Детокс вода од краставица за рамен стомак


Пред извесно време објавив една интересна статија за детокс вода (односно вода за прочистување на организмот) од малини, која е фантастична за згаснување на жедта во летните жешки денови, или пак за време на физичката активност, содржи голема количина на антиоксиданси и ја оддржува убавината на кожата (доколку сте пропуштиле да ја прочитате еве ви линк http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_25.html).

Во денешнава статија сакам да ви понудам една малку поинаква но сепак мноу вкусна детокс вода од краставица, која е одлична за прочистување на организмот, но и доколку страдате од подуеност во стомакот. Секако водата сама по себе нема да направи да ослабете или да ви го израмни стомакот по една испиена чаша, меѓутоа во комбинација со здрава и урамнотежена исхрана и физичка активност, секако ќе придонесе за подобро варење на храната, а со тоа и рамен стомак.

Оваа детокс вода е навистина многу вкусна, ќе се изненадите од тоа колку освежува и ја згаснува жедта. За подготовката на истата потребни ви се следниве состојки:

- една поголема краставица или две помали;
- два лимони;
- малку корен од ѓумбир;
- малку свежо нане


Во еден голем бокал најнапред убаво исецкајте ја краставицата (доколку користите прскана излупете ја, во спротивно оставете ја кората). Потоа додадете го лимонот исечен на поголеми парчиња, ситно исецканиот корен од ѓумбир и нането. Додадете литар вода, убаво промешајте, покријте го бокалот со капаче и оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден процедете ја течноста, ставете ја во едно шише од литар (или две од пола литар) и пијте ја во текот на денот.


Ете толку едноставно, а имате прекрасен здрав напиток.
Сега да ви објаснам зошто токму овие состојки.

Краставицата е зеленчук кој организмот многу лесно го преработува. Одлична е во спречување на воспаленијата и го елиминира вишокот на течности од организмот, а со тоа ја спречува и надуеноста на стомакот.


Лимонот го помага варењето на храната, помага во брзото разложување на состојките во организмот и го спречува формирањето на гасови во цревата.


Ѓумбирот го забрзува варењето на храната и ја намалува подуеноста во стомакот.


Нането го забрзува варењето на храната и го смирува желудникот.


Секоја од овие состојки посебно одлично делува во лечењето на подуеноста на стомакот, а сите заедно се вистинска бомба и даваат огромни резултати. Не може ни да замислите колку убаво одговараат вкусовите на овие четири состојки заедно, како да се создадени за да ги искомбинираме во еден ваков напиток.

На крај што да ви кажам, пријатен ден и на здравје напитокот!

Вики

Comments

  1. Napravena od utre pocnuvame i jas i tatko mi i toj koga vide deka pomaga pri poduen stomak haha:)
    Pozdrav se najdobro!!:))

    ReplyDelete
    Replies
    1. Леле супер, баш ми е мило. Ќе видиш колку е вкусна и здрава оваа вода!!! Кажи ми како ви се допаднала!!! Поздрав и до тебе мила и се најдобро!!! :))))

      Delete
    2. I na dvajcata ni se dopadna :D iako kaj mene imase pogolem efekt :) Uste ednas fala mnogu na receptov i od mene i od tatko mi toj ke si prodolzi da si pie sepak dobra e i za zdravje :) Pozdrav!!

      Delete
    3. Одлично, многу ми е мило што ви се допаднало. Ти благодарам многу што ми даде фидбек за ефектот кај двајцата. Голем поздрав и до тебе драга Анџи и пријатно попладне.

      Delete

Post a Comment