Благ пилинг за чувствителна кожа на лицето


Во една од поранешните статии кога говорев за видови на ексолиација и за пилинзи кои сами може да ги направиме, споменав дека за чувствителна кожа најдобри се пилинзите направени со брашно од ориз или кокос. Епа токму второво ќе го употребиме во денешнава статија за пилинг за нежна кожа.

Кокосовото брашно е едно од најблагите видови на пилинг (за разлика од содата, пченкарното брашно итн), нежно го ексфолира лицето без да го надразни. Ја остава самата кожа комплетно чиста, мазна и што е најважно прекрасно мириса.

За подготовката на овој многу едноставен пилинг потребни се само две состојки и тоа: кокосово брашно и растително масло по ваш избор.


Јас во овој рецепт користев кокосово масло затоа што го потенцираше мирисот на кокосот и затоа што одлично навлажнува и храни, меѓутоа доколку сакате може да користите и други масла како бадемово, масло од ориз, јојоба итн. Важно е да не користите масла кои имаат јак мирис (како на пример маслиново), затоа што во спротивно ќе го покријат убавиот мирис на кокосот.

Во една чиста тегличка ставете неколку лажици кокосово брашно и додадете онолку масло колку е потребно да се направи убава пилинг смеса.


Вака подготвениот пилинг е доста траен, важно е да го земате со чиста лажичка и да не ви навлезе вода внатре во производот.

Се нанесува на навлажнета кожа со благи и кружни движења и се одмива со млака вода.
Вреди да се проба.


Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна, а ние се читкаме наскоро.

Вики

Comments

  1. Вики, сосема си во право, овој пилинг навистина вреди да се проба. Многу нежна ја остава кожата. До сега не успеав да го искоментирам, но еве сега го правам тоа.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам драга Наташа што најде време да оставиш твој комантар. Да знаеш колку се радувам на секој коментар, многу ми е мило кога споделувате ваши искуства и мислења. Поздрав.

      Delete

Post a Comment