5 одлични нискобуџетни производи
Здраво драги мои,
стигна на ред и статијата за предлог на нови нискобуџетни производи за овој месец. За вас одбрав 5 нови и убави производи кои се надевам дека ќе ви се допаднат како што ми се допаднаа на мене. Не се сите органски, секако, меѓутоа имаат убаво избалансирани формули и секако се без штетни состојки за кожата.
1. Молив/масло за раст на ноктите од S.he Stylezone
За ова прекрасно масло во молив дознав сосема случајно и откако убаво ја разгледав декларацијата, која е одлична, се решив да го земам. Има навистина прекрасен состав:
Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Curcuma Zedoaria Root Oil, Helianthus Annuus Seed Oil, Tocopheryl Acetate, Zingiber Officinal Root Oil, Cinnamomum Zeylanicum Leaf Oil, Tocopherol, Panax Ginseng Root Extract, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Citrus Aurantium Dulcis Fruit Extract
Комбинацијата на бадемово и ончогледово масло како база со екстрактите од куркума, цимет, гинсенг, сладок портокал и витамин Е, навистина одлично делуваат врз ноктите особено доколку станува збор за слаби и кршливи нокти. Јас го користам веќе 5 дена и видов подобрување. Ќе продолжам секако да го користам со оглед на тоа што во последно време малку ноктите ми се послаби од што беа. Можеби се должи на многу лакирање.
Ова масло е премногу практично за нанесување со оглед на тоа што доаѓа во моливче и доволно е само да се нанесе на ноктот. На тој начин нема опасност да нанесете поголема количина или пак производот несакајќи да ви се истури. Може да го носите во ташна и да го нанесете во било кое време. Од мене има чиста 10-ка.
Најискрено видов и некои лакови за нокти од оваа марка кои беа одлични, па можеби ќе ви претставам нешто во некоја наредна статија. Цената е 154 мкд.
2. Крем за петици од Balea
Овој крем случајно го забележав во ДМ и со оглед на тоа што кошташе само 69 мкд се решив да го земам и пробам. Како декларација е навистина многу убав и содржи комбинација на убави масла, шеа путер, витамин Е, глицерин и екстракти. Еве ја декларацијата:
Aqua, Cetearyl Alcohol, Ethylhexyl Stearate, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Glyceryl Stearate Citrate, Persea Gratissima Oil, Sodium Stearoyl Lactylate, Butyrospermum Parkii Butter, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Xanthan Gum, Panthenol, Ethylhexylglycerin, Tocopheryl Acetate, Lactic Acid, Sodium Hydroxide, Distarch Phosphate, Phenoxyethanol, Parfum
Како производ е хранлив, но доста лесен во смисла кожата веднаш го впива и не остава масно. Убаво ја негува кожата на стапалата, особено онаа грубата на петиците. Хранливото дејство е помало од путерот на Alverde, кој според мене е незаменлив, меѓутоа и овој е одличен како производ да го носите во ташна или на патување. Има многу пријатен мирис.
3. Крем за тело на Balea Bahamas Dream Limited Edition
Со оглед на тоа што во последно време открив многу убави производи на Balea, секогаш кога одам во ДМ ги разгледувам сите новитети со надеж да најдам нешто што е вредно да се претстави. Еве овој крем е вреден да се претстави.
Најнапред декларацијата е одлична иако не станува збор за органски производ:
Aqua | Glycerin | Ethylhexyl Stearate | Cetearyl Alcohol | Glyceryl Stearate | Helianthus Annuus Hybrid Oil | Isopropyl Palmitate | Allantoin | Parfum | Carbomer | Sodium Cetearyl Sulfate | Phenoxyethanol | Benzyl Alcohol | Linalool | Benzyl Salicylate | Alpha-Isomethyl Ionone | Limonene | Citronellol | Sodium Hydroxide
Мене лично ми се допаѓа комбинацијата на состојки, особено мирисот на овој производ. Не може да замислите колку прекрасно мириса баш како Bahamas Dream на кокос со цвет од монои. Јас мислам дека го земав само поради мирисот (секако и поради убавата декларација).
Како производ не е многу масен и според мене е наменет за честа употреба на пример летно време кога по туширањето ни е потребен лесен лосион кој ќе ја хидрира и нахрани кожата на телото без да ја отежни. Веднаш се впива, има многу лесна структура и верувајте ми мирисот трае буквално два дена на кожата. Цената му е 105 мкд и истиот може да го најдете во ДМ маркетите.
4. Мицеларна вода на Alverde
Оваа мицеларна вода е доста освежувачка како производ и наменета за комбинирана до масна кожа. Не би ја препорачала на оние со сува и чувствителна. Според мене е добра само за лицето (не би ја отстранувала шминката од очите со неа со оглед на тоа што содржи алкохол).
Има прекрасен мирис, одлична структура и без разлика на алкохолот воопшто не е агресивна за кожата на лицето. Се користи на памукче, нежно се чисти лицето и потоа се остранува со вода и средство за миење. Доколку редовно ме следите знаете дека секогаш препорачувам мицеларната вода да се отстрани со оглед на тоа што на лицето има остатоци од нечистотии кои треба да се отстранат со течна вода.
Овој производ е комплетно природен и со состојки од органско потекло. Има одлична декларација:
Аqua, Alcohol denat.*, Aloe Barbadensis Leaf Juice*, Glycerin, Betaine, Polyglyceryl-10 Laurate, Citrus Aurantifolia Fruit Extract*, Malus Domestica Fruit Extract*, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Sodium Lactate, Citric Acid, Lactic Acid, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Parfum**, Limonene**, Citral**, Linalool**
Во својот состав има сок од алое вера, глицерин, бетаин, екстракт од цитрус и др. Има големо освежувачко дејство врз кожата, но и благо чисти без да ја иритира. Како што напоменав одлично е за комбинирана до масна кожа затоа што ја вади шминката (на применр пудрата) без да ја отежни кожата. Мене премногу ми се допаѓа како производ. Цената горе долу беше некаде околу 190 мкд.
5. Деодоранс Balea Sensitive
Разгледувајќи ги деодорансите на Baleа, забележав дека доста од нив се без алуминиум што ме израдува. Некои од нив имаа пропилен гликол на висока позиција, па затоа и не ги земав и се одлучив за овој кој има навистина пристапна декларација.
Не содржи алуминиум и не содржи алкохол што особено ме радува затоа што навистина е погоден за сите оние кои имаат чувствителна кожа. Не е комплетно природен како производ и има само две хемиски состојки кои не се штетни за човекот, туку се синтетички (не се од природно потекло).
Има убава структура и остава свиленкасто чувство кога ќе се нанесе. Дава сув ефект и има фантастичен мирис. Мириса на нешто чисто, убаво, нешто измеѓу талк за бебиња и детергент за перење кој дава свежина на алиштата. Ете таков му е мирисот свеж и многу пријатен.
Цената му е повеќе од одлична. Јас го земав на промоција околу 98 мкд иако мислам дека редовната беше околу 120 мкд. Истиот ќе го најдете во ДМ маркетите.
Ете драги мои, ова се моите предлози за вас, а вие се надевам дека ќе пробате нешто од ова и дека ќе бидете задоволни колку и јас. Доколку е тоа така, слободно оставете ги вашите коментари под самиот текст.
Поздрав
Вики
Comments
Post a Comment