Меки усни со домашен скраб од мед


Убавите и меки усни изгледаат прекрасно кога на нив ќе се нанесе кармин. На пазарот постојат голем број на скраб или пилинзи за усни и повеќето од нив се прекрасни и природни и вистински спас за усните. Меѓутоа, овој вид на производ е толку лесен за подготовка, што за помалку од 5 минути може да си го направите сами во домашни услови и тоа според сопствен и личен вкус. Домашниот скраб е еднакво ефикасен како и купечкиот, а десет пати поекономичен. Потребни ви се само 3 состојки (основни), кои секако веќе ги имате во сопствените кујни. Епа драги мои, ајде брзо во вашите мали лаборатории и да се фатиме за работа!!!

Се што ви е потребно за да го направите овој скраб е:

- едно мало чисто кутивче за скраб;
- една полна лажичка шеќер;
- една лажичка масло по ваш избор (маслиново, јојоба, сончогледово, кокосово, рицинусово, арган итн.);
- четврт лажичка мед
- етерично масло (доколку немате не е обавезно);


Во чистото кутивче најнапред ставете го шеќерот,


 потоа внимателно додадете го медот и на крај маслото. Доколку имате етерично масло, капнете две капки од него. Сето ова убаво промешајте го и ете вашиот скраб е готов. Како етерично масло ви препорачувам едно од следниве: портокал, лаванда и мента.

Овој скраб користете го два пати неделно, најдобро навечер пред спиење, и по него ставете добар природен домашен балзам за усни (како на пример овој http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_24.html), кој одлично ќе ги нахрани и негува усните во текот на ноќта. Една од најважните работи за меки усни е постојаната нега, така да ви препорачувам да користите балзам секоја вечер пред легнување, затоа што во текот на ноќта кожата најдобро ги прима хранливите состојки. Ве молам избегнувајте балзами кои содржат течен парафин затоа што само додатно ги сушите усните, а дел од парафинот и го голтате со оглед на тоа што половина од балзамите завршуваат внатре во организмот.


Се надевам дека овој прелесен рецепт ви се допадна и ќе се обидете да го направите. Лично, мене ми е омилен еден друг рецепт за балзам со путер од какао, меѓутоа, мојата цел е секогаш да ви предложам рецепти кои се лесни и достапни за повеќето од вас и со состојки кои лесно може да се најдат, а секако во некоја од наредните статии, доколку има интерес,  ќе го објавам рецептот и со какао путер кој е фантастичен.

Едит: скработ е доста издржлив и нема потреба од конзерванс, внимавајте само да го земате со чиста лажичка и да не дојде вода внатре во производот, затоа што ќе се расипе.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

Comments

  1. Каде ги наоѓате овие малечки кутивчиња?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга анонимус, дел од овие кутивчиња се рециклирани од веќе завршени производи, меѓутоа за среќа дел од нив ги земам од Џамбо, на вториот спрат кај турпиите за нокти и лакови, може да најдеш и празни шишенца и кутивчиња за козметика во разни големини и форми. Цената им се движи од 59 ден. до 149 (во зависност од бројот и големината на шишенцата и кутивчињата). Поздрав

      Delete
  2. Си го направив овој скраб за усни и навистина ми ги направи усните многу меки,ти благодарам Вики за споделениот рецепт ♡ ке ти пишам и за други работи што сакам да ги направам ,овој ми е прв :)поздрав

    ReplyDelete
  3. Си го направив овој скраб за усни и навистина ми ги направи усните многу меки,ти благодарам Вики за споделениот рецепт ♡ ке ти пишам и за други работи што сакам да ги направам ,овој ми е прв :)поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Многу ми е мило драга Ана што си го направила овој рецепт. Навистина е одличен и мене многу ми се допаѓа. Многу сум среќна кога со мене споделувате нешто што самите вие сте направиле. Ти благодарам уште еднаш од срце. Поздрав.

      Delete

Post a Comment