Оригинални и креативни подароци за Нова Година или Божиќ

Здраво драги мои,

новата година е скоро тука, па доколку сеуште не сте одбрале подарок за вашите најблиски продолжете да читате. Во оваа статија ќе ви предложам неколку оригинални подароци кои нема да ги купите, туку ќе ги направите сами.

Некои од нив се толку едноставни што ќе ви требаат околу 10 мин. за да ги направите. Секако потребни ќе ви бидат повеќе состојки, па вие сами изберете што ќе правите во зависност од она што го имате на располагање.

Доколку немате време да ги направите до нова година, можете сепак да ги подарите за Божиќ.

Ајде да започнеме.

1. МИРИЗЛИВА БОМБА ЗА БАЊАЊЕ


Повеќето од нас уживаат да се релаксираат во убава топла бања, а уште подобро доколку истата е миризлива и ја негува кожата.

Овие миризливи бомби не се премногу комплицирани за правење, и потребни ви се навистина малку состојки кои може да ги најдете во вашите кујни. Може да ги направите според сопствен вкус (или според вкусот на личноста на која сакате да и ја подарите).

Прочитајте како може да ги направите сами:

Миризливи бомби за бањање во стилот на Lush

2. МИРИЗЛИВА СОЛ ЗА КАПЕЊЕ


Ова е едно од најлесните производи за правење, а навистина дава убав ефект и е од корист за оној што ќе го добие на подарок. Можете да бидете навистина многу креативни околу мирисите, комбинацијата на етерични масла и бои, а сѐ што ви е потребно да го направите е крупна сол.

Еве го комплетниот рецепт

Домашна миризлива сол за бањање

3. БАЛЗАМ ЗА УСНИ


Кој не би се радувал на еден домашен и природен балзам за усни кој во овие ладни денови и тоа како може да ни се најде?

Во зависност од она што го имате дома ви оставам линкови за 4 ралични балзами за усни.

Балзам за усни со шеа путер

Балзам со пчелин восок и мед

Балзам со чоколадо

Балзам со какао путер

4. ПИЛИНГ ЗА ТЕЛО


Пилингот е нешто кое ние девојките честопати го користиме, со оглед на тоа што ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја прави поубава.

Како оригинален подарок може да подготвите пилинг и тоа може да изберете еден од овие:

Пилинг за тело од кафе

Пилинг путер од кафе

Пилинг за тело од лаванда


5. ПУТЕР ЗА НЕГА НА КОЖАТА НА ТЕЛОТО


Во овие ладни месеци, на кожата на телото и е потребна додатна нега, а овој путер ќе биде полн погодок. Малку е потежок за изработка, и бара повеќе време, меѓутоа сѐ е возможно.

Еве го комплетниот рецепт за истиот.

Природен путер против стрии


6. АНТИЦЕЛУЛИТНО МАСЛО


Која девојка не би се радувала на еден ваков корисен подарок. Антицелулитното масло е лесно за подготовка, сѐ што ви е потребно да го направите е масло и етерични масла.

Еве го комплетниот рецепт

Антицелулитно масло од какао

Секако ова се само предлози, вие секогаш може да купите нешто за да ги израдувате најзблиските. Според мене најслатко е кога ќе добиеме нешто што некој го направил специјално за нас, а кога тоа нешто ја прави нашата кожа поубава, во тој случај задоволството е поголемо.

Поздрав и до следно читање
Вики

Comments