Нова професионална декоратива на германската марка Alverde


Здраво драги мои,

од пред околу три месеци во продавниците на ДМ може да се забележат нови прекрасни декоративни производи од марката Alverde. Како што многупати имам напоменато оваа марка на декоратива многу ми се допаѓа поради прекрасните производи кои не само што се достапни за сечиј џеб, туку се комплетно природни и голем дел од нив и веган.

Во денешнава статија возбудена сум да ви претставам многу новитети кои мене лично ме оставија без зборови. Навистина сум многу среќна што конечно може да најдеме производи како прајмери, сет за контуринг и професионални пудри и коректори комплетно без силикони и нафтени деривати. Овојпат не само што ќе ви го претставам секој производ посебно, туку на крајот од статијата ќе видите и видео каде ќе ви ги покажам структурата и ефектот на секој од производите. Секако јас не сум мејкап артист ниту пак за цел имам да ве учам да се шминкате, сепак блогер сум исклучиво за природна и органска козметика, туку да ви покажам како изгледаат производите кога ќе се нанесат на лицето.

1. Течна пудра и коректор 2 во 1 (Perfect cover foundation & Concealer)


Како што кажува и самото име овој вид на пудра е комбинација на течна пудра со коректор и има за цел да ги прикрие недостатоците на кожата на лицето како на пример црвенила или мали флекички како оние пост акни. Верувајте ми името е доследно на производот. Од сите пудри кои досега сум ги пробала од Alverde (а сум пробала доста од оваа марка) оваа има најголема покривност и се доближува до оние професионални пудри кои ви велам да ги избегнувате затоа што се полни со силикони. Ете овој производ дава сличен ефект и одлична покривност а воопшто не содржи силикони јухууууу. Има ако не се лажам 4 бои, а јас ќе ви ја претставам 02, односно almond, која најдобро одговара на мојот тен. Ајде да го разгледаме составот:

Aqua I Helianthus Annuus Hybrid Oil* I Polyglyceryl-3 Polyricinoleate I Carthamus Tinctorius Seed Oil* I Alcohol* I Glyceryl Oleate I Glycerin I Mica I Tricaprylin I Parfum** I Hydrogenated Castor Oil I Silica I Prunus Armeniaca Fruit Extract* I Bambusa Arundinacea Leaf Extract* I Magnesium Sulfate I Xanthan Gum I Lecithin I Xylitylglucoside I Anhydroxylitol I Xylitol I Tocopherol I Helianthus Annuus Seed Oil I Ascorbyl Palmitate I Limonene** I Linalool** I Citral** I Citronellol** I Geraniol** I [+/- CI 77891 I CI 77491 I CI 77492 I CI 77499 I Tin Oxide] * ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils


Формулата на овој производ (од аспект на состојки и декларација) е фантастична. По водата има сончогледово масло, па потоа полиглицерид 3 полирицинолеат кој е емулгатор, па масло од шафран. Според мене оваа пудра би требало да одговара на сите типови на кожа затоа што не масти и бргу се впива во кожата. Маслото од шафран дава одлична хидратација без воопшто да масти и кожата лесно и брзо го впива. Одговара за секој тип на кожа, особено чувствителната, склона кон црвенила или проблематична кожа со акни. Како што може да забележите алкохолот е дури на 5-та позиција што е одлично и верувајте ми воопшто не се чувствува. Содржи и глицерин кој ја зголемува хидратантната моќ на овој производ и мика, односно пигментот кој ја дава бојата. Одлично е што содржи и витамин Е во неговата најчиста форма, односно токоферол, затоа што маслото од шафран е термолабилно и склоно кон брзо ужегнување. На овој начин се штити формулата и се зголемува трајноста на производот.

Покривноста како што веќе нагласив е феноменална. Јас имам комбинирана кожа и мора да кажам дека кожата воопшто не светна во текот на денот со оваа пудра. Доколку истата ја фиксирате со минералната пудра од оваа марка, која веќе ја рецензирав во оваа статија  Минерална пудра во прав наспроти компактна пудра добивате професионален изглед кој навистина трае. Вреди да се проба.

