Домашен антиоксидантен скраб со гоџи


Здраво драги мои,

обожавам да експериментирам со нови рецепти за скраб и добив идеја за еден навистина уникатен скраб од гоџи бобинки за кој потребни ви се само три состојки и може да го приготвите во 3 минути. Навистина е многу лесен за изработка, а истовремено многу ефикасен.

Како што веќе имам напоменато во статијата за гоџи бобинки во исхраната, во секое зрно од гоџи се наоѓаат сите основни состојки за добросостојба на нашиот организам како: витамини Ц и Е кои се од огромно значење во спречувањето на дејството на слободните радикали (антиоксидантно дејство), каротени како бета каротен, лутеин и ликопен. Од минерали присутни се железо, фосфор и манган кои го регулираат енергетскиот метаболизам, потасиум и магнезиум кои ја подобруваат издржливоста на мускулите (особено важно за спортистите), и секако цинк и хром.

Истиве овие состојки имаат фантастично влујание и врз убавината на нашата кожа. За подготовка на овој домашен скраб за лице потребни ви се:


- две супени лажици шеќер;
- две супени лажици гоџи бобинки;
- една ипол супена лажица масло по ваш избор

Најнапред во една машинка за кафе (или доколку немате тогаш може и блендер) ставете го шеќерот и гоџи бобинките и убаво мелете додека смесите да се иситнат.


Потоа додадете го маслото и мешајте со една лажица за сѐ убаво да се спиои.

Префрлете ја смесата во едно празно кутивче и ете, вашиот скраб е фотов.


Јас користев бел шеќер а не кафен, затоа што планирам овој скраб да го користам само за лице, па белиот е понежен од кафениот шеќер. Доколку имате многу чувствителна кожа ставете кокосово брашно наместо шеќер.

Како масло користев ладно цедено сончогледово масло. Со оглед на тоа што скрабпт шретставува производ на измивање, нема потреба да се користат поскапи масла кои потоа и онака не остануваат на кожата туку ги одмивате.

Овој скраб употребувајте го еднаш неделно доколку имате комбинирана до масна кожа или еднаш во две недели доколку имате нормална накај сува кожа.


Се надевам дека овој навистина лесен рецепт ви се допадна. Доколку се одлучите да го направите, пишете ваши импресии оид самиот текст.

Поздрав
Вики

Comments