Пробав за вас: флуид за заштита од сонцето SPF 50 на Gamarde






Здраво на сите

пред околу месец дена објавив една интересна статија во која пишував за производите за заштита од сонцето. Во неа објаснив на што треба да внимаваме при изборот на овие производи, зошто е важно да бираме креми само со физички филтри и како правилно да се изложуваме на сончевите зраци. Еве ви линк од статијата доколку сте пропуштиле да ја прочитате http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/k.html   
Во самата статија предложив два производи за заштита од сонцето и реков дека ќе се обидам да пробам некој од нив со цел да ви напаравам детална рецензија и еве ме како што ветив така и исполнувам.
Денешната статија ќе биде посветена на флуидот за заштита од сонце со фактор 50 на Gamarde.


Во овие навистина топли и сончеви денови и тоа како имав можност убаво да го истестирам овој прекрасен производ за заштита од сонцето. Го нанесував во деновите кога по работа или приватно одев низ град како заштита од сонцето, а и во деновите кога се качував на Водно. Морам да кажам дека моето мислење е повеќе од позитивно, а заедно ќе утврдиме зошто.

Како и за сите производи, така и за овој, ајде најнапред заедно да ги разгледаме состојките во самата декларација.



Caprylic/capric triglyceride, zinc oxide [nano], dicaprylyl carbonate, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, cocoglycerides, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, titanium dioxide [nano], sorbitan olivate, glyceryl isostearate, cetearyl alcohol, polyhydroxystearic acid, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, glyceryl undecylenate, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Cananga odorata (Ylang Ylang) flower oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, tocopherol, alumina, cetearyl glucoside, stearic acid, hydrogenated castor oil, parfum (Fragrance), benzyl benzoate, benzyl salicylate, eugenol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.

*ingrédient d’origine Biologique

Како што може да забележиме од самата декларација, во овој производ има само физички филтри и тоа zinc oxide и titanium dioxide, кои имаат функција на огледало, односно ги одбиваат сончевите зраци и не им дозволуваат на истите да навлезат во самата кожа. Обично цинк оксид служи како заштита од UVA зраците, а титаниум диоксид како заштита од UVB зраците. Како што веќе имам напишано, европската комисија во септември месец 2006 година, донесе еден правилник според кој производителите треба да внесуваат филтри за заштита од UVA зраците кои треба да бидат еднакви или поголеми од 1/3 од SPF назначен на самиот производ. На пример, доколку една крема има SPF 30 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 10 или повеќе, доколку кремата има SPF 50 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 15, а може и повеќе. Ова е причина повеќе зошто да бираме креми за заштита од сонцето со повисок заштитен фактор како на пример 30 или 50 и токму затоа оваа рецензија е на флуидот со заштитен фактор 50.


Понатаму во самата декларација може да забележиме дека освен физичките филтри, во овој флуид се присутни навистина многу убави масла кои ја збогатуваат формулата на овој производ и одлично ја негуваат кожата. На прво место е секако органското масло од арган кое на некој начин е заштитен знак на целата колекција на Gamarde. Ова масло во комбинација со маслото од сусам и јојоба, ја хранат и навлажнуваат кожата, и го спречуваат сушењето на кожата кога истата е подложена на сончевите зраци. Освен тоа овие масла, вака комбинирани, имаат огромно регенеративно дејство врз кожата.

Присуството на шеа путерот е само доказ плус за високо хидратантната моќ на овој флуид. Знаеме дека шеа путерот е богат со витамините А и Е како и омега 6 масни киселини кои перфектно ја омекнуваат кожата, го спречуваат дејството на слободните радикали, и помагаат кожата да остане нахранета и хидрирана подолго време.

Од голема важност е и изборот на етеричните масла, особено кога станува збор за производ за заштита од сонцето, затоа што не сите етерични масла може да се користат на кожата кога се изложуваме на сончевите зраци. Постојат одредени етерични масла кои се фотонестабилни, односно во контакт со сончевата светлина имаат спротивен ефект од она за кое се наменети. Еве ви еден пример лимонот одлично ја избелува кожата и флеките на самата кожа, меѓутоа во контакт со сонцето има спротивен ефект затоа што создава уште повеќе флеки.

Од самата декларација може да забележиме дека во овој производ како етерични масла присутни се лаванда и Ylang Ylang, кои се сигурни и доста ја омекнуваат кожата. 


Откако го разгледавме составот и се уверивме во квалитетните состојки присутни во овој флуид, предлагам сега да ја разгледаме структурата и на еден начин да го ставиме на тест со цел да утврдиме дали лесно се размачкува и дали остава евентуални траги на кожата.