2. Коректор за прикривање на недостатоци на лицето


Иако пудрата која ви ја претставив беше 2 во 1 со коректор, сепак сакам да ви го претставам и само коректорот кој може да го користите за безброј работи, не само за прикривање на недостатоците, туку и за мали трикови при нанесувањето на шминката. Јас ќе ви го претставам коректорот 20 или Soft Honey. Ајде да ја разгледаме декларацијата:

Ricinus Communis Seed Oil* | CI 77891 | Tricaprylin | Copernicia Cerifera Cera* | Euphorbia Cerifera Cera | Rhus Verniciflua Peel Cera | CI 77492 | Zinc Oxide | Talc | Hydrogenated Castor Oil | Loess | CI 77491 | Olea Europaea Fruit Oil* | Calendula Officinalis Flower Extract* | Stearic Acid | Tocopherol | Helianthus Annuus Seed Oil | Ascorbyl Palmitate | Alcohol* | Parfum** * ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils

Претставува комбинација на неколку видови на восок со рицинусово масло, масло од невен и секако мика за боја. Структурата му е цврста (поради големото присуство на восоци) и доста густа. Меѓутоа сепак многу убаво се нанесува врз кожата. Има одлична покривност и е доста делотворен во случај на подочници. Доколку ја земете пудрата која претходно ја рецензирав нема да имате потреба од коректорот, меѓутоа со било која друга пудра на Alverde одлично ќе одговара во комбинација. Апликацијата е олеснета со помош на сунѓерчето кое е дел од производот и навистона доста корисно.

3. Сет за контуринг на лицето медиум 02


Тадададааааам, првиот комплетно природен и органски сет за контуринг на лицето без силикони!!!! Колку сум само среќна што конечно може да ви претставам и еден ваков производ. Овој сет како што кажува и самото име служи за “обликување на лицето“, односно прикривање или корегирање на недостатоци на самото лице. Иако според мене овој производ не е за секојдневна употреба, во смисла за преку ден, на работа или секојдневно, сметам дека е одличен е за некоја свечена пригода како свадба, фото сесија или посебна пригода каде сакате перфектен изглед на кожата и лицето. Еве ја декларацијата


Profеssional contouring set 02 medium 

Најсветла боја Ingredients:
Coco-Caprylate, Talc, Hydrogenated Vegetable Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Rhus Verniciflua Peel Cera, Mica, Copernicia Cerifera Cera, Polyhydroxystearic Acid, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil*, CI 77491, CI 77891
Средно светла боја Ingredients:
Talc, Coco-Caprylate, Hydrogenated Vegetable Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Rhus Verniciflua Peel Cera, Copernicia Cerifera Cera, Polyhydroxystearic Acid, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil*, CI 77268:1, CI 77491, CI 77492, CI 77891
Темна боја Ingredients:
Talc, Coco-Caprylate, Hydrogenated Vegetable Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Rhus Verniciflua Peel Cera, Copernicia Cerifera Cera, Polyhydroxystearic Acid, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil*, CI 77268:1, CI 77491, CI 77492, CI 77891
* ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils

Претставува комбинација на коко каприлат кое е лесно масло и многу компатибилно со кожата, со масло од јојоба, мика, восоци и талк. Навистина состојките се повеќе од одлични, и доколку сакате сет за контуринг во склад со вашата кожа, кој нема да го спречува природното дишење на кожата, еве овој производ е за вас.

Има убава кремаста структура и доста добро се прилагодува врз кожата. Достапен е во две нијанси, оваа како што кажав е потемната односно 02. Онаа 01 беше навистина премногу светла за мојата кожа.

За овој проузвод ќе направам посебен туторијал во соработка со една професионална шминкерка која ми е многу добра другарка.

