10 наједноставни домашни маски за сува и многу сува коса



Здраво драги мои,

секогаш во потрага по нови функционални маски за сува и многу сува коса, добив идеја да направам една статија за наједноставните домашни маски за коса кои имаат неверојатно дејство, Може да се направат за само две минути и тоа со состојки кои веќе ги имате во вашите кујни.

Понекогаш наједноставното е најфункционално, така да доколку редовно секоја недела правите маски за коса (како јас на пример) ќе имате богат избор. Секоја од маскиве е специјално направена не само длабински да ја храни косата, туку да го регенерира влакното, да го зголеми сјајот на косата и да ја направи помека.

Јас дозите ги правев според мојата коса, меѓутоа вие доколку имате поголга или погуста коса слободно зголемете ги. Ајде да започнеме

1. Маслиново масло, мед и лимон


Во еден сад ставете една супена лажица маслиново масло и една супена лажица мед . Додадете една кафена лажичка сок од лимон и нанесете ја смесата на благо навлажнета коса. Оставете да делува околу саат време и убаво измијте со благ органски шампон.

2. Авокадо, маслиново масло и јогурт


Земете половина зрело авокадо и го згмечете го во еден сад сѐ додека не стане како крема. Додадете му една супена лажица маслиново масло и една супена лажица јогурт. Смесата убаво ја промешајте ја и нанесете ја на благо навлажнета коса најмалку саат време.

3. Јогурт и мед

Ова е наједноставна маска за коса каде потребна ви е иста количина од две состојки, односно јогурт и мед. Откако убаво ќе ги помешате двете состојки нанесете ја смесата на благо навлажнета коса и оставете да делува најмалку саат време. По истекот на времето измијте со млака вода.

4. Жолчка и маслиново масло


Мислам дека оваа маска е една од најфункционалните и наједноставните маски (барем кај мојата коса). Сѐ што треба да направите е да помешате една жолчка со две супени лажици маслиново масло и да ја нанесете на благо навлажнета коса најмалку саат време. По истекот на времето измијте ја убаво косата со благ шампон.

5. Пиво, маслиново масло и жолчка


Оваа маска е особено погодна за девојките со руса коса со оглед на тоа што ја интензивира бојата на русата коса и го зголемува сјајот. Во еден сад помешајте половина чаша пиво (отворено претходната вечер за маслку да изветрее), жолчка од едно јајце и една супена лажица маслиново масло. Нанесете ја смесата на сува коса и оставете да делува најмалку саат време. По истекот на времето измијте ја косата со благ шампон.Оваа маска исто така дава и волумен на косата.

6. Црн чај, мед и маслиново масло

Еве една прекрасна маска за црнокосите. Направете јак црн чај (во половина шоља ставете и до две ќесички чај и оставете околу 20 мин). Откако ќе поминат тие 20 мин. земете четири лажици црн чај и помешајте го со една супена лажица мед и една супена лажица маслиново масло. Нанесете ја смесата на сува коса и оставете да делува најмалку саат време.

7. Банана, млеко и мед


Згмечете половина мала банана додека да ја претворите во крем. Додадете една до две супени лажици млеко и една супена лажица мед. Смесата нанесете ја на благо навлажнета коса и држете ја најмалку саат време.

8. Какао, мед, јогурт и оцет


Ова е малку побогата маска, но верувајте ми има фантастичен ефект. Во еден сад помешајте ди следниве состојки:

- 4 супени лажици јогурт
- 2 супени лажици какао
- жолчка од едно јајце
- 1 кафена лажичка јаболков оцет
- половина кафена лажичка рицинусово масло

Смесата нанесете ја на благо навлажнета коса и оставете да делува околу саат време. Резултатите ќе ве воодушеват.

9. Јагоди, мед, јогурт и маслиново масло


Оваа маска дава навистина огромен сјај на косата благодарение на јагодите. Сега и онака почнува сезоната на јагоди така да лесно е да се најдат и на вашите трпези. Сѐ што треба да направите е да земете една шака јагоди и да ги ставите во блендер заедно со една две супени лажици јогурт и една супена лажица мед. Извадете ја смесата и додадете една лажица маслиново масло. Маската нанесете ја на благо навлажнета коса и држете најмалку саат време.

10. Чисти масла како третман за коса


Нема ништо поедноставно од ова. Доволно е да одберете еден тип на масло (она кое веќе го имате дома) или доколку имате повеќе масла да направите комбинација според ваш вкус и да ги нанесете на благо навлажнете коса. Откако ќе помине најмалку саат време убаво измијте ги од косата со убав благ шампон.

Која маска од овие најмногу ви се допадна? Дали повеќе сакате домашни или готови маски?

Поздрав
Вики

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment