Да ја дочекаме новата година со природна шминка


Здраво драги мои,

Нова Година се наближува и можеби повеќето од вас се во потрага по нова маскара, сенка или пудра. Многу девојки постојано ме прашуваат дали природната козметика дава убав ефект, дали е трајна, дали е доволно пигментирана и какви резултати може да добијат со неа.

Затоа се решив да ви претставам една комплетна шминка само со природна козметика (нормално само таква и користам) и тоа со онаа козметика која најчесто си ја купувам и која е достапна за сите односно Alverde.

За среќа од оваа марка има толку многу работи за иделна шминка како коректори, хајлајтер, пудри, фиксатори за шминка и.т.н.што верувајте ми природната козметика нема потреба да и завидува на традиционалната, туку напротив може комплетно да ја замени.


Сепак станува збор за козметика без силикони, нафтени деривати и тешки конзерванси, која е во склад со нашата кожа, а сепак го дава посакуваниот изглед.

Да напоменам само дека целта не ми е да направам туториал како треба да се шминкате (не се сметам себе си за професионалец воопшто), туку целта ми е да ви покажам дека секоја обична девојка (вклучувајќи ме и мене), може без многу напор да постигне убав изглед на природен начин и да извлече максимум од природната козметика.

Еве ги производите кои се одлучив да ви ги претставам во оваа статија:


Навистина сум возбудена да ви претставам неколку навистина феноменални производи кои мене ме оставија без зборови, меѓутоа ајде да тргнеме со ред.

Најнапред како пудра ќе користам еден навистина фантастичен производ кој е всушност пигмент и може да се користи на три начини: чист како коректор или ептен покривна пудра, во комбинација со некоја друга пудра (доколку бојата на пудрата не ви е погодена па сакате да ја поправите) и во комбинација со дневен крем ако сакате ефект на ББ крем.

ЕСтанува збор за Color & care MixYour Make Up


има навистина густа структура и неверојатна покривност што може да видите од сликите подолу



Јас го нанесов чист на лицето и навистина многу ми се допадна ефектот. Досега барем кај нас немам сретнато волку корисен и сенаменски производ (зборувам за природната козметика секако).

По него нанесов и малку прајмер за очи од истава марка секако со цел сенката подолго да ми трае.


Како сенки ја одбрав оваа прекрасна палета со бои кои мене лично премногу ми се допаѓаат. Еве ги боите на сите сенки и како изгледаат кога истите ќе се нанесат на кожата. Навистина даваат убав ефект, доволно се пигментирани, а и самите бои се навистина прекрасно искомбинирани.


 

 Најнапред нанесов од сенката број 2 на очните капаци


                               Потоа од сенката број 4 нанесов на горниот дел од окото


Од сенката бр. 5 нанесов само на делот каде капакот се преклопува и тоа убаво го споив со другата боја. Само да напоменам дека не користам никакви специјални четкички освен прстите и четкичката која ја има во самите сенки.


Од станите на очните капаци нанесов од сенката бр. 7 и потоа нанесов туш за очи (оној кој претходно го видовте на сликата).


Овој туш за очи навистина многу ми се допаѓа со оглед на тоа што дава воден ефект и откако ќе се исуши во смисла свети (не со светки туку има посебен сјај)



Веднаш под веѓата нанесов од светкавиот крем (кој претставува хајлајтер) кој го открив и купив вчера и во кој дефинитивно се вљубив. Од него мала количина нанесов и на капакот на окото.




Некаде имам прочитано дека за тушот подолго да трае треба да се помине со црна сенка одозгора, така да со помош на острата страна од четкичката (апликаторот) во самата сенка го засенчив малку и него со сенката бр. 8.


                    На крај додадов малку од бронзерот кој го гледате од левата страна


и секако изгледот го комплетирав со мојата омилена маскара (онаа сребрената во средина). Оваа маскара навистина одлично ги издолжува трепките, има убава интензивна црна боја и е погодна како за преку ден (еден слој), така и за навечер за поинтензивен изглед (два слоја).


Како кармин се мислев помеѓу неколку нијанси, меѓутоа на крајот го одбрав оној последниот (најдесно) на сликата

                            
                             Еве каков е комплетниот изглед со сите овие производи


Се надевам дека успеавте да добиете претстава каков ефект се добива со природната козметика и се надевам дека ќе и дадете шанса за следниот ваш изглед.

Навистина моја желба би била да ја започнете новата година со природна шминка, меѓутоа и да продолжите така, освен кремите, маслата и шампоните и декоративата нека ни биде што поприродна.

Огромен поздрав до сите и се читаме наскоро.
Вики 

Comments