Агрофуд 2015 на Скопски саем


Здраво драги мои,

вчера официјално започна меѓународниот саем на широка потрошувачка со акцент на македонската зимница и органската храна.
Кога прочитав дека ќе има и органска храна одлучив апсолутно да појдам и направам статија затоа што бев навистина љубопитна, а пред сѐ многу среќна со оглед на тоа што станува збор за македонски органски производи и производители и дај Боже да ги има сѐ повеќе и повеќе.


Штандовите на разни македонски производители и продавачи на органска храна се сместени во една хала, каде посетителите може да пробаат дел од производите и да се уверат во квалитетот и вкусот и да одберат нешто за себе по промотивни цени. Може да се најдат производи од најосновните како овошје, зеленчук и разни видови на житарици, до готови производи како мед, џем, природни доматни сокови, па и до несекојдневни и ексклузивни производи како мед со тартуф.


Освен штандовите каде потрошувачите може да се запознаат и сѐ повеќе доближат до органската храна и производи, програмата на оваа манифестација предвидува и отворен час за консултации на одредени штандови каде може да се дознае повеќе за филозофијата и приказната на одердени производители, да се дознае повеќе за растенијата и органскиот начин на одгледување на истите, како и за органските сертификати. Вкусот и едукацијата споени на едно место. Секако за подетални информации околу програмата отидете на сајтот на скопски саем или јавете се на нивните телефони.


Само да напоменам дека саемот трае до недела, така да доколку сеуште не сте го испланирале викендот и доколку сакате да се доближите повеќе до концептот на органска храна, топло ви препорачувам да отидете. Халата е отворена од 11 до 19 часот. Утре (сабота) ќе има и организирани дегустации на органски производи на одредени штандови.


Еве каква беше атмосферата на некои од штандовите на саемот.






До скоро читање.
Вики

Comments