Пробав за вас: нежна крема за миење на лице и тело од Gamarde
Правилната хигиена на кожата е од особена важност и е предуслов за здрава, блескава и убава кожа. Сѐ започнува од секојдневното чистење на кожата кое обично се прави двапати во текот на денот односно наутро и навечер. Секогаш говорам дека чистата кожа е убава и блескава кожа и тоа не е случајно. Од огромна важност е секако и производот кој го користиме за оваа намена кој во никој случај не треба да ја суши кожата, туку напротив нежно да ја чисти и оддржува влажноста на истата. На пазарот за среќа постојат навистина убави природни и органски производи за нега на кожата кои одговараат и за најчувствителната кожа, а токму денес сакам да ви претставам еден таков производ. Станува збор за кремот за миење на лице и тело од марката Gamarde, наменет за сува, чувствителна и атопична кожа, кој го користам во последно време и кој навистина премногу ми се допаѓа.
Најнапред ајде да
ја разгледаме декларацијата на овој прекрасен производ.
Gamarde
aqua (Gamarde Water), Lavandula angustifolia (Lavender) flower water*, Glycerin
(vegetal), sodium coco-sulfate, cetearyl alcohol, parfum (fragrance),
Butyrospermum parkii (Shea) butter*, Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*
Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Cera alba* (Beeswax), cetearyl glucoside,
glyceryl caprylate, Aloe barbadensis leaf extract* (and) Maltodextrin*, C14-22
alcohols (and) C12-20 alkyl glucoside, sodium hyaluronate, tocopherol (Vegetal
Vitamin E), xanthan gum, cellulose gum, citric acid.
*ingrédient
d’origine Biologique
Од декларацијата
може да заклучиме дека овој производ има перфектно избалансирана формула и е
навистина многу нежен за кожата, а ќе ви објаснам и зошто. Како сурфактант во
самиот производ присутен e sodium coco-sulfate, кој одлично е избалансиран од
една страна од глицеринот кој се наоѓа на трета позиција и од друга страна од
маслата, путерот и пчелиниот восок кои се после него во формулата.
Глицеринот е
состојка која не испарува во производите, и во формулата на самиот производ 1/4 од
неговата тежина треба да биде избалансиран со вода, затоа што во спротивно може
да има контра ефект и да ја суши кожата. Во овој производ тој баланс постои,
благодарение на термалната вода од Гамард и водата од лаванда кои за цел имаат
да ја смират кожата, да ги спречат можните црвенила и иритации. Значи во
комбинација со глицеринот овие состојки се бинго за чувствителна кожа.
Присуството на
убави масла како арганово, сончогледово, шеа путер и пчелиниот восок, не само што му даваат висока хранлива моќ, туку ја прават и самата
структура на овој производ кремаста (ќе се уверите подоцна кога ќе ги видите
сликите од употребата). Иако на опаковката пишува за сува, чувствителна и
атопична кожа, според мене овој производ одговара за скоро сите видови на кожа
затоа што нежно чисти, навлажнува и не суши. (Јас имам комбинирана чувствителна кожа и одлично ми одговара).
Откако ја
разгледавме декларацијата, преминуваме секако на структурата и ефектот од
употребата. Како што напоменав, овој производ има навистина многу кремаста структура која потсетува на
крема за нега на телото. Во контакт со вода не прави пена туку останува
кремастата структура и ова е еден важен знак дека не е агресивен за кожата.
Се нанесува на навлажнета кожа, нежно се масира со благи движења и се одмива со млака вода. Еве како изгледа кога помешан со водата се нанесува на лицето и телото.
По употребата
кожата останува мазна, воопшто не затега, мека е на допир и што е најважно
хидрирана, нахранета, а сепак убаво исчистена. Како што напоменав, мене лично многу ми се допаѓа и
го користам секојдневно наутро и навечер.
Доколку сте во потрага по еден убав производ за
секојдневна хигиена на кожата пробајте го овој производ на Gamarde, ќе бидете
повеќе од задоволни.
Цената на оваа
крема за миење на кожата е 622 денари за 200 мл. производ и истиот може да го
најдете во аптеките на Еурофарм, некои од аптеките на Зегин и аптеката Ани Фарм
во т.ц. Капитол.
Се надевам дека
ви се допадна оваа статија и дека секако ви беше од корист.
Ве гушкам сите и се читкаме наскоро.
Вики
Comments
Post a Comment