Моите 4 неизбежни и омилени производи во зима


Здраво драги мои,

во оваа статија сакам да ви говорам за моите најомилени производи за во зима. Станува збор за оние производи без кои навистина не можам и кои спред мене се неопходни за оддржување на здравјето и убавината на кожата и косата и кои не штитат од ладното време.

1. Масла за нега на кожата

Зимно време најомилени ми се малсата за нега на кожата. Навистина зависник сум од нив и без разлика на тоа што имам комбинирана кожа користам или еден вид на масло или комбинации на полесни со потешки масла.

Под дејство на ненајдените промени на температури (од студено надвор до топло внатре во нашите домови), кожата е прва на удар и баш и не е љубител на овие нагли промени.

До пред извесно време користев комбинација на ружина вода со маслото од арган на Bare Origin, кое според мене е едно од најдобрите кај нас. Одлично ја заштитува и негува кожата и ја оддржува нејзината еластичност и покрај овие ниски температури.


Моментално користам комбинација на хијалуронска киселина и масло кое е мешавина од масло од куркума (домашно подготвено) и масло од авокадо. Ја обожавам оваа комбинација затоа што и двете масла имаат огромно анти ејџ влијание и ја оддржуваат еластичноста на кожата. Маслото од куркума го направив користејќи како база масло од семки од грозје кое е лесно и кое во комбинација со авокадото кое е потешко како масло се надополнуваат.

Од креми зимно време ми е омилена онаа од рози на Dr. Hauschka. Верувајте ми доколку имате сува и чувствителна кожа ќе ве спаси во текот на целиот зимски период.


2. Лабела за усни

Друг производ кој за мене е дефинитивно must have е лабелото за усни. Многу често си правам сама дома, меѓутоа и купувам доста лабела (никогаш доста од нив) и можам да кажам дека имам по едно во секоја ташна :).

Во моментов омилено ми е она на Alverde со светки кое неодоливо мириса и има прекрасна структура, просто се топи на усните. Најчесто го користам за преку ден само или под карминот.

За навечер користам лабела кои сама ги правам.


3. Креми за раце

Кремите за раце според мене се неопходни секогаш, особено зимно време и особено ако излеземе а заборавиме да си ставиме ракавици.
Како кожата на лицето, така и онаа на рацете страда од студот и има потреба за соодветна заштита со помош на богати и убави креми за таа намена.

Исто како лабелата, може да кажам дека имам еден куп креми за раце (дел од нив сама ги правам). Моментално сум најзадоволна од две креми и тоа онаа од КАМ маркет која чини само 49 денари, а одлично ја негува кожата на рацете.


Другата крема која ја обожавам ја земав од Рим и е производ на супермаркетот Кооп (Соор) и претставува дел од нивната природна линија Vivi Verde.


4. Масла и путери како природен стајлинг и заштита на косата

Не само кожата туку и косата има потреба од соодветна заштита за време на зимските месеци. Мене најсоодветен за оваа намена ми е путерот за коса од авокадо на Alverde, просто незаменлив ми е. Имам и други производи кои ги користам како природни масла или пак природни силиконски капки кои ги земам од Италија.


Друго средство кое ми се допаѓа е флуидот за стајлинг на Balea со манго и кокос кој одлично ја омекнува косата, иако сметам дека овој на Alverde е побогат како состав и структура.

Ете драги мои, Ова беа моите најомилени зимски производи кои истовремено се и неизбежни (барем според мене).

Кои се вашите омилени производи без кои дефинитивно не можете за време на зимските денови?

Вашите коментари се добредојдени под самиот текст.

Comments