред сакам да кажам дека одлично ја вади шминката, па дури и водоотпорната, воопшто не го вцрвенува лицето и е екстремно нежен за очите. Не е потребно да се трие многу или да се поминува многупати, затоа што ефикасната структура и високо квалитетните состојки веднаш и многу лесно ја вадат шминката. Моја лична техника при вадење на шминката е: намокреното памукче го ставам на пример врз окото, оставам неколку секунди додека се навлажни убаво тој дел од кожата, и потоа многу лесно поминувам и шминката полесно се отстранува. Пробајте.


Го пробав и во деновите кога немав шминка на себе, и морам да ви кажам дека одлично ја вади целата нечистотија од лицето (се запрепастив колку нечистотија се собира на лицето како последица на надворешните услови и загадениот воздух). Ваќно е да напоменам дека мицеланата вода секогш се измива од кожата со средтсво за миење. По употребата измијте го лицето со нежен гел или пена за миење на лицето/.

На самата опаковка пишува дека кожата е хидрирана до 46% 1 час по апликацијата, и верувајте ми ова е точно. Кожата веднаш ја чувствувате помека, многу мазна, а перфектно исчистена. 

Некаде имам прочитано дека мицеларната вода настанала во Франција по барање на манекенките, кои дневно имале и до 3 снимања или модни ревии, и помеѓу вадењето на една шминка и нанесувањето на друга, сакале производ кој нежно ќе ја отстрани шминката без да ја вцрвени кожата, и кој воедно ќе биде и многу практичен. Без разлика на тоа што не сме сите манекенки, овој производ е фантастичен за сите девојки, затоа што секој од нас сака чиста кожа, без црвенила и ефикасност при вадењето на шминката, а многу од нас сакаат и да заштедат време.


Според мене производов е чиста 10-ка не само според состојките, туку и според функционалноста. Навистина е многу практичен и лесен за употреба и не се одмива.

Моментално тестирам и други производи од оваа линија и секако многу набргу ќе ви направам детална рецензија за истите.

Сакам да ви дадам една многу убава вест, а тоа е што Гамард Македонија ве поканува сите на голема бесплатна презентација на оваа козметичка линија (почнувајќи од утре), каде ќе може да се запознаете со нивните производи, со филозофијата на оваа козметичка линија, и што е најважно, лично на лице место да пробате некои од производите.

Со оглед на тоа што денешнава рецензија се однесува на мицеларната вода, за сите оние кои за време на презентациите (во точно одреден ден, час и аптека) ќе купат мицеларна вода, на подарок ќе добијат еден прекрасен и комплетно природен и органски рол он деодоранс со мирис на цвеќе.



Оваа промоција се однесува само на следниве денови и во следниве аптеки:



                                ДЕН
             АПТЕКА
                   СААТ
13/5/2015   Среда
Еурофарм – Плоштад
11-14 h
Еурофарм – Веро/Џамбо
17-20 h
15/5/2015    Петок
Еурофарм 2 Тафталиџе
16-19 h
16/5/2015    Сабота
Ани Фарм  т.ц.Капитол
16-19 h
17/5/2015    Недела
Ани Био Маркет - Козле
11-14 h


Секако, јас ќе бидам присутна на тие презентации, и ќе ви бидам на располагање за било каква информација, појаснување, совет или прашање.
Се што сакате ќе ви објаснам.

Голем поздрав до сите и се надевам дека ќе се видиме.

Вики


Comments