Органски и природни новогодишни подароци и изненадувања


Здраво драги мои,

мислам дека ова е најкратката статија која сум ја напишала и дефинитивно малку поразлична од сѐ она што досега сте го прочитале. Не станува збор за рецензија, ниту пак проект направи сам, туку станува збор за една специјална рубрика “Подарок под новогодишната елка“ која ќе оди во текот на цел месец декември, каде генералните увозници на повеќе природни и органски колекции во Македонија дарежливо ќе ви подарат дел од сопствените производи.
Не ви откривам уште од сега за кои сѐ марки станува збор тоа нека биде изненадување, она што може да ви го кажам е дека ќе има подароци како за нега така и декоратива, за сите типови на кожа и вкусови.
Сѐ што треба да направите е редовно да ги читате статиите на мојот блог во текот на целиот месец, да ги следите правилата за учество и да оставате ваши коментари и може да бидете еден од среќните добитници.

Со среќа на сите!!!
Вики

Comments

  1. Браво за идејата! Едвај чекам <3

    ReplyDelete

Post a Comment