4. Сенки за очи Quattro Chocolatе за совршен есенски изглед


 Оваа палета на сенки е навистина совршена за еден есенски изглед и заводлив поглед како за преку ден, така и за навечер. Има четири нијанси на кафено кои според мене одговараат за секоја прилика. Од овој тип на палети имам веќе пробано две и бев премногу задоволна. Еве ја декларацијата

Ingredients: Talc, Mica, Caprylic/Capric Triglyceride, Magnesium Stearate, Silica, Chamomilla Recutita Flower Extract*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glycine Soja Oil, Olea Europaea Fruit Oil*, Helianthus Annuus Seed Oil*, Tocopherol, Bisabolol, Tocopheryl Acetate, Ascorbyl Palmitate, Tourmaline, Parfum**, [+/- CI 77891, CI 77742, CI 77499, CI 77492, CI 77491]

Според декларацијата, овие сенки се направени така да не се размачкуваат врз капакот. Присуството на талк на прва позиција ги прави погодни дури и за оние девојки кои имаат проблем со масни очни капаци.  Пигментацијата е навистина многу убава, не е премногу интензивна или вамп, меѓутоа е одлична за секојдневен изглед. Доколку сакате подраматичен изглед, мал трик е да ја намокрите малку четкичката и со неа да ја нанесете сенката на окото. Така се зголемува интензитетот.

Трајноста е доста солидна, иако намокрена доста повеќе трае.

5. Моливче за уста плус кармин молив


Овие два производи ги ставив заедно како комплет за истакнување на убавината на усните. Ги одбрав во слични бои. Моливчињата за усни на алверде (оние тенките) ми се допаѓаат премногу затоа што се навистина многу трајни и не се размачкуваат. Понекогаш кога јадам карминот нормално го нема, меѓутоа моливчето секогаш останува. Досега имам употребено три бои од алверде, оваа ја користам за прв пат.

Крминот во молив е нов производ кој ме привлече. Се мислев помеѓу овој и еден кармин како лак, меѓутоа бојата на овој е преубава па се одлучив да го земем. За разлика од летото каде користиме повеќе кармини месо боја, овој период е идеален за малку поинаков изглед со потемни нијанси. Еве ја декларацијата на карминот:

Mat lipstik Lila Passion 30

Coco-Caprylate, Ricinus Communis Seed Oil, Talc, Hydrogenated Vegetable Oil, Candelilla Cera, Copernicia Cerifera Cera, Mica, Polyhydroxystearic Acid, Jojoba Esters, Helianthus Annuus Seed Cera, Maltodextrin, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil*, Polyglycerin-3, Acacia Decurrens Flower Cera, Ascorbyl Palmitate, Propionic Acid, Benzyl Alcohol, Limonene**, Linalool**, Citral**, Parfum**, [+/- CI 75470, CI 77007, CI 77163, CI 77491, CI 77492, CI 77499, CI 77891] * ingredients from certified organic agriculture ** from nat. ess. oils

Станува збор за еден мат кармин кој меѓутоа воопшто не ја суши кожата, туку напротив ја навлажнува, благодарение на идеалната комбинација на масла со различна тежина и густина и восоци. Присуството на рицинусовото масло на втора позиција дава убава структура и сјај, иако сепак останува мат како производ.  Доста е траен и дава убаво чувство на усните, ги чувствувате навлажнети а не суви.

6. Маскара за подолги и дефинирани трепки дуо маскара



Од оваа марка нема маскара која ја немам пробано, скоро сите сум ги пробала и многупати имам напоменато дека моја омилена е онаа сребрената за волумен. Овојпат ќе ви ја претставам најновата маскара дуо која освен класичната маскара содржи и еден вид на прајмер кој има за цел да ги издолжи трепките и да ги направи подефинирани.

Составена е од два дела, едниот е бел кој е всушност и прајмер и се нанесува прв, а вториот е оној црниот и се става откако ќе се нанесе прајмерот. Еве ја декларацијата на двата дела:

Ingredients Base: Aqua, Alcohol denat.*, Cellulose, Glycerin, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Pullulan, Arginine, Aloe Barbadensis Leaf Juice*, Acacia Senegal Gum, Xanthan Gum, Sorbitol, Bambusa Vulgaris Leaf/Stem Extract, Bambusa Vulgaris Sap Extract, Trehalose, Tocopherol, Carrageenan, Helianthus Annuus Seed Oil*, Citric Acid, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Parfum**, Linalool**, Citronellol**
Ingredients Mascara: Aqua, Alcohol denat.*, Stearic Acid, Sorbitol, Rhus Verniciflua Peel Cera, Polylactic Acid, Inulin, Ricinus Communis Seed Oil, Copernicia Cerifera Cera, Pullulan, Prunus Amygdalus Dulcis Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glyceryl Oleate Citrate, Cetearyl Alcohol, Cetearyl Glucoside, Acacia Senegal Gum, Trehalose, Algin, Caprylic/Capric Triglyceride, Silica, Tocopherol, Helianthus Annuus Seed Oil*, Sodium Hydroxide, Parfum**, Linalool**, Citronellol**, CI 77499


