5 природни балзами за одлична нега на вашите усни


Здраво драги мои,

знам дека во многу статии имам препорачувано разни балзами за уста (станува збор за оние кои може да ги најдете во продажба секако), меѓутоа се решив да ја напишам оваа статија каде ќе ги ставам сите марки кои мене лично ми се допаѓаат на едно место, со цел да ви помогнам во изборот.

Станува секако збор за производи без нафтени деривати (како парафин, течен парафин, минерално масло и микрокристалин восок), без парабени и секако без силикони. Предлозите ќе се однесуваат на балзами кои јас самата ги имам пробано и за кои тврдам дека се одлични. Предлозите ќе бидат од различни марки и со различни цени.

Знаеме колку е важно да се користи козметика без сите овие состојки кои ги набројав погоре, особено кога станува збор за усните, со оглед на тоа што половина од производот го голтаме. А и состојките како силикони и нафтени деривати, немаат никаква улога во негата на кожата.

Состојките во овие балзами ќе ја подобрат состојбата на вашите усни, ќе ги направат помеки и поубави.

Еве ја листата:


1. Балзами за уста на Alverde



од оваа марка има навистина многу разни видови на балзами како кои имаат неверојатно убава цена. Скоро сите ги имам пробано и навистина одлично ги негуваат усните. Има многу разни видови и вкусови буквално за сечиј вкус и навистина се едни од најекономичните кај нас. Може да ги најдете во ДМ маркетите.






 2. Третмани за уста на Dr. Hauschka

Image may contain: flower
од оваа марка постојат два балзами еден во стик и еден во кутивче како балзам. И двата се одлични за нега на кожата на усните. Можеби оној во стик ќе ви биде полесен за нанесување, меѓутоа како декларација и нега и двата се прекрасни. Може да ги најдете по аптеките.


3. Балзам за уста на Sante
 од оваа марка го имам пробано само оној со калинка (иако мислам дека има уште еден или два други видови, од кои едниот беше од невен). Овој од калинка мене лично навистина ми се допадна и одлично ги негува усните. Може да ги најдете по аптеките.







Image result for 4. Балзам за уста на Gamarde4. Балзам за уста на Gamarde




од оваа марка имам пробано еден балзам (мислам дека само тој е) кој е навистина одличен за нега на кожата на усните. Може да го најдете во аптеките.











5. Балзам за уста од Технолошко Металуршки Факултет
се сеќавате на статијата за кремите и балзамите со состојки како мед и пчелин восок од чистиот Кожув? Еден од тие производи е и балзамот за усни кој одлично ја негува кожата. Нема мирис, меѓутоа ја остава кожата неверојатно мека.

Дали вие имате пробано некоја од овие марки на балзами и како сте задоволни???

Оставете ги вашите коментари под статијата.

Поздрав
Вики

Comments

  1. Јас имам користено балзами на Алверде. Балзамот кој ти го спомнуваш во оваа статија е одличен. Добар е и балзамот со невен, во жолто пакување. Најмалку бев задоволна од еден во светло розево пакување, што остава светкав сјај на усните. Некако не ги хидрира доволно.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам драга Наташа на коментарот. Мене генерално ми се допаѓаат балзамите на Алверде, имаат одлична цена па може да се купат повеќе видови одеднаш. Така може да се одлучи и кој најмногу одговара. Поздрав.

      Delete

Post a Comment