Неверојатните својства на какао путерот


Какао путерот е една од најкомплетните состојки за нега не само на кожата туку и на косата.

Има огромно антиоксидантно дејство и го помага производството на колагенот со што ја подобрува еластичноста и тонусот на кожата. Одлично  ја заштитува кожата благодарение на големото количество на масни киселини, особено на линолеинската и олеинската киселина, како и присуството на полифеноли.

Полифенолите се многу моќни антиоксиданси и ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.

Какао путерот е исто така богат со витамин  Е кој е одличен за кожата, и теобромин и кафеин кои го помагаат разложувањето на мастите и даваат одлични резултати во производите антицелулитните производи.

Какао путерот е одличен и за нега на косата, особено доколку станува збор за многу сува или виткана коса на која и треба додатна нега.

Со оглед на тоа што какао путерот е всушност заситени масти,  скоро секогаш е во цврста состојба. За да го доведете во течна состојба доволно е да го растопите на пареа на температура околу 35°C.


Како најдобро да ги искористиме сите овие корисни дејства на какао путерот?

Какао путер за нега на кожата на лицето

Какао путерот е одличен за нега на нормална до сува кожа, како и возрасна кожа со оглед на тоа што го подобрува производството на колаген.  За сува и возрасна кожа, дејството на какао путерот може дс го потенцирате доколку го комбинирате со масло од авокадо или пшенични никулци како и маслиново масло. 


Може на пример да ја направоте следнава маслена крема:

4 супени лажици какао путер
3 до 4 супени лажици масло од авокадо или масло од пшенични никулци
4 капки етерично масло од лаванда

Најнапред стопете го какао путерот и потоа додадете го маслото. Мешајте ја сместа со помош на мал рачен блендер (или машинка за нескафе), додадете го етеричното масло и пак промешајте уште малку.

Доколку имате витамин Е ставете неколку каки во смесата и вашиот крем за лице е готов.

Користете го на убаво исчистено лице на благо навлажнета кожа.

Какао путер за нега на косата


Доколку имате проблем со сува коса и без сјај, во тој случај какао путерот е спас за вашата коса. Ја враќа виталноста и сјајот на влакното и ја прави самата коса помека, поздрава и поубава.

Може да подготвите една наједноставна маска за нега на косата со само две состојки и тоа:

2 супени лажици какао путер
2 супени лажици кокосово масло

На пареа растопете ги заедно какао путерот и кокосовото масло и нанесете ја оваа смеса на благо навлажнета коса. Оставете да делува околу саат време и убаво измијте со благ шампон.

Доколку редовно ја правите оваа маска, ќе бидете изнеадени од резултатите врз вашата коса.

Какао путер за нега на телото


Како што веќе напоменав какао путерот има способност да го помогне разложувањето на површинските масти во телото и доста често се употребува како состојка во антицелулитните производи. Исто така какако путерот има и благо дернантно влијание а и го подобрува квалитетот на кожата и помага во случај на стрии.

Доколку сакате да направите домашен антицелулитен крем за кој нема да ви требаат премногу состојки, а сепак ќе биде делотворен во тој случај пробајте го следниов рецепт:

40 гр. какао путер
20 гр. бадемово масло
30 гр. кокосово масло
20 капки етерично масло од портокал
20 капки етерично масло од рузмарин
20 капки етерично масло од лаванда

Најнапред стопете ги на пареа маслата и какао путерот. Тргнете ги од пареа и почнете да мешате со еден рачен блендер или машинка за нескафе. Потоа додадете ги етеричните масла и продолжете да мешате.

Ете, вашиот крем е готов. Може да го користите на благо навлажнета кожа на телото како антицелулитен третман.

Какао путер за нега на усните

Оваа состојка е одлична и за нега на усните, особено во зимскиот период кога од големиот студ секако прва на удар е нежната кожа на усните. Може да купите веќе готови лабела за уста или пак сами да направите производ за нега на усните кој ќе содржи токму какао пуер.


Доколку се одлучите за втората варијанта во тој случај прочитајте ја статијата за домашно лабело за усни со какао путер

Дали досега го имате користено какао путерот како дел од вашата секојдневна нега и како сте задоволни од неговиот ефект?

Вашите коментари се добредојдени под самиот текст.

Поздрав
Вики

Comments

  1. Replies
    1. Здраво драга Сашка, какао путер може да најдеш во продавниците на Биокосмос. Јас секогаш го купувам од таму со оглед на тоа што е чист и органски и го користам не само за нега на кожата и косата, туку и во колачи. Поздрав.

      Delete

Post a Comment