Базата освен како прајмер делува и како производ за нега на трепките. Има за цел да ги заштити. Иако содржи алкохол, верувајте ми воопшто не се чувствува и не пречи. Ме потсетува на серумот за трепки со кофеин од оваа марка, кој го користев навечер. Ова е првпат да употребам прајмер за трепки пред нанесувањето на маскарата, и би сакала да напоменам дека дефинитивно има разлика во крајниот резултат, а тоа ќе го видите и од видеото.

Четкичките на двата дела се премногу практични не се ни многу тенки, ни многу дебели, содржат микро влакна кои ја олеснуваат апликацијата и ги дефинираат трепките.


Црниот дел од маскарата има навистина прекрасна интензивна црна боја, која нанесена по серумот одлично ги дефинира трепките. Не дава волумен, туку видно ги издолжува трепките. Мислам дека оваа маскара ќе ми стане втора омилена од оваа марка.

7. Хајлајтер за лице 


Во статијата за новогодишна шминка со дел од производите на Alverde, ви претставив еден хајлајтер кој беше во тубичка. Овој што денес ќе ви го претставам е сличен само во стаклено кутивче со четкичка. Според мене е доста практичен, затоа што четкичката дозволува производот убаво и прецизно да се нанесе на местата каде е потребно, на пример јаболчниците или под веѓата. Еве ја декларацијата:


Aqua I Glycerin I Alcohol* I Aloe Barbadensis Leaf Juice* I Mica I Parfum** I Dehydroxanthan Gum I Silica I Linalool** I Limonene** I Geraniol** I Citronellol** I Benzyl Benzoate** I Citral** I [+/- CI 77891 I CI 77491 I CI 77163 I Tin Oxide] * ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils

Производот има убава кремаста структура која не е густа. Убаво хидрира и доста бргу се суши врз кожата. Дава прекрасен природен сјај на лицето и свежина на кожата. Може да се користи и како руж за образи доколку сакате убав природен изглед или врз вашиот стандарден руж за малку посветкав изглед.

Еве го комплетниот изглед со сите овие производи


Како што напоменав на почетокот, за вас подготвив едно видео каде го прикажувам ефектот и апликацијата на сите овие производи. Не станува збор за туториал за шминка (сигурно повеќето од вас подобро се шминкаат од мене), туку сакам да ви го покажам ефектот на секој од производите. Се надвам дека ќе ви се допадне.



Дали имате пробано нешто од новата декоратива и колку сте задоволни од резултатот?

Поздрав
Вики

Comments

  1. Долго време во декоративната козметика на Алверде не успевав да најдам моливче за уста на кафеава нијанса. Искрено се надевав дека ќе има такво во новата козметика. Се изненадив кога видов дека има само розе и бордо тонови, но е и кафеави. Малку чудно, бидејќи тоа е боја која за кармин доста се користи, но, ете за жал, од Алверде можеби не сметаат така :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. И јас драга Наташа немам видено кафена боја. Оваа лилакова ја имам, потоа имам една црвена боја и една розеникава. Имам и едено подебело моливче ама и тоа е црвено. Кога ќе подразмислам навистина немало кафено, или пак ние две не сме нашле :). Поздрав.

      Delete
  2. Zdravo, jas ja koristam pudrata na dr.hauska, no prilicno mi go masti liceto. Me interesira dali i ovaa pudra e slicna na sostav so taa od dr.hauska?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, составот на оваа е малку поразличен од онаа на Хаушка, меѓутоа сѐ е индивидуално. Звиси од тоа како твоето лице ќе реагира на одреден производ. Доколку ја пробаш оваа пиши ми како ти одговара и каква е разликат помеѓу двете, барем што се однесува до твојата кожа. Поздрав.

      Delete

Post a Comment