Точно е дека физичките фактори се најсигурни, меѓутоа бараат доста вештина од страна на производителот при нивното вметнување во една формула. Односно, доколку истите не се обложат или убаво избалансираат со вистинските состојки, овие филтри може да остават бела трага на кожата или потешко да се размачкуваат. Затоа потребна е вистинска умешност во нивната комбинација со останатите елементи. Како што може да забележите од сликата, овој флуид има навистина лесна текстура која, верувајте ми, одлично се размачкува на кожата. Не е потребно да се инсистира за да се размачка производот и што е најважно, овој флуид воопшто не остава бели траги. Без разлика на тоа што во самиот производ се присутни високо квалитетни масла, текстурата не е вопшто масна и кожата навистина брзо ја впива.



 Друга прекрасна работа кај овој флуид е неговиот мирис. Просто го обожавам, ме потсетува на плажа и море. Мириса навистина убаво, чисто и летно.

Според мене производот успешно ги помина сите тестови и затоа има чиста 10-ка.

Минатата недела по презентациите кои ги направивме на производите од оваа марка, добив навистина голем број на пораки во кои се гледа се поголема заинтересираност за оваа козметичка линија. Затоа Gamarde реши уште еднаш да ве изненади и да ви дозволи да ги пробате овие производи од кои сигурно ќе бидете презадоволни. Изненадувањето е следново: доколку го купите овој флуид за заштита од сонцето (30 или 50 фактор, по ваш избор) за време на презентациите кои се означени во табелата во продолжение на овој текст, како подарок ќе го добиете шампонот за коса кој е навистина благ, без иритирачки елементи и агресивни сурфактанти. Наменет е за често миење на косата (особено сега кога е жешко и често се потиме), погоден за сите типови на коса, особено за оние кои имаат нежен и чувствителен скалп. 

                                                   
Еве ги деновите и аптеките каде важи оваа прекрасна понуда:

                                ДЕН
             АПТЕКА
                   СААТ
20/5/2015   Среда
Еурофарм – Плоштад
11-14 h
Еурофарм – Веро/Џамбо
17-20 h
21/5/2015    Четврток
Еурофарм 2 Тафталиџе
16-19 h
16/5/2015    Сабота
Ани Фарм  т.ц.Капитол 
Еурофарм  т.ц. Рамстор
12-15 h
18-21 h
17/5/2015    Недела
Ани Био Маркет - Козле
11-14 h

Се надевам дека и оваа статија ви беше интересна и од корист при изборот на вистинскиот производ за заштита од сонцето кој е нежен и сигурен за кожата.

Како и секогаш така и овојпат, ве поканувам слободно да оставите ваш коментар доколку имате било какво искуство со некој производ од оваа марка или пак прашање доколку ве интересира некоја информација во врска со производите.

Голема благодарност на сите вас и до следната статија

Вики

Comments

  1. Одлична рецензија,само може да кажеш колку чини флуидот?И не само за овој пост мој совет е за сите производи што ги рецензираш освен каде може да се најдат да ја напишеш и цената.Продолжи со рецензии и за други креми со заштитен фактор,на пример на Алверде или другите природни козметик.Поздрав

    ReplyDelete
  2. Здраво драга анонимус, ти благодарам многу на коментарот. Обожавам фидбек од читателите затоа што така знам на што да обратам внимание со цел да го подобрам блогот и да ви дадам секогаш интересни теми. Што се однесува до цената, овој флуид кошта 1375 денари а во нарените денови со купувањето на флуидот го добивате гратис шампонот за коса. Инаку што се однесува до други заштитни фактори, верувај ми дека баш вчера кога влегов во ДМ да купам нешто, забележав дека има креми за заштита и од алверде кои за моја огромна среќа беа само со физички филтри. И си реков следно ова ќе го пробам и еве ти како да ми ги прочита мислите. секако дека ќе продолжам со разни рецензии за се што ве интересира и што ќе ви биде од корист. Поздрав и благодарност уште еднаш.

    ReplyDelete
  3. a dali e bezbeden za bebinja?

    ReplyDelete
  4. Здраво драга анонимус, на самиот производ не пишува дали е само за возрасни или може да го користат деца и бебиња. Според составот овој производ е нежен и е наменет за чувствителна кожа, затоа не би требало да прави проблем. Верувај ми голем број на креми наменети за деца се полни со хемиски фактори и силикони, барем тука состојбата е чиста. Би ти советувала да пробаш на мал дел од кожата за да видиш дали би имало евентуална реакција на етеричните масла (не би требало со оглед на тоа што се масла а не екстракти кои повеќе предизвикуваат реакции), меѓутоа сите сме различни и различно реагираме на производите. Се надевам ти помогнав. Поздрав

    ReplyDelete

Post a Comment