Збогум на лузнички пост акни, флеки и брчки со масло од шипка



Маслото од шипка се добива од семките на шипката со процес на ладна екстракција, или пак од семките и полпата на плодот (во овој случај е побогато со витамин А). Може да препознаете од кој дел од плодот е добиено по неговата боја: доколку има побледа боја екстрахирано е само од семките, но доколку бојата е поинтензивна портокалово црвенкаста во тој случај користен е целиод плод.


Маслото од шипка е богато со есенцијални масни киселини од кои:

- алфа линолеинска киселинска 35%,
- линолеинска киселина 45-55%,
- палмитинска киселина 2-3%
- стеаринска киселина 2%,
- олеинска киселина 15-20%,

Потоа содржи ретинолска киселина (една форма на витамин А), добар процент на витамин Е, витамин Ц (100 грама плодови од шипка го содржат истиот процент на витамин Ц како и 1 кг. цитрусно овошје).

Исто така ова масло содржи:

- бифлавоноиди кои имаат антиоксиданто дејство врз кожата
- танини кои имаат астрингентно дејство врз кожата
- каротеноиди, фитостероли и полифеноли кои го зацврснуваат заштитниот филм на кожата

Ова масло се карактеризира со специфичен интензивен мирис. Има убава средно густа структура и големо пенетрирачко дејство врз кожата. Претставува едно од најкомплетните масла со оглед на тоа што одговара за скоро секој вид на кожа.


Маслото од шипка е корисно при разни состојби на кожата како:

- Проблеми со флеки и лузнички по третманите на акни

Многу девојки кои на некој начин успеале да се справат со акните на лицето со помош на разни средства, имаат потоа проблем со лузнички или флеки пост акни кои најчесто остануваат на кожата. На помош овде доаѓа маслото од шипка кое е незаменливо со оглед на тоа што ја помага регенерацијата на кожата. Со редовна употреба видно ќе ги намалите/ублажите овие несакани белези на кожата.

Начин на употреба

Може да го користите чисто врз кожата или во комбинација со масло од јојоба или арган. Мала количина (неколку капки) се нанесува врз благо навлажнета кожа со нежни движења се до потполно впивање.

- Проблеми со хиперпигментација

Маслото од шипка е одлично во случај на хиперпигментација, флеки на кожата кои се појавуваат како резултат на стареење, флеки во бременост и флеки кои се појавуваат како резултат на сонцето.

Начин на употреба

Најдобро е доколку се користи чисто, мала количина (неколку капки) на благо навлажнета кожа.

 

- Нега на кожата по бричењето

Не само жените туку и мажите може да извлечат безброј бенефиции од ова масло. Со оглед на тоа што ја помага регенерацијата на кожата и го зацрвснува заштитниот филм на кожата, ова масло е идеално како производ после бричење кога кожата е најчувствителна.

 Начин на употреба

Доволно е да се нанесат неколку капки од ова масло на благо навлажнето лице.

- Предвремено стареење на кожата

Благодарение на присуството на витамин Е и А, маслото од шипка претставува моќен сојузник за спречување на дејството на слободните радикали и забавување (намалување) на брчките на кожата. Има еден вид на подмладувачки ефект врз кожата и со редовна употреба истата делува посвежа, помека и поеластична.

Начин на употреба

Најдобро е доколу се користи во комбинација со масло од арган. Овие две масла заедно имаат големо анти ејџ влијание и водно го подобруваат аспектот и структурата на кожата. Може да се обидете и да направите лесен серум за кој говорев во статијата  моќен домашен анти ејџ серум со само три состојки


Исто така одлична е комбинацијата на масло од шипки со масло од морков.

Ја подобрува структурата на сувата и оштетена кожа

Маслото од шипка е одлично кога станува збор и за сува кожа која е сива и без сјај. Видно ја подобрува структурата на самата кожа благодарение на својот уникатен состав која ја помага регенерацијата на кожата и обновата на клетките.

Начин на употреба

Може да го користите во комбинација со маслиново масло, масло од авокадо или шеа путер (претходно растопен).

- Помага при проблеми со стрии

Доколку редовно се користи (по можност двапати дневно), маслото од шипка видно ги намалува стриите на кожата кои се предизвик кај многу девојки и жени. Секако комплетно не може да ги отстрани (во случај на стари бели стрии), меѓутоа доста ги намалува со оглед на тоа што ја враќа еластичноста на кожата.

Начин на употреба

Се нанесува чисто на благо навлажнета кожа на телото (најдобро двапати дневно) или во комбинација со шеа путер и етерично масло од лаванда.

Интересен податок:

од едно истражување дознав дека за да се добијат 20 кг. на чисто масло од шипка, потребни се 20.000 кг плодови од шипка Ете зошто ова масло е доста ценето и вреднувано, иако кај нас е помалку познато.


Единствено масло од шипка кај нас (барем јас не сум видела друго) е она на Bare Origin кое е чисто ладно цедено и со интензивна боја што е резултат на високо присуство на витамин А во самото масло. Лично го имам пробано и навистина сум презадоволна од неговиот ефект врз кожата.

Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека ќе му дадете шанса на ова прекрасно и многу моќно масло за лице. Доколку е така, пишете ваши импресии под самиот текст.

Поздрав
Вики

Comments

  1. Mnogu mi se dopaga sto pisuvavte za maslo od sipka, zatoa sto zainteresirana sum odamna da go probam :). Moze li da mi dadete informacija kade da go pobaram vo Skopje?
    Super ste, pozdrav :).

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Елена, ти благодарам многу на убавите зборови. Ако си од Скопје, ова масло може да го најдеш во Јавна Соба. За други градови не знам, ама може да пишеш за информации на фејсбук страната на Bare Origin. Пријатна вечер и секое добро. Поздрав.

      Delete

Post a Comment