Домашни и многу вкусни лајт бомбици


Огромен љубител сум на слатките работи и секогаш дома си правам по некоја торта или колачи. Не сум веган, меѓутоа ги обожавам слатките во кои нема јајца и млеко и на некој начин се “лајт“ варијанта на традиционалните рецепти. Секогаш кога ќе најдам некој рецепт кој ми се допаѓа, се обидувам да го преработам во лајт верзија, и верувајте ми, многупати оваа втора верзија не само што е поздрава од оригиналот, туку е и многу повкусна.

Во денешнава статија сакам да ви предложам еден фантастичен рецепт за лајт верзија на бомбици во кои нема млеко, путер ниту пак бисквити. Многу се вкусни и здрави. За подготовката на овој рецепт потребни ви се:

-100 гр. урма;
- 100 гр. непечен бадем;
- 100 гр. печен лешник;
- 100 гр. темно чоколадо (она за готвење);
- кокосово брашно

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво иситнете ги додека да станат прав. Додадете 4 мали лажички вода и блендирајте уште еднаш. Смесата која ќе ја добиете е оваа:


Во едно тањирче ставете го брашното од кокос, земете малку од смесата, формирајте топче со рацете и валкајте го во кокосот. Постапката повторувајте ја се додека не ја завршите целата смеса.


И ете, вашите колачиња се готови. Не е потребно печење или топење на чоколадото. Навистина многу брзо, вкусно и екстремно здраво слатко задоволство. Со овие количини ќе добиете околу 26 средни бомбици.


Секако може да експериментирате и овие бомбици да ги направите со ореви, кикирики или она јаткасто овошје кое најмногу го сакате.

Се надевам дека ви се допадна овој лесен и брз рецепт, и дека ќе се обидете да го направите. Доколку е тоа така, споделете ги слободно вашите искуства.

Едит: вкусот на овие бомбици е слатко горчлив (сладок од урмите а горчлив од темното чоколадо). Јас користев темно чоколадо со 75% какао и кафеав шеќер, меѓутоа вие може да користите и помал процент. Доколку не ви се допаѓа чоколада за готвење, може да користите и млечна.  

Поздрав и до скоро читање
Вики



Comments

  1. Eden od mene mn mn lesen i vkusen recept za bombici koj vi go preporacuvam isto taka e bez mleko i jajca ,a ovoj tvojov isto taka ke go probam:)

    *220гр путер

    * 300гр шеќер во прав

    * 200гр бисквити

    * 100гр мелени ореви

    * мелени ореви за валкање на бомбиците
    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Омекнете го путерот на собна температура и изматете го заедно со шеќерот.

    Измелете ги бисквитите и додадете ги во путерот.

    Додадете ги и мелените ореви и се добро измешајте.

    Обликувајте топчиња и валкајте ги во мелените ореви или во кокосовото брашно (по желба).
    Ili so rastopeno cokolado stavete gi i oblekuvajte gi

    Оставете ги бомбиците 2 часа во фрижидер да се стегнат, а потоа послужете.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга Ангела, ти благодарам многу на учеството и рецептот. Голем поздрав.

      Delete

Post a Comment