Направи сам: кремаста сенка за очи


Мене многу често ми се случува да купам некоја палета на сенки и да не бидам задоволна од некоја нијанса (во смисла на трајност и интензитет на бојата), и тогаш што правам....ја претворам во кремаста сенка која доста трае на окото, има прекрасен интензитет и што е најважно не се прават линии кои на никој од нас не му се допаѓаат. Доколку и вие дома имате некои сенки од кои не сте баш најзадоволни, во тој случај следете ги советите од оваа статија и претворете ги вашите “досадни“ сенки во нешто навистина многу интересно. Ајде да започнеме.

За оваа кремаста сенка потребни ви се:


- една лажичка пчелин восок
- една ипол лажичка масло (одберете помеѓу арганово, сончогледово, јојоба, оризово)
- сенка во прав или доколку сенката е компактна во тој случај изгребете ја

Во една чашка најнапред ставете го восокот и маслото и стопете ги на пареа.



Откако ќе се стопат тргнете ги од топлото.


Во оваа смеса додадете ја сенката. Убаво промешајте и смесата префрлете ја веднаш во финалното празно кутивче каде ќе ја чувате. Работете бргу затоа што восокот веднаш ќе се стврдне.


Ете, вашата сенка е готова. На следниве слики сакам да ви ја покажам разликата во интензитетот кога сенката е во прав и кога е во кремаста состојба.

Сенката пред


Сенката потоа


Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека, одсега, сите сенки од кои не сте задоволни, едноставно ќе ги претворите во интересна кремаста сенка.

Совет плус: ако го направите рецептот со количините кои ви ги предложив сенката ќе биде кремаста но не премногу затоа што доминира восокот и треба повеќе да притиснете кога земате од производот. Доколку сакате покремаста и помека сенка која полесно ќе се нанесува на окото во тој случај намалете го пчелиниот восок, а зголемете ја количината на маслото.

Се читаме наскоро
Вики

Comments

  1. Вики, откако (благодарение на твојот блог) хигиената на лицето ја одржуваме на природен начин, користиме природни креми, можеш ли те молам да ни дадеш предлог за природна декоративна козметика? Наоѓам нешто од Алверде, но немаат премногу нијасни (ниту на сенки ниту на кармини). Имаш ли неко предлог?
    Фала и поздрав, Наташа

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Наташа, ти благодарам многу на убавите зборови. И јас ги користам многу сенките на алверде и општо целата декоратива: маскари, моливчиња, руж, кармини. Е сега мене ми се ок нијансите кои тие ги нудат затоа што има една палета со 4 сенки каде се опфатени скоро сите нијанси (има на розе, на кафено, на зелено со црно и на сиво). Исто така имаат и поединечни сенки. Друга органска декоратива во Мк немам видено вака масовно како алверде. Еве може да направам една статија со сите шминки од алверде кои ги имам дома моментално па да покажам нијанси, трајност итн. Другите работи ги набавувам од надвор па не ми е згодно да правам препораки за нешто што го нема во Мк и да ви велам нарачајте го од ваму или таму. Ама еве за алверде ќе направам обавезно. Поздрав.

      Delete
  2. Имам едно прашање за Вики : Што сте всушност по професија?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драг или драга анонимус, со задоволство ти кажувам дека по професија сум дипломиран музичар со огромна љубов и посветеност кон природта и органското. Се надевам дека и ти ја делиш таа посветеност со оглед на тоа што го следиш мојот блог. Поздрав.

      Delete
  3. Вашата љубов и посветеност се гледаат по објавите, продолжете така, но само би Ве советувала да сепак советите за нега на кожа ги креирате со помош на стручно лице кое би ги надополнило недостатоците на познавање во областа на дерматологијата. Немојте да ме сфатите погрешно, едноставно забележав одредени пропусти во одредени Ваши постови и затоа сакав да Ви укажам на тоа, барем Вашите читатели да добиваат подобра едукација во поглед на нега на кожа. Поздрав и секое добро.

    ReplyDelete

Post a Comment