Направи сам: домашно ефикасно антицелулитно масло со какао


Со пристигнувањето на топлите денови започнуваме со антицелулитните третмани и масажи, и константно сме во потрага по иделната крема или масло за оваа намена. Според мене овој вид на третман би требало да го правиме во текот на целата година а не како last minute третман пред пристигнувањето на летото, така да оваа година уште од сега ќе подготвиме едно фантастично домашно антицелулитно масло и навреме ќе се подготвиме за претстојниот летен период.

Во продажба се нудат навистина многу производи како креми, гелови и масла, меѓутоа домашните рецепти мене на некој начин ми се најубави, затоа што најнапред се производ на наш сопствен труд, а потоа и затоа што знаеме што сме ставиле во нив. Доколку како мене сте љубители на производите направи сам, во тој случај продолжете да читате.

За подготовка на ова домашно антицелулитно масло потребно ви е:


- 3 супени лажици какао
- 250 мл. масло (по ваш избор, маслиново или сончогледово)

Во една чиста тегличка најнапред ставете го какаото, а потоа додадете го и маслото. Конкретно за овој рецепт користев ладно цедено сончогледово масло. Тегличката затворете ја и ставете ја на темно место (на пример креденец во кујната) и оставете така да стои од 30 до 40 дена. Сетете се барем еднаш во два дена да го протресете маслото (да ја протресете самата тегла).

По истекот на времето со помош на една памучна крпа или газа, прецедете го маслото.


Она што ќе ви остане како талог не го фрлајте туку искористете го како антицелулитна маска. Нанесете убава количина на бедрата и нозете, обвиткајте ги со пластична фолија и оставете да делува околу половина час. потоа измијте со вода. Доколку сте заинтересирани како сами да направите антицелулитна маска прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2015/07/blog-post_7.html


Но ние да се вратиме на нашето масло. Откако ќе го прецедите, маслото ќе има прекрасен мирис на чоколадо, и време е да го збогатиме со етерични масла кои се наменети токму за оваа проблематика. Какаото во самото масло нема голем ефект врз целулитот, затоа што од него не може да успееме да ги извлечеме сите состојки за оваа намена како на пример кога би го нанеле директно на кожата (како маската која ви ја предложив погоре), и токму затоа и го збогатуваме со етерични масла. Во 100 грама масло од какао ќе ставиме 40 капки етерично масло и тоа:

- 10 капки етерично масло од лаванда;
- 8 капки етерично масло од рузмарин
- 8 капки етерично масло од лимон
- 7 капки етерично масло од портокал
- 7 капки етерично масло од мента


Откако ќе ги додадете етеричните масла убаво протресете и ете, вашето антицелулитно масло е готово. Ова е секако мој избор на антицелулитни етерични масла, вие доколку ги немате сите овие секако може да ставите она што имате дома, придржувајќи се до дозата на 40 капки (не повеќе). Доколку ве интересира кои етерични масла се најдобри за оваа проблематика прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_70.html.

Доколку не сакате да го направите маслото од какао, како базно масло може да користите бадемово, маслиново, јојоба, сончогледово, масло од лешник и.т.н., меѓутоа верувајте ми неодоливиот мирис на чоколадо ќе ве освои. Поради него вреди да се направи ова масло.


Маслото нанесете го на благо навлажнета кожа (најдобро навечер по туширање) и втријте го со блага масажа. Токму масажата е од огромно значење затоа што ја поттикнува циркулацијата и на некој начин го подобрува третманот.

Секако, запомнете дека ниеден производ сам по себе не прави чуда и дека од огромна важност е правилната исхрана, конзумирањето на течности и физичката активност.


Comments

  1. Здраво Вики,сакам да те прашам дали пред да се процеди треба да се протресе теглата или не зашто мене не ми остана талог откако го процедив ,користев газа,ама претходно го промешав?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Зраво откако ќе помине времето на стоење и откако ќе го процедиш останува талог, како оној на сликата маслото е во една тегличка а талогот во друга. Доколку пред да го процедиш си го промешала (јас не го промешав), а сеуште ги немаш ставено етеричните масла, остави го маслото уште една вечер да отстои па повторно прецеди го (пак ќе се формира талог). Потоа додади етерични масла и маслото е готово за употреба. Талогот искористи го како антицелулитна маска, одлично е за кожата. Нанеси го на чиста кожа на бедрата и покриј со пластична фолија. Остави да отстои најмалку половина час до 45 минути и измиј со млака вода. Поздрав. п.с. по некое време употреба кажи ми како ти се допаѓа.

      Delete
  2. Да така и направив го оставив уште еден ден,па потоа го процедив без да го промешам,а талогот денес ќе го употребам како маска. Благодарам за споделениот рецепт,па ке пишам за резултати :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам и тебе драга Ана што ми пиша дека си го направила. МНогу ми е мило. Мене одлично ми одговара како масло еве веќе второ шишенце трошам. Баш сакам да ги чујам и твоите импресии. Обавезно пиши. Поздрав.

      Delete
  3. Здраво Вики,фала за рецептот.
    Сум чула дека бршленот е исто така против целулит, ако имате рецепт со бршлен, ве молам споделете.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, ти благодарам многу за коментарот. Секако дека ќе споделам како да се направи домашно масло од бршлен. Досега не најдов чиста билка кај нас, во смисла на убаво одгледувана за да го направам. Меѓутоа во некоја од наредните статии ќе споделам рецепт и за тоа. Поздрав.

      Delete
  4. И јас ти благодарам за споделените ефективни рецепти. Поздрав :)

    ReplyDelete

Post a